Lost the game требаше да излезе на PC/конзолите, но немаше многу информации за нешто такво во последно време. Во еден магазин било изјавено и ветено дека во следното издание на истиот тој информатор ќе ги објавеле информациите за играта. Најновото издание на магазинот излегло токму вчера, но ниту ред за играта. Ниту на официјалниот сајт на Убисофт нема никакви информации. Благодарение на Алис читателка на блогот на DarkUFO ги дознавме следниве работи кои и ги напишале по пат на меил откако ги запрашала што е со играта:„Ние им ветивме на фановите информации за играта, но тоа беше на база на кажувањето на Убисофт кои ветија дека играта ќе го има своето претставување во Париз во Мај...кое го немаше. Подоцна тие ни кажаа дека играта е сеуште необјавена бидејќи нејзиното излегување е одложено за КРАЈОТ на 2008 година!“ Lostpedia е официјалниот нов шампион во HugoCupот. Тоа беше објавено во последниот Jay and Jack Lost Podcast. И покрај нејзиното четврто место според гласовите на гледачите (прво The Tail Section, второ DarkUFO, трето Lost-Media) таа е објавена за победник. Се чини дека за џабе беа гласовите... |



0 коментари:
Објави коментар