недела, 29 април 2007 г.

Living Lost од J.Wood

Living Lost е книга која е напишана од J.Wood.

Чуда,вируси, паѓања на авиони и терористички акти на група од „Други“ луѓе. Ова е радикалниот свет на телевизиското шоу на LOST. Одвнатре и однадвор, J.Wood ги проучува чудните карактеристики и разните случки на Изгубените кои се соочуваат со искуства со војна, (не)информираност и тероризам, и ја објаснува чудната тема на самото шоу : „Дека сите сме заглавени на островот.“
Livinglost.jpg

сабота, 28 април 2007 г.

И двете страни од „Атлантикот“ на чекор до крајот...

Како што гледате од насловот епидемијата наречена „Борис Пауновски“ ме зафати и мене... Постов незнам како, но откако вчера го напишав исчезнал(изгледа он.нет! имаат проблем со НЛО). Да почнеме со нашата страна на „Атлантикот“. Следниот четврток на А1 ќе биде прикажана претпоследната епизода, по која ќе следува финалето кое оваа телевизија најверојатно ќе ја прикаже два четвртока (бидејќи трае 80 минути). Епизодата „Three Minutes“ ќе ни ја открие тајната за потпкупот на Мајкл од страна на „The Others“. Таа ќе ни открие неколку тајни, но сепак ќе отвори и нови! Сепак не смеете да ја пропуштите бидејќи е претпоследна од втората сезона. Во исто време пак во САД беше прикажана епизодата D.O.C. која започна катастрофално, и се мислеше дека на истиот начин ќе заврши...се чини дека оние што се откажаа уште на почетокот и го свртија каналот изнервирани многу зажалија! За оние кои не ја следат третата сезона им препорачувам да го тргнат постов од своите очи во наредните две секунди. Еве што се случи на крајот од епизодата накратко. Откако Изгубените најдоа уште еден преживеан (падобранец) почнаа да ги земаат сите потребни продукти. Во еден миг падобранката Наоми се буди и го здогледува Харли како стои над неа . Таа веднаш го прашува - „Каде се наоѓам, кои сте вие?“. На тоа Харли одговара со „Ние сме преживеаните патници од Oceanic Flight 815“. На тоа Наоми исплашено одговара - „Но...тоа..е...невозможно! Тие го најдоа...авионот...и немаше преживеани!“. Харли само изненадено извикува „Што“ и епизодата завршува. Во секој случај третата сезона се движи кон крајот и A1 би сакал доколку имаат време (и пари кои ги трошат на цртани кои одат во ударен термин од 12:00 до 1:00) да ги купат правата, бидејќи веројатно тие ќе опаднат по завршувањето на сезонава. Сега исто така би ги прашал и сите кои велеа дека третата сезона е катастрофа дали биле и сеуште се во право?
D.O.C. rating.jpg
D.O.C. имаше рејтинг 4.03 (10 место)
No_survivors.jpg
Наоми, девојката која не остави шокирани...

петок, 27 април 2007 г.

Three Minutes Trailer


Групата ги погребува Ана-Лусија и Либи. Дознавање на целата вистина за Мајкл...следниот четврток на А1!

четврток, 26 април 2007 г.

Сезона 2 епизода 21

Оригинално име : ? - Flashback : Еко


Го гледаме Mr.Eko како сече дрва на плажата, продолжувајќи да ја гради својата црква. Во еден момент Ана-Лусија се појавува и го прашува што гради. Еко веднаш и ја објаснува ситуацијата, како црквата му се појавила во сон и му „наредила“ да започне со нејзино градење. Таа одговара – „Сон ист каков овој?“. Тогаш Еко забележува дека Ана целосно крвари, а таа му вели декамора да му помогне на Џон“. Еко тогаш се наоѓа себеси како седи во The Swan станицата, заедно со својот брат Јеми кој седи на столицата до компјутерот. Јеми му објаснува дека Лок го загубил својот вистински пат, и дека Еко треба да го однесе дознакот. Тој исто му кажува дека би било добро да понесе и секира. Собата во тој миг почнува страшно да се тресе. На тајмерот се појавуваат црни и црвени прашалници . Впрочем целата соба е покриена со прашалници.
2X21-QuestionMarkTimer.jpg
Во тој миг Еко се буди испотен до Чарли кој го прашува – „Што е проблемот?“.
Акцијата тогаш се враќа на крајот од минатата епизода. Лок, Соер, Кејт и Џек ги гледаме како одат низ шумата, Мајкл излегува од окното тврдејќи дека бил пукнат во рамото од човек кој не го познавал. Соер открива дека Ана-Лусија и Либи претрпеле повеќе штета од Мајкл. Кејт го проверува пулсот на Ана и му кажува на Џек дека е мртва. Либи тогаш исфрла крв од устата и Џек веднаш ја носи на креветот за да се обиде да ја спаси. Камерата се врти кон Мајкл кој е целиот во шок и незнае што да прави; ако Либи е жива ќе каже што направил. Џек инсистира тие да одат по трагите на „Хенри“, а Мајкл вели дека тој заминал час и пол порано. Соер пак му противречи на Џек да остане и да се обиде да ја спаси Либи. Еко се појавува и се понудува во наоѓањето на Хенри, заедно со помошта од Лок.
И двајцата одат да го бараат иако Еко го носи лок на пат во кој нема никакви траги од Хенри. Лок тогаш одлучува да се врати назад, но Господин Еко не го пушта и му вели дека ќе мора да го однесе до прашалникот. Откако Лок ќе се побуни Еко го удира и тој паѓа. Подоцна Џон ќе се согласи со скептизам да го следи него бидејќи Ана му го кажала тоа во сон. Еко го осетил тоа и го прашал – „Дали ти некогаш си следел сон, Џон?“. Подоцна откако двајцата се расправаат за прашалникот кој Џон го видел, Господин Еко наоѓа една од статуетките.
Назад во окното Мајкл прашува дали Либи ќе биде добро и дали нешто кажала. Џек му одговара дека таа е сеуште во шок. Соер откако е приморан да им ги даде оружјата ја носи Кејт за да и покаже каде ги крие. Кога тие ќе стигнат до својот шатор Харли се доближува и ги прашува дали ја виделе Либи; по изразот на нивните фаци ја дознава ситуацијата. Во сон, Јеми се појавува пред Еко и посочува како тој паѓа од карпа. Во тој миг му кажува на Лок – „Разбуди се Џон“. Тој веднаш се буди исплашен од кошмарот. Откако му го раскажува сонот на Еко тој дознава дека во сонот пак се појавил неговиот брат Јеми, а Џон ја знае точната локација. Така Лок го води Еко до местото кадешто треба да се качи. На половина пат, за малку ќе паднел, но за среќа се задржал. Потоа стигнал до врвот без проблеми. Откако ќе погледне од горе, Еко забележува дека нема ништо. Сепак кога ќе се сврти накај Лок здогледува голем прашалник кој се простира од паднатиот авион кадешто Бун умре. Во него Еко ќе го види својот брат. Кога малку ќе го подигне авионот наоѓа железна врата која води кон друго окно. Двајцата влегуваат во собата која има електрична енергија. Во неа има многу маси и девет телевизори. Кога Џон ќе ги уклучи се појавува внатрешноста на The Swan станицата; Џек минува под камерата.
2X21-LockeMonitorSwan.jpg
Лок исто така наоѓа и друга камера – на местото кадешто го виде прашалникот. Освен тоа тој ќе најде и компјутер и кога ќе го уклучи се појавува : >: PRINT LOG? Y/N. Џон впишува Y (што значи yes) и потоа се гледа извештај за тоа колку пати го притиснале копчето. Еко пак наоѓа уште еден ориентационен филм – „Station 5 – The Pearl“, кој бил направен за да ги набљудува другите станици и да ги запишува нивните постапки за кои веруваат дека биле од голема важност. Лок тогаш комплетно се откажува од притискање на копчето, а Еко уште поверувал дека треба да се притиска копчето на секои 108 минути. Џон го зема извештајот и двајцата си одат. Назад во окното, Џек неможе да го спаси животот на Либи. Нејзиниот последен збор е „Мајкл....“, кој Џек го сфаќа како знак за грижење по неговиот живот, а не како знак за опасност. Кога тој за последен пат ќе ја погледне му изгледа многу исплашена. Таа умира во рацете на Харли кој вели : „Извини што ги заборавив ќебињата.“ Соер ја теши Кејт (која почнува да плаче), Лок и Еко се враќаат во кампот, Мајкл гледа кон компјутерот, чиј аларм почнува да се огласува.....

среда, 25 април 2007 г.

J.J. Abrams : The season Finale will be shocking!

Џ.Џ. Абрамс ко-креаторот на SF хит-серијата на АBC - LOST, во пресрет на финалето на Сезона 2 (која завршила на 24 мај 2006 год.) изјави дека ќе гледаме шокирачки крај на оваа сезона. Оваа година ќе има пошокирачки крај дури и од првата сезона! Абрамс ,кој во тоа време имаше задача со дирекцијата на филмот Mission: Impossible III, додаде дека ко-креаторот за серијата „Изгубени“, Damon Lindelof, има крај кој дури и него го изненадил... „Можам да ви се пофалам дека Линделоф направи интересна завршница“. „Оваа година ќе го исфрли рејтингот на минатото финале, можам да ви кажам дека завршницата ќе има голем контакт со целосниот почеток на сезонава. Нема се да биде перфектно, но тоа што ќе се случи на крајот на сезонава, за мене, ќе биде најдоброто финале за кое што некогаш сум слушнал.“
Откако Абрамс во мај минатата година го заврши филмот Невозможна Мисија 3 изјави дека ќе се врати во LOST,иако, во исто време ќе се обиде да ги прави и двете работи заедно (односно серии и филмови).
На прашањето дали е можно да се направи филм од „Изгубени“, Абрамс насмевнато одговара - „Мислам дека го правиме во секоја среда“ (мислејќи секако на американскиот термин). Нашата амбиција беше секоја недела да правиме мал филм... и во тоа засега успеваме“
Финалето на втората сезона од „Lost“, „Live together, die alone“ во САД беше прикажано на 24 Мај 2006 година 9/8 central на ABC. Вкупно го гледаа 24 милиони гледачи!L O S T season 2.jpg

вторник, 24 април 2007 г.

Најнов рејтинг

Ова е најновата рејтинг листа, од сите епизоди во третата сезона избрани од гледачите. Во листата се вклучени и вкупниот број гласови за епизодата.

brandnew_rating.jpg
Извор: Dark Ufo

недела, 22 април 2007 г.

Како ќе умре Чарли?

Способноста на Дезмонд за „одење“ во иднината не им одеше во прилог на сите Изгубени. Ние веќе видовме многу работи (во третата сезона) кои ќе „завршат наскоро“, но прашање е на време кога и како ќе умре Чарли!

Кога сме сите веќе толку креативни , ајде да ги дадеме нашите мислења за последната песна отпеана од Чарли. Како ќе умре? Каде ќе умре? Какви ќе бидат околностите кога ќе умре? Кој ќе ја земе неговата гитара?

Постирајте ги своите мислења со коментари!

800px-Charlie_dead_puzzle.jpg
Овој пост важи за луѓето кои ја следат третата сезона.

петок, 20 април 2007 г.

"?" Trailer




Трагедијата ги погаѓа сите...Еко и Лок наоѓаат ново окно. Следниот четврток само на А1!

четврток, 19 април 2007 г.

LOST номинирани за BAFTA Awards

BAFTA (British Academy of Film and Television Arts) номинациите беа презентирани на 15 април а Изгубени се номинирани во „Интернационалната категорија“. Еве ги конкурентите во оваа категорија :
bafta.jpg


  • LOST - JJ Abrams, Carlton Cuse, Damon Lindelof, Jack Bender (Sky One/Buena Vista International Television)
  • ENTOURAGE - Doug Ellin, Mark Wahlberg, Steve Levinson (ITV2/HBO)
  • HOUSE - David Shore (Five/Heal and Toe Films/Shore Z Productions/Bad Hat Harry Productions in assoc with NBC Universal Television Studio)
  • MY NAME IS EARL - Greg Garcia, Marc Buckland, Bobby Bowman (C4/Twentieth Century Fox)
    Според номинираните се чини дека екипата на LOST ќе има сигурна победа, но како единствена пречка во подичнувањето на статуетката се смета комедијата House која популаризација опадна оваа година. Повеќе за BAFTA наградите можете да дознаете на линков!
  • среда, 18 април 2007 г.

    Сезона 2 епизода 20

    Оригинално име : Two For The Road - Flashback : Ана Лусија

    Од оваа епизода ќе ви ги давам сите настани коишто ви следуваат и ќе ги гледате на А1, освен флешбековите на ликовите! Затоа за оние кои ова сакаат да го видат со „свои очи“ SPOILER WARNING!!! 45px-Nuvola_warning.png

    Ана Лусија се грижи за заробеникот. Таа го распрашува за разни работи и го нарекува убиец, а кога тој ќе направи чуден тон таа се приближува и е нападната. Хенри извикал: „Ти уби двајца од нас“, „а тоа беа добри луѓе“. Погледнувајќи наоколу Хенри извикува - „Ти си убиецот Ана-Лусија!“. Во следниот миг Лок влегува и ја спасува со тоа што го удира Хенри во глава.
    henryattack.jpg
    Џек и Кејт го носат Мајкл назад во окното. Во исто време, Харли му го дава радиото на Саид за да го поправи;тој се надева дека ќе ја импресионира Либи со тоа што ќе го „глуми“ херојот од филмот Say Anything . Саид му дава идеја за пикник и му кажува за плажата на која ја однел Шенон. Харли и Либи одат кон самата плажа, но Харли изгубил ориентација и така тие се вратиле од таму кадешто тргнале. Либи тогаш му сугерира да имаат пикник таму,но Харли ги заборавил кебињата. Поради тоа Либи тргнува накај окното, а Харли извикал дека „Додека да се вратиш можеби ќе ми текне од кај те знам!“
    Ана Лусија двапати му бара на Соер пиштол. Првиот пат Соер и рекол на Ана да го повика својот другар Џек бидејќи „тој има пиштол“, но тогаш тој се присетува дека Џек е сеуште со Кејт. На тоа Ана-Лусија саркастично му додава - „Со твојата девојка“, а Соер и вели да и се тргне од патот. Ана-Лусија не се предава и сеуште го следи Соер како оди низ џунглата. Тој ќе ја забележи неа и повторно ја уверува дека нема да и даде пиштол. Одеднаш Ана го легнува на земја, притоа почнувајќи страстно да го бакнува...Откако сето тоа завршило таа му рекла на „никој да не му кажал за сексот помеѓу двајцата или ќе го убие“. Назад во окното Лок го прашува Хенри зошто кога бил заробен под железните врати тој не го нападнал? На тоа Хенри одговара дека „не ја исполнил зададената мисија откако Русо го заробила“. Лок го прашува која била мисијата, а Хенри изненадно одговара - „да те земам со мене“... „Ти си еден од добрите Лок , затоа не те нападнав... но сега кога не успеав сум сигурно мртов... или вие или „тој“ ќе ме убие“. Тој уште додал дека неговиот лидер бил добар човек,но воедно и човек кој не простувал грешки. Во исто време Мајкл им кажува на своите пријатели дека ги пронајдол Другите и дека има 22ца кои живеат дури полошо и од нив. Им објаснил и дека имаат окно слично на ова кое го чуваат 24 часа на ден со двајца вооружени луѓе. После советувањата помеѓу Лок и Џек тие одлучуваат дека е крајно време да ги земат пиштолите од Соер. Кога доаѓаат кај него тој читал списание, кое Џек го фрлил во оган и веднаш му ги побарал пиштолите. Кога Соер се фатил за џебот сфатил дека Ана-Лусија му го земала... притоа предупредувајќи ги за нападот кој ќе го направи Ана.
    2X20_AnaLuciaIsland.jpg
    Во окното во истото време, Ана му дава на Хенри нож за да се одврзе. Тој го прави тоа, а таа го насочува својот пиштол кон него. Подоцна таа е прикажана како седи сериозна. Мајкл почнува да збори со неа, и таа му кажала за Хенри, како тој се обидел да ја убие,а како таа не можела да го убие него. Тогаш Мајкл го бара пиштолот за да го стори убиството тој, но наместо тоа тој извикува „Извини“, и пука во Ана-Лусија убивајќи ја на место. Во истото време Либи влегува, држејќи ги кебињата за пикникот со Харли. Мајкл запрепастен и исплашен ненадејно пука и во неа но овојпат не е сигурно дали е мртва или не. Тогаш тој ја отвара вратата кадешто е затворен Хенри. Мајкл пука во своето рамо, а Хенри изненадено стои во место.

    michael2x20.jpg

    вторник, 17 април 2007 г.

    Фанови на Изгубени!

    Останува уште еден ден до доделувањето на наградите на Наш Свет ! Останува на Вас да го одлучите победникот . Сите фанови на LOST (и на мојот блог доколку ги има :) можат да гласаат за мене на

    070 14 22 66

    со содржина - www.lostseries.blog.com.mk !
    Со тоа ќе дадете еден глас за мене уште една „надеж“ во утрешната трка со другите (мислам на блогови :). Мојот фаворит е Еурокикс, иако верувам дека Маша ќе има сигурна победа! Сепак остануваат уште, еве сега 14 часа до доделувањето... држете среќа! ;)


    Кога сте веќе тука да ви објавам дека триесет и седумгодишниот Џош Холовеј ја игра улогата на интелигентниот офицер од Brotherhood of Nod , Ajay во играта Command&Conquer Tiberium Wars 3! Освен тоа популарноста на Изгубени во Македонија дојде до кулминација кога Контрабанда и Еднооки, со ултра смешните карактери паднаа на Островот! Епа драги Изгубени верувам дека со нив уште повеќе ќе се изгубите .
    nashsvet.jpg2X03-SawyerTigerPit.jpg

    недела, 15 април 2007 г.

    Мапата на Островот

    Еден „LOST“ картографер работел на неговата/нејзината мапа и притоа направил кунг-фу на еден Lost универзум , а резултатот е масивна графичка презентација на сите локации во серијата Изгубени! Ова нешто дури и Лок би го оставило со „отворени очи“.

    Кликни на сликата за да се зголеми (голема забелешка! Сликава е 4.5 мегабајти и има 7200х7200 резолуција , но сепак вреди да се погледне...)
    200607-lost-map-big.jpg

    сабота, 14 април 2007 г.

    Nielsen Media Research згрешиле во однос на рејтингот на серијата!!!

    Не е тајна дека по преместувањето на шоуто од 21:00 во 22:00 часот изгубија милиони гледачи. Секој којшто ја следеше серијата и знаеше многу факти за неа знаеше дека сето тоа е поради новиот термин . Откако сето тоа помина, како и да е, телевизијата ABC почна да прави анкети надвор од домовите и притоа дозна дека сите оние кои гледале LOST верувале или не, воопшто не престанале со гледање на серијата, туку само „самите го смениле“ нејзиниот термин! Рејтинзите ги истражувале и сеуште ги истражуваат Nielsen Media Research кои сметале дека доколку серијата не се гледа до 3:00 AM тогаш вие воопшто не сте ја гледале... Во четвртокот тие изјавиле дека за да се сметате како гледач треба да ја „гледате истата вечер“ и откако ABC и самата екипа на LOST се пожалиле, заради фановите кои неможат да останат покасно од 10 часот навечер и кои ја гледаат серијата преку викендите (реприза). Ако пак LOST бидат повторно „рејтингувани“ со „live plus 7“ моделот, кој ве брои како и гледач било вие дали сте ја гледале премиерата или не, Изгубени повторно би ја имале бројката со која станаа меѓународна легенда помеѓу сериите. Тие тогаш би имале уште најмалку 5 милиони гледачи (вкупно околу 17 мил.) во текот на целата трета сезона имајќи предвид дека имале 12 милиони низ цела година... LOST во тој случај ужива 24% повеќе гледачи во оваа категорија пред неговиот најголем конкурент Heroes. Секако оваа вест не би значело ништо освен кревање на носот доколку сте од Американската Телевизиска Мрежа (ABC) бидејќи Изгубени веќе и придонесоа на оваа телевизија големо зголемување на гледачи што се однесува за време од 22 до 23 часот навечер.

    nielsenmediaresearch.gif

    четврток, 12 април 2007 г.

    LOST : Reckoning

    „Lost : Reckoning“ или пак на македонски „Изгубени : Пресметка“ било прикажано на 26 април 2006 година . Ова е уште една посебна клип епизода во пресрет на последните пет епизоди од втората сезона на Изгубени . Преживеаните од Oceanic Flight 815 биле и сеуште се заклучени во тест на верба откако паднале на островот . Откријте како овој тест влијаел и на двата дела - средната и задната секција на преживеани .
    Дали сте човек од вера или од наука? Оваа дилема ги дели карактерите на островот . Откријте како верата во кон окното го принуди Лок да најде влез , и како неговото наоѓање на Дезмонд го натера да поверува дека треба да го притиска копчето на секои 108 минути за да ги спаси сите преживеани . Ќе можете да ги видите и емоциите на Мајкл кои постојано го влечат во мисија за наоѓање на Волт , борбите на задните патници за преживување на првите 48 дена на островот преку нивната колизија со другите преживеани , недоразбирањата со затвореникот Бен (или Хенри Гејл) заедниците и разните спротивставености на изгубените со „Другите“ кои сите ги доведуваат во состојба да не знаат во што да веруваат. Доаѓајќи се до привлекувањата помеѓу Харли и Либи кои почнуваат да одат на „состаноци“ , големата љубов и нејзината плод на Сан и Џин , се до недоразбирањата кои ги имаат Соер и Џек - поради нивните емоции кои сеуште не ги изразуваат кон Кејт... Сето тоа денеска на А1 од 21:00 !

    reckoning.jpg

    вторник, 10 април 2007 г.

    5000 посети!

    За само 4 месеци (од 4 јануари 2007)
    5000visits!.jpg
    Автограми кога ќе преминам 10000 :)))

    ПЕТ причини зошто ги сакам, а зашто не А1!

    Ги сакам бидејќи :
    1.Даваат добри серии (LOST,CSI...)
    2.Ни ја прикажуваат најдобрата и најинтересната фудбалска лига - Англиската Премиер Лига
    3.Прикажуваат добри филмови (како Matrix на пример)
    4.Имаат добри емисии - на пример Ентер
    5.Кога си мислиш дека нема ништо на ТВ, вртиш на А1 и се маваш по главата бидејќи си сакал претходно да го исклучиш телевизорот!

    Не ги сакам зашто:
    1.Даваат реклами за нови серии, а „новата“ серија е стара пет години! (According to Jim (2001 прва сезона)
    2.Нивниот телетекст работи 10 дена,а потоа го снемува!
    3.Даваат цртани за кои велат дека се исто добри колку и South Park и The Simpsons (лажат комунистите!)
    4.Ќе дадат одеднаш неколку сезони по ред и потоа ќе почнат да се влечат,давајќи ги еднаш неделно (а по можност и месечно) и искористувајќи ја секоја можност да не ја дадат следната епизода оваа недела туку следната!
    5.Ни удоволуваат за се, а сепак не сме задоволни!

    A1Televizija.jpg


    Следниот четврток 21:00 на А1 следува една од најшокирачките епизоди во втората сезона...

    понеделник, 9 април 2007 г.

    The Lost Experience

    The Lost Experience беше алтернативно реална игра (ARG) дизајнирана од продуцерите на LOST за да ангажира фановите и да ја рашири сторијата која се случува во серијата . Играта била ко-девелопирана од три ТВ-компании , Американската ABC , Австралиската Channel Seven и Англиската (UK) Channel Four . Пишувачот на оваа игра бил идентификуван како Jordan Rosenberg од Carlton Cuse . Сите in-game вебсајта (без спонзорните) биле развиени од UK Design Agenci (Hi-ReS!) , кои претходно ја продуцирале Lost The Untold страната за Channel Four (кој станал англиски сајт за Изгубени) . Според артиклот на Њу Јорк Тајмс играта требала да биде „мултимедиско ловење на богатство користејќи имејлови , телефонски јавувања , комерцијали, билбордови и невистински веб-сајта кои биле направени да изгледаат вистински! The Lost Experience било креирано од актуелниот продуцент на шоуто за да се развие тематиката во серијата“... The Lost Experience е (односно било) интернет базирана игра која вклучувала паралелна приказна која не била дел од ТВ шоуто . Немало никакви награди за победа , но „искуството“ давало разни решенија за некои од многуте мистерии на островот . Тоа ги приклучило запознавањата со новите ликови и мистериозните Hanso Foundation . Решенијата доаѓало од насекаде низ светот , па така на учесниците им станало полесно да се вклучат во играта преку интернет. ABC изјавиле дека играта била дизајнирана за сите - и фановите и оние кои не гледале „Изгубени“. Damon Lindelof и Carlton Cuse биле првите кои ја спомнале веб страната на Hanso Foundation во официјалниот podcast на ABC , која била offline неколку месеци...Играва имала вкупно пет стази во која фановите успеале да откријата работи кои ги имало во следниве епизоди:

    Играта завршила на 24 септември 2006 година со голем успех...

    student_LOSTpodcastannounce.jpg

    сабота, 7 април 2007 г.

    Шокирачки крај на трета сезона?!

    Продуцерите на Изгубени речиси во секоја сезона најавуваат шокирачки крај, но верувајте доколку оваа година сето ова се оствари навистина ќе биде шокирачки! Веќе со месеци речиси откако започна третата сезона на LOST во медиумите во САД се шират разни шпекулации. Според најновите шпекулации оваа година ќе заврши со умирање на тројца Изгубени! Баш се прашувам кој најмногу ќе ви недостига....


    Charlie_small.jpgСмрт 1. - Чарли Пејс
    Ова можеше да се предвиди уште во осмата епизода кога Дезмонд ја кажа својата тајна. После тоа излегоа многу шпекулации дека неговиот актинг не бил доволно впечатлив и сл. Како и да е тој според трачевите умира хероично спасувајќи друг живот. Некои велат дека ќе се удави.Tој сигурно нема да се појави во четвртата сезона бидејќи во филмската интернет датабаза Imdb го нема во актингот во последната епизода!

    Sayid_small.jpgСмрт 2. - Саид Џарах
    И ова кружело насекаде низ Америка, но поради трачевите за Чарли малкумина знаеле за смртта на Саид. Актерот беше малку запоставен сезонава со само една негова флешбек епизода и од таму доаѓаат шпекулациите за неговата смрт. Според DarkUfo блогот тој умира во Финалето на Сезона 3 во тепачка со Другите.

    245px-Kate2.jpgСмрт 3. - Кејт Остен
    Доколку ова се оствари ќе се предизвика голема изненаденост помеѓу сите фанови. Сум слушнал дека таа ќе умре од пријателски оган предизвикан од Џек!!! Мене Кејт ќе ми недостига најмногу, а верувам и на повеќето кои го посетуваат блогов!

    LOST Lego

    Не верувате ?! Погледнете сами
    lost_lego1.jpg
    Местото кадешто Бун загина
    lost_lego2.jpg
    Местото кадешто ја видоа поларната мечка
    lost_lego3.jpg
    Компјутерот кој се наоѓа во hatch-от
    lost_lego4.jpg
    Автомобилот кој го најде Харли (трета сезона)
    lost_lego5.jpg
    Вратничката која им зададе многу мистерии на Изгубените...

    И после кажете дека LOST не се популарни!

    петок, 6 април 2007 г.

    Naveen Andrews : Четвртата сезона ќе стартува покасно !

    Беше ли менувањето на шемата на ABC причината за паѓањето на рејтинзите на „Изгубени“ ? Naveen Andrews , кој го игра Саид во хит серијата на ABC , изјавил за Sci-Fi Wire дека неговата екипа го разгледува прашањето за покасно стартување на четвртата сезона на LOST , односно околу Јануари , како што порано било направено со „Alias“ и Foxовата серија „24“ .
    „Верувам дека тоа е планот“, рекол Ендрујс во новото интервју. Оваа година (сезона) , LOST имаше премиера која повторно ја достигна бројката од 20 мил. гледачи , но подоцна по големата пауза од 13 недели овие 20 милиони паднаа на 13 ... Додека шоуто привлекува нови гледачи , во исто време губи исто толку! Исто така Изгубени беа преместени во нов (полош) термин , среда 10 часот central , што исто така можело да биде и фактор за губење на гледачи . За ова Ендрујс рекол - „Сакам шоуто да стартува порано , како што било и порано бидејќи најмногу гледачи биле децата , нели?“ . Има и други фактори како што се на пример се помалкуте епизоди наменети за Кејт , Џек и Соер.
    „Саид оваа година треба да биде повеќе застапен“ - рекол Naveen. „Навистина сум задоволен и горделив на тоа што го направивме во првата и втората сезона ... Мислам дека се што сум го вложил во Изгубени е навистина добро и не би сакал да ја напуштам серијата или пак мојот лик да умре! Сепак тоа е желба на креаторите и тие ќе одлучат што да прават.“

    Додека не настапувал во LOST , Ендрус снимил нов филм (sci-fi/horror) „Grindhouse“ , кој од денес се прикажува во кината

    Normal_season3promo11.jpg

    среда, 4 април 2007 г.

    Сезона 2 епизода 19

    Оригинално име : S.O.S. - Flashback : Бернард и Роуз Надлер
    Бернард настојува да ги убеди сите на направат ново радио. Роуз се потсетува на нивниот брак и како Бернард не се откажал од неа, кога дознал дека е болна и сакал да најде лек за неа, иако малку и останало за живот. Роуз му признава дека по несреќата, не чувствува болки и мисли дека островот ја извлекувал. Бернард не и верува и сфаќа дека таа не сака да замине од тука, зошто пак ќе се разболи. Лок сака да ја нацрта мапата што ја видел на вратата. Џек и Кејт одат да го заменат Хенри за Волт, но ќе налетаат на Мајкл кој се онесвестува пред нив.
    Normal_sos-promo27.jpg

    вторник, 3 април 2007 г.

    Сезона три најгледани епизоди

    Еве ги најдобрите и најгледани епизоди прикажани во третата сезона :
    episoderating20070331.jpg
    Извор - Dark Ufo

    Matthew Fox си заминува ??

    Последниве денови излегоа шпекулации кои се потврдени ! Како што гледате од насловот шпекулацијата гласи дека Метју Фокс (Џек) се обидува да го напушти LOST . Ѕвездата чија популарност произлезе токму од оваа серија ја онеме публиката ја онеме самата со тоа што соопшти дека ќе ја напушти екипата . Причината верувале или не е тоа што не може да престане со пушење !? Јас како голем (најголем :P) фан на Изгубените би му препорачал да биде маж и да се откаже од цигарите пред да биде предоцна ... Инаку недела пред сето ова да се објави , имаше и шпекулација за ненадејно „умирање“ на Чарли во четвртата сезона . Според едно американско списание режисерите на филмот не биле задоволни од актингот на Доминик Монањан и поради тоа е можно оваа трета сезона да му биде последна . Сепак во негова одбрана уште на денот на овој трач неговата девојка , а и колега Евангелин Лили изјави дека сето тоа било обична шпекулација .... Останува да видиме !
    MatthewFox.jpg

    Google Translate

    You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)