Ви посакувам убава и луда саботна ноќ!
Официјален македонски блог за LOST. Архивата на овој блог можете да ја пронајдете на овој линк - http://lostseries.blog.mk или http://lostseries.blog.com.mk
Како што и самиот наслов кажува – првата сцена од новата сезона беше откриена НАЈПОСЛЕ на интернет!
Секоја чест за Дарлтон што успеаја цели 9 месеци да издржат без ваков кикс, но ете, невозможно е да се спречи вакво нешто по се изгледа. Спојлер-видеото е достапно на форумот.
ВНИМАНИЕ: секој кој не сака да биде исспојлиран НИКАКО да не клика на погорниот линк! Коментарите во врска со видеото ќе ви бидат избришани. Ако имате нешто да кажете за истото, сторете го тоа на форумот, во соодветната тема И НИКАДЕ НА ДРУГО МЕСТО. Во спротивно, ризикувате да бидете банирани од форумот, или блогов.
Овој пост е чисто информативен и ништо повеќе. Се надевам дека нема некој подоцна да ме пцуе што сум ве известил за вакво нешто…
Многумина од Вас сигурно веќe чуле, но има и такви кои за првпат ќе слушнат денеска.
“Sunset on the beach” („Зајдисонце на плажата“) е неколкудневен бесплатен телевизиски/филмски настан кој се одржува во Хаваи, каде, како што сите веќе знаеме се снимаа (и се снимаат се’ уште…) сите сезони на Lost. Настанот започна да се организира, ако не се лажам, пред точно 2 години пред почетокот на четвртата сезона, продолжи да функционира и минатата година, па еве, ќе успее да опстои и годинава.
Како и во изминатите изданија на “Sunset on the beach”, така и во ова фановите кои ќе бидат присутни на настанов ќе имаат можност да го видат првиот дел од премиерата на шестата сезона. Ова е одлична вест за спојлер-фановите на Lost, но лоша за оние кои не се по спојлерите. Зошто? Од едноставна причина што утре, откако ќе биде прикажана официјално премиерата на Изгубени во Хаваи, на интернет ќе можете да пронајдете милиони спојлери во врска со истата. Токму затоа, ве предупредувам пред да биде предоцна да си ги лимитирате посетите во Лостосферата на МИНИМУМ. Доколку редовно седите на Твитер, не ни помислувајте да погледнете што се случува на #Lost каналот!!! На овој блог за среќа нема да имате можност да пронајдете вакви спојлери, но доколку сакате да ги прочитате, истите ќе ви бидат достапни на форумот!
Инаку, денеска започнале да ја местат сцената за “Sunset on the beach”… Еве како изгледа местото…
Еве добра вест за сите фанови на Изгубени! Карлтон Кјус официјално преку неговиот Твитер објави дека во недела, за време на прикажувањето на Desperate Housewives ќе имаме можност да видиме трејлер за шестата сезона на Lost во кој ќе бидат вметнати и неколку нови сцени!
Трејлерот ќе биде постиран на спојлер-блогот уште во понеделник, кога најверојатно ќе имаме за првпат можност да го погледнеме на интернет.
Поздрав до сите!
Не треба ова да ве изненади. Ова беше за очекување! Туку, се прашувам, зошто толку долго чекаше Велија за да го промени повторно терминот на Изгубени?!
![]()
Вечерва „новата“ епизода на Lost ќе се прикаже дури во 23:50 на А1! Наместо Изгубени, по Шехерезадка ќе се прикажува филмот „Мобилни телефони“. Потоа следуваат Вестите, а дури по нив започнуваат Изгубени. Ова е дефинитивно „најпрофесионалниот“ потег на А1 телевизија во последниве година дена. Сега луѓето нема да знаат дека Изгубени ќе се прикажуваат од 23:50 бидејќи тие пуштаа реклами на ТЕЛЕВИЗИЈАТА со нормалниот термин на Lost во изминативе 2 недели, но затоа пак вчера вечерта се одлучија да направат неколку промени во распоредот кои најпрвин ги објавија на нивниот драгоцен сајт. Зошто? Хмм, еден мој другар на ова би кажал: не барајте логика, таму каде што ја нема!!!
Искрено, ги жалам сите оние фанови кои ги гледаат епизодите на А1… но тоа е се’ што и можам да направам за Вас! Еден ден и Велија ќе жали што го правел ова, но ќе биде предоцна. Вакво „кршење на кичми“ на своите гледачи никоја телевизија не практикува. Барем не кај нас…
Преживеаните кои останале на Островот започнуваат да ги чувствуваат ефектите кои се случуваат како резултат на поместувањето на Островот, додека Џек и Бен го започнуваат повторното обединување на Oceanic Six – заедно со телото на Лок.
Не делат уште седум денови и еден час до идниот вторник, денот кој го очекуваме со нетрпение уште од минатиот мај! Со оглед на тоа што времето се’ повеќе се наближува, се чувствувам приморан да Ве известам што треба да очекувате на овој блог во наредниве месеци за кои ќе трае шестата и, за жал, последна сезона од Изгубени.

1. Линкови за LIVE STREAM
Традицијата која започна при крајот на минатата сезона, ќе продолжи и оваа. Подгответе се драги мои фанови на Lost на 16 непроспани среди по ред! Како што верувам дека веќе имате на ум, епизодите на Изгубени по наше локално време започнуваат во 03 часот на сабајле (вторник наспроти среда), бидејќи тоа по Американско време е 21:00 навечер во вторник. Минатата година, кога се прикажуваше финалето на петтата сезона беше забележан масовен „одзив“ на блогери и фанови на блогов и покрај тоа што истото се прикажуваше во раните утрински часови… Се надевам дека такво нешто ќе се повтори и оваа сезона!
2. Линкови за симнување на епизодите
Продолжува и оваа традиција која ја започнавме уште пред две години… Како и секогаш, на блогов ќе можете да ги пронајдете најдобрите и најбрзите Rapidshare линкови и торенти за новите епизоди и сето тоа на само 2-3 часа по официјалното прикажување на епизодата. (или со други зборови, секоја среда наутро!)
3. Анкети за епизодите
Ќе може да ги коментирате новите епизоди на посебен пост и, секако, да ги оцените! Истовремено, размислувам за отворање и на нов блог, наменет посебно за анкети, каде што сите ќе имате можност да давате идеи за прашања и соодветни одговори…
4. Теории
Се’ уште не се откажувам ниту од оние огромни постови кои речиси никој и да не ги чита!
Теориите дефинитивно ќе бидат достапни на блогов, но едно нешто за кое размислувам е дали да ги „разделувам“ на повеќе делови, т.е. на повеќе посебни постови или да ги поставувам на еден СТРОГО одреден ден… Патем, ако некој е расположен за теоретизирање во врска со последната сезона, па макар и да станува збор за една проста теорија – слободно нека се пријави! Вашето мислење, доколку е доволно издржано, ќе биде со сигурност поставено на блогов.
5. Оставам простор и за Вас, да кажете ШТО ВИЕ ДОПОЛНИТЕЛНО БИ НАПРАВИЛЕ доколку сте администратор на овој блог? Дали имате некоја идеја, замисла, или слично?! Слободно искажете си го својот став…
Поздрав до сите и… знаете како велат – времето работи за нас!
Премногу добро за да се одолее…
(клик на сликата за целосна резолуција!)
Ова е веројатно најдобриот постер за шестата сезона на Изгубени. Дело на дечките (а и девојките, сигурно) од AXN Бразил!
Извор: SL-Lost
Еве еден поздрав од мене со песна! Имајте убава неделна ноќ и уживајте во последните часови од викендот. ![]()
Еден и единствен…неповторлив… Тоше Проески.
Ете, и тоа чудо го доживеавме. Во Македонија да се продава книга за Lost!
„Хрониките на Изгубени“ - достапна во Матица за само 200 денари!
Во скопската книжарница „Матица“ од неодамна е достапна за купување “The LOST Chronicles” – книга која била издадена во 2005-тата година и во која ќе може да прочитате неколку интересни работи поврзани со почетоците на серијата. Имајте на ум дека ова всушност е ОФИЦИЈАЛНАТА книга за првата сезона, во која ќе можете, покрај многуте други забавни работи, да пронајдете и интересни интервјуа со Џ.Џ. Абрамс, Џек Бендер, Демон Линделоф, Карлтон Кјус… и многу, многу други познати фаци од екипата на Изгубени.
Еве што има Lostpedia да каже за книгава:
„Кога Изгубени дебитираа на ABC минатата есен гледачите беа веднаш „заробени“ од страна на самата серија.
На непознат остров некаде во Јужниот Пацифик, 48 преживеани во авионска несреќа ќе бидат приморани да се соочат со тешкото време, пронаѓањето храна, а понекогаш и со самите себе. Некои паничат. Други се надеваат на спас. Трети пак дознаваат некоја своја светла страна која не биле свесни дека ја поседуваат. Но, Островот крие многу тајни и закани со кои 17-те милиони гледачи епизода по епизода се запознаваат се’ повеќе и повеќе. “The Lost Chronicles” („Хрониките на Изгубените“) е мора-да-се-има книгата за сите овие фанови. Во овој прирачник ќе пронајдете детални информации за епизодите од првата сезона, behind-the-scenes поглед на правењето на шоу, интересни анегдоти и мислења дадени од страна на актерите, сценаристите, па дури и самиот извршен продуцент/креатор на Изгубени – Џ.Џ. Абрамс – кој читателите нема да го пронајдат никаде на друго место.“
Доколку ја купите книгата Ви следува и бонус DVD на кое се ставени избришани сцени од првата сезона, како и неколку интересни клипови од типот на “Welcome to Oahu“, “Designing a Disaster“…
И сето ова за само 200 денари!!! Верувајте ми – вреди да се има ако сте големи фанови!
П.С. Јас веќе си ја купив книгава. ![]()
П.П.С. Им благодарам на Надежна и Наум што ме известија за ова.
И повторно ништо спектакуларно, но доволно за колку да не заборавите дека сме на само 12 дена од премиерата! ![]()
Во случај кај некој да не се гледа видеото од погоре, еве линк од ЈуТуб. (со послаб квалитет за жал)
Ситно броиме!
Еве едно интересно видео од The Onion кое им го препорачувам на сите големи (и мали) фанови на Изгубени…
Иако водителите малку ми се премногу антипатични и саркастични за мој вкус, појавата на Демон Линделоф и Карлтон Кјус целосно го спаси клипов од пропаст. Посебно коментарот на Карлтон дека по третата епизода од шестата сезона ние, фановите, ќе полудиме како никогаш досега поради Lost!!!
Знам дека видеово треба да се сфати како пародија на нашите сфаќања и преувеличувања на се’ што се случува и е поврзано со серијата, но сепак, јас веќе си го сетирав алармот на мобилниот за третата епизода! ![]()
Што мислите Вие за видеово, како и за пораката од истото?!
П.С. Им посакувам среќно второ полугодие на сите ученици…
Сличен „хепенинг“ на минатиот блог се случи и минатата година истово време. Мало потсетување за оние што заборавиле, или не знаат за што станува збор…
Што претставува „Скрши го мразот“?
Тоа е ден за коментирање! Или, како што некои блогери би рекле, ден на слободниот спам!

Што е финтата/идејата?
Идејата на овој „проект“ – Скрши го мразот, е да се запознаеме подобро со оние кои го посетуваат овој блог, и воопшто Блогерајот.
Што треба да направите?
Сè што е потребно е да напишете еден рандом коментар. Ве изнервирал шефот? Имате лош ден? Или едноставно немате што да правите па го посетивте мојот блог? Зошто да не оставите коментар со кој ќе се запознаете со нас? Со оглед на тоа што познавам луѓе кои, буквално, со години ми го посетуваат блогот, а никогаш не оставиле коментар, очекувам постов да ја промени ситуацијата!
Како да напишете коментар?
Многу лесно! Или ќе направите блог, пополнувајќи ги потребните информации на следниов линк.
Или пак, едноставно ќе напишете коментар како анонимец, на следниов начин:



(клик на сликите за да ги видите во целосна резолуција!)
Твој избор!
Па, што чекаш?
Се надевам дека и оваа година ќе има солиден одзив на блогери и читатели на овој пост. Ова е прв и веројатно последен „Скрши го мразот“ за 2010!
Скрши го мразот, јануари 2010. Идејата е позајмена од блогерот DarkUFO.
Чувствувајте се слободни ова да го постирате и на својот блог!…
04:15 наутро. Не можам да заспијам и не можам! Тешко мене ќе биде од задутре. Но, знаете како велат во филмовите, јас сум човек кој живее само и САМО за МОМЕНТОТ!
Како и да е, поентата на постов не ми беше губење време за пишување на рандом факти и работи од обичниот живот, туку за да Ве известам дека Мајкл Емерсон уште еднаш не успеа да добие ЗЛАТЕН ГЛОБУС! Во неговата категорија (за најдобар спореден актер од серија), наградата ја зеде Џон Лајтгоу од Dexter. Она што треба да ги израдува фановите на Lost е победата на Мајкл Гјачино во категоријата за најдобар саундтрак од филм – за изработените композиции за анимираниот филм Up, кој моментално води на листата на победници со две освоени статуетки (претходно споменатата за саундтрак, како и онаа за најдобар анимиран филм!).
Знам дека не е изненадување, но се чувствувам одговорен да ве известам дека повторно Mad Men си ја земаа наградата за најдобра серија. Каков шок!
П.С. Едно големо „уаааааааа“ за победата на Up in the Air во категоријата за најдобро сценарио! Авторите на District 9 можат слободно да ги тужат одговорните за кражба!!!
Без поголеми изненадувања во „најголемите“ категории: Avatar на James Cameron триумфираше во категоријата за најдобра драма, додека пак The Hangover заслужено си ја зеде статуетката за комедија.
Од актерските категории: најдобар актер во филм/драма – Џеф Бриџис (Crazy Heart), најдобра актерка во филм/драма – Сандра Булок (The Blind Side), најдобар актер од филм/комедија – Роберт Дауни (Sherlock Holmes), најдобра актерка во филм/комедија – Мерил Стрип (Julie & Julia),
Во категоријата за најдобар режисер победата си ја однесе Џејмс Камерон…
Сите добитници на награди можете да ги видите тука…
И тоа, драги мои Шелдоновци¹, беше САРКАЗАМ!
Мала компарација на она што се случува во светски рамки, како и на она што (НЕ) се случува кај нас…
Премиерата на шестата сезона во:
САД – на 02.02.2010
Канада – на 02.02.2010
Нов Зеланд – на 03.02.2010
Грција – на 04.02.2010
Ирска – на 04.02.2010
Израел – на 04.02.2010
Турција – на 05.02.2010
Холандија – на 05.02.2010
Велика Британија – на 05.02.2010
Холандија – на 05.02.2010
Италија – на 07.02.2010
Латинска Америка (AXN) – на 09.02.2010
Финска – на 25.02.2010
Па, полека но сигурно се наближуваме да почетокот на последната сезона на Изгубени. За само 19 денови ова време ќе имаме можност да водиме бесконечни дискусии поврзани со првите два, од последните осумнаесет часови кои не очекуваат во идниве 5 месеци.

Рандом слика, онака, за инает!
Со оглед на тоа што LOST е серија која е различна од сите други кои досега сме имале можност да ги видиме, и сите други кои ЌЕ имаме можност да ги видиме, фановите ќе мора да имаат на ум неколку правила кои ќе треба да ги применуваат и во обичниот живот.
Ете, сега знаете како фан на Lost како треба да си го организирате и живеете животот. Искрено, немам појма од каде ми дојде инспирацијата за овој пост, но добредојдена е.
П.С. Гајле ми е дали ви се допаднал постов или не, јас важно си се „испукав“.
Поздрав до сите и ви посакувам убав (распуштен) викенд!

Интервју со Digital Spy:
Демон Линделоф призна дека фановите на Lost нема да добијат одговори на прашањата за Островот.
Претходно, извршниот продуцент им ветуваше на фановите дека ќе добијат повеќе одговори за серијата во премиерата на шестата сезона отколку во сите пет сезони претходно.
Како и да е, Линделоф вели дека овие прашања нема да бидат поврзани со митологијата на Островот.
„Има одредени прашања кои навистина ме бунат, како на пример, ’Што е Островот?’, или ’Кое е значењето на бројките?’“, вели тој за SFX.
„Ние значително ќе ви ги појасниме нејаснотиите околу бројките во последната сезона, но кој одговор би можел да биде потенцијален за ’Што значат бројките?’“
Тој додава: „Островот е место. Јас не можам да ви објаснам зошто патува низ времето, едноставно патува. Мора да го прифатите тоа.“
„Значи ние имаме намера да ви ги одговориме големите прашање, но што се однесува до прашањата поврзани со самиот Остров, ќе има прашања кои ќе останат неодговорени и по крајот на шоуто.“
Иако е прерано за да се дискутира на оваа тема, сепак би рекол дека е по малку разочарувачки пристапот на продуцентите во однос на можеби и најважното прашање кое ги преокупира фановите на Изгубени. Верувам дека ако сакаат, Дарлтон можат да ни одговорат на погорното централно прашање од митологијата на шоуто, но веројатно сакаат да ја задржат мистеријата која на прво место и не навлече на LOST. Како и да е, пак ќе кажам дека е прерано за да се дискутира на оваа тема.
Очекувам ваши коментари.
П.С. Ако се сеќавате, слични најави имаше Линделоф и за бројките, а сега се чини дека истите ќе ни бидат одговорени!
Најпрвин им се извинувам на сите фанови на Изгубени од Македонија кои вчера ја чекаа премиерата на петтата сезона на А1. Се испостави дека сепак, истата, ќе биде прикажана идниот вторник наместо овој. Вчера, како што веќе знаете беше прикажано клип-шоуто “Destiny Calls“, во која ретроспективно имавте можност да ги видите настаните од минатите четири сезони. Иако грешката не беше од моја страна направена (сепак, никаде, дури ни на сајтот на А1 немаше информација што точно ќе биде пуштено!), сепак чувствувам вина која се надевам дека ќе ми ја простите!
Со оглед на тоа што во последниве неколку денови повторно нема многу вести за Изгубени (ова е очигледно последното затишје пред бурата наречена премиера!), се одлучив да поставам неколку забавни клипчиња кои исто така ќе ве потсетат на настаните од сите минати сезони од LOST. (а и ќе насмеат во меѓувреме!) Уживајте!
LOST: Untangled special
LOST in 8:15
Поздрав до сите и Среќна Стара Нова Година!!!
Последниве неколку денови во јавноста излегоа повеќе промотивни слики за шестата сезона на LOST, кои од некоја чудна причина имаат нешто премногу… темно во себе.
Се надевам дека уживавте во мини фото-галеријава.
Не заборавајте – вечерва во 21:30 на А1 – премиера на петтата сезона!!!
Како што веќе бевте известени уште минатата недела, утре на А1 ќе биде конечно прикажана премиерата на петтата сезона на Lost. За некои ова е добра вест, но за мене – ништо посебно. Кога една наша телевизија ќе откупи некоја серија ПРЕМИЕРНО, додека истата се прикажува и во САД (нешто кое се позачестено се случува во Бугарија, Хрватска, а за Грција воопшто и да не збориме!), е тогаш ќе кажам дека заслужиле аплауз.
Нејсе, најважно е дека сега фановите на Lost кои не беа во можност да ја симнат петтата сезона досега, ќе имаат можност истата да ја изгледаат на А1 во наредниве 17 недели. Ве очекуваат 17 возбудливи часа акција, мистерија и многу, многу одговори на многу ваши прашања… за разлика од минатите сезони кога имавме повеќе прашања! Бидејќи наскоро започнува шестата сезона на Изгубени, оние кои ќе ја следат петтата сезона на А1 ќе можат да дискутираат за истата (доколку сакаат и имаат време секако) на форумот.

Премиерата на петтата сезона е 87-мата епизода од серијата, за првпат прикажана на 21. јануари 2009 година, на ABC.
Џек и Бен се обидуваат да ја соберат заедно старата дружина од Островот (Oceanic Six) за да се вратат на Островот, додека пак преживеаните кои се останати на Островот ќе започнат да доживуваат чудни патувања низ времето по „поместувањето“ на истиот.
Повеќе тука: http://forum.lostmk.com/forum-f4/topic-t316.htm
Но, она што изненадува во последниве неколку денови, не е неочекуваното појавување на Изгубени во програмата на А1, туку уште пошокантните новости кои ни ги понуди нашиот јаден, односно јавен сервис МТВ! Не знам колкумина од Вас се известени, но од некоја непозната причина луѓето кои работат во оваа телевизија се одлучиле да откупат неколку серии и реални шоуа, од кои најголема вест е откупувањето на The Wire (Прислушкувачите), серија која критичарите ја имаат прогласено за најдобра.
Во истата има настапувано и Мајкл Емерсон (Бен), кој дури и добил ЕМИ награда за својата улога!
The Wire (Прислушкувачи) е полициска драма/акција прикажувана на ТВ каналот HBO составена од пет сезони со вкупно 60 епизоди (по 12 секоја), прикажувани од 2. јуни 2002 па се до 9. март 2008. Креатор, продуцент и сценарист на самото шоу е поранешниот полициски офицер Дејвид Симон.
Секоја сезона на The Wire се фокусира на различни аспекти од животот во градот Балтимор. На пример, во првата сезона, серијата примарно се задржува на трговијата со дрога, во втората со пристанишниот систем, во третата со градската влада и бирократијата, во четвртата со училишниот систем и во петтата со локалните медиуми. Екипата на серијата генерално се состои од актери кои не биле воопшто прославени со своите претходни улоги.
Секој вторник, среда и четврток на МТВ1 во 22:00! Премиера утре!!!
Повеќе информации тука: http://forum.lostmk.com/forum-f12/topic-t568.htm#8115
Тоа е тоа за денеска. Чувствувајте се слободни за да прокоментирате на една од погорните две теми: премиерата на петтата сезона на А1 и премиерата на The Wire на МТВ!
Кој според Вас треба да добие бел, а кој црн бумбар!?
))
За среќа, само во универзумот на Scrubs!
Еве една сцена од погоре-спомнатиот ситком во која главна улога игра некој „забеган“ фан на Lost.
Иако, мора да се признае дека како за фан на Изгубени типов е глупав. Кој би поверувал во вакво нешто на неколку денови пред премиерата на последната сезона!? Во ред, во ред, знам дека е серија!
Кога веќе ја спомнав премиерата, дали сте свесни дека истата ни пристига за точно 23 дена? До мене е или атмосферата се вжештува?!
Она што Македонија не знае да го цени, го цени светот!
LOST денеска успеа да издвојува една огромна победа над најмоќниот човек во светот – претседателот на САД – Барак Обама. Својата телевизиска слава и моќ која LOST ја негува со години, беше главната причина што истиот „господар“ на светот е приморан да ја одложи својата конференција закажана претходно за 2.2.2010.
И додека во Македонија сите се возбудени околу доаѓањето на Шехерезад и Онур (кои се едноставно вчудовидени што некој толку се потресува околу нивната серија!), таму некаде, на другата страна од големата бара – одекнува славното име на LOST!
Фанови на Изгубени – чувствувајте се привилегирани што ја следите оваа серија! Не е мала работа директното спомнување на „Изгубени“ во официјалниот извештај на секретарот на САД и главниот консултант на Обама, Роберт Гибс. Впрочем, не верувам дека некоја друга серија која се прикажува во моментов во светот може да се пофали со вакво нешто!
Хејтери – пукнете од мака!

Не знам дали досега дознавте, но претседателот на САД – Барак Обама, размислувал да направи посебна прес-конференција во текот на идниве неколку недели. Како дати на кои е возможно да се одржи ова обраќање до народот на Обама, се спомнуваат 26. јануари и 2. февруари!
Да, токму така, втори февруари – денот на кој ја очекуваме премиерата на последната сезона на Изгубени!
Телевизијата ABC веќе го изрази своето незадоволство, не само против можноста Обама да ја одржи конференцијата на 2.2. (што би значело пролонгирање на премиерата на Lost), туку и поради тоа што ваквите конференции се се’ позачестени во последно време (минатата година имаше 4-5, но тоа не е важно сега)…
Иако е прилично сигурно дека Обама ќе биде приморан да ја одложи својата конференција ПО 2.2, или евентуално да ја закаже пред оваа дата, сепак, би било добро да изразиме поддршка до Lost со тоа што ќе „изџивџаме“ еднаш дека ја поддржуваме акцијата ПРОТИВ одржување на конференцијата на нашиот изгубен т.н. „ден Д“. Сите кои се спремни да го сторат тоа, нека се осигураат да го напишат по својата порака на Twitter следново #NoStateOfUnionFeb2.
Во Лостосферата, како што забележувате, уште завчера беше покрената акција.
Obama: You DON’T Wanna Mess With This Guy!!!
Касно вечерва, дописникот на Обама преку Твитер објави дека конференцијата нема да се случи на вечерта на која ќе биде премиерата на последната сезона од Lost.
Како знак за благодарност, продуцентите Демон Линделоф и Карлтон Кјус му ветија на американскиот претседател дека ќе му одговорат на било кое прашање кое тој го има за мистериите од Lost!
Кое прашање би го поставиле Вие?!
Во последно време во мода се некои ново-измислени-дебилни-пораки за „среќна и бериќетна“ Нова Година. Еве што добив јас на пример од еден пријател на Фејсбук како Новогодишна честитка во мојот драгоцен “inbox”:
Во 2010 очите да ти светат како на Шехерезад, да имаш пријателка како Бену, некој да те сака како Онур, да бидеш мудра како Надинан, некој да те сонува како Керим, да не бидеш злобна како Фусун, пази да не наеб*ш како Гансел. На крај ти посакувам бајката од 1001 Ноќ да ја живееш со некој како господин Бурхан!
Инспириран од оваа неинспиративна порака, еве и јас составив една за Lost!
Во 2010 ти посакувам да владееш со светот како што Џејкоб и неговиот непријател владеат со Островот, да си фатиш девојка како Ката/дечко како Соер, да бидеш постојано насмеан и расположен како Харли, да знаеш да се снајдеш во било каква незгодна ситуација како Бен, да бидеш добродушен како Џек, да не се заморуваш премногу со Физика како што тоа го прави Фарадеј, да правиш убави макети како Алперт, да си ги почитуваш ближните како Дезмонд што си ја почитува својата сакана и единствена Пени и секако да лупаш по атомски бомби како Џулиет!
Одлична Новогодишна честитка, зарем не? За жал ќе мора да почекаме до наредната година за да ја рашириме… сега не е повеќе „тренди“, поминаа празниците…
Тоа не значи дека не смеете, ако немате попаметна работа, да ја искористите поракава!
Патем, кога сте веќе на блогов, еве една интересна реклама со харизматичниот Хорхе Гарсија (Харли):
Среќен Божиќ на сите!
Се надевам дека Ви се падна паричката, а и да не Ви се падна, не е дека сте изгубиле нешто драгоцено… Инаку, со оглед на тоа што е празник и на никој не му се „дрви“ за нешто, се одлучив да постирам една анкета, онака за релаксација…
Прашањето е – што би гледале уште утре ако сте во можност – премиерата на шестата сезона или пак финалето!?
Поздрав
П.С. Што мислите за банерот? Добар ли е?
Се надевам дека се забавувавте во текот на изминативе две недели… Денеска и официјално ги затвораме Новогодишните и Божиќните специјални изданија на „Медалот на честа“. Знаете како викаат, сите добри работи мора некогаш да завршат. Овој пост е продолжение на оној од пред два дена. Уживајте!
Најдобра „трага“ (hint/clue) за изминатата деценија – Лок не е Лок!![]()
Одговорот беше постојано тука, пред нас, но никој не сакаше да ја прифати горчливата вистина. Сите фанови на Изгубени, вклучувајќи ги и оние кои речиси и да не го поднесуваат Лок органски, едноставно не можеа да си поверуваат на очите кога го видоа повторно во проклетиот сандак – МРТОВ по ВТОР пат, во финалето на петтата сезона! Иако Lost одамна се докажа како „невозможна“ серија, сепак малкумина беа доволно паметни за да ја согледаат вистината уште во првиот миг кога „Лок“ „оживеа“. Неговото однесување беше толку лудачко, што стариот Лок во тие моменти ни изгледаше на пиле.
Се прашувате ли од каде се трагите дека некој друг навлегол во телото на Џон? Одговорот лежи во крајот на епизодата Dead is Dead…
Најдобар актер за изминатата деценија – Тери О’ Квин
Ах, Тери, Тери. Што им направи!? Не ли ти беа доволни сите досегашни награди, па и оваа да им ја земеш на своите Изгубени другарчиња!? Оваа горенаведена категорија е толку досадна и лимитирана, што веќе не ми се ни дискутира за истата. По некоја случајност, повторно се мислев помеѓу Мајкл Емерсон (Бен) и Тери О’ Квин (Лок), но и овојпат главен фактор за победата на Тери (слично како и во категоријата за најдобар лик од изминатата деценија) беше тоа што типот е присутен во серијата две години повеќе од Емерсон. Во секој случај, не е потребно да нагласувам дека и двајцата се еднакво добри како актери. Тоа беше доволно изразено на овие награди. Во иднина можеби ќе треба да размислам да воведам категорија за најдобар актер/лик од Изгубени НЕ вклучувајќи ги Мајкл Емерсон (Бен) и Тери О’ Квин (Лок).
Најдобра епизода од изминатата деценија – The Constant![]()
Пред да ме распнете на крст, само да Ве предупредам дека оваа категорија е доста субјективна и зависи најмногу од Вашиот личен вкус. Како и да е, досега не сум сретнал ниту еден изгубен фан кој ми рекол дека The Constant не му се допаднала. НИТУ ЕДЕН. Секако, истото можеме да го кажеме и за низа други епизоди од Lost (на пример Through the Looking Glass, Pilot, Live Together Die Alone…), но затоа пак за сите овие не можеме да кажеме оти имаат најголем рејтинг кај DarkUFO!
Што се однесува до самата епизода, тие четириесет минути на мене ми летнаа како четири секунди. Од првото прикажување па до ден-денеска The Constant ја имам гледано повеќе од 10 пати и никогаш не ми здосадила во текот на гледањето. Тоа беше перфектно изработен спој на изгубено-забеганата научна-фантастика, драмата и љубовта. Телефонскиот разговор помеѓу Пени и Дезмонд на крајот од епизодата се’ уште го сметам за најдобра сцена досега. And this… brings us to another category!
Најдобра сцена за изминатата деценија – We have to go back!
Не, не сум политичар и не заборавам што сум кажал (пишал) само неколку секунди претходно. Цврсто стојам на ставот дека Дез/Пени повикот од The Constant е најдобрата сцена од Lost досега, но за жал повеќето фанови не го делат моето мислење. Искрено, дури и да го делеа моето мислење, немаше таа сцена да ја одберам за најдобра. Зошто? Бидејќи “we have to go back” е слоганот според кој сите кои се „забегани“ по Lost, но и сите кои едвај слушнале за Lost ја препознаваат серијата. И не само тоа! Серијата уште од првата епизода е позната низ светот (и пошироко) по своите превртливи и OMG (О, Боже!) краеви (заплети). Па, не ни постои поWTF крај на било која епизода од овој, така што…
Најдобра сезона за изминатата деценија – првата
И конечно дојде време за последната категорија на пред-Божиќното издание на „Медалите на честа“! Претпоставувате што ќе напишам, нели? Ова е уште една жешка и субјективна категорија … бла бла бла … сите си имаат свој став … бла бла бла … се надевам дека нема да ми го викнете Чудовиштето, но јас ја одбрав првата сезона … бла бла бла!!!
Но, бидејќи викаат дека една слика милион зборови вреди, еве јас ќе ги послушам умните глави и ќе го сторам токму тоа… ќе поставам слика!
Им благодарам на сите редовни читатели што ме следеа и ми ги прочитаа изминатите четири ЕКСКЛУЗИВНИ постови, како и на оние кои само ми дадоа морална поддршка со еден клик.
Поздрав до сите и… Ви посакувам убава Коледарска ноќ!
За дискусија:
- кои се Вашите фаворити во погорните пет категории?!
- предложете иден/идни медал/и на честа!
