сабота, 30 јуни 2007 г.

Хиероглифите

Во епизодата Live together, die alone можевме по трети пат (еднаш кога Дезмонд закаснил да ги напише броевите,еднаш Лок и последниот трет пат во оваа иста епизода) да ги видиме истите хиероглифи кои се поставуваат откако тајмерот ќе изброи до нула.

Заедно сите тие имале едно исто значење

СМРТ!
848293633-Count_Down_Timer.jpg
Колку да се знае ова е јубилејната стота статија на мојот блог во категоријата ФИЛМ.
Нека се множат!

петок, 29 јуни 2007 г.

Доставена понуда до Harold Perrineau

Што е последно во Изгубени? Ќе се врати ли Мајкл?
Кажете да!!!

Можам да ви кажам дека продуцерите дефинитивно му доставиле понуда на Харолд Перино (кој ја игра/ше улогата на Мајкл) да се врати во најновата сезона, исто како што побараа и минатата година (тогаш одби бидејќи работеше на друга серија). Назад тогаш, на него му беа понудени навистина многу пари за добар камбек. Сега според најновите информации од ЕOnline тој ја бара истата сума за да се врати. Прашањето е дали ќе ја добие... Според мене би било вистински избор доколку се врати во шоуто. Кој е со мене?!?

245px-Michael_Dawson_3.jpg

четврток, 28 јуни 2007 г.

„HIM“

Тој, или како што се дозна во третата сезона - Џејкоб (Jacob), е лидерот на „Другите“ и човекот кој му дава инструкции на Бен. Според Бен никој не може да збори со Џејкоб, ниту пак никој знае каде се наоѓа тој. Тој живее во средновековна кабина длабоко во шумата. Околу кабината се видени чудни врсти на песок кои многу наликуваат на остатоци на Чудовиштето. Многу детали за Џејкоб сеуште не се откриени.
Него ќе го видите речиси на самиот крај на сезоната во епизодата „The man behind the curtain“ која е впрочем дваесетта од третата.

Пред неговото појавување на островот ќе видите и многу чудни ситуации на кои постојано ќе се поставуваат прашања...кои на некој начин беа објаснети во погорната епизода.
Подолу е видеото со Џејкоб, кое содржи прилично многу спојлери, па вие сами одлучете дали да го гледате или не!

А, до есента 2007 - God loves us, as he loves Jacob!
JacobLight.jpg
Мистериозниот лидер на групата наречена The Others...

вторник, 26 јуни 2007 г.

Играта сепак излегува во 2007!

Официјалната 3D LOST игра излегува оваа есен и покрај разните шпекулации кои излегоа во последно време!

Играта која е направена според Crytek енџинот (слично како Farcry), била всушност претставена на главните продуцери на шоуто Damon Lindelof и Carlton Cuse, а тие пак биле многу задоволни од тоа како изгледала.

Немањето многу информации за играта доведе до шпекулации дека нешто не е во ред со „синчето“ на Ubisoft и сето тоа е фрустрирачко, но сепак самиот маркетинг паѓа под капата на ABC/Disney. Според тоа, не е изненадувачки што сеуште ништо не е објавено... Играта излегува како што беше најавено - есента 2007!

А до тогаш ќе играме
wowlogo2.gif

недела, 24 јуни 2007 г.

Паѓањето на авионот од сите страни!

Неверојатно талентираниот фан на Youtube mrleone, успеал да направи клип со паѓањето на авионот од сите страни на островот: преку очите на преживеаните во Pilot,part 1 и part 2 епизодата, преку очите на Дезмонд во Live together, die alone и преку очите на „Другите“ во следната епизода (премиерата на третата сезона - A tale of two cities).

Навистина интересен спој помеѓу сите три досегашни сезони во Изгубени. Според првата минута која ја изгледав навистина добар клип. Ах и да немам време да го изгледам цел од едноставна причина што потрошив 10 гига и брзината е помала од онаа на полжавот :).
Ама не е смешно! :( :( :(

петок, 22 јуни 2007 г.

Зошто луѓето не ја сакаат втората сезона?

Постојано ми упатуваат критики за „неинтересна“ втора сезона. Она што ме буни е тоа што истите луѓе ги гледаат сите епизоди без пропуштање. Тука се поставува големото прашање:- зошто не ја сакаме втората сезона? Идеме дел по дел.
Првата сезона почна неверојатно добро, ги столчи сите други драми по рејтинг, се внесе митологија и луѓето едноставно „не можеа“ да го заборават терминот во кој иде серијата. Секоја епизода внесуваше нови возбудување,тука беше hatchот, тука беше француската жена Русо, градењето и палењето на сплавот, Итан.... Финалето само уште повеќе ги заинтригира сите. Киднапирањето на Волт и сретнувањето на некои непознати луѓе ги оставија фановите со отворени очи да го чекаат септември за почетокот на следната втора сезона. После сите тие успеси (добивање на Еми,Golden Globe Award...) беше речиси невозможно да се надмине првата сезона. Првите пет-шест епизоди од втората, како така го имаа истиот ритам кој владееше во претходната сезона. Интересни, непредвидливи...И тогаш дојдоа „кризните“ епизоди со неинтересни флешбекови на Шенон,Ана-Лусија,Кејт...кои ни дадоа многу малку одговори и не оставија со речиси истите прашања од предходно. 180px-MichaelsPaper.jpgЕдинствено седмата епизода (од шеста до кај четиринаесетта) не задоволи со откривањето на четириесетте страшни денови кои ги преживеале патниците од задниот дел. Во четиринаесеттата епизода за првпат го сретнуваме Хенри Гејл кој сеуште е непознат. Во седумнаесеттата ја гледаме чудната мапа на островот. Да не заборавиме и на привиденијата на Харли со неговиот другар кој е/не е на островот (Dave), како и на откривање на друго окно. Последните четири епизоди ја направија втората сезона неубава од едноставна причина што Мајкл ги предаде своите пријатели, ја уби Ана-Лусија и Либи. Со тоа многумина се разочараа и почнаа да „плукаат“ по пишувачите на драмата. Финалето иако според многумина неинтересно, ни даде различни одговори,а во исто време не остави со многу непознаници во животот на Островот. Да не заборавиме и дека победи на неодамнешната анкета спроведена на мојот блог (види подолу)

Едно е факт! По погледнување на неколку епизоди од втората сезона, се случи да сфатам дека таа воопшто не била катастрофална сезона, напротив многу поинтересна од првата, со повеќе митологија и интересни сцени. Втората сезона не е лоша, туку завршницата ја направи таква!!!

четврток, 21 јуни 2007 г.

Официјалната LOST игра излегува сепак во 2008???

250px-Ubisoft.pngLost the game требаше да излезе на PC/конзолите, но немаше многу информации за нешто такво во последно време. Во еден магазин било изјавено и ветено дека во следното издание на истиот тој информатор ќе ги објавеле информациите за играта. Најновото издание на магазинот излегло токму вчера, но ниту ред за играта. Ниту на официјалниот сајт на Убисофт нема никакви информации. Благодарение на Алис читателка на блогот на DarkUFO ги дознавме следниве работи кои и ги напишале по пат на меил откако ги запрашала што е со играта:

„Ние им ветивме на фановите информации за играта, но тоа беше на база на кажувањето на Убисофт кои ветија дека играта ќе го има своето претставување во Париз во Мај...кое го немаше.
Подоцна тие ни кажаа дека играта е сеуште необјавена бидејќи нејзиното излегување е одложено за КРАЈОТ на 2008 година!“

120px-Jayjack.JPGМалце понастрана од животот на гејмерите...
Lostpedia е официјалниот нов шампион во HugoCupот. Тоа беше објавено во последниот Jay and Jack Lost Podcast. И покрај нејзиното четврто место според гласовите на гледачите (прво The Tail Section, второ DarkUFO, трето Lost-Media) таа е објавена за победник. Се чини дека за џабе беа гласовите...

среда, 20 јуни 2007 г.

Според вашето мислење...

Live together,die alone е подобро финале од Exodus (први и втори дел). Со 56% наспроти 44% на Exodus вие го изгласавте вашето омилено LOST финале што се однесува во првите две сезони. По завршувањето на третата сезона ќе има анкета во која повторно ќе бирате подобро финале и во него ќе учествуваат денешниот победник и секако последната епизода од третата сезона Through the looking glass. Инаку во сите седум дена LTDA беше во предност спрема Exodus, иако денеска константната предност од 30% беше минимализирана на само 12 проценти.

За повеќе информации за овие епизоди одете на следниве линкови:
Live together,die alone први дел и втори дел
Exodus (први и втори дел)

2x24_michael-jack.jpg

понеделник, 18 јуни 2007 г.

Најнови трачеви за четвртата сезона !SPOILER WARNING!

Во овој post-poned период додека Изгубени се на една голема пауза од, сега веќе седум месеци, постојано излегуваат трачеви за следната нова четврта сезона која ќе има „само“ шеснаесет епизоди!
И LostSeriesMKD ги следи нив.
Сигурен сум дека многумина од нас ја чекаат нестрпливо четвртата сезона после интересното и чудно финале. Оние кои ја чекаат третата сезона да дојде кај нас подобро да не го читаат следниот текст. 45px-Nuvola_warning.png

Го најдов првиот бран на големи спојлери за следната четврта сезона. Сето ова што подоле ќе го прочитате е од добро познат извор (од ABC секако :), кој е непознат барем засега. Сепак земете го со мала резерва бидејќи пишувачите на шоуто (продуцерите) сепак знаат многу често да ги сменат своите одлуки.


SPOILER-и ДОЛУ45px-Nuvola_warning.png
1) Причината поради која Кејт не е во затвор во иднината (flash-forward) ќе биде објаснета во првите четири епизоди и/или подоцна.

2) Пени ќе игра голема улога во првите четири епизоди и/или подоцна

3) Уште повеќе убиства и смртни случаи.

Хм...кутрите актери незнаат што ги очекува...

4) Уште нови Изгубени ќе бидат презентирани.

5) Ќе добиеме една епизода со флешбекови на Даниел но ќе не остави да сакаме уште...епизодата ќе објасни некои од прашањата кои фановите ги поставуваат постојано на форумите...

6) Повеќето од Изгубените кои го напуштиле островот ЌЕ имаат flash-forward епизода и сите ќе бидат шокантни (за тоа што се случило по напуштањето на Островот)...ова ќе ни помогне да сфатиме зашто Џек навистина сакаше да се врати назад.

Осеќам дека ќе видиме исто многу Изгубени кои како Џек ќе „паѓаат надолу“ во животот.

7) Сеуште ќе има затворање на некои флешбек приказни за разни Изгубени.

8) Џејкоб е НОВОТО чудовиште (ќе биде видено во многу епизоди, но необјаснето), а чудовиштето ќе биде објаснето (на некој начин)

Сеуште незнам како ќе издржам во овој „Изгубен“ одмор...

9) Историјата на Островот ЌЕ биде објаснета, но сеуште чудна исто како и случувањата (односно поранешните доселеници и како и кој ја изградил големата нога?!) на самиот остров.

10) Руините и „Црквата“ спомнати од Бен ќе бидат откриени од страна на Лок.

Лок сеуште во нови авантури...

11) Мајкл и Волт а и....Либи ЌЕ се вратат со Изгубените, НО не очекувајте многу објаснувања се до почетокот на пола-сезоната.

Либи??!! Едноставно нели невозможно...

3x22_HeadingToTheRadioTower.jpg

петок, 15 јуни 2007 г.

Што ве очекува во третата сезона

Третата сезона главно се задржува на „Другите“. Целата сезона најмногу се состои од:

•Другите,кои се тие,зошто се тие на Островот начинот на коj живеат и за тоа кој ги води. Главните карактери помеѓу „Другите“ се Бен (a.k.a. Хенри Гејл),Џулиет и Ричард Алперт
•Обид за воспоставување контакт со надворешниот свет, вклучувајќи ја Пени; станицата The Flame (наменета за контакт!) и нејзиното уништување како и Наоми (за неа ќе дознаете при крајот на сезоната).
•DHARMA Иницијативата во нејзините најдобри години и за тоа како успеала да пропадне.
•Дезмондовите чудни „одења во иднината“ и смртта на еден важен карактер (сеуште останува тајна барем на мојот блог!)
•Големите мистерии на Островот, најмногу проблеми со бременоста како и чудните спасувачки моќи.
•Враќањето на Чудовиштето и неговите разорни ефекти и убиства.
•Воспоставување на друг вид флешбекови (најмногу присутно кај Дезмонд и во финалето на третата сезона - во која Џек го видовме во иднината).

Се на се од есен никако не ги пропуштајте новите 22/23 епизоди од третата сезона на Изгубени!
losts3_in_macedonia.jpg

четврток, 14 јуни 2007 г.

LOST : Трета сезона финале - Sci Fi против Фикција!

Третата сезона на Изгубени можеби ве остави со повеќе прашања отколку одговори. Драмата на ABC има различни невозможни работи како патување во времето, алтернативни универзуми, чудовишта и невидлив човек. За нив за жал сеуште нема теории! Но, сепак финалето на третата сезона имаше и други интересни работи кои на прв поглед изгледаа невозможни. Тие што не го гледале финалето да не го читаат долниот текст!

Тие што го имаат гледано нека ја изберат опцијата читај повеќе!

Можно ли е да пукне динамитот со истрели од пушки?
lost-debunk-1-0607.jpgБорбата помеѓу Другите и Преживеаните на плажата започна доцна вечерта. Паметните преживеани поставија динамити на местото кадешто требаше да има бремени жени и успеаја да убијат седум Други пукајќи во нив со пушки. За жал можеше да умрат и повеќе луѓе доколку Џин не направеше катастрофална грешка. Експертот за динамити Пелтон вели: „Динамитите не се импресивни во отворен простор, а и без пушките тие би пукнале само доколку некој ги допрел по тврдо.“ Но тоа не е единствениот проблем, тој исто така се двоуми дали е можно динамитот да пукне ако тој постоел од 1880 година.... Можеби чудните островски моќи му помогнале на динамитот да опстои како нов.


Дали бомбата може навистина да пукне во вода?
lost-debunk-2-0607.jpgЕдноокиот „Друг“ Микаил успеа со бомба да разнесе дел од The Looking Glass станицата во кој Чарли започна комуникација со Пени. Откако бомбата испука Чарли се заклучи во собата спасувајќи го Дезмондовиот живот, но притоа задушувајќи се во водата. „Бомбите не се многу ефикасни во вода, за разлика кога се во воздух.“ вели Пелтон. Шрапнелот би успеал без проблем да разбие стакло и во вода. Но, како и да е според него, повеќето подводни стакла се направени со посебно стакло (плексистакло) кое е многу тешко да се разбие. Сепак, со оглед на тоа што Микаил беше толку близо до стаклото - ставајќи го својот живот во голема опасност - сето тоа е можно. Баш се сомневам дека во следната сезона ќе го видиме повторно помеѓу „Другите“!


Дали е навистина возможно на некој да му го скршите вратот со нозе?
lost-debunk-3-0607.jpg Беше тешко да се верува дека Ирачкиот војник Саид ќе си дозволи да го заробат, но уште потешко дека ќе успее да му скрши врат на некој со своите нозе! За ова експертот Пелтон вели дека е можно судејќи по чекорите на Саид: „Ова се прави за време на војните, но е дефинитивно тешко.“ Сепак како што видовме во трите сезони на шоуто, нема нешто што Саид досега не можел да го направи. Освен контролирање на неговиот темперамент...


Дали сигналот на Русо навистина го блокираше сигналот на телефонот на Наоми?
lost-debunk-4-0607.jpgКога Чарли го исклучи препречниот сигнал од The Looking Glass станицата, Изгубените имаа уште една препрека која мораа да ја усклучат. Тоа беше Русовиот сигнал кој се емитувал цели 16 години од Островската радио кула. Но, тоа според Пелтон е невозможно. „САТ сигналите се блокирани само од некакви посебни предмети или објекти кои го блокираат сателитот,“ вели тој. „Радио сигналите не би имале ефект“.

Извор: DarkUFO

вторник, 12 јуни 2007 г.

The plane crashes on the Island

Ова што ќе го видите се првите моменти од третата сезона. Клипот го направив сам!

Битка помеѓу финалињата!

Со оглед на тоа дека сите вие ги изгледавте двете сезони на Изгубени правам анкета за тоа кое финале беше подобро!

180px-1X24_JackHurleyHatch.jpgExodus (први и втори дел) - прва сезона финале

Француската жена Русо ги шокира сите преживеани притоа кажувајќи им дека „Другите“ доаѓаат. Во исто време Џин,Мајкл и Соер се спремни за да тргнат со сплавот. Како што тие се подготвуваат за нападот, бебето на Клер е киднапирано водејќи ги Чарли и Саид во опасна спасувачка мисија. Во исто време сплавот се судрува со непозната група, која им го одзема Волт од нивните раце. Чарли и Саид успеваат да го одземат детето од Русо. Џек и Лок се караат во врска со отворањето на окното. Сепак на крајот окното е отворено и тоа што е внатре ги исплашува преживеаните...


250px-2X23_DesmondFailSafe.jpgLive together,die alone (први и втори дел) - втора сезона финале

По откривањето на планот на Мајкл, Џек и Саид прават план како да успеат да ги победат „Другите“ и во надеж дека ќе го земат и Волт назад. Во исто време, Еко почнува да се нервира откако Лок ќе направи потенцијална катаклизмична одлука гледајќи го „копчето“ во окното. Како што наблува крајот на епизодата Харли,Џек,Соер и Кејт се заробени од страна на „The Others“, а на Мајкл како што му било ветено му е вратен Волт. Во окното пак Лок го крши компјутерот такашто сега тајмерот ќе изброи до нула... Испаѓа дека сето тоа ќе има последици, но Дезмонд успева да ги спаси своите луѓе со вртењето на fail-save клучот. Окното го снемува, а само Чарли излегува од него. Мајкл го напушта островот, а Харли е пуштен назад да им ја пренесе пораката кон другите во својот камп. Ќе успее ли Пени во својата мисија?


Get your own Poll!

Анкетата трае заклучно со крајот на 19 јуни.

сабота, 9 јуни 2007 г.

Најдобрите веб-страни за ИЗГУБЕНИ: DarkUFO

DarkUFO.jpgБлогот DarkUFO постои речиси цела година (од 14ти јуни 2006) и досега има забележано неверојатни 23 милиони посети! На овој блог ќе најдете се за Изгубени. DarkUFO е поделен во 20 секции од кои ги издвојувам - официјалната страна, media-mentions, најновите спојлери, easter eggs, најновите трачеви, конекциите меѓу ликовите, одговорите на мистериите, мистериите итн..... Овој блог е дел од таканаречената Blogger група Spoiler TV во која ќе најдете слични блогови за 24, Grey's Anatomy, Smallville, Desperate Housewives... Но, несомнено е дека DarkUFO е далеку најдобар помеѓу сите нив. Авторот на блогот повремено објавува и статии од разни фанови на Изгубени, а често и од самиот него. За сите нови епизоди има екстремно добри теории (ќе ги најдете под името Things I Noticed и името на епизодата). За сите епизоди има рејтинзи, официјални и рејтинзи од неговиот блог. Пред некое време ни го откри својот идентитет односно со што се занимава, дали има жена, кое е неговото вистинско име... Енди навистина се потрудил неговиот блог да ставен славен, а за тоа има потврда бидејќи DarkUFO заврши на второ место во неодамна одржаниот Hugo Cup. Иако се чини незаслужено бидејќи победникот постојано се рекламираше на својот блог...darkufobanner.jpg Во тек е гласањето за најдобрите епизоди кои досега се беа прикажале на ABC. Овој LOST Куп ќе има вкупно четири рунди се до финалето во кое најверојатно ќе учествуваат две финалиња или пак некој дел од Pilot (првата епизода во Изгубени) иако не е исклучена ниту можноста Flashes Before Your Eyes да биде близу еден таков успех. Темниот Неидентификуван Објект е само показател дека серијата Изгубени е можеби најинтересната која во моментов се прикажува во САД!!!

петок, 8 јуни 2007 г.

И официјално!

И официјално ви ги претставувам епизодите и актерите кои се номинирани на следните ЕМИја секако од серијата LOST:
Outstanding Drama Series
Lost "The Man From Tallahassee"
Outstanding Lead Actress In A Drama Series
Evangeline Lilly For "I Do"
Outstanding Lead Actor in a Drama Series
Matthew Fox For "A Tale Of Two Cities"
Outstanding Supporting Actor In A Drama Series
Naveen Andrews For "Enter 77"
Daniel Dae Kim For "The Glass Ballerina"
Michael Emerson For "Every Man For Himself"
Henry Ian Cusick For "Flashes Before Your Eyes"
Josh Hollaway For "Every Man For Himself"
Jorge Garcia For "Tricia Tanaka Is Dead"
Dominic Monaghan For "Flashes Before Your Eyes"
Terry O'Quinn For "?" (I'm hearing Tallahassee and Further Instructions)
Outstanding Supporting Actress In A Drama Series
Emilie de Ravin For "Par Avion"
Yunjin Kim For "The Glass Ballerina"
Elizabeth Mitchell For "One Of Us"
Outstanding Guest Actor in a Drama Series
Kevin Tighe For "The Brig"
Outstanding Special Visual Effects For A Series
Kevin Blanks
Outstanding Directing for a Drama Series
Stephen Williams for "Greatest Hits"

Еве како се одбираат најдобрите:
1. Секогаш, прво се избираат топ десетте од секоја категорија. Членовите на академијата гласаат за нивните омилени шоуа, актери, пишувачи итн. Нормално, топ десетте се базирани на популарно гласање.
2. Откако топ десетте ќе бидат селектирани, членовите на Академијата гледаат една епизода со еден од номинираните. Епизодата мора да биде доставена до 31 мај.
3. По прогласувањето на номинираните, сите номинирани (актери,директори...) треба да пратат ЦД со две епизоди. Номинираните шоуа пак во друга рака мора да пратат 3 ЦД-а со две епизоди во секое. Со други зборови вкупно шест.

среда, 6 јуни 2007 г.

Блогерај vs. Blogger

blogger_logo.jpgУште од поодамна, речиси од почетоците,го знам нашиот засега најдобар блог сервис-Блогерај. Не дека е совршен,бидејќи и самите знаеме дека падови често има, но сепак за разлика од Македонскиот Блогер е најмалку сто пати подобар. Причина за овој пост не е серијата Изгубени туку тоа нешто што последниве два дена често го размислував. Прво што ќе помислам кога ќе дојдам на Блогерај е прилично чистиот простор исполнет со нови постови,коментари и слично. Сето ова на Blogger го нема,а и како да го има, кога во моментов таму се логирани над милион блогери! Но, кога го посетив хрватскиот блогерај сфатив од каде им дошла идеата на нашите и зашто е толку добра почетната страна! Ја забележувате сличноста нели?
Тоа мене воопшто не ми пречи иако знам дека многумина сега ќе ги обвинуваат Он.нет за истово нешто.
Второ на што помислив е пишувањето на новите постови. Blogger чинам дека се многу подобри во однос на Блогерај. Имате опција за нови слики,да промените бои итн. а секако на располагање имате и сами да составите html формат на текстот. logo-print.gifИнтересно е што пред поставувањето на сликата сите функции се овозможени (односно дали таа да биде од лева или десна страна од текстот). Стигнуваме до мојот омилен дел. Нешто што многу ме нервира на Блогерај е тоа што некои блогери едноставно нели уживаат да те нервираат. Коментари од типот на: Lost е срање, Уште ли ја гледаш сапуницава...воопшто не ни се потребни!!! Некој отворил блог за да ги искаже своите мислења на одредена тема, а не за некои напатени типови (си знаат кои се) на кои ништо,ама баш ништо не им чини. Е тоа на Blogger драги мои го нема.
Многумина исто се жалат на честите падови на овој интернет сервис. И јас често се жалам,но барем на некој во државава му текна да инвестира во интересниот живот на блогерството. Патем речено зашто Мт.нет не направат некоја своја блог мрежа па после да им судиме на Он.нет кои додека нивните конкуренти се влечеа и не крадеа со по сметка од 5000 денари ни дадоа интернет од 10 гига!
Ах за малку ќе заборавев зашто го напишав овој пост :)
Клик овде за да го видите мојот нов блог на Blogger!

вторник, 5 јуни 2007 г.

Emmy News

Четири од минатогодишните драми се вратија помеѓу номинираните за ЕМИ (само „The West Wing“ „одлета“) и сите имаат речиси подеднакви шанси за победа: победникот од 2004 „The Sopranos“(HBO), „Grey's Anatomy“(ABC), „House“ (Fox) и минатогодишниот шампион „24“. Драмата „The West Wing“ е заменета со како што и мислевте „Lost“.

Натпреварот помеѓу овие серии ќе биде една вистинска „драма“ која ќе ја гледаме со свои очи!
Детето на ABC, LOST е во надеж дека ќе го потврди својот статус на хит-серија по отфрлањето на номинации во минатата година. Некои Еми-гледачи го обвинуваа шоуто поради лошите епизоди кои оваа сезона беа прикажани - со мала содржина без некои конкретни одговори на мистериите. Годинешното влегување помеѓу „великаните“ е најмногу под заслуга на епизодата која најмногу ја воодушеви публиката и ТВ-критиката:
„The Man From Talahhessee“. Ќе го повтори ли LOST успехот од 2005 година? Одговорот за неколку месеци...

Пред два дена Изгубени добија три награди. Се работи за шпанскиот избор за најдобри серии во кои шоуто ги доби следниве признанија:

  • Best drama show: Lost
  • Best actress: Evangeline Lilly (Kate,Lost)
  • Best supporting actor: Josh Holloway (Sawyer,Lost)
  • понеделник, 4 јуни 2007 г.

    Најдобрите веб-страни за Изгубени: Lostpedia

    Додека серијата LOST е „на одмор“ во САД, а моментно и кај нас јас ќе ви направам рецензии за најдобрите веб-страни посветени на хит-серијата Изгубени. Прв избор е најдобрата и најголема енциклопедија за LOST - Lostpedia.
    LOSTPEDIA се појавила на дваесет и втори септември 2005 година еден ден по премиерата на втората сезона - Man of Science, Man of Faith која била прикажана на ABC, и една година по падот и мистериозното исчезнување на Oceanic Airlines Flight 815 некаде во јужниот Пацифик. Сајтот направен од Kevin Croy, бил креиран со цел да им овозможи на фановите на шоуто да се организираат и да ги претстават своите теории, мислења и информации за кастингот кој бил прикажан во шоуто. Откако за првпат била ставена на веб, над 30 милиони посети биле генерирани и 2000 страни креирани како што карактерите живееле ден по ден на мистериозниот Остров. Ова ја направило Lostpedia една од најпосетуваните wiki-ја на вебот, надвор од Wikipedia.
    Lostpedia е неофицијална фан википедија за Изгубени и не е конектирана никако со ABC или Bad Robot Productions.
    Причината поради која оваа страница го доживува овој успех е што е се на едно место собрано: мистериите, карактерите, интересните теми, сезоните и нивните епизоди, локациите на островот итн...

    Од денес...

    ...Од денеска па натаму ќе ги читате сите текстови кои се поставени на мојот официјален блог (да тој на блогерај ;) . Бидејќи сите знаете за карактерите и ликовите во серијата мислам дека е непотребно да пишувам повторно за нив.
    Англиски постови веќе нема да има (тоа беше само за запознавање со блогерите). Се читаме наскоро...
    Поздрави од Lost Series!

    недела, 3 јуни 2007 г.

    Најдобрите веб-страни за ИЗГУБЕНИ: Lost-Media

    Lost-Media.com е една од најстарите и најголеми LOST вебсајти, која е полна со слики кои имаат голем квалитет,видеа, и многу повеќе за нашето омилено шоу.

    lost-media.jpgТука ќе ги најдете сите нови и стари вести поврзани со Изгубени. Lost-media била формирана истата година со формирањето на шоуто. До сега се објавени 2467 поста во 247 страни! Импресивно нели? Добра работа е тоа што луѓето кои ја прават оваа страна најдоле ги имаат ставено сите архиви, така што тука ќе можете да најдете вести за втората, а и за првата сезона. Освен горенаведените работи овдека ќе најдете се за карактерите, календарот на Изгубени (односно кога ќе бидат следните епизоди итн.), линкови кон другите блогови и сајтови за LOST, топ десетте вести на страницата... Можете и сами да објавите некоја вест, со тоа што ќе мора да направите аконт (кој е бесплатен). Исто така можете и да побарате вест која била објавена со селекција на Site Search опцијата. Досега Lost-Media ја имаат посетено 168 милиони луѓе такада не мислете и веднаш кликнете! Од минатата година е направен и посебен форум.

    Google Translate

    You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)