сабота, 31 март 2007 г.

петок, 30 март 2007 г.

Вистинската функција на тајмерот

Ресетирачката рутина на тајмерот првпат била опишана од Доктор Марвин Кендл во Swan Orientation Филм . Кендл бил единствениот кој спомнал дека откако се случил „инцидентот“ , протоколот на притискање на копчето и ресетирање на тајмерот морало да се воведе ... Во флешбековите на тајмерот (кои ќе се прикажат на последната епизода од втората сезона - околу средината на мај) функцијата на тајмерот била откриена . Келвин објаснил дека инцидентот бил тој којшто дошол од The Swan станицата доведол до градење на преголема електромагнетна енергија . Хенсе направил посебен клуч со кој би можело сето тоа за неколку секунди да се поправи , но притоа би умрел човекот! Овој тајмер бил регуларно ресетиран на сите 108 минути од различни „островјани“ , пред и после падот , преку рутината наречена - притискање на копчето . Како што открил Лок тајмерот не можел да се ресетира пред да дојдат последните 5 минути ... Нормалното притискање на копчето се случувало се до последната минута . Се што ќе се одвивало подоцна ќе имало повеќе лош отколку добар ефект.800px-Zero_Count.JPG
Прв Инцидент! Spoiler Warning45px-Nuvola_warning.png
Во "Live together , Die Alone" , Дезмонд открил од неговиот флешбек дека и на него му се случил инцидент кадешто хиероглифите се појавиле , а копчињата на компјутерот биле заклучени . Во тоа време целата земја се тресела и се чинело дека имало вистински земјотрес од големи размери! Сепак Дезмонд успеал некако да ги напише бројките додека на компјутерот се појавувало System Failure, System Failure ... Но, откако успеал да го прочита извештајот од The Pearl Станицата увидел дека на истиот ден кога не ги напишал на време бројките авионот паднал !!!
Втор Инцидент!
Во епизодата "One of them" , Лок бил задржан од Џек и не успеал да ги напише бројките на време . Тој ги видел хиероглифите кои откако се појавиле целата земја почнала да се тресе ...
Трет Инцидент!
Како резултат на повредата со која Лок се здобил додека бил под железните врати тој побарал од Бен да ги напише бројките . Додека бил заробен тој го слушнал едноминутниот аларм по кој следувале хиероглифите . Откако вратите повторно се отвориле тој го видел тајмерот на 107:00 . Кога следниот ден почнал да разговара со Бен тој му рекол дека видел некои „интересни“ црвени знаци кои личеле на хиероглифи . Инаку тој му признал дека никогаш не го притиснал копчето и дека ова место било „шега“ .
800px-Locke_Untrapped.JPG
Краен Инцидент! Spoiler Warning!
45px-Nuvola_warning.png
На крајот од втората сезона (Live Together , Die Alone) , детерминацијата на Лок за тестирање на копчето резултирало со втор и последен system failure во The Swan . Од овој инцидент се виделе сите хиероглифи кои стоеле подолго време . Тајмерот , заедно со глифите , биле разорани од металот кој имплодирал , моменти пред Дезмонд да го активира fail-save клучот кој донесол до целосна имплозија на Лебедот!!!


Countdown-destroyed.png

Dave

Во институтот
Во епизодата „Dave“ (прикажана вчера на А1) , Дејв е пријател на Харли во Санта Роза Менталниот Болнички Институт . Докторот на Харли мислел дека Дејв бил лоша инспирација за Харли со тоа што не сакал да изгуби неколку кила. Доктор Брукс земал фотографија од Харли заедно со неговата рака околу Дејв . Подоцна тој ќе му ја покаже оваа фотографија . Дејв го нема во неа , а раката на Харли стои во воздухот ! Харли одбил да избега од болницата заедно со Дејв и затоа го заклучил надвор од зградата . Подоцна самиот тој открил дека целата терапија почнала да оди многу побрзо ... Откако повторно се сретнале на Островот Дејв успеал пак да го убеди Харли дека тој не бил вистински човек , но бил делот од него кој сакал да го „ослободи“ од сонот . За да му го потврди сето тоа му објаснил дека после неговото бркање од болницата , тој воопшто не се разбудил туку цело време живеел во сон (кој го живеел и во овој миг) . За се тоа да испадне вистина му ги спомнал и броевите со кои играл , а кои притоа биле на Леонард , тајмерот кој ги користел истите тие броеви и на крајот му кажал дека никогаш девојка како Либи би се заљубила во него !

На Островот
Дејв на островот бил првпат и последен пат виден од Харли додека Изгубените ја собирале храната од падобранот . Додека Дејв бегал од него изгубил папуча која подоцна Харли ја држел во своите раце пред Либи , која пак му рекла дека во ниту еден миг не го видела со папуча в рака . Тој бил некако поврзан со Харли бидејќи го удирал со кокос , исто како што било и во институтот меѓутоа ова можело да биде и една халуцинација која се одвивала само во главата на Харли . Дејв го однесол Харли до карпа на која го поздравил со омилената фраза на Дезмонд – Cya in another life! и притоа се фрлил во морето . Харли доколку во тој момент не се појавела Либи веројатно ќе завршел со својот живот ... Од оваа епизода постои уште една мистерија : Дали сето ова што им се случува на Изгубените е халуцинација на Харли ?!

Dave.jpg

среда, 28 март 2007 г.

Сезона 2 епизода 18

Оригинално име : „Dave“ - Flashback : Хуго „Харли“ Рејес


Харли сака да се откаже од јадењето и во тоа му помага Либи, но откако тој ќе ја уништи целата храна, групата наоѓа нови залихи. Нему почнува да му се причинува, Дејв, неговиот измислен другар од болницата и се потсетува како Дејв го убедувал дека не треба да биде на диета. Во бес, Харли ќе се степа со Соер, кој го навредува и решава да ја напушти групата. Но, повторно налетува на Дејв кој го носи на работ на една карпа за да се фрли во морето. Хенри му кажува на Лок дека не го притиснал копчето за да се отвори вратата. Харли се зближува со Либи.Normal_dave-promo06.jpg

вторник, 27 март 2007 г.

Можни се проблеми!!!

Го пишувам постов за да ве исвестам дека во нареднава недела до две ќе ме нема многу често... Причина повторно е интернетот . Го раскинав договорот со adsl , a од следната недела ќе ставам wadsl !
Како и да е ќе се обидам и овие денови да ви презентирам се што ќе се случува во LOST ! Еве ви и една песна која е моја инспирација од сите овие 12 месеци со АДСЛ!


BYE BYE ADSL!

12 месеци поминаа,
во сон и в шега,
нашиот аконт ни побегна,
сега плачам ,потребна ми е нега!

Убави моменти имавме ,
се сакавме и мразевме,
без престан интернет шибафме,
разни глупости биравме!

Лимит од 512 мегабајти,
налик многу,а уствари малку,
за мене беа шегабајти,
секој 31 ми се чинеше далеку!

Дома почнав блог да правам,
постови без престан да садам,
WoW цел ден ја играв,
разни таленти бирав!

Во некои мигови Мт Нет го пцуев,
тогаш многу се дуев,
дома сите ми беа криви,
им ги правев деновите сиви!

И сега се е историја,
попосле ќе играм викторија,
од недела WADSL ќе имам,
цел ден LOST ќе симнувам!


Инспирирано од Мт.Нет и нивната СУПЕР ПОНУДА
СТАРТ ADSL од 512 мб!
Што ќе ти се 10 гига кога можеш и со 512 мб!

недела, 25 март 2007 г.

It's Hugo Cup Time !!!

Кој е најдобриот LOST вебсајт на годината ? Кој треба да победи на 2006-2007 Хуго Купот ? Потребна е ваша помош !

Хуго Купот , наречен по LOST карактерот Хуго „Харли“ Рејес (неговата улога ја игра извонрендниот Jorge Garcia) . Во овој куп се натпреваруваат сите добри LOST страни (http://www.darkufo.blogspot.com на пример!) , инаку ова е вториот последователен куп ... Во него уште еднаш фановите директно ќе ги одредат сите номинирани , а подоцна и самиот победник . Поделете го вашиот фаворит денес ! Годинашниот Хуго куп ќе има три фази . Отворени номинации , финална селекција и за крај отворено гласање . Како прво било кој ќе може да размени LOST адреса за разгледување на execute.tv (и секој ќе може да ги погледне адресите) . Како второ сите фанови ќе можат да ги избираат финалистите . Како трето и последно , сите ќе можат да гласаат за тоа кој од овие финалисти најмногу заслужил да си го земе дома Hugo Трофејот ! Вашите предлози ќе ги давате од понеделник , 19 март па се до 9 Април 2007 . Финалистите ќе бидат објавени две недели подоцна на 22 април , финалните гласови ќе се даваат цела недела се до 29 април . Победникот ќе биде објавен во понеделник- 30 април 2007 година !

execute_logo_scripttvred_small.jpg За да можете да гласате мора да се зачленитe на
http://www.execute.tv

сабота, 24 март 2007 г.

Lockdown Инцидент

За време на „Lockdown“ епизодата чуден женски глас се огласил на спикерот , завршувајќи со броење до нула . Тој звук можел да се слушне насекаде низ окното преку посебен систем . Женскиот глас (одигран од Lynnanne Zager) го рекол следново : „23 минути до заклучување“; „17 минути до заклучување“; „Ве молам продолжете ... протокол ... ве молам продолжете...“ . Железните врати (blast doors) се спуштиле (но, не во исто време) , одделувајќи го едниот дел од окното од другиот ... Енергијата на светлата била преполовена па често тие трепкале . Кога тајмерот достигнал до нулата без комплетирањето на протоколот , светлата почнале да се гасат и чуден механички свук почнал да се слуша . Во исто време се уклучиле различни сетови на ултравиолетови „црни светла“ кои оделе вертикално во исто време со краевите на бункерот кои заедно создаваат кодирана мапа на островот на една од железните врати ! После сето ова бројачот од окното се ресетирал повторно на 108 минути , а целата енергија се вратила 20 секунди подоцна притоа враќајќи ги железните врати на нивното место . Во речиси истото време на инцидентот , голема палета на Дарма производи биле фрлени долу на островот , со многу храна , близу до влезот на бункерот . Ова се чини дека било цела процедура која некако се поврзувала со случката во бункерот . Како што се видело и на blast door мапата : „ACTIVITY MINIMAL DURING LOCKDOWN AND RESTOCKING PROCEDURES“ .
Вратите биле така наместени што го затвориле делот само во кој бил компјутерот , а сите други соби биле отворени ... Тие седеле во таа позиција околу 24 и пол минути !!!

682px-LOST_totalback.JPG
270px-Ep17Lockdown.jpg

четврток, 22 март 2007 г.

СТОП ! Доста е !!!

Го пишувам овој пост којшто претставува и МОЛБА кон А1 да не поштеди од сите глупости кои за жал ќе следуваат ... Ако не видовте од недела веќе нема да се прикажуваат „Изгубени“ туку одсега „Очајни Домаќинки“ во стариот добар термин 21:00 ! Добро ете ги откупиле Домаќинките (трета сезона) браво за нив секоја чест , али зошто ги даваат во најдобриот термин ??? Дури и после сите реклами за хит-серијата LOST и покрај сите фанови и покрај сите успеси кои ги имаат со неа тие го даваат овој термин на Desperate Housewifes !
Lost_title_card.jpg
Е сега би ги прашал и според статистиката дали - најдобрата телевизиска драма , најдобрата режија ,најдобриот кастинг ,најдобрата музичка нумера , најдобрите специјални ефекти , најдобрата тонска монтажа и големиот рејтинг (најголем засега) на гледаност, со 23 милиони гледачи е полош од разните лудории и глупости кои се прикажуваат во Desperate Housewifes?
A1-logo-novo.jpg
Секако дека не ! Разгледувајќи ја ситуацијата се повеќе чувствувам дека А1 (како и обично) не ја откупиле третата сезона ...

Desperate-Housewives.JPG

Сезона 2 епизода 17

Оригинално име : „Lockdown“ - Flashback : Џон Лок


Лок се потсетува на минатото кога бил принуден да ја крие смртта на татко му од изнудувачите за да го заштити. Тој му овозможува да ги земе парите до сефот, но ја губи Хелен која дознава што направил. Лок е заробен со Хенри во просторија, која се активира со аларм и комбинација од бројки. Кога сака да ја отвори вратата, таа паѓа врз него и му ги приклештува нозете, а Хенри треба да ја впише шифрата. Ана, Лучија, Саид и Чарли го наоѓаат балонот во шумата и еден гроб, во која е погребан маж, а не жена, како им кажал Хенри.
406px-Locke_Helen.jpg

среда, 21 март 2007 г.

Blast Door Мапата

Во внатрешноста на Dharma Станицата број три , The Swan, има серии на blast врати кои можеле да прикажат разни светла на сите страни од hatch-от доколку се случува lockdown процедура.
Причината и намерата на оваа процедура е сеуште непозната , иако оваа процедура можела да се направи и мануелно како што успеал да направи Дезмонд . Тој регуларно го измамил целиот систем заедно со својот партнер притискајќи на едно копче при што целиот отвор се забарикадирал ! Скриената мапа се чини дека била мапа на еден дел од Островот . Мапата имала чудна содржина на која чисто се гледало логото на Дарма . Сепак ова можело да се види само под дејство на ултравиолетови зраци и со целосна темнина ... Келвин му открил на Дезмонд дека Радзински бил тој кој почнал да ја прави мапата и кој дознал како можат да се прават лажни заклучувања (lockdown) . Самиот Келвин , откако неговиот партнер умрел продолжил во правењето на мапата , но бил многу поспор . Кога лажните заклучувања биле иницирани , веќе немало светлина за време на самите , па затоа авторите на мапата почнале да работат на „слепо“ . За да сето тоа можело да се види , морало тие самите да употребат разни детергенти со кои мапата конечно можела да се види (сепак освен детергенти се шпекулира дека се користеле и други супстанци...) . Лок ја видел оваа мапа за време на „Lockdown“ епизодата (четврток 21:00 А1) откако бил заробен под една од blast вратите . Серија на црни светла се уклучиле во моментот на заклучувањето , притоа покажувајќи му ја мапата на Лок !
Fullblastdoor.jpg
Оваа мапа имала две копии . Едната била на Англиски и од неа се дознале многу работи , а другата била на Латински од која пак сеуште не се дознаени некои нешта ! Се претпоставува дека на оваа Латинска мапа има некои важни цртежи и пишувања кои би можеле да откријат многу тајни ...

понеделник, 19 март 2007 г.

LOST трејлер цела втора сезона !

Многу , многу спојлери !


Ако не се пушта кликни овде http://www.youtube.com/watch?v=yCguzp8IXsg и уживај !

Нов (привремен) дизајн !

Како што гледате од денес имате на располагање нов , привремен дизајн ! Направен е од The_Dark_Chiken ... И како и секој човек така и јас :-Ви се допаѓа ли ? :))
lostsrs_banner.jpg

недела, 18 март 2007 г.

Сезона 2 епизода 16

Оригинално име : The Whole Truth - Flashback : Сан Квон

Сан открива дека е бремена, но таа е шокирана кога не знае како тоа се случило. Потсетувајќи се на минатото, се сеќава дека направила анализи кои покажале дека не може да забремени. Таа му признава на Јин дека е бремена и го убедува дека не спиела со друг и не знае како забременила. Ана Лусија сака Хенри да им каже каде е балонот каде се урнал со жена му. Хенри им кажува дека само тој преживеал и ја погребал, па Кејт бара помош од Саид и Чарли да ја пребараат шумата, за да се уверат дека Хенри не ги излажал.
2X16_SunSawyer.jpg

сабота, 17 март 2007 г.

Повторно лидери...

„LOST“ повторно се на врвот на листите што се однесува до рејтингот од 10 pm до 11 pm (изјавува ABC) . Изгубените ги победиле сите американски серии , а истражувањето се однесувало од возраста од 18-49 години . Вкупно имале 12.3 милиони гледачи што е за 6.2 милиони повеќе од втората рангирана серија .

  • Во сите пет недели од преместувањето на вообичаениот тајминг на серијата (од 21:00 во 22:00) LOST константно си го задржале првото место .
  • Тие успеале да привлечат 5.5 милиони луѓе повеќе за разлика од 21:00 часот секако на телевизијата ABC , иако било 22:00 навечер .
  • Единствената серија која во моментов има поголем рејтинг од LOST е Grey's Anatomy (види ја подолу сликата) . Сите серијали на CSI заедно едвај ги минуваат Изгубените ...
  • seasonratings.jpg
    За споредба можете да ги видите рејтинзите на LOST , 24 и Heroes!

    петок, 16 март 2007 г.

    Либи

    Елизабет , повеќе позната како „Либи“ , е една од преживеаните патници од задниот дел на авионот , нејзината улога ја игра Cynthia Watros . Таа тврдела дека била клинички психолог пред падот и изјавила романтични чувства кон Харли (на островот) .
    Таа првпат била видена во втората сезона епизодата „Adrift“ , а била убиена од страна на Мајкл („Two for the road“) ...
    Либи била убава млада жена , која не зборувала многу за својот живот надвор од островот и поради тоа на фановите им има дадено многу малку информации . Освен тоа таа воопшто не имала посебна епизода наменета за неа и поради тоа немаме никакви нејзини флешбекови ... На мистериозната Либи сеуште не и е познато презимето , кое не е дознаено ниту во флешбековите на другите Изгубени . Поради ова , Либи станала клучот за мистерии кои ги привлекувале гледачите да не станат од столчето пред своите екрани . По флешбековите во кои таа била забележана , се дознало дека била пациентка во Санта Роза Менталниот Институт заедно со Харли и дека му донирала sailboat на Дезмонд ...

    Неодговорени прашања во врска со Елизабет „Либи“ :
    -Кое е нејзиното презиме ?
    -Дали лажела дека била психолог ?
    -Зошто била во менталниот институт и дали фактот што таа и Харли повторно се сретнале на островот бил само коинциденција ?
    -Кој бил нејзиниот сопруг ?

    Libby.jpgLibbymentalp.jpg

    2x15_libby.jpg

    среда, 14 март 2007 г.

    Сезона 2 епизода 15

    Оригинално име : Maternity Leave - Flashback : Клер Литлтон


    Даниел им кажува на сите дека Клер и бебето се заразени, но Клер се потсетува дека некој и дал вакцина за Арон, но сака да го открие местото каде Другите ја држеле. Потсетувајќи се на грабнувањето, таа открива дека улогата на мајка и била наметната. Џек и Лок не сакаат останатите да дознаат за Хенри, но никако не може да со соочат со ситуацијата. Еко открива дека има затвореник во собата со оружје и сака да зборува со него. Тој продолжува да го третира Хенри како еден од Другите. Хенри сака да дознае што планира Лок, но не сфаќа дека и Лок е збунет од одговорноста.

    ClaireAaron2x15.jpg

    вторник, 13 март 2007 г.

    Шпански серии рулз! Пази да не ...

    Ова е одговор на постот од Чмарна_Мутација (http://jokanovsindrom.blog.com.mk/node/73709) ...

    Па да не не е така ?? Пушташ две минути од чудово и сета „старина“ на нозе ... со водка-џус и марамче в рака (извинете за променетиот пост - мора малку цензура нали) ... и телефони или слични дигитални апарати да се овековечи курчењето : Јас гледам сапуници !!! Овие сапуници дар од боговите , ви даваат стимул за работа : Плачи , плачи и само плачи . Па и да сакаш друго не можеш да правиш покрај такви п... ова женски кои само знаат да те расплачат ... Односно ,да, можеш и поинаку да дејствуваш ... да ги анализираш плачливо очајните типки и момчиња од аспект на нивните „маки“ и „страдања“ . И нееееее деца мои! (:P деца мои) , јас не сум ограничен , јас не ги неќам сапуниците (шпанските серии) , напротив ги мразам!!! Ептен помагаат при класификацијата на луѓето . Да живее Перегрина , Таа од Барајќи го тато , и никад , ама баш никад да не им истечат солзите ! Јупииии
    П.С. Ноу офенс на нормалните луѓе кои гледаат LOST , Grey's Anatomy итн и кои не се инволвирани во горенаведениот турбосапунски свет . Плачете си вие ... :)

    Во името на Dharma , Кејт , Џек , The Others , Блогерај и сите блогери !

    The Staff

    The Staff е уште една Dharma Initiative станица . Се чини дека таа е медицинска станица . Клер била донесена таму откако ја киднапирал Итан . Во тоа време , целата станица се припремала за последната „битка“ со Клер за земање на бебето . Откако таа успеала со помошта од Алекс Русо да избега , станицата била напуштена . Таа била подоцна повторно посетена од Клер , заедно со Кејт и Русо ... Името на станицата и локацијата биле првпат прикажани на blast door мапата (за неа подоцна) . Никаков посебен Staff филм бил пронајден за разлика од The Swan и од The Pearl станиците , а освен тоа немало ни карантин знак на вратата . Вкупно седум врати имало во внатрешниот коридор . Имало двојна врата која водела кон собата за прегледи , две врати кои воделе кон ординацијата, врата која одела до заклучена соба , две врати кои се поврзувале и оделе една кон друга до некои непознати соби и конечно врата наречена „Escape Hatch“ . Непознато е каде Escape Hatch вратата оди , или дали е стварно излез од станицата . Откако била напуштена самата станица изгледала оштетена . Во собата за прегледи Клер често била прегледувана од Итан .... Додека пк во ординацијата Клер била чувана за време на нејзиното киднапирање . Се чини дека ова било местото кадешто Арон би ги поминал своите најрани години од детството . Освен целиот мебел кој бил виден во таа епизода , исто така биле видени и играчки од Oceanic авиони кои биле наменети за Арон . Тие играчки биле истите кои Клер ги сонувала пред да биде киднапирана . Имало и макета од бродот со кој Волт бил киднапиран . Една од собите кадешто имало многу работи кои ги оставиле Другите била Locker собата која се состоела од различни предмети кои ги оставале тие . Во неа имало и многу Дарма логоа кои биле поставувани на шкафовите ...
    Кејт испитала една од овие шкафови и во нив нашла интересни предмети како што е на пример капата на Зик (Mr.Friendly) . Освен вакви работи биле пронајдени и лажни мустаќи , кафена торба во која имало разни работи кои им припаѓале на Дарма членовите .

    The_staff_logo_Dharma.jpg

    800px-Med_station_corridor2.jpg

    Locker_room.jpg

    The Others - Dharma или ? Нивниот лидер - обичен човек или ?

    Внимание ! Можни спојлери

  • Конекции со Dharma :
    Михаил Бакунин еден од Другите , ја дршел станицата "the Flame" која била наменета за комуникации помеѓу сите станици . Додека комуницирал со другите членови тој повеќе ги носел облеките од Дарма Иницијативата и најверојатно бил и последниот член од Dharma тимот на островот . Кога Саид и неговата експедиција (Сезона 3) ја откриле станицата „The Flame“ , и Михаил сосе неа , тој им открил дека сите луѓе од Дарма умреле во борба против „Непријателите“ , исто познати и како „the purge (прочистувачи)“ . Исто ги уверувал Изгубените дека на Островот дошол во 1993 година со подморница . Исто им спомнал и дека „Непријателите“ биле многу долго време пред нив на Островот . Сите овие информации биле кажани пред самиот тој да се претстави како еден од Другите , па затоа е непознато дали ја кажувал вистината или не . Подоцна во станицата била пронајдена и Bea Klugh , откако дошла до станицата со коњ веројатно за да го предупреди Михаил дека Изгубените доаѓаат .
  • Лидерство :
    Се чини дека фактот што се срушил авион , направило некои размени во силата и во стратегијата на Другите . Џулиет направила повеќе искази кон демократијата како важни работи со кои таа и Другите живееле . Бен веќе бил потврден како нивен „локален“ лидер . Тој ја имал харизмата и силата да ги присили луѓето да веруваат во него , но исто така имал и големи кавги со Џулиет кои биле поради нивните различни (која секогаш завршувало со помирување поради нивната - утописка - демократија) . Поради тоа Џулиет му предала видео на Џек со кое се видело дека „Некои од нас сакаат проблеми“ што значело дека таа не се согласувала со Бен , и мислела дека е опасен .
  • 3X05_BenJuliet.jpg3X01_TheOthersOtherville.jpg
    Minor_Others.jpg

    недела, 11 март 2007 г.

    Сезона 2 епизода 14

    Оригинално име : One of them - Flashback : Саид Џарах
    Саид се потсетува на војната во Заливот, кога ирачката армија ги палела документите пред инвазијата на Американците. Саид бил заробен и испрашуван за командантот Тарик, исчезнатиот хеликоптер и пилот. Кога им го испорачува Тарик, Американците го назначиле да дознае од Тарик каде е пилотот и да ги употреби сите средства за мачење. Даниел го носи Саид во шумата и му го покажува човекот фатен во мрежа кој виси на дрво. Саид ништо не сфаќа, но таа му кажува дека човекот сега е нивен заробеник.
    Normal_oneofthem-promo08.jpg

    сабота, 10 март 2007 г.

    #LostPedia

    LOSTPEDIA четувањето сега е овозможено за сите љубители и фанови на Изгубени ! Оваа веб страна отсега има и IRC канал на кој вие ќе можете да четувате , а воедно ќе можете да играте и квиз поврзан со разни мистерии и случки од серијата ... Доколку не знаете за да можете да го посетите овој канал потребно е да имате инсталирано mIRC за Windows Xp (или Vista и подолу) , или пак Snak за Mac Os X . Откако ќе го стартувате програмот треба секако да изберете свој ник а подоцна да :

  • Се конектираш на серверот irc.gamesurge.net
  • Откако ќе се конектираш да влезеш во каналот #lostpedia
  • Доколку во моментот е исклучен квизот да напишеш !trivia и да започнеш да уживаш !

    Инаку сум го посетил каналов и ви препорачувам и вие да го сторите истото . Верувајте нема да зажалите !
  • LOST ќе се емитува до 2010 ?

    Адам Хоровиц и Едвард Кицис едни од главните продуценти на LOST кои ја режирале „Tricia Tanaka is Dead“ (која беше прикажана на 28 февруари 2007 год. во USA) потпишале десетгодишен договор со продукциската компанија на LOST - ABC Television Studio (поранешен Touchstone Television) до 2010 година . Со овој тригодишен пакт тие ќе мора да продолжат да пишуваат нови LOST епизоди во наредните три години , притоа правејќи и други проекти за шоуто . Фактот што Адам и Едвард направиле договор до 2010 некако ме загрижува бидејќи не сум сигурен дека LOST ќе можат да го зачуваат концептот доколку направат повеќе од 5 сезони ... Сепак , откако повеќе размислив а и откако почнав да посетувам некои блогови за Изгубени сфатив дека со тој договор тие нема да мораат да работат само на LOST , туку со тоа би работеле во ABC до 2010 .
    Но , што ќе биде ќе биде важно е тоа што LOST сигурно нема да завршат оваа година !
    abc_200306.jpg

    Резултати

    Според вашето гласање за НАЈмашки лик од LOST е Џек со 8 гласа (27%) , втор Бун 7 гласа (23%) , „изненадувачки“ трет Соер со 6 гласа (20%) , последните три места ги делат Чарли , Харли (4 гласа - 13%) и Саид со само еден глас (3%) .
    За разлика од изедначеноста кај машките , за НАЈженски лик убедливо победи Кејт со дури 17 гласа (61%) , втора е Клер со 5 гласа (18%) , трета Сан со 3 гласа (11%) , четврта Ана-Лусија (2 гласа - 7%) , петта Шенон (1 глас - 4%) и последна Либи која впрочем не доби ниту еден глас .
    jack_kate_800.jpg

    Evangeline Lilly го напушта L O S T??

    Една од најпознатите и најомилени ликови во Изгубени Евангелин Лили изјави дека ќе ја напушти серијата доколку фановите не ја остават на мир ... Актерката не може да отиде никаде без присуство на папараците и на фановите и затоа размислува за заминување од серијата . Лили , која излегува со актерот од LOST Доминик Монањан вели : Јас сакам да имам приватност во животот и многу ме изцрпува кога некои луѓе ме следат насекаде . Луѓето ме знаат или пак мислат дека ме знаат . Ако работам , ако останам анонимна , ако заработувам исто никогаш не би го напуштила шоуто . Ова не е прв пат Лили да се пожали за папараците . Претходно признала дека би отишла на одмор кадешто никој не би ја знаел и каде би можела вистински да одмори . Исто додава :- Би отишла негде кадешто луѓето не гледаат LOST на пример во Монголија или Тумбукту . Незнам за вас , но за мене заминувањето на Евангелин Лили од Изгубени би значело крај на серијата ...
    kate_1600x1200.jpg

    петок, 9 март 2007 г.

    Балонот на Хенри Гејл

    Во следната епизода Русо ќе им го предаде „Хенри Гејл“ на Изгубените . За него веќе дознавте преку мојот блог (http://lostseries.blog.com.mk/node/71216) . Сепак како и да е по стоти пат ве предупредувам Spoiler Warning доколку не сакаш ова да го дознаеш пред да го видиш со свои очи ! 45px-Nuvola_warning.png
    Значи „Хенри Гејл“ тврдел дека патувал со балон којшто му се срушил на островот . Исто така им тврдел на Изгубените и дека со своите раце ја закопал својата жена . Саид не му поверувал во неговата приказна и затоа заедно со Ана-Лусија и Чарли отишол сето тоа да го провери ... Тие го пронашле тоа што го зборел Хенри , но Саид бил толку неуверен што го ископал гробот на „жената“ и успеал да го земе новчаникот на човекот . Оттаму тој дознал дека човекот кој бил во гробот бил вистинскиот Хенри Гејл , кој бил убиен од сеуште непознати причини . Како и да е Изгубените дознале дека бил убиен од некој кој им припаѓал на „Другите“ .

    LOC1.jpg

    среда, 7 март 2007 г.

    Сезона 2 епизода 13

    Оригинално име : The Long Con - Flashback : James „Sawyer“ Ford

    Лок и Џек ги заклучуваат оружјето и лековите, а Џек знае дека Соер на своја рака зема лекови. Соер се потсетува на врската со Касиди и неговиот ментор Горди. Харли сака да му помогне на Саид да ја преболи Шенон и му го носи радиото за да повторно да фатат сигнал. Сан е грабната од суштеството и Соер и Џек ја наоѓаат онесвестена во шумата и Ана им кажува дека Другите се вратиле. Сан се освестува, но не знае што ја нападнало. Џек го наоѓа Соер на компјутерот и открива дека оружјето исчезнало, но не знае дека Соер веќе го предупредил Лок дека Џек доаѓа.Normal_lifeconpromo04.jpg

    вторник, 6 март 2007 г.

    Тајните на сите ликови

  • Сезона 1 :
    -Чарли бил поранешен дрогираш ... Кој знае :Лиам , Лок, Џек, Клер, Харли, Соер, Господин Еко .
    -Лок го видел црниот чад (чудовиштето) . Исто како и Еко и тој останал здрав и жив . Сеуште не е откриено на кој начин .
    -Лок бил во инвалидска количка . После паѓањето на авионот почнал да оди ... За ова знае само Роуз
    -Саид бил мачител . За ова знаат : Џек , Кејт , Соер , Ана-Лусија , Лок и Бен (еден од Другите)
    -Секс помеѓу побрат и посестра . Бун имал секс со Шенон ден пред поаѓањето во авионот . Ова го знаат само двајцата .
    -Кејт била омажена со Кевин Колис . Само Соер знае .
    -Соер го убил Френк Дикет мислејќи дека тој бил Соер ... Само Кејт дознала за ова .
    -Харли бил мултимилионер играјќи со проколнатите броеви (4, 8, 15, 16, 23, 42) . Сеуште никој не ја знае оваа мистерија .
    -Сан го затрула Мајкл . Џек и Кејт ја знаат оваа тајна .
    -Кејт и помогнала на Сан во обидот .
  • Сезона 2 :
    -Ана-Лусија убила човек . За ова знаат мајка и Тереза и Саид
    -Иако бил свештеник Господин Еко имал многу темно минато во кое бил шверцер .
    -Чарли ја нападнал Сан (во следната епизода) . Сето ова го испланирал и однапред го знаел Соер .
    -Џин бил неплоден . Докторот прво и кажал на Сан дека таа била неплодна , но подоцна и признал дека Џин бил тој . Оправдувањето му било дека не смеело на таков „голем“ човек да му каже такво нешто . Само Сан знаела за ова
    -Сан имала афера со Џе Ли ... Единствен кој знаел за ова е нејзиниот татко .
    -Лок ја видел blast door мапата .
    -Роуз имала рак кој и се опоравил по паѓањето од авионот . Само таа и нејзиниот маж знаеле за ова .
    -Либи и претходно го знаела Харли . Таа од некои сцени ќе се види дека била во истата ментална болница во која престојувал и Харли .
    -Ана работела со таткото на Џек . Ниту таа не знаела за тоа .
    -Либи му го дала својот сплав на Дезмонд . За ова знаат Дезмонд и Либи .
    -Мајкл ги предал своите луѓе на Другите . Ова многу касно го дознале Џек , Кејт , Соер и Харли .
    -Ниту фановите на Изгубени ниту сите карактери не го знаеле вистинското име на Либи !
  • Сезона 3 :
    -Џин бил приморан да го убие Џе Ли незнаејќи зошто .
    -Соер е татко ! Никој не знае за ова.
    -Џулиет се обидела да го убеди Џек да го убие Бен ...
  • CueCard1.jpg

    понеделник, 5 март 2007 г.

    The Incident

    Инцидентот првпат бил спомнат во Swan Orientation Film , кога Dr. Marvin Candle раскажал дека имало „инцидент“ кој резултирал за воведување на протокол за кој бил потребен код (односно The Numbers) кој требало да се впишува на секои 108 минути . инцидентот успеал некако да направи електромагнетична енергија ... Непознато е што го предизвикало тој инцидент , или каква штета била направена . Протоколот бил воведен со цел магнетските сили успешно и безбедно да се намали , а воедно и да се оневозможи електромагнетичка катастрофа . Ако не се впишат бројките на време протоколот почнува да се распаѓа (System Failure) . Во окното има безбедносен механизам кој со клуч се стартува , но може да биде искористен само еднаш доколку електромагнетизмот стане преголем за да може да се исконтролира .

  • System Failure за првпат се појавил на 22 Септември , 2004 кога Дезмонд не успеал на време да ги напише бројките . Со тоа напојувањето станало преголемо и можно е да било и причината за паѓањето на авионот . Ова според некои претставува случка слична на „Инцидентот“

  • Dr.Marvin Candle ги предупредил сите членови на Дарма да не го користат компјутерот за комуникации со надворешниот свет . Тој додал дека со ова можело да се постигне уште некој „Инцидент“. Уште еднаш деталите за Инцидентот не биле откриено . Сепак како и да е тој се случил пред 1980 година , годината во која Swan Филмот бил направен , според copyright датата!


  • Oldvsnewfilm.jpg

    недела, 4 март 2007 г.

    Сезона 2 епизода 12

    Оригинално име : Fire+Water - Flashback : Charlie Pace


    Чарли е очаен што Клер се повеќе се зближува сo Лок и му недостасува Арон. Харли се вљубува во Либи, а Соер и Кејт гледаат дека Џек и Ана Лусија се зближуваат. Додека свири гитара, Чарли слуша плачење на бебето и ја гледа лулката во морето. Кога ја извлекува лулката, сфаќа дека тоа е сон. За да го тргне Лок од Клер, тој бара помош од Еко и се потсетува на своето минато со бендот и пријателот Лијам, кому бракот му бил во криза. Но, Лок ќе го изненади Чарли кога му кажува дека знае се за него, а тоа само ќе го поттикне Чарли уште повеќе да се бори за Клер.
    CharlieWithBabySea.jpg

    сабота, 3 март 2007 г.

    Counter Strike - The Hatch

    За фановите на Counter Strike 1.6 и Source кои гледаат LOST им препорачувам да ја земат мапата од hatchot којашто доколку имаат асален интернет можат да си ја даунлодираат од --->
    http://www.vgpro.com/file/4903_de_lost.zip.html ... За оваа стаза можете повеќе да дознаете од следново видео од youtube . Сепак јас како фан и freak по WoW препорачувам да се направи посебна територија наречена The Hatch по можност на континентот Kalimdor бидејќи играм со Орка Hunter (ако видите некој со ник Pacient тоа сум јас :D) . Но , како и да е да не зборам многу и да не тресам триста глупости еве ви слики од стазата :

    pqm9fhbemg4ivahh.jpgqxyxcm4wwprnycmy.jpg

    h4nqlkez2yo828ea.jpg

    Александра Русо (Алекс)

    „Алекс“ Александра Русо е ќерка на Даниел Русо и Роберт , уште еден член од експедицијата на Даниел . По се изгледа таа не се согласува со верувањата и со обичаите на „The Others“ , а тоа се гледа по нејзините мислења дека Изгубените треба да се пуштат (откако ќе ги заробат Кејт,Џек,Соер)...
    Алекс била грабната од страна на The Others кога имала само една недела ! После 16 години , таа видела дека Другите грабнале една непозната девојка , подоцна таа ќе дознае дека таа била Клер , бремена девојка која според плановите на Итан требало да ја породат да и го земат бебето и на крај да ја убијат !
    Затоа Алекс дента кога сето тоа требало да се случи ја разбудила Клер и по кратко објаснување за нејзината ситуација таа почнала да сфаќа . Сепак сеуште давала отпор па Алекс ја издрогирала , ја исфрлила од The Staff Station (за лекарски операции) и и рекла дека еден ден ќе и се заблагодари за тоа . Таму Клер заспала .... На 52 ден од паѓањето на авионот додека се случувал конфликтот помеѓу Другите и истражувачката група „на“ Џек кога се обидувале да го најдат Мајкл , Том (Mr. Friendly)ја повикал Алекс за да ја донесе заробената Кејт . Сепак Алекс го убедила Пикет да ја донесе неа , со тоа таа успеала да поразговара на кратко со Мајкл . Тогаш го прашала Мајкл дали Клер и нејзиното бебе се добро . Мајкл бил целиот заврзан и зачуден и не можел да одговори .
    По овие ситуации и случки може да се заклучи дека Алекс не била вистинска „Друга“ и дека таа им се спротивставувала на нејзините „другари“ . Таа е една од членовите кои се потиштени и кои не сакаат да бидат крадци ... Заради тоа во третата сезона ќе се откријат различните мислења и разните спротивставености на „Другите“ кои самите ќе се постават во една лоша ситуација ...

    AR1.jpg727px-2X15_AlexClaireStaff.jpg

    петок, 2 март 2007 г.

    Конекција на ликовите

  • Сезона 1 :
    -Соер поминал покрај Бун во Австралиската полициска станица
    -Ќерката на човекот кој Џин требал да го убие гледала вести за добивањето на парите од лотото кај Харли .
    -Мери Џо одела некое време со Соер , а истата била Лото Девојката која ги извлекла проколнатите броеви .
    -Кен Хелперин (финансијалец на Харли) му рекол дека држел своја фабрика за кутии , веројатно истата во која работел и Лок .
  • Сезона 2 :
    -Џек го сретнал Дезмонд како трчал доле-горе на скалите од стадионот .
    -Менаџерот на Харли - Ренди од Mr.Cluck's Restaurant бил и менаџерот на Лок
    -Харли испеал песна од ДрајвШафт (Погонско Вратило)
    -Кога Сара направила сообраќајка , таа го удрила Адам Рутерфорд (таткото на Шенон) , подоцна Џек ја спасил неа но Адам умрел ...
    -Саид бил на телевизија додека Кејт била во канцеларијата на татко и
    -Авионот кој го пронашле Лок и Бун бил истиот во кој братот на Еко - Јеми умрел
    -Mr.Cluck's и Widmore Labs биле спонзори на балонот на Хенри Гејл
    -Саид го сретнал во Ирак таткото на Кејт , кој бил полкновник на армијата
    -Лок ја прегледал куќата во која требало да живее Надиа , неостварената љубов на Саид
    -Харли , мајката на Лок и Либи сите биле во болницата за ментални Santa Rosa
    -Ана Лусија била во Сиднеј заедно со таткото на Џек
    -Кристијан Шепард го удрил Соер додека излегувал од автомобилот на Ана-Лусија
    -Либи го сретнала Дезмонд во бифе и му го дала нејзиниот брод
    -Келвин Инман се сретнал и со Саид , а и со Сем Остен . Подоцна тој ќе го тренира и Дезмонд во The Swan станицата .
    Lostconnectionsweb.jpg
    Комплетната слика можете да ја погледнете на : http://lostpedia.com/images/3/33/Lostconnectionsweb.jpg
  • Google Translate

    You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)