Официјален македонски блог за LOST.
Архивата на овој блог можете да ја пронајдете на овој линк - http://lostseries.blog.mk или http://lostseries.blog.com.mk
Оригинално име : The Hunting Party - Flashback : Jack Shephard
Џек се потсетува на времето кога постојано работел и за пациентот со тумор кој му умрел на операционата маса. Поради грижа на совест, Џек се зближил со неговата ќерка Габриела, но не може да продолжи со неа, поради Сара. Мајкл зема оружје и оди да го бара Волт. Додека трагаат по нив, Џек, Соер и Лок слушаат истрели во шумата и го наоѓаат пиштолот на Мајкл и налетуваат на истиот човек кој пукал во Соер и го грабнал Волт, кој ја држи Кејт. Тој ги предупредува да не одат на другата страна на островот и им се заканува дека ќе ја застрела Кејт.
Хенри Гејл бил фатен од Русо во стапица . Подоцна Русо му го предала на Саид . Таа тврдела дека бил еден од Другите . Откако Саид го фатил почнал да го мачи исто како што мачел други луѓе . Освен ова мачење Хенри доживеал и други . Додека бил „затвореник“ тврдел дека неговото вистинско име било Хенри , кој бил од Минесота и дека на островот паднал заедно со својата жена додека патувале со балон . Исто тврдел дека со своите раце ја закопал својата жена . Саид и Лок не му верувале во неговите приказни , иако Џек не бил сигурен дека е еден од Другите . Патем Хенри исто тврдел дека жена му умрела од некоја „болест“ , приказна која ја измислил дури и под страшното мачење од страна на Саид . Иако Џек , Лок и Саид не сакале сето тоа да се дознае сепак затвореникот во окното набрзо бил откриен ... Еко којшто некако знаел дека „Хенри“ бил еден од Нив му признал приватно на него дека убил двајца од нивните . За да си ја зацврсти својата приказна самиот Хенри нацртал мапа на својот балон . Саид , Ана-Лусија и Чарли следејќи ја мапата успеале да го најдат балонот . Сепак Саид бил скептичен и го ископал гробот во кој подоцна ќе открие дека телото не било на жена туку на маж и тоа неговото име било Хенри Гејл ! За време на „Lockdown Инцидент“ кој се случил во окното , Лок пробувајќи да излезе од hatch-от нозете му се потфатиле од безбедносните врати. Затоа „Хенри“ морал да отиде преку вентилацијата за да го притисне копчето . Откако инцидентот завршил Хенри бил откриен , а и му тврдел на Лок дека никогаш не го притиснал копчето ! Тој за малку ќе бил егзекутиран од Саид. Тој им тврдел дека господинот бил никој и ништо за разлика од „Него“ (нивниот лидер) . На Џек му кажал дека Другите никогаш нема да им го дадат Волт . Самиот „Хенри“ ќе се обиде да ја убие Ана-Лусија тврдејќи и дека таа е убиецот , а не Гудвин . Неговиот обид бил спречен од Џон , кој пак му го скрил целиот инцидент на Џек а кога веќе го кажал било предоцна . Како и да е Мајкл ги убил Ана-Лусија и Либи , а го ослободил „Хенри“ . Неговото бегство не оставило никакви траги . Неговото вистинско име бил Бен - Бенџамин Линус .
Spoiler Warning !!! - Доколку сакаш ова сам да го погледнеш не го читај долниот текст ...
The Pearl Orientation Video според тоа што е видено претставува контра на видеото од Swan Orientation Film . За разлика од видеото во окното ова видео претставува како еден вид на филм . Во клипот се збори за работите кои требало да ги прават луѓето од петтата станица на Дарма - The Pearl . Во овој клип има многу мистерии бидејќи истиот човек кој им препорачуваше на луѓето од окното никако да не ги забораваат последиците кои можат да настанат и кои можат да ги доведат до уште еден „Инцидент“ (сеуште мистерија) доколку не го притиснат копчето , овојпат на луѓето од Pearl им препорачува да ги следат сите нивни чекори и да ги запишуваат ! Во сите станици имало поставено скриени камери со кои тие можеле да го следат секој нивен чекор. Оваа станица ќе биде откриена од Лок и Еко . Притоа Лок ќе ја изгуби целокупната верност во копчето . Како и да е сеуште не е потврдено дали овој клип е вистински , бидејќи Изгубените во третата сезона ќе пронајдат контра видео на истиот клип , а патем притискањето на копчето на крајот од сезонава ќе се покаже како пожелно .....
Оригинално име : The 23rd psalm - Flashback карактер: Mr.Eko Еко ја крши една од статуетките на Богородица и Клер мисли дека хероинот е на Чарли, но тој не знаел што има внатре. Еко сфаќа дека авионот каде се најдени статуите е истиот кој го користел за шверцување на дрога во Нигерија и кавгата со брат му Јеми кој бил свештеник и кога е убиен, Еко го земал неговиот идентитет. Во авионот има тело, па Еко мисли дека тоа е брат му. Мајкл сака да научи да пука, но Лок смета дека оружјето е безбедно ако е заклучено. Чарли и кажува на Клер дека не се дрогира и сака да го чува Арон, но ја крие статуата во шумата.
Конечно ! После речиси еден и пол месец „макотрпна“ , но забавна работа на овој блог со големо задоволство ви соопштувам дека Lost Series има 1000 посети од 4 јануари па до сега . Се надевам дека и понатаму ќе соработуваме !!!
The Swan односно The Hatch било дел од третата станица на Дарма која била поставена на Островот . Првпат била откриена од Лок и Бун . Според Orientation Film - The Swan е оригинална лабараторија кадешто научниците можеле да работат на сваќање на уникатните електромагнетички функции притоа правејќи експерименти на Островот . Како и да е после „Инцидентот“ бил воведен протокол во кој двајца луѓе требало да одат на смени за притискање на копчето (внесувајќи ги проколнатите бројки во компјутерот) на секои 108 минути за време од 540 дена, а на крајот ќе им дошла нивна замена .
• За време на првата сезона од LOST , главната мистерија на островот беше The Swan , кое тогаш (а и сега) се нарекуваше окното . Први кои го откриле окното биле Бун и Џон на „инцидентен“ начин . Џон уште од самиот почеток сакал да го отвори мислејќи дека сето тоа е судбина . Во тоа и успеал заедно со Кејт , Џек и Харли . Забелешка : Пред самото разурнување на вратата од окното Харли ги видел броевите ,8,15,16,23,42 , а откако ја отвориле вратата на неа пишувало QUARANTINE !
• Во втората сезона , изгубените успеале да влезат во окното , наоѓајќи го Дезмонд , а заедно со него и чуден компјутер во кој морало да се внесуваат бројки . Џек и Лок одлучиле да направат две смени за притискање на копчето . Џон верувал во зборовите на Дезмонд , за важноста на копчето , но по пронаоѓањето на Pearl Orientation Video заедно со Mr.Eko Џон ја изгубил комплетната верба во важноста на копчето . Тој поверувал дека сето тоа бил психолошки експеримент . Подоцна Лок ќе го убеди Дезмонд (откако ќе се врати на Островот) да не го притиснат копчето и да не ги напишат броевите за да видат што ќе се случи . Еко протестирал .... Откако одбројувањето завршило на компјутерот се појавило System Failure , бројките на тајмерот се претвориле во хиероглифи . Сето тоа изгледало како еден голем земјотрес . Сите објекти од метал почнале да летаат насекаде поради магнетот кој станал преголем . Лок сфатил дека копчето сепак можело да направи нешто исто како и Дезмонд кој го искористил клучот за исклучување на бескрајното одбројување . Така електромагнетизмот се испразнил . The Swan бил комплетно уништен .
• Во сезона три се што останало од окното било огромен кратер , кадешто порано се наоѓала вратата . Непознато е дали целата станица била разнесета или само дел од неа , но можно е окното да не биде посетено во блиска иднина .... Забелешка : Иако се што останало било кратер сепак Џон , Дезмонд и Еко успеале да преживеат . Најчудно било тоа што Дезмонд останал без својата облека , а почнал да добива и визии !
Ова е втората посебна клип епизода . Првата беше Дестинација Изгубени во која се работеше за настаните од првата сезона . Lost уште од почетокот ги „принуди“ и заинтригира гледачите да ја гледаат серијата со нејзините посебно интересни флешбекови на ликовите и со уникатниот стил на епизодите . Во првата сезона се сретнавме со исплашените преживеани патници , со окното (the hatch) и со неуспешниот обид за бегство од островот . Втората сезона пак ги продолжува овие настани , а освен тоа ги прикажува и објаснува нештата кои им се случиле на новите ликови од задниот дел на авионот . Изгубени : Откровение ги става овие две сезони заедно еден добар распоред којшто ќе им овозможи на фановите еден супер поглед на целата приказна . Во оваа епизода повторно ќе ги видите сцените од неуспешниот обид за бегство со сплавот , отворањето на окното , како задната секција и предната од авионот живееле на истиот остров одделено незнаејќи еден за друг притоа добивајќи интересна промена во нивниот живот и како двете групи одеднаш се судриле во еден катастрофален момент . LOST : Revelation понудува еден нов и страсен поглед во свежата перспектива , сеопфатен и просветлен за сите минати настани во една од најгледаните и најдобрите американски серии -L O S T- .
Во претходната епизода доколку сте ја гледале сигурно ви падна чудно тоа што во џунглата се појави коњ . Еве ги сите факти за истиот тој коњ кој Кејт го виде .
»Кејт првпат го видела коњот кога била фатена од американскиот маршал додека купувала влез за во автобусот кој одел до Талахезе . Коњот стоел на средина од патот и бил причината поради која Кејт успеала да побегне . »Таа го здогледува коњот уште еднаш додека зема овошје од Островот (или барем гледа некој друг речиси ист коњ) »Додека го водела Соер кон Swan Station Dharma за да земе воздух и двајцата ќе го видат истиот коњ како стои пред нив .
Дали и коњот е еден од експериментите на Дарма или пак овој пат се работи за вистинско суштество ?!Сепак идентичноста на коњот кој на некој начин ја спасил Кејт со овој од островот е преголема за да се работи за експеримент .
По дванаесет неделната пауза која ја направија Изгубените рејтијнгот на серијата почна неочекувано да паѓа . Првата епизода од продолжението на Lost - „Not in Portland“ имаше 14,5 милиони љубители , а последното од среда - „Flashes before your eyes“ достигна неочекувано голем пад од речиси 2 милиони љубители (12,8) . Само за да ја увидите разликата : во првото шоу на Изгубени во септември 2004 година серијата имаше 32,9 милиони љубители . Што значи дека за дури 20 милиони помалку гледачи привлекло последното од оваа година . Дали е ова поради изместената програма на ABC поради American Idol или пак е вистински пад на серијата ќе може да се оценува понатаму . ABC продолжува да ја брани серијата со додавање на факти . Тие изјавиле дека една причина за лошите рејтинзи на Изгубени биле бидејќи само 7 % од популацијата во Америка била дома за St.Valentine (серијата беше прикажана во среда 14.02) . Друго објаснување им било дека Американскиот Идол во моментов привлекува поголемо внимание . Освен тоа тие додале дека за разлика од CSI:NY на телевизијата CBS кое привлекло само 5,3 милиони луѓе Изгубени имале дури 7 милиони повеќе . Без разлика на ова CNN објави на својот сајт дека шоуто изгубило многу фанови токму минатата сезона кога според многу луѓе ја изгубило смислата со тоа што повлекло премногу мистерии , кои сеуште не се објаснети . Освен тоа Изгубени имаа и голема пауза баш кога шоуто доби смисла и почна да привлекува уште повеќе љубители . За ова време тие ги преемитуваа последните епизоди од сезона 3. LOST кои добија Еми за најдобра драма во 2006 ја изгубија титулата која отиде во рацете на екипата од Grey's Anatomy . Јас искрено се надевам дека овој пад е поради празникот и поради поместениот термин на серијата ..... За ова повеќе може да прочитате на http://www.cnn.com/2007/SHOWBIZ/TV/02/16/tv.lostratings.ap/index.html
Оригинално име: Collision (aka Old Habits) - Flashback карактер: Ana-Lucia Cortez Јин и Сан се зближуваат и решаваат да не се караат. Додека собира овошје во шумата, Кејт гледа црн коњ и се потсетува на трагедијата на нејзиното семејство, кога Маршал ја уапсил и како му побегнала по сообраќајката кога и го видела истиот коњ. Соер добива инфекција на крвта и во бунило признава дека ја сака. Групата ја погребува Шенон, а Џек и Лок се враќаат во окното, каде гледаат дека бројчаникот стигнал до нула. Еко му дава нови докази на Лок, а Џек се зближува со Ана Лусија. Мајкл открива дека преку компјутерот ќе може да го најде Волт.
Волтер “Волт“ Лојд бил еден од патниците кои седеле во средната секција . Тој бил наречен “специјален“ од повеќе луѓе , а се мисли дека има некои моќи . Тој бил киднапиран од The Others , а подоцна вратен кај татко му како замена за затворениците : Кејт , Соер и Џек . Иднината на Волт и Мајкл е сеуште непозната откако со брод го напуштиле островот и се упатиле кон локацијата 325 . Пред падот Волт имал многу потежок живот отколку што самиот мислел дека има . Неговата мајка Сузан како што веќе знаете го напуштила Мајкл , притоа омажувајќи се со Брајан . Волт цели 8 години останал со нив (две живеел во Њујорк) се до дента кога Брајан зачукал на вратата кај Мајкл и му кажал што се случило . По слетувањето на авионот тој требало да си оди дома со татко му .... На островот Волт прв којшто го запознал бил Џон Лок . По некое време тој му покажал како се ракува со нож . Волт постигнал брилијантни резултати , откако во второто фрлање ја погодил целта . Сето тоа било многу вознемирувачко за татко му којшто му забранил да се дружи со Лок . Самиот Џон му рекол на Мајкл дека детето е специјално и дека можеби треба да се однесува со него како со возрасен човек . Најчудното што Волт го направил е со отварањето на Hatchot . Без никакви информации тој му рекол на Лок да не го отвара нештото . Џон знаел многу работи за Волт , а една од тие е и запалувањето на првиот сплав . Во една од епизодите пред да отидат на патување со вториот сплав Волт му признава на Мајкл за стореното нешто . Една теорија е дека тој го запалил сплавот заради тоа што неќел да си замине од островот , а другата е дека му враќал на Мајкл за палењето на комичната книга на шпански . Откако Другите го грабнале тој бил испитуван за се што му се случувало . Во третата епизода од втората сезона Волт за првпат се појавува пред Шенон цел со вода . Тој шепотел , но ништо не се слушало бидејќи ги кажувал зборовите од назад кон напред . Во секој случај сеуште не се знае дали тоа било визија или пак самиот Волт . Тој бил виден двапати од Шенон и зборел на ист начин . Го кажал следново : "They're coming and they're close" . Кога се појавил вториот пат тој се обидел да ги заќути Шенон и Саид . Подоцна Шенон била убиена од страна на Ана Лусија , а Саид тврдел дека го видел момчето . На крајот од следната епизода , додека Мајкл ја разгледувал станицата на Дарма забележал порака на компјутерот Hello? . Откако си го напишал името добил повратен одговор со Dad? . Тоа значело дека другиот кој пишувал од некаде бил самиот Волт . Затоа Мајкл одлучил со помош на инструкциите на Волт да си го пронајде синот . Додека се приближувал до самиот нивен камп тој бил фатен во стапица . Една од The Others - Госпоѓа Клах направила договор со Мајкл . Тој да ги донесе Џек , Кејт , Соер и Харли , а тие ќе му го дадат Волт . Откако тој побарал да го види Волт тие го пуштиле на три минути . На крајот од разговорот кога Другите го влечеле Волт кон себе тој рекол дека : “Тие не се такви какви што изгледаат“ . Зборови кои ги зголемуваат мистериите на островот . Пред ова истата госпоѓа Клах го прашувала Мајкл дали Волт бил некаде кадешто не смеел да биде . Мистеријата за Волт за жал сеуште не е откриена . Но , фактот дека тој се појавува пред многу луѓе и фактот дека бил грабнат од Другите со некои цели го прави да биде посебен . Но , дали навистина е ?
Иако блогов е за Изгубени сепак најдов една екстра интересно , урнебесно клипче "The internet is 4 porn" . Подолу доколку блогерајот дозволи можете да го видите ... доколку пак не дозволи (а сигурно нема да дозволи) еве го линкот ==> http://www.youtube.com/watch?v=eWEjvCRPrCo
Другите се група на луѓе коишто живееле на островот пред да падне авионот со неговите патници . Нивните мотиви се засега непознати . Нивните врски со патниците биле затегнати , зашто успеале да им убијат неколку луѓе . Откако ќе заврши втората сезона ќе се открие дека тие живееле на друг близок остров наречен Hydra Island кадешто ги заробиле Џек , Кејт и Соер . Џек бил киднапиран за да изврши операција врз еден од нивните , Бен додека пак причината за киднапирањето на Кејт и Соер е засега непознато . Името го добиле според Русо (“тоа беа тие - Другите) кога таа му тврдела на Саид дека ќерка и Александра била грабната од Другите . А, киднапирањето на Александра не било последното нешто што тие го сториле . Клер беше киднапирана од страна на Итан за да може да го земат Арон . Чарли исто така беше земен со неа , но подоцна обесен и спасен од Кејт и Џек . Волт бил земен зашто според The Others имал некои посебни таленти . Во две недели , дури 12 луѓе од Tailies (задните патници) биле киднапирани од нив благодарение на Гудвин и наивноста на Нејтан . Синди исто така исчезнала , но ова сеуште не е потврдено како киднапирање . И Мајкл бил киднапиран обидувајќи се да го спаси својот син , а кога успеал во тоа The Others му дале компас и брод и му рекле да оди во насока 325 . Другите ги задржале Кејт , Џек и Соер со нив , а Харли го пуштиле да им пренесе на луѓето да не доаѓаат во Pala Ferry (таму кадешто ги заробиле Џек , Кејт и Соер) .
Од што немав што да правам , си направив и блог за последната сезона на Charmed - www.volsebnicki.blog.com.mk . Сепак овој блог никогаш нема да го напуштам зашто сепак Изгубени со Волшебнички не може да се мерат . Се надевам дека и двата блога ви се допаѓаат !
Оваа посебна епизода ќе се прикажува на А1 во недела 21:00 часот . Се работи за преживеаните патници од задниот дел на авионот и за нивните авантури во претходните 48 дена . Оваа ќе биде седмата епизода од втората сезона . Епизодата ќе биде уникат бидејќи во неа нема флешбекови , туку настаните кои им се случиле на патниците што на некој начин е како флешбек на “нивната прва сезона“. Се од падот на авионот до денот кога е застрелана Шенон . Откако ќе сфати дека преживеала тешка авионска несреќа , Ана Лусија го презема лидерството на групата преживеани . Како и да е “овој нов дом“ нема да им донесе многу среќа на патниците . Тие ќе станат цел на непозната група луѓе коишто доаѓале од некоја друга страна на островот . Во еден наврат Ана Лусија ќе го затвори Нитан (еден преживеан патник) во дупката во која беа заробени Соер , Мајкл и Џин . Мислејќи дека тој е еден од Другите таа ја прави и својата најголема грешка . Кога еден ден ќе го најде Нитан убиен ќе сфати дека има направено огромна грешка . Истиот ден ќе излезе во прошетка со Гудвин за барање на сигнал . Во моментот кога тој ќе почне за Другите таа ќе сфати дека има шанса за убиство . Веднаш го убива Гудвин . Пред да го убие ќе го праша зошто го убил Нитан . Неговиот одговор - бидејќи не бил добар човек !!! За споменување е и дека Господин Еко поради убиството на двајца од Другите ќе молчи цели 40 дена ... Овие патници ќе пронајдат уште еден објект на Дарма - The Arrow станицата . Самата епизода ќе предизвика многу прашања , а ќе отвори и нови мистерии . Никако не ја пропуштајте !
Саид ја поканува Шенон на романтичен состанок во шаторот, но таа ќе го види Волт и ќе се вознемири. Иако Саид ја убедува дека фантазира, Шенон е убедена дека го видела и го носи Саид во шумата. Таа се потсетува на сообраќајката на татко и и односот со маќеата која не ја прифатила. Лок се грижи за бебето на Клер. Соер се онесвестува и групата му прави носилка, но Синди ќе ја снема. Саид ја следи Шенон во шумата и го гледа Волт, но слушаат и чудни гласови. Кога Шенон оди по нив, Ана Лусија ќе ја застрела, мислејќи дека таа е една од „Другите“.
Пред една недела Џош Холовеј (Соер) издаде изјава дека во оваа серија никој не е сигурен :- Серијата има концепт , дури и најглавните ликови да бидат убиени или на некој начин да умрат . Авторите на Изгубени ја направија серијата повеќе од интересна со ненадејното умирање на Бун (а подоцна и на Шенон) по што целата публика увиде дека во оваа серија нема некој што е “бесмртен“ . Не би ме чудело доколку еден ден Метју Фокс (Џек) ја напушти екипата ... едноставно таква е самата природа на серијата - додава тој . На прашањето како би сакал да умре неговиот лик (Соер) тој одговара :- Би сакал тоа да биде на еден тежок начин . И воопшто не би сакал фановите на Соер да заплачат ! Иако Џош не е сигурен за иднината на Соер тој би сакал тоа да биде со 10ина куршуми во телото . Четири дена пред почетокот на 9тата епизода од 3 сезона на LOST Евангелин Лили (Кејт) изјави дека доколку таа би одлучувала помеѓу Соер и Џек би го одбрала Џек . На денот на оваа изјава беше објавен смешен клип "LOST : The final episode" . Долу можете да го погледнете . Инаку во САД денеска премиерно ќе се прикаже епизодата "Not in Portland" која ќе биде долгоочекуваното продолжение на третата сезона !!!
Има многу серии во САД којшто имаат поголем буџет од LOST . Но , зошто токму Изгубени се најгледани ? Ајде со малку историја... Првобитната идеја за една ваква серија му дошла на Џ.Џ. Абрамс . Неговата замисла била да се создаде серија во која ќе има многу мистерии кои ќе ги привлекуваат гледачите . Исто така сакал дејството да се одвива на некое чудно место . Така во 2004 година започнало снимањето на LOST . Првата епизода имала прилично голем успех , а од втората па натаму почнале да се рушат и рекордите ! Почетокот на серијата самиот по себе бил мистериозен . Паднале на чуден остров : со чудовишта , Други луѓе , разни отвори .... Освен тоа биле излезени 1000 милји од курсот . Шансите за спасување не биле големи . Со отворањето на окното се дознало дека мистериите на островот на еден начин претставуваат експеримент на Дарма . Другите кои во почетокот “не постоеле“ ќе им станат најголем проблем на преживеаните патници . Крајот на секоја епизода завршува со мистерија , а почетокот на секоја нова ни дава уште толку мистерии ! Освен тоа камерата која се мрда во “страшните ситуации“ го зголемува адреналинот на гледачот , а и самите актери си ја вршат добро работата . Ете затоа Изгубени се хит-серија !!!
Оригинално име: ...And Found - Flashback карактер:Jin Soo Kwon&Sun Hwa Kwon
Сан ја губи бурмата на плажата и тоа го смета за лош предзнак. Либи и Мајкл бараат овошје во џунглата, но Мајкл ненадејно ќе исчезне. Јин и Еко одат во шумата да го најдат. Сан се потсетува на времето кога нејзините родители сакале да ја омажат преку сводник и како се запознала со Јин, кој работел во хотел. Еко налетува на Гудвин во шумата и го убива, но тогаш ги забележуваат и Другите и откриваат каде живеат. Јин го наоѓа Мајкл, но тој не сака да се врати без Волт. Сан ја наоѓа бурмата на плажата.
Значи иако окното беше една од најголемите мистерии во првата сезона , сепак во втората ќе се види дека тоа било само еден обичен “експеримент“ на Дарма . Стискањето на копчето во секои наредни 108 минути е сепак многу идиотска работа . Иако сум фан на Изгубени сепак оваа ситуација не можам да ја сфатам . Како можеле сите членови на Дарма да поверуваат дека мора да го притискаат копчето ?! Да се вратиме на темата . Иако Џон Лок веруваше дека тоа што се наоѓало во окното била некоја судбина , дека светлината која дошла од окното била судбина сепак според овие први епизоди сето тоа паѓа во вода . Останува да видиме што ќе се одвива во следните епизоди и дали навистина притискањето на копчето е нужно ....
Чудовиштето бил првиот гостин на штотуку паднатите патници . Претходно истото било чуено како испушта разни звуци . Додека доаѓало накај патниците исто така искршило и дрвја . Подоцна Џек , Кејт и Чарли отишле да ја пронајдат кабината каде што биле пилотите . Пилотот го нашле жив , но подоцна бил одвлечен надвор од авионот од чудовиштето , а подоцна и најден како виси на дрво целиот крвав и мртов . Во една епизода Џон имал блиска средба со чудовиштето , но излегол без никакви последици . Иако одрекувал дека го видел чудовиштето сепак на Џек му рекол дека “погледнал во окото на островот и дека она што го видел било прекрасно“ . Чудовиштето исто така го “нападнало“ и Бун . Сепак сето тоа било халуцинација којашто Лок му ја ставил на главата . Во неговиот сон Шенон била убиена од чудовиштето . Двапати успеале да избегаат , но третиот пат не успеале . Како што знаете чудовиштето ја повлекло Шенон , а Бун бидејќи бил веќе многу подалеку од неа можел само да ја гледа “смртта“ на неговата сестра . Во последната епизода од првата сезона (Егзодус) додека се патувало низ црната територија до “Црната Карпа“ групата со Даниел Русо , Џек , Кејт , Лок , Харли и Арцт биле бркани . Кога се бутнале помеѓу дрвјата Русо им рекла дека биле сигурни . Кога Џек ја прашал Русо што било тоа таа одговорила “сигурносен систем“ . Исто така ја прашал и што правело тоа , а таа му одговорила исто како и сите други “сигурносни системи“ - да брани нешто . Тогаш Кејт ја прашала што брани ... и Русо реплицирала :- Островот ! Подоцна откако групата го земала динамитот повторно била бркана од чудовиштето . Попрво се појавило како црн чад кој го виделе и Џек и Кејт а подоцна тргнало накај нив . Кејт , Џек и Харли веднаш избегале додека Џон останал како и секогаш . Но , овојпат чудовиштето го нападнало и замалку не го убило . Џек го фрлил динамитот и црниот чад изчезнал .
Освен овие видени нешта црниот чад повторно ќе се појавува и понатаму . Додека Чарли патувал со Еко , чудовиштето им се приближило и ги нападнало . Додека Чарли се качувал на дрвото (барајќи го авионот во кој имало хероин) Еко не направил ниту чекор . Но , наместо чудовиштето да го убие тоа едноставно запрело ! Црниот чад се завртел и си заминал од таму кадешто дошол . Откако ова се случило Еко си помислил дека тоа нешто што и да е не е опасно . Сепак истото чудовиште повторно ќе го нападне Еко додека одел накај плажата и овојпат ќе го убие !!! Чадот го повлекол Еко со себе и го удрил во две дрва пред да го фрли долу . Откако ќе падне Еко умира за неколку секунди ... Во суштина “чудовиштето“ веројатно претставува уште еден експеримент на Дарма . Во една од посебните епизоди (LOST : Experience) ќе биде обелоденето дека чудовиштето е направено од научници кои се занимаваат со нанотехнологија , минијатурни машини кои можат да завршат одредени работи . Ова нешто можело да биде направено од електромагнетичко поле , и заедно со научниците да се усоврши за да може да размислува , а воедно и да изгледа застрашувачки (како црн облак)
You can now translate this blog in just one simple step:
- Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)
Countdown
До наредната епизода има уште...
Анкети
Што мислите за најновата епизода од шестата сезона, "Everybody Loves Hugo"?!
Блогот Lost Series MKD (Lost MK) е најдобриот и веројатно единствениот блог посветен на хит-серијата Изгубени. Тука ќе најдете се за карактерите, за најновите информации во светот на LOST и секако за актерите и нивните мислења. Ќе најдете се што ви е потребно и важно за ВАШАТА омилена серија...
E-mail (јавен): lost_srs@yahoo.com
Вистинско име: Lost the series
Датум на раѓање: 5 Ное 1993
Професија: Играње на PC :)
Yahoo! messenger: ivanvel_1993@yahoo.com
Локација: Скопје
Пол: машки
Ќе додадеш некој збор сам(а) за себе?: Our time lies ahead...