Се надевам дека се забавувавте во текот на изминативе две недели… Денеска и официјално ги затвораме Новогодишните и Божиќните специјални изданија на „Медалот на честа“. Знаете како викаат, сите добри работи мора некогаш да завршат. Овој пост е продолжение на оној од пред два дена. Уживајте!
Најдобра „трага“ (hint/clue) за изминатата деценија – Лок не е Лок!![]()
Одговорот беше постојано тука, пред нас, но никој не сакаше да ја прифати горчливата вистина. Сите фанови на Изгубени, вклучувајќи ги и оние кои речиси и да не го поднесуваат Лок органски, едноставно не можеа да си поверуваат на очите кога го видоа повторно во проклетиот сандак – МРТОВ по ВТОР пат, во финалето на петтата сезона! Иако Lost одамна се докажа како „невозможна“ серија, сепак малкумина беа доволно паметни за да ја согледаат вистината уште во првиот миг кога „Лок“ „оживеа“. Неговото однесување беше толку лудачко, што стариот Лок во тие моменти ни изгледаше на пиле.
Се прашувате ли од каде се трагите дека некој друг навлегол во телото на Џон? Одговорот лежи во крајот на епизодата Dead is Dead…
Најдобар актер за изминатата деценија – Тери О’ Квин
Ах, Тери, Тери. Што им направи!? Не ли ти беа доволни сите досегашни награди, па и оваа да им ја земеш на своите Изгубени другарчиња!? Оваа горенаведена категорија е толку досадна и лимитирана, што веќе не ми се ни дискутира за истата. По некоја случајност, повторно се мислев помеѓу Мајкл Емерсон (Бен) и Тери О’ Квин (Лок), но и овојпат главен фактор за победата на Тери (слично како и во категоријата за најдобар лик од изминатата деценија) беше тоа што типот е присутен во серијата две години повеќе од Емерсон. Во секој случај, не е потребно да нагласувам дека и двајцата се еднакво добри како актери. Тоа беше доволно изразено на овие награди. Во иднина можеби ќе треба да размислам да воведам категорија за најдобар актер/лик од Изгубени НЕ вклучувајќи ги Мајкл Емерсон (Бен) и Тери О’ Квин (Лок).
Најдобра епизода од изминатата деценија – The Constant![]()
Пред да ме распнете на крст, само да Ве предупредам дека оваа категорија е доста субјективна и зависи најмногу од Вашиот личен вкус. Како и да е, досега не сум сретнал ниту еден изгубен фан кој ми рекол дека The Constant не му се допаднала. НИТУ ЕДЕН. Секако, истото можеме да го кажеме и за низа други епизоди од Lost (на пример Through the Looking Glass, Pilot, Live Together Die Alone…), но затоа пак за сите овие не можеме да кажеме оти имаат најголем рејтинг кај DarkUFO!
Што се однесува до самата епизода, тие четириесет минути на мене ми летнаа како четири секунди. Од првото прикажување па до ден-денеска The Constant ја имам гледано повеќе од 10 пати и никогаш не ми здосадила во текот на гледањето. Тоа беше перфектно изработен спој на изгубено-забеганата научна-фантастика, драмата и љубовта. Телефонскиот разговор помеѓу Пени и Дезмонд на крајот од епизодата се’ уште го сметам за најдобра сцена досега. And this… brings us to another category!
Најдобра сцена за изминатата деценија – We have to go back!
Не, не сум политичар и не заборавам што сум кажал (пишал) само неколку секунди претходно. Цврсто стојам на ставот дека Дез/Пени повикот од The Constant е најдобрата сцена од Lost досега, но за жал повеќето фанови не го делат моето мислење. Искрено, дури и да го делеа моето мислење, немаше таа сцена да ја одберам за најдобра. Зошто? Бидејќи “we have to go back” е слоганот според кој сите кои се „забегани“ по Lost, но и сите кои едвај слушнале за Lost ја препознаваат серијата. И не само тоа! Серијата уште од првата епизода е позната низ светот (и пошироко) по своите превртливи и OMG (О, Боже!) краеви (заплети). Па, не ни постои поWTF крај на било која епизода од овој, така што…
Најдобра сезона за изминатата деценија – првата
И конечно дојде време за последната категорија на пред-Божиќното издание на „Медалите на честа“! Претпоставувате што ќе напишам, нели? Ова е уште една жешка и субјективна категорија … бла бла бла … сите си имаат свој став … бла бла бла … се надевам дека нема да ми го викнете Чудовиштето, но јас ја одбрав првата сезона … бла бла бла!!!
Но, бидејќи викаат дека една слика милион зборови вреди, еве јас ќе ги послушам умните глави и ќе го сторам токму тоа… ќе поставам слика!
Им благодарам на сите редовни читатели што ме следеа и ми ги прочитаа изминатите четири ЕКСКЛУЗИВНИ постови, како и на оние кои само ми дадоа морална поддршка со еден клик.
Поздрав до сите и… Ви посакувам убава Коледарска ноќ!
За дискусија:
- кои се Вашите фаворити во погорните пет категории?!
- предложете иден/идни медал/и на честа!



0 коментари:
Објави коментар