четврток, 29 мај 2008 г.

Пред финално расположение (втор дел!)

Утре ќе се прикаже двочасовното финале на четвртата сезона на Изгубени. Тоа ќе биде последната епизода за оваа година, по којашто ќе настапи една долга летно-есенска пауза од околу 8 месеци – се додека не дојде јануари 2009. Колку и да сме нетрпеливи да го погледнеме финалето, сигурен сум дека повеќето од нас, во иста мера се и нервозни што за уште една нова епизода ќе чекаат толку долго време. За жал...тоа е тоа. Времето си врви, а ние остануваме да бидеме негови пациенти! Овој пост ќе го посветам на сите досегашни финалиња кои се прикажаа во LOST. Ќе служи за некој вид потсетување, како серијата изгледаше порано, а како сега.

Flashback – прва сезона
И во првата сезона, финалето имаше два дела, со тоа што вториот траеше два часа (како утрешното). Епизодата беше многу впечатлива и постојано не ставаше во паника од евентуален напад на Другите. Русо ги разбуди преживеаниците во рани зори за да ги предупреди за „мистериозниот чад“ кој одеднаш се појави на другата страна од Островот. Во текот на целата епизода бевме сведоци на лажење без граници, а токму во моментот кога си помисливме дека не постојат други луѓе на Островот, Мајкл и неговата дружина ја осетија насилноста на „Другите“ откако нивниот сплав беше уништен. Притоа Волт беше киднапиран. Во истото време Џек, Лок, Кејт и Харли конечно го отворија окното... Заборавив нешто? Ах, да. Арон беше киднапиран од Русо, но набрзо Саид го спаси. Севкупно Exodus беше интересна епизода која не само што ја оправда одличната сезона, туку навести и уште една подобра!
Рејтинг: 9.5

Flashback – втора сезона
Финалето на втората сезона беше Дезмонд-центрично, а изобилуваше со шок-ситуации. Животот на Дез во окното, пред окното и по падот на авионот...сето тоа беше спакувано во одлични 80 минути. За разлика од првата сезона и Exodus, Live Together Die Alone обработуваше сосема различна тематика. Засекогаш во сеќавање ќе ми останат последните 15тина минути, кога сфативме дека окното и неговата мисија не била шала, па до моментот кога Мајкл ги предаде своите луѓе. Секако онаа последна сцена со Пени и двајцата луѓе на Антарктикот/Арктикот е исто така вредна за спомнување...
Рејтинг: 9.4

Flashback – трета сезона
Третата сезона беше приказна сама за себе. Изобилуваше со многу јаки епизоди, но и со премногу слаби. Затоа, финалето беше линијата помеѓу смртта...и преродувањето на Изгубени. И би преродување! Не само што бевме сведоци на можеби најдобрата епизода во историјата на LOST, туку и добивме толку многу прашалници во главата...што некои од нас не знаеја каде се наоѓаат! На крајот, третата и најкритикувана сезона го даде она што никој не го очекуваше – НАЈДОБРОТО од серијата. Through the Looking Glass е епизода која и ден денеска би ја гледал повторно. Зошто? Првиот flashforward, повикувањето на бродот за конечно спасување (?!), Бен во своето најчудно издание, тоталниот пораз на Другите, како и “WE HAVE TO GO BACK” сцената...мислам дека се доволни за седење пред малите екрани!!!
Рејтинг: 9.7

Flashforward – четврта сезона
Какви впечатоци ќе добиеме од финалето оваа сезона би требало уште утре да дознаеме. До тогаш читајте го постов и не заборавајте...блогов ќе остане жив и по паузата!

вторник, 27 мај 2008 г.

The Hardest Lost Quiz Ever!

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)