Еве еден дел од интервјуто на AXN со Карлтон Кјус, во кое тој објаснува какви биле почетоците на Изгубени...мислам дека ова ќе им се допадне и на оние кои им веруваат на продуцентите кога ќе кажат дека ја имаат испланирано целата серија - но и на оние кои се скептици...
Карлтон Кјус:- „Нештото кое ја направи LOST толку многу популарна серија е всушност фактот што никој не ни мислеше дека серијата ќе биде успешна. Кога за првпат шоуто започна да се снима, идејата произлезе од директорот на ABC мрежата во Лос Анџелес. Тој сакаше да направи некаков вид на серија како шоуто „Преживеан“, но со вистинско сценарио, па затоа тој најми некои сценаристи за да го направат тоа -- и тој всушност -- тој знаеше дека ќе ја изгуби работата, но сепак инвестираше многу пари за да ја создаде Пилот-епизодата.И потоа, тој навистина беше отпуштен, по што ABC имаа еден многу скап пилот во своите фиоки -- за кој мислеа дека е доста добар, но не сметаа дека проектот понатаму ќе биде успешен како серија.
Па мојот деловен партнер, Демон Линделоф, и јас, ние кои всушност и го создаваме шоуто, само сакавме да направиме дванаесет епизоди од Изгубени и тоа беше тоа. Така одлучивме да дадеме се’ од себе и да ги направиме дванаесетте најдобри епизоди кои би можеле да ни текнат на нас -- и впрочем, тоа беше целиот наш договор.
За време на пишувањето на епизодите, ние ги прекршивме општопризнатите закони на телевизијата, особено на Американските телевизиски шоуа. Имавме огромна екипа. Нормалната екипа во Американските телевизиски шоуа може да вклучува 6, 7 или 8 актери. А ние, ние имавме цели 15 регуларни! Имавме многу комплексно сиже. Намерно направивме двосмислени приказни поради кои аудиториумот мораше да одреди кое е значењето на одредена сцена. И исто така го направивме шоуто тешко за следење; моравте да го следите константно и длабочински за да го сфатите. Дававме многу вметнати патокази (clues) за настаните кои ќе следат. Покрај ова, имавме многу главни ликови кои биле лоши луѓе, како на пример убијци - и ниедна од овие работи кои ги кажав не би требало да бидат работи кои се обработуваат во некоја серија!
На некој начин ние направивме своја верзија на едно Британско шоу направено во 60тите години на минатиот век, наречено "The Prisoner", кое имало 18 епизоди и потоа завршило, но луѓето сеуште го памтеле и по неговиот крај, па ние си рековме:-„Ќе ги направиме најдобрите 12 епизоди кои никој никогаш нема да може да ги повтори -- и ова ќе биде најдоброто дванаесет-епизодно шоу на сите времиња.“
И по сите овие случки, беше прикажан Пилотот. А кога првите рејтинзи пристигнаа, нормално дека тоа беше како да сме освоиле лотарија. Сеуште се сеќавам кога Демон, мојот колега, влезе во мојата канцеларија држејќи го листот со рејтинзи и со фаца која велеше „О, Боже, ќе мора да продолжиме да го правиме ова!“ (се кикоти)
Токму во тој миг седнавме заедно и започнавме со обидите да ја разбереме сета таа митологија во шоуто. Токму во тој миг сфативме оти нема да бидат 12 епизоди, туку барем 100, и токму тогаш започнавме навистина да го планираме заплетот и планот според кој приказната ќе оди. Тоа беше моментот кога ја измисливме и вклопивме во една целина митологијата на LOST.“
...митологијата која наскоро и на нас ќе ни биде позната!!!
Целосното интервју е достапно овде.
П.С. Не знам за вас, ама се надевам дека и во иднина некој ќе се осмели да направи шоу како Изгубени!!! Иако, чисто се сомневам дека такво нешто ќе се случи.

