Ви посакува IvanVel... со повеќе постови во следната 2007 година !
Бун поточно Иан Сомерхалдер ќе биде првиот член на L O S T којшто ќе загине (односно ќе ја напушти екипата) . Бун Карлајл бил ужасен “чувар“ , Американец , кој и бил побрат на Шенон Рутерфорд . Тој пробал со сите работи во животот , но во ништо не го бивало докрај . Имал и контроверзна врска со неговата сестра. Кога бил 6 години имал дадилка Тереза која постојано одела горе и доле по скалите за исполнување на неговите желби . Тој дури имал и мала песна : Тереза оди горе по скалите , Тереза оди долу по скалите . Еден ден Тереза ќе згазне лошо и ќе си го скрши вратот . Бун живеел во Њу Јорк , кога неговата мајка Сабрина ја избркала Шенон од татковата фирма и и ги зела сите пари . Сабрина го повикала Бун да работи . Тој пак и понудил работа на Шенон , но таа го одбила . Тој тајно ја сакал својата сестра . И да се би направил за неа . Бил во Сиднеј и ја спасил од некое лошо момче . Морал да му плати $50 000 . Ноќта пред падот на авионот Шенон влегла во станот на Бун и го натерала на секс . Летале наназад кон САД . Бун бил еден од преживеаните на Oceanic Flight 815 . Времето најмногу го поминувал со Џон Лок . Тој и Лок биле првите луѓе кои ќе ја откријат вратничката , додека ја барале Клер . За време на едно истражување Бун и Лок нашле паднат авион кој се држел на дрвја . Затоа Бун се качил на него и нашол радио преку кое искомуницирал со САД . Но , пред да добие одговор авионот паднал долу заедно со Бун . Лок брзо го донесол кај Џек , но излажал за тоа како се повредил . Бун имал расипано градно крило , падната и искршена нога и внатрешно крварење . И покрај сите обиди на Џек , тој не можел да го спаси . Бун бил погребан на плажата кадешто ќе живее засекогаш !
Доколку длабоко разгледате можеби Шенон не треба да се обвинува за нејзините постапки. Уште кога била младо девојче сите и велеле дека е многу убава . Не требало многу за да се дознае дека тоа и го направила животот многу полесен . Па кога татко и се оженил со успешна девојка (мајка на веќе починатиот Бун - Марта Стјуарт) и кога нејзиниот живот се наполнил со пари таа помислила дека тоа е најважното нешто -- да се имаат пари . Уште полошо си помислила дека тоа го заслужила . Шенон можела да направи се што ќе посака . Доколку успеала да добие внимание од маж таа мислела дека можела се да постигне преку него . Кога ќе дошла неволја , а секогаш доаѓало до тоа , таа открила дека само еден човек постојано ја спасувал . Бун , нејзиниот побрат кој и давал слободна карта од сите неволји ! И кога го сфатила тоа таа почнала се почесто да го користи . Кога Бун дошол во Австралија таа не била многу загрижена што тој бил многу лут . Таа знаела како да се справи со тоа . Имало работи кои мажите ги сакале , а таа секогаш ги давала . Бун уште повеќе се налутил кога таа му рекла дека ништо немало да се промени меѓу нив двајца . Се што и требало на Шенон е да си оди дома и да ги наполни повторно батериите . Подоцна знаела дека можела да прави се што ќе посака . Бидејќи секогаш правела така . После падот на авионот , Шенон брзо се вратила на својата рутина . Таа не можела да сфати зошто луѓето на островот трчале да прават ова и тоа кога во секоја минута ќе биле спасени . После недела таа веќе не била толку убедена , а сепак во ништо не помагала . Не било важно дали немала дијамант или риба ... таа се можела да добие . Дури и на островот . Шенон кога ќе направела проблеми едноставно продолжувала со животот . Постојано имала некој друг да шармира во другиот агол . Но, што ќе прави сега ? Колку повеќе останува на островот толку повеќе ја сфаќа суровата вистина : дека не знае да се грижи за себе . И кога момчето кое постојано ја спасувало ќе си замине од нејзиниот живот работите стануваат многу поопасни . Ако успее да преживее тогаш Шенон ќе мора да смени се ... почнувајќи со тоа дека на островот нема да се преживее со убавина !
Природно талентиран сликар , Мајкл , сакал само да ги испробува неговите способности . Тој живеел во најпопуларниот град во светот (Њу Јорк) и бил заљубен во една паметна и многу убава жена Сузан . И кога Сузан му кажала дека е бремена ... Мајкл не можел да си поверува дека имало некое такво нешто кое ги радува луѓето како бебето. Но , ја платил цената со своите сонови . Откако Волт се родил веќе немал време за своите сништа . Пред да дознае дека многу повеќе сакал да биде со Волт отколку да црта , Сузан му кажала дека добила покана за работа во Холандија ... која речиси била неодбивлива . Но , Мајкл не можел да оди во Холандрија бидејќи бил “Њујоркер“ . На крајот испаднало дека таа воопшто не ни сметала на него и го зела Волт . Исто како што Волт брзо се појавил во животот на Мајкл со истата брзина и исчезнал . Кога автомобил го удрил Мајкл тој имал намера веднаш по оздравувањето да отиде по својот син . Затоа денот кога Сузан дошла во болницата тој останал без зборови . Имал многу работи да и каже но таа прва прозборила : Дека се омажила со друг маж во странство . Се викал Брајан и бил добар за неа . Тие се селеле во Австралија и затоа сакала Брајан да го посвои нејзиниот син и тој конечно да има “вистински татко“ . Тоа што Волт имал вистински татко кој постојано мислел на него воопшто не било важно . Па затоа кога Мајкл му отворил врата на непознат речиси по една декада и кога дознал дека тој е “вистинскиот татко“ дејствувал многу агресивно и изненадено . Брајан имал лоши вести за него . Дека Сузан умрела и дека тој самиот сакал Мајкл да го зеде својот син . На крајот испаднало дека Брајан никогаш не сакал да биде татко . И така Мајкл отишол во Австралија за да го земе конечно неговиот син и се ќе било добро доколку авионот не паднел на островот .... На островот Мајкл гради се што му треба . Сепак вистинската задача му е да се зближи со синот на пустиот и чуден остров . Да се успее во тоа ... треба да се има талент !
Групата го погребува Бун, а Џек е убеден дека Лок е виновен за неговата смрт. Саид се потсетува на неговиот престој во затворот на ЦИА кога дознал дека Надја е жива. ЦИА бара од него да ги одведе до терористот Ешам и да дојдат до експлозивот. Шенон е убедена дека Лок го убил Бун и бара од Саид да го убие. Чарли и Харли се грижат за бебето на Клер, но само Соер успева да го смири. Лок го носи Саид во шумата каде е авионот и му признава дека тој го удрил кога Саид го местел предавателот. Шенон го зема пиштолот и пука во Лок .
Кога Клер дознала дека е бремена нејзиниот избор бил многу лесен . Не можела да има дете бидејќи самата таа била дете . А ,и нејзините родители не збореле со неа долго време. Сепак Томас и кажал дека тие можат да успеат таа му поверувала . Односно сакала да му верува . Но , месеци подоцна Томас ја напуштил и таа останала да се грижи самата за себе . И да сфатила дека најдобрата опција за бебето е некој да го посвои. Едно нешто ја мачело . Таа отишла со една пријателка кај видовит човек кој откако почнал да ја гледа веднаш и ги вратил парите и едноставно ја избркал . Таа одлучила подоцна сама да отиде за да ја види видовитиот човек пак . Тој и кажал дека опасност му се наближува на бебето и дека мора сама да го одгледа . Тој не успеал да ја убеди Клер која веќе била решена да го даде бебето . Затоа тој и дал и друга идеја ... да го даде бебето на познати луѓе од Лос Анџелес . Тие дури би и дале и пари само да го даде бебето - некогаш . Видовитиот веднаш и дал билет за авионот кој утредента требало да стогне во ЛА . Таа не можела да го одбие , бидејќи ја убедил дека мора да биде тој лет . Доколку Клер не била толку очајна можеби и ќе ја разгледала ситуацијата и ќе се побунела повеќе . Но , никој не знаел дека немала да има уште една шанса . Откако авионот се срушил Клер сфатила дека не е сингл . Туку дека на островот е мајка која наскоро ќе роди бебе . Или како што таа би кажала - бомба која во секој миг може да пукне . Мислела дека нема излез од оваа ситуација , иако другите и помагале поготово Чарли каде и да одела . Сепак Другите имале други желби за нејзиното бебе . Како што настаните на островот се се пострашни така Клер се повеќе го штити своето дете . Откако дошол денот и кога детето излегло на свет таа сфатила дека тоа е најдоброто нешто кое се случило во нејзиниот живот . Затоа се вели дека животот на своето дете го менува животот на мајката ! Така било и со Клер
Потрошете само 5 минути со Харли и ќе видите дека тој е најпопуларниот лик на островот. Секогаш подготвен за шеги , неговата природа сама си ги придобива пријателите . Ја сакал својата фамилија неговите пријатели .... сите околу него ! И тој победил на лотрарија.... Додека слушал еден пациент во душевна болница како кажува броеви цело време без престан решил да игра лотарија со нив . По што завршил со добивка од 114 милиони долари ! Со тие пари се можело да се купи . Па така тој купил една фирма со кутии , имал и фирма со патики во Канада која изгорела до земја , но тоа што му го отплатиле заради штетата вредело повеќе отколку самата компанија . Така парите се зголемиле на 150 милиони долари . Иако се повеќе имал пари дознавал дека тоа повеќе му носи несреќа отколку среќа . Неговиот дедо умрел , кога и ја покажувал новата куќа на мајка му таа веќе била почната да гори , а и да не заборавиме дека таа веднаш си ја искршила ногата после излегувањето од колата ! Харли се обидувал да сфати зошто се почнало да се случува одкако играл со тие броеви . Тие броеви ?! Затоа се вратил во болницата кај Леонард за да го праша за броевите . Тој откако слушнал што направил му кажал дека не смеел да игра со нив бидејќи ја отворил кутијата . Додека тој паѓал во хистерија Харли го прашал кој друг знае за броевите , а Леонард одговорил Калгорли , Австралија . Неговиот пат станува и потемен оттокаш . Сфаќа дека броевите ги проколнуваат сите околу него . И Харли е следен на тој пат ! На островот тој се обвинува дека е крив за падот , затоа се однесува најдобро што може со сите преживеани . Баш кога сите почнале да полудуваат тој изградил голф-терен за играње и сите ги зближува . И покрај се тој останува со својот добар дух . Но кога ќе ги види истите броеви насекаде низ островот сфаќа дека ѓаволот си игра со него . Но, можеби , само можеби тој е крив за се што се случило !
Тој може да “преведе“ на сите јазици во светот . Како комуникациски офицер на Ирачката Републичка Гарда низ првата света војна , Саид научил се за војните . После се местото на интеграторот е да дознае се ! А Саид знаел многу начини за добивање информации . Кога влегол во собата за мачење тој бил подготвен да “разговара“ со многу луѓе , со тоа што целиот негов живот се променил . Една жена од која Саид морал да дознае информации седнала на истиот стол . Можеби неважна жена за гардата , но не и за Саид . Нејзиното име е Надиа . Таа знаела се за него , за неговото минато бидејќи пораснале заедно . И за тие денови додека таа била таму , тој дознал и и кажувал дека сфатил колку многу болка им “дарил“ на некои семејства . Но, никој не знаел дека во тие темни простории се развива љубовта помеѓу нив двајца . Заради тоа Саид решил дека мора Надиа да ја спаси , со што си отворил врата кон пеколот ... Успеал да ја спаси , но во следните години ќе се обидува да ја пронајде . Надиа била со еден збор исчезната . Но, неговата желба била поголема од се па така ЦИА ќе го прати да најде терористи во Австралија . Тие побарале да им донесе некој негов пријател од школото а за возврат ке ја добие Надиа . Тоа би значело крај на едно пријателство , но спомените ... не го оставале на мира Саид. Тој знаел многу начини за да се информира . Кога се тргнало на лошо и Саид го видел својот пријател како си го одзема животот , единственото нешто што го одржувало во живот била помислата дека Надиа е жива . И дека била 14 часа далеку од него... Авионот се срушил и Саид морал да се избори за место меѓу патниците на Летот 815 . Набрзо станал важен член на островот , бидејќи неговото познавање на техниката го направила исто толку важен колку и самиот Џек ! Нештата кои Саид ги направил во војската , се нешта кои не можат да се заборават . Ако Саид успее да преживее на островот тогаш можеби би имало време за среќен живот... дури и за него .
Иронијата со овој човек Чарли е тоа што никогаш не сакал да стане рок ѕвезда . Па така кога неговиот брат со неговиот најдобар другар оформиле група , тој не сакал да биде во неа. Не му било гајле тоа што ќе бил познат туку му било убаво тоа што свирел. Сепак со молбите на братот тој влегол во групата . И сето тоа се случило . Но, и самите знаеле дека шансите да успеат биле многу мали ... И покрај тоа Draveshaft станале популарни преку ноќ . Чарли групата го отфрлила исто брзо кога и го примила . Така Чарли станал голем зависник од дрога , нешто кое му го наметна славата на неговиот брат ! Подоцна Чарли ке побара и вистинска работа . Но , ништо не му успева. Се обидува да избега од самиот себе .... но без успех. Затоа сфаќа дека местото му е помеќу илјадници фанови . Зависноста е навистина зависна работа , нешто кое не исчезнува . па Чарли сепак сеуште зема по малку хероин . Кога Чарли ќе дојде за да зачука на вратата на неговиот брат , не ни верувал дека тој нема да прифати повторно да свири за Draveshaft . Чарли се враќа во Лос Анџелес , поточно , требало да се враќа со мислите - како можел се што сакал во животот да му одземе (мислејќи на братот) . Пред да си отиде братот се понудил да му помогне во однос со дрогата . На тоа Чарли изнервирано одговорил дека тој за ништо не се грижел . На островот Чарли живее надвор од контрола , постојано зема хероин , и знае дека сето тоа ќе го води кон пропаст . И срам секако . Без таа мизерија , Чарли би дознал нешто многу важно . Доколку подобро ги отворел очите ќе дознаел дека островот е таму каде што навистина треба да биде . Чарли бил и на врвот на животот , а и на дното на животот ... Доколку тоа се земе во предвид тогаш островот е таму кадешто припаѓа !
Што мислите дали Бун ќе умре и дали Шенон ќе биде потиштена доколку се случи тоа ?
Денеска на А1 ќе се прикажува можеби најинтересната серија од првата сезона ... не пропуштајте !
Во Сад пак оваа недела се прикажа 309 епизода . Изгубени сеуште се едни од најскапо платените серии а воедни и најдобри !
Сите кои сакаат да помогнат во уредувањето на блогот нека пишат на следнава меил адреса ivan_van.vel@hotmail ... се бараат некои кои често ја гледаат оваа серија !
Џек го спасува Бун и гледа дека нозете му се скршени и губи многу крв. Тој се потсетува на девојката Сара на која и помогнал по сообраќајна несреќа и со која се оженил. Клер добива породилни болки и Кејт го бара Џек. Саид организира пикник со Шенон и дознава дека Бун е вљубен во неа. На Бун му треба трансфузија и Џек решава тој да му даде крв, а на Кејт и кажува дека таа мора да ја породи Клер. Трансфузијата не успева и Џек мора да му ја ампутира ногата на Бун. Клер раѓа син, а Бун не сака да му ја исечат ногата и го моли Џек да го остави да умре...
Бун открива дека Лок има рана на ногата и тешко оди. Лок се потсетува како се запознал со мајка му и како го нашол татко му. Соер има постојани главоболки, па Џин и Кејт бараат Џек да го прегледа. Лок има ноќни мори за мајка му, кога дознал дека таа има шизофренија и како го наместила да му го украде бубрегот за татко му Соер се сомнева дека има тумор на мозокот исто како и неговиот чичко, но Џек ќе открие дека му требаат очила. Лок и Боун откриваат тело на свештеник во шумата кој носел пиштол, а на дрво наоѓаат мал авион со уште едно тело, мапа и статуи со хероин.
Џон Лок е дефинитивно најмистериозниот човек на островот . Живеел со својата сестра (умрела на 6 години) и со својот брат. Но , тоа се било добро и живеел среќен живот се додека во животот не се појавила неговата мајка , неговата вистинска мајка бидејќи тој не ги знаел своите родители , во местото каде што тој работел и му го покажала патот кон “темнината“. Тој успеал да ја искористи шансата да го запознае својот биологичен татко . И откако успеал да го спаси од смрт тој сфатил дека бил измамен , поточно дека тие го искористиле само за да се спасат . Оттогаш Лок се оттргнал од родителите . По неколку години Лок се наоѓа во продавницата за продавање на кутии каде што единствено нешто што знае е да игра шах и да седи помеѓу столовите во канцеларијата . Тој успеал да направи “сериозна врска“ со Хелен која на крајот ќе излезе како лага ... Откако успеал да собере пари тој се одлучил за патување низ Австралија . Но , бидејќи бил во инвалидска количка тие го одбиле и го пратиле на аеродром кадешто станал патник на мистериозниот #Flight 835 . Веднаш после падот Џон дознава дека се случило чудо . Неговите нозе почнуваат да функционираат . И додека сите други паничеле за своите животи , тој се радувал на се бидејќи конечно добил шанса за да го рави тоа за што бил роден : да лови , да убива диви животни , да сече дрва и слично . Поради тоа станува многу важен за сите на островот . Поради неговата мистериозност тој е наречен чудак по природа . Неговата теорија дека паѓањето на авионот не бил обичен инцидент -- односно воопшто не било инцидент поради што бил прогласен од многумина за ненормален . И дека сите што се на островот преживеале со причина . Тој го славел островот а и островот му вратил на него . Прво ги најдол најголемите тајни кои се криеле , а потоа шетајќи со Бун нашол и срушен авион (нешто кое следи во следнава епизода ...) . Исто така Лок е единствениот којшто се нашол лице во лице со монструмот и успеал да избега без гребнатинка !
Така падот на авионот можеби е и најдобрата работа која му се случила на Лок .
Џемс Форд имал многу лош старт уште кога бил дете на млади години . Откако неговите родители се искарале заради човекот со име Соер , Џемс морал да се крие под креветот додека татко му ја убивал мајка му а подоцна и самиот себе . После многу години откако односите со најблиските се прекинале и бил оставен самиот на себе сфатил дека што и да се случи тој ќе живее сам без никаква помош и не помогајќи во ништо . Тој станал злобен, но привлечен за жените и целиот живот г посветил за да го најде убиецот на неговите родители . Бидејќи ништо не може да го спречи во тоа дури и го менува своето име “Соер“ . Многу години заработува и врти пари исто како што “врти“ жени . Станува познат противник на полицијата . И конечно го наоѓа вистинскиот Соер којшто живее во Австралија . Додека се подготвува за негово убиство , наоѓа хирург во барот во кој и двајцата се пијанчат . Хирургот изгледал како да завршил со се во животот па чекал да умре . Тој му рекол дека тоа што сака да го стори , мора да го направи за да не заврши како него . Подоцна ќе се дознае дека тоа е всушност таткото на Џек ! Соер набрзо ги заборавил зборовите , бидејќи на островот се однесува многу непријатно . Сепак откако го најдол човекот се одлучил да го убие. Го потегнал чкрапалото и си помислил дека се е готово , почнал да го чита писмото и во тој миг човекот објаснил дека тој не е Соер . Џемс знаел дека згрешил многу и дека бил замешан во нечија игра но немало враќање ...Откако авионот се срушил тој се прогласил за центар на комерцијата на островот , така што сите можни работи ги собирал . Повеќето луѓе не го сакаат , но Кејт не може без него . Иронично е тоа што тој сака луѓето да не го сакаат .
За Кејт Остен , мистериозната девојка на островот , последните неколку години биле вистинска трагедија . Бегајќи и криејќи се од полицијата таа не е мистерија за неволји и трагедии . Овие две ја следат низ целиот живот . Добро постапувале со Кејт но не со сите околу неа . Така кога дошла до нејзиниот роден град да ја посети мајка и која била пред умирање ,таа успеала да ја предизвика смртта на нејзиниот сакан Том , додека бегала од полицијата . Подоцна дошла во Австралија "за да работи на фармa" . И се било добро се додека дедото за кого работела ја издал на полицијата ! Така Кејт била фатена во стапица и за малку и ќе го убиела човекот којшто ја предаде и наместо тоа да биде така таа не избегала туку му помогнала на него . Таа отишла на авионот без никаков излез и мислела дека наскоро животот ќе и пропадне . Но, се случило тоа што се случило и Кејт повторно "уживала" во животот . Сепак се потврдило дека не била многу лоша девојка . Помагала уште од доаѓањето на островот . Иако знаела дека има нешто во шумата се впуштала во секакви авантури и наскоро станала една од најпознатите на Проколнатиот Остров ! Една од најчудните нешта била тоа што во неа се заљубила мешавина - односно најдоброто на островот , докторот и “шериф“ Џек и најдосадниот и најнепосакуван човек на островот Соер .
Доктор Џек Шепард го живее целиот свој живот под дејство на неговиот татко . Неговата професија уште од раѓањето се знаела (хирург). Семејството едноставно му го наметнало тоа . И така Џек го живеел својот живот мирно и спокојно со неговиот татко . Се додека направил нешто за кое ниту самиот не очекувал .Да ја каже вистината која говорела против неговиот татко ! Тоа него го чинело татко , а татко му професија . Откако сето ова се случило Џек се чувствувал виновно , но по наредбата на мајка му да го донесе татко му се одлучил да тргне за Австралија , каде што подоцна ќе дознае дека нема спас за него... И така Џек тргна назад за ЛА со големи проблеми со ковчегот во кој татко му засекогаш почива . Но... авионот се сруши на пуст остров за комплетирање на целосно лошиот месец . Подоцна Шепард ќе дознае дека татко му мистериозно исчезнал од ковчегот и ќе го види со своите очи како шета ! Оттогаш Џек одлучува да заборави на се па започнува целосно нов живот . Го заборава татко си , и за прв пат во животот станува лидер на тотално истрауматизираните луѓе ! Иако се обидува да не ја засака Кејт таа едноставно му се наметнува во срцето и иако никогаш не признава за тоа се обидува во секој момент да биде поблиску до неа . Поради тоа многу кавги се случуваат со Соер кој исто така има испреплетени чувства за неа ...
Кошмарот беше само почеток.
Авион падна на пуст остров
48 преживеани
Без надеж за спасување ...
Во наредните 40 дена преживеаните од Oceanic Flight 815 беа тестирани до нивниот лимит .
За Џек Шепард хирург од Лос Анџелес беше предизвик да ги води трауматизираните луѓе на пустиот остров . За Кејт Остен која по години бегство низ Сад конечно беше најдена и во моментот кога немаше друг излез авионот се урна -енигма која подоцна ќе се дознае .
И за Џон Лок човекот со чудно и трагично минато - кој мисли дека островот е тоа што мораше да се случи , "нешто кое им било препишано на сите"
И така имаше многу преживеани со црно минато ... еден татко со неговиот сепак непознат за него син , Корејски човек и жена кои не можат да комуницираат со другите , бремена жена пред раѓање , еден пропаднат и несреќен милионер , заборавена рок ѕвезда која не може без дрога , Ирачки војник со проколнато минато и на крајот брат и сестра со заедничко вознемирувачко минато !
Сите влегоа во авионот со желба да заборават на се што им се случило , но се што добија беа нови измачувања со непознати луѓе со кои нема да доживеат многу среќни работи туку напротив ќе се присеќаваат на минатото...
За сите коишто успеаа да преживеат островот не само што стана важен туку тие мораа да научат да преживеат додека го среќаваат најдоброто и најлошото од себе , но и да се пазат од непознати суштества -- непознато животно со апетит за крв , група од луѓе на другата страна од животот кои успеваат да ги киднапираат некои од нив и мрачна џунгла со темнина и опасност насекаде .
И не преживеаа сите
Првите 40 дена ги потрошија сите извори на храна и пијалоци , добија нови непријатели , пријателите ги заборавија , а некои од нив се загубија ...
Кај овие бродоломци секој ден имаше борба --
-- но првите 40 дена не беа ништо споредено со тоа што ги очекуваше затоа што островот не ги сакаше многу патниците на Flight #815--
Наизглед многу среќно преживеани луѓе , кои во секој миг очекуваат брод , кој пак никако да се појави... На чело со докторот Џек којшто за првпат станува лидер , па се до мистериозниот господин Лок којшто едноставно има одговори за се . Екипата е како дрим-тим , камерата е екстра добро изработена , за монтажа да не збориме . Овој навидум пуст остров ги сменува сите или како што Лок би кажал сите добиваат нов живот ! Изгубените освоија 7 ЕМИја за само две сезони што е сепак многу добар исход . Во тек е снимањето на 3тата сезона . Инаку премиерно се прикажува на АБЦ секоја среда во 21:00 . Кај нас на А1 со добро познати термини 21 часот секоја недела и четврток . Па мајстори навалете !