недела, 28 февруари 2010 г.

Рејтинг (28.02.2010)

Заокруживме уште еден успешен месец за Изгубени, прв од последните четири во кои ќе ја добиеме конечната разврска во серијата. Се чини дека на рејтинг листата месецов имаше многу повеќе изненадувања од претходно, а последното изненадување е секако импресивниот резултат кој Lighthouse го има – со 4,63 рејтинг – со што си обезбеди влез во топ 15 друштвото на епизоди од последните три сезони (почнувајќи од четвртата па навака). The Substitute исто така се искачи малку повеќе на листата и сега има 4,46 рејтинг, но сепак е далеку далеку зад LA X и последната епизода. Ова е дефинитивно најголемото изненадување за месецов, барем за мене. Очигледно е дека на блогов многу повеќе фанови преферираат епизоди кои имаат прво-сезонски филинг… или барем така ми се чини?! What Kate Does и понатаму останува (заслужено) на дното на табелата…

Рејтинг по епизоди

Рејтинг на епизодите од шеста сезона само:
Шеста сезона рејтинг

Просечен рејтинг по сезони:
1) Петта сезона – 4.59
2) Четврта сезона – 4.52
3) Шеста сезона – 4.25

сабота, 27 февруари 2010 г.

Паника во Хаваи!

Најнова информација – за среќа се’ помина добро во Хаваи!!! Екипата на LOST е ALIVE and KICKING, така што нема да има проблеми да се досними крајот на шестата сезона. ;)

Update: цунамито ќе го погоди Хаваи во 11 часот по локално време, или околу 22 часот навечер по наше време. До тогаш, молете се се’ да испадне добро со Изгубените, но и со луѓето кои живеат таму… тоа е се’ што можеме и да направиме за нив во моментов!

Да се надеваме дека екипата на LOST ќе успее да го преживее овој црн ден!!!

Сирените се огласија уште в 6 часот наутро по локално време во Хаваи откако катастрофалниот земјотрес од 8.8 степени по Рихтеровата скала го погоди Чиле и сега претставува закана за можно цунами, со цел луѓето кои живеат близу до брегот на Пацификот да имаат време да ги напуштат своите домови пред тоа да биде предоцна…

Сегашните прогнози велат дека е можно да се случи цунами да го погоди брегот на Хаваи, чиишто бранови би биле околу 2 метри, повеќе или помалку големи… Покрај Хаваи, во опасност да бидат погодени од цунами се и бреговите на Пацификот во Канада, Русија, Јапонија, или поточно речено сите оние земји кои излегуваат на Пацификот.

Колку за потсетување, Хаваи е местото на кое што се снимаат Изгубените, а исто така тука се сместени и голем број од актерите во екипата на Lost…

Повеќе за оваа вест тука: http://edition.cnn.com/2010/WORLD/americas/02/27/chile.quake.hawaii/index.html

петок, 26 февруари 2010 г.

Lighthouse (теории)

Помина доста време од последната Џек-центрична епизода. Ако добро се сеќавам, последниот пат кога имавме можност да го видиме стариот добар Џек во главниот фокус на вниманието беше пред безмалку цела година – во (барем за мене) една од најдобрите епизоди в минатата сезона, 316.

Она што е фасцинантно е колку оној Џек од минатата сезона се разликува со сегашниот Џек од новата сезона. Уште пофасцинантно е како истиот тој карактер кој ако нешто мразеше во својот живот, беше односот кој го имаше со својот татко, ја сфати црната вистина – дека ненамерно започнува да се претвора во бледата искривена слика ТОКМУ на истиот тој негов татко. Лесно е да се направи некој лик херој, но тешко е истиот тој да изгледа толку реално на малите екрани. Ретки се сценаристите кои можат да сторат вакво нешто. Мислам, доволно е да направите споредба на Џек Бауер (од 24) со „нашиот“ Џек за да ми ја сфатите поентата… ;)

Генерално земено, ова беше уште една одлична сетап епизода. Немаше акција, но на епизодите од ваков тип, не им е ни потребна акција. Lighthouse го имаше најважното нешто во себе – ДУША, а без константното присуство на Харли и Џек во овие засега последни 40 минути од шоуто тешко дека ќе се постигнеше вакво нешто…

Мајлс ја знае вистината!
Сега е веќе повеќе од јасно дека Клер умре во онаа експлозија на куќите во селото на DHARMA во “The Shape of Things to Come”. Со оглед на тоа што Саид беше „завземен“ од темната страна веднаш по својата смрт, можеме да претпоставиме со 99,48 проценти сигурност дека главниот предуслов за нечие тело/душа да биде искорумпирана од Флок, непријателот на Џејкоб, е токму тоа – смрт, па одеднаш „оживување“.

Веројатно тоа сакаше и да ни го каже Мајлс во премиерата со оној хорор поглед кој го упати кон тогаш се’ уште мртвото тело на Саид. Впрочем, неговиот поглед има уште поголема смисла ако се знае дека уште две сезони претходно тој слично нешто имаше можност да види и во случајот со Клер. И тогаш, ако ве држи добро меморијата, ќе се сетите колку Мајлс се однесуваше чудно во нејзино присуство. Слична е ситуацијата и сега. Ова е веројатно доволен показател дека што и да е вгнездено во душите на Саид и Клер, далеку е од добро нешто!

Еве неколку интересни слики превземени од “Something Nice Back Home“, епизодата во која Клер исчезна… Обрнете внимание на Мајлс!

Мајлс гледа во Клер (4x10)Мајлс гледа во Клер 2 (4x10)

А, и уште еден интересен цитат исто така од четвртата сезона, овојпат од “The Shape of Things to Come”:
Клер: (по експлозијата, одговарајќи на прашањето дали е добро) Yeah, a bit wobbly, but, uh, I’ll live.
Мајлс: Well, I wouldn’t be too sure about that.

Во тоа време ова беше обичен цитат, но гледано од сегашна перспектива, можеби било и хинт, кој знае?!?

Кристијан Шепард – сепак жив?!
Помина доста долго време откако го видовме за последен пат таткото на Џек во Lost, иако во шестава сезона е постојано спомнуван, на ваков или онаков начин, во оваа или онаа реалност. Она што мене навистина ме збуни во епизодава беше тврдењето на Клер дека најпрвин нејзиниот татко ја убедил оти Арон бил киднапиран од страна на Другите, а ДУРИ ПОТОА и нејзиниот пријател.

Да, знам, Клер е новата Русо, а сите знаеме колку Русо беше „мрдната“ од… хмм, од сешто, но ако ништо барем сигурни сме дека таа не лажеше за нејзиниот пријател… Што значи дека многу е веројатно дека не лаже ниту за појавувањето на својот татко на Островот. Иако сум повеќе од сигурен дека оваа мистерија ќе ни биде многу лесно разрешена во некоја од наредниве епизоди, сепак ќе се обидам да дадам одговор уште сега на ова прашање кое верувале или не се развлекува во целосниот тек на серијата!!!

Ние го видовме постариот Шепард за првпат во “White Rabbit”, петтата епизода од првата сезона, кога Џек со часови го бркаше духот (духот?) на својот мртов татко на Островот. Оваа нивна несекојдневна средба како што знаете беше адресирана и во новата епизода. Тука секако дека постои некоја поврзаност, не верувам сценаристите колку за онака да ни ја дадоа онаа сцена со Адам и Ева (за неа малку подоцна ќе се навратиме повторно!). Што значи ова? Па, ништо. Се’ уште може да се каже дека постојат две опции: или во еден период телото на Кристијан да било завземено од непријателот на Џејкоб (како што е сега случајот со телото на Лок), или пак тој да бил оживеан на сличен начин како што оживеаја и Саид и Клер.

Бидејќи лани во исто време ги видовме „Лок“ на Хидра Островот и Кристијан Шепард во DHARMA селото, јас ќе се обложам на втората теорија!… Секако, се’ уште не ја исклучувам ниту првата, од едноставна причина што до овој миг не сме сигурни како точно Флок функционира, и дали може да биде навлезен во повеќе од едно тело… Очекувам многу ваши мислења на оваа тема исто така!

Адам и Ева… повторно и повторно и… ПОВТОРНО!
Ако нешто оваа сезона сфативме, тоа е дека секој цитат ќе биде важен. Таков беше случајот со премиерата, а таков ќе биде и со остатокот од сезоната. Ако не се согласувате со мене, тогаш очекувам да ми дадете барем три примери од минатите 5 сезони каде што доживеавме да слушнеме нешто од типот на „извини што мораше да ме видиш таков“ (Лок, откако се претвори во Чудовиште).

Токму затоа, сметам дека коментарот на Харли за двата скелета од пештерите и те како треба да се сфати како сериозен. Во ред, не треба да се претерува и да се кажува оти скелетите потекнуваат уште од времето на диносаурусите, но делот со патување низ времето и завршувањето на својот живот во минатото не верувам дека е само една шала приредена од страна на Дарлтон!

А, и кога сме веќе на оваа тема, досега Роуз и Бернард ги видовме само во алтернативната реалност. Нешто смрди тука зарем не? Погодувате ли? Да, се’ уште мислам дека тие двајца се Адам и Ева, и дека го завршиле својот живот токму на начинот кој ни го опиша Харли!!!

Двете реалности се поврзани. И точка.
Се надевам дека досега го сфативте ова. Ако не, тогаш ви нема поправка.

Прашањето на Џек во врска со слепото црево е уште еден од низата хинтови на оваа тема. Сепак, нештото кое и дава голема тежина на алтернативната реалност е фактот што истите луѓе кои ги гледаме на Островот во сегашноста, се дел од „вистинскиот“ живот во паралелниот универзум! И да, најмногу изненадува што ова не е случајот само со преживеаните од летот 815, туку и со некои важни „фаци“ во хиерархијата на Другите, како Бен (кој се чини дека е професор), како и Доген (кој слично како и Џек има свој син…)

Очигледно е дека сцената со потопениот Остров од премиерата ќе биде од големо значење, но какво точно, веројатно ќе дознаеме дури при самиот крај на серијата…

Светилникот
Дојде време и за самиот светилник, кој што беше и главниот дел од оваа епизода. Како што сите од Вас веќе сигурно знаат, Џејкоб истиот го користел за да ги набљудува своите кандидати. Да, многу чудно дури и за LOST стандардите, но истовремено и кул…

Имав одредени недоумици кога првпат ја гледав епизодата за кандидатот со број 108 (Волас), но по второто гледање сфатив дека оваа цифра Џејкоб му ја кажа на Харли од прва рака, да не речам рандом… Кристално јасно е дека главната цел на Џејкоб беше Џек да ја осознае вистината за своето доаѓање на Островот.

Кога веќе ги спомнав Џек и Харли, очекувам двајцава да испаднат исклучително важни фигури во штотуку започнатата војна на Островот. Сепак, се зависи од тоа дали Џек ќе го положи „тестот“ на Џејкоб или не. Харли е оној пак кој ќе биде тука за да ги пренесува инструкциите на Џејкоб… Можеби токму ова и ќе биде клучот за разврската во серијата – на крајот Џек ќе ја завземе позицијата на Џејкоб и некако ќе успее да го оствари својот дамнешен план – за „ресетирање“ на сите настани случени на Островот?!

Како и да е, малце забегав вон контекст. Она што сакав да го допишам во врска со светилникот е дека истиот уште повеќе ни го доближи одговорот за бројките. Дали е возможно иститеда биле САМО едни обични степени за сите 360 кандидати???

Џејкоб vs. Флок
Во последно време се повеќе забележувам одредена „претпазливост“ помеѓу фановите на Изгубени кога се дискутира на оваа тема. Во теориите од минатата недела спомнав дека главната тема во серијата е борбата помеѓу доброто и злото, што е секако вистина, иако не треба да се занемари фактот дека Lost е комбинација на повеќе мотиви од кои најважен е токму овој кој го спомнав пред малку.

Јас сфаќам дека недостигот на одговори во секое појавување на Џејкоб на Островот е навистина иритантно, но ни малку не можам да сфатам зошто овој „тренд“ фановите го сфаќаат како лоша работа. Ако малку подразмислите, ќе сфатите дека всушност главниот подвиг т.е. карактеристика на најголемите верници во Бога (бидејќи, нели, оваа тема е чисто Библиска, сметам дека треба да имаме директна компарација со Светото Писмо, не е дека се правам сега тука експерт!) е нивното „слепо“ верување во Бог. Од друга страна, оние кои се неверни, или т.н. грешници постојано се запрашуваат во смислата на Возвишениот и бараат експресни одговори на невозможни прашања, како на пример зошто живеат, зошто би верувале во нешто кое што не го виделе итн…

Значи, од оваа гледна точка, јасно е кој е добриот, а кој е лошиот. Не може Флок кој им ветува одговори на сите од околу да биде добар, само бидејќи е отворен максимално. Неговите амбиции се далеку од добри, а за тоа доволна потврда е неговото нетрпение кон Џејкоб и неговите луѓе, чиј исход ќе го видиме каде и да е. (со оглед на тоа што сега тој со Клер ќе тргне кон Храмот)

Пред да ги затворам официјално и овонеделните теории, само да додадам дека се повеќе почнувам да верувам во теоријата дека и Флок во одреден период бил кандидат на Џејкоб. Слично како и за легендата за паднатиот ангел, Луцифер, така и тој еден ден посакал да стане владетел на светот (Островот). Во прилог на ова оди и коментарот на починатиот лидер на Другите од LA X, кој гласеше вака: “I was killed by an old friend who grew tired of my company.” Симптоматично, зарем не? :)

Со нови теории повторно идната недела! Го очекувам Вашиот коментар на денешните.

Поздрав до сите!

четврток, 25 февруари 2010 г.

Листата на Џејкоб...

Еве ја целосната листа на Џејкоб, барем од тоа што можевме да го видиме во последниве две епизоди по сцената со светилникот и карпата од The Substitute… Како што и се посомневав уште претходно, и Кејт е на оваа листа! По се изгледа за џабе се крена прашина околу овој момент минатата недела… :)

bold = лик кој го знаеме
bold + italic = лик кој го знаеме и кој е означен со еден од мистериозните броеви

4 Locke
8 Reyes
10 Mattingley
12 Foster
14 Price
15 Ford
16 Jarrah
18 Kueffner
19 Nguyen
20 Rousseau (Русо)
21 McHenry
22 Moorhead
23 Shephard
24 Kluxen (Sp?)
25 Asher
26 Bozarth
27 Doppie/Doprie
28 Holland
30 Wade
31 Toms
32 Rutherford (Шенон?)
33 Novak
34 Grimaldi
35 Brennan (дел од тимот на Русо, ако не се лажам, нејзиниот маж…)
36 Syzmanski (sp?)
37 Torres
38 Lindstrom
39 Mortoka (sp?)
40 Dowson (можеби ова е Dawson? Мајкл Доусон?!)
42 Kwon
43 Barnes
44 Martinez (не сум сигурен, но мислам дека имам слушнато за некој Мартинез во серијава.. само каде?!?)
48 Stanhope (Харпер – екс жената на Гудвин)
49 Meyers
51 Austin (Кејт)
53 Driscoll
54 Olarti
55 Kennedy
56 Hansen
58 Burke (Џулиет Бурк!?)
59 Suzuki
60 Kyska (?)
61 Davies (?)
64 Goodspeed (Итан или Хорас…?)
73 Costa
90 Troupe
101 Faraday (и Даниел е тука!!!)
102 Montand (?) (типот што ја загуби раката…)
103 Horsmann
104 Lewis (Шарлот)
106 Sragzinski (sp?)
107 Thomson
108 Wallace (дали 108 беше рандом бројка само? Волас не ми делува познато!)
109 Friendly (aka Mr. Friendly!)
111 Klein
112 Horton
113 Worden
114 Yamada
115 Bargas
116 Lambert
117 Linus (Бен)
118 Chauer
119 Almeida
120 Rodriguez
121 Nielsen
122 Freed
124 Dawson (повторно Досон? Волт?!!)
125 Owens
126 Penti
127 Mora
128 Paddock
129 Campbell (се сеќавате ли на попот со кој Дез работеше за одредено време?!)
171 Straume (Мајлс)
195 Pace (Чарли)
222 O’Toole
233 Jones
291 Domingo
313 Littleton (Клер)
317 Cunningham (убиен од страна на Видмор лани, ако се сеќавате…)
337 Martin (хмм… Кими?!?)
346 Grant

Благодарение на верните фанови кај DarkUFO листава е комплетна, колку-толку… да се надеваме дека продуцентите ќе ни ја откријат кога-тогаш целосната листа со имиња…

среда, 24 февруари 2010 г.

Lighthouse (импресии)

Што мислите за најновата епизода – Lighthouse?

Што мислите за Lighthouse (6x05)?





Quantcast

Слободно напишете ги своите импресии во вид на коментар!

Lost 6×05 (DОWNLOAD)

Линкови за симнување на најновата епизода!

Rapidshare:
http://rapidshare.com/files/354974235/kondzio-lost.s06e05.hdtv.xvid-xii.part1.rar
http://rapidshare.com/files/354974147/kondzio-lost.s06e05.hdtv.xvid-xii.part2.rar

ИЛИ

http://rapidshare.com/files/355042172/Lost.S06E05.HDTV.XviD-XII.part1.rar
http://rapidshare.com/files/355042033/Lost.S06E05.HDTV.XviD-XII.part2.rar

ИЛИ

720p
http://rapidshare.com/files/354979185/kondzio-Lost.S06E05.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part1.rar
http://rapidshare.com/files/354979288/kondzio-Lost.S06E05.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part2.rar
http://rapidshare.com/files/354979278/kondzio-Lost.S06E05.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part3.rar
http://rapidshare.com/files/354979308/kondzio-Lost.S06E05.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part4.rar
http://rapidshare.com/files/354979725/kondzio-Lost.S06E05.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part5.rar
http://rapidshare.com/files/354979627/kondzio-Lost.S06E05.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part6.rar

HotFile:
http://hotfile.com/dl/29886277/b40d4a7/lost.s06e05.hdtv.xvid-xii.part1.rar.html
http://hotfile.com/dl/29885651/8c49507/lost.s06e05.hdtv.xvid-xii.part2.rar.html

Megaupload:
http://www.megaupload.com/?d=CY6JD8ZC
http://www.megaupload.com/?d=JRAC0N4E
pass:areg

X.7:
http://x7.to/g6feup/lost.s06e05.hdtv-ultramovie.org.part2.rar
http://x7.to/qhg4gn/lost.s06e05.hdtv-ultramovie.org.part1.rar
pass:areg

Storage.to:
http://www.storage.to/get/7YKur51K/lost.s06e05.hdtv-ultramovie.org.part1.rar
http://www.storage.to/get/ufxdfpsk/lost.s06e05.hdtv-ultramovie.org.part2.rar
pass:areg

Freakshare:
http://freakshare.net/files/c2zxgbrw/lost.s06e05.hdtv-ultramovie.org.part2.rar.html
http://freakshare.net/files/8svcle8k/lost.s06e05.hdtv-ultramovie.org.part1.rar.html
pass:areg

Netload:
http://netload.in/dateiJrvmPrXWI5/lost.s06e05.hdtv-ultramovie.org.part2.rar.htm
http://netload.in/dateiHoStHKF5OT/lost.s06e05.hdtv-ultramovie.org.part1.rar.htm
pass:areg

Единечни линкови:
NetFolder
HotFile
Netload
X7
Storage.to

Торенти:
Zamunda
EZTV

Преводи:
Македонски (во исчекување на некој јунак!)
Српски/Хрватски
Англиски

Потсетување: не се дозволени спојлери на овој пост!

вторник, 23 февруари 2010 г.

Lost 6×05 во живо!

Во случај да заборавивте, вечерва ве очекува уште една вечер без сон! :)

Петтата епизода од шестата сезона започнува со емитување во 3 часот по полноќ. Линкови за преносот во живо ќе можете да најдете на блогов нешто после два. Се читаме тогаш!!! ;)

LIVE STREAMS

HD – Veetle
http://veetle.com/viewChannel.php?cid=4b80bed02621a

boJABERtv
http://www.freedocast.com/ayshayayshay
лозинка: littleton

http://www.freedocast.com/TrAsHYoUrTv2

TVPC
http://www.tvpc.com/Channel.php?ChannelID=2119

ATDHE
http://www.atdhe.net/tv/watch_abc.html

Ако имате некој добар стрим, слободно напишете го во коментари па ќе го поставам тука…

понеделник, 22 февруари 2010 г.

Официјален аудио подкаст: 22 февруари 2010

Извршните продуценти Демон Линделоф и Карлтон Кјус дискутираат во врска со бројките, Клер, зомбија и т.н. Flash Sideways (алтернативната реалност). Внимание: подкастот содржи и неколку мали спојлери поврзани со идната петта епизода од шестата сезона! Доколку не сакате да дознаете нешто во врска со она што ќе го видиме утре вечер, не го пуштајте аудиото. ;)


Линк за симнување на подкастот.

Кога сме веќе на блогов, еве и една интересна слика. :)

Not YOU Kate!!!
[Извор: Thewunderblog.com, FuckYeahLOST]

А, и еве уште еден рандом, но прилично интересен линк каде што е поставена листата на Џејкоб од The Substitute

недела, 21 февруари 2010 г.

Војната на Островот, всушност борба за живот?! (Теории на Мики)

Ова се теории на македонскиот блогер Мики, познат под псевдонимот Измамник.
http://con.blog.mk

>Лок во алтернативниот универзум.

Епа ајде и јас да почнам со пишување теории…Ќе започнам со овој дел од феноменалната епизода. Значи незнам дали забележавте но Лок некако многу чудно се понашаше во овој алтернативен универзум. Како прво, Лок станал голем НЕверник, тоа може да се забележе во неколку моменти од епизодата како на пример во разговорот со Хелен во врска со посетувањето на клиниката на Шепард, или пак кога кажа дека не верува во чуда, значи Џон веќе не верува во СУДБИНА. Ова и до некаде е разбирливо, но неможев никако да го сватам моментот како Лок лесно го прифати предлогот на Роуз да бара друга работа, а при тоа да не го каже фамозното: Не ми кажувај што не можам да направам. На Лок му се случуваат неверојатни работи во мал временски период, на пример беше отпуштен а одма потоа го сретна Харли кој му понуди одличен предлог, мислите дека ова е случајност…не не не…Судбина пријатели…Но Лок го прифаќа фактот дека е во количка и не сака да го промени, па на крај го сретнува Бен. Сето ова ми е чудно бидејќи само недела порано, додека беше во Австралија беше многу повеќе решителен и голем верувач…Како би го објаснил сето ова, појма немам но мојот мозок размислува дека Лок е променет исто како и останатите преживеани кои безбедно ги поминаа турбеленциите. Сума сумарум, единствена разумна теорија ми е оваа, значи кривец се турбуленциите, истите оние кои го срушија авионот на островот, и повторно сега во негативна смисла делува, така што тотално го смени карактерот на Џон Лок.

>Мртвиот Лок е закопан

Илана го собира „правот„ од штотуку умрениот џејкоб. Чудно! Таа најверојатно би го употребила правот против чудовиштето како одбрана(исто како и Бред во премиерата). И повторно го видовме Бен како лаже, но затоа пак во исто време ја откри својата кривица за смртта на Лок. Е сега не мислев да ви ја прераскажувам епизодата тука да стасаме до разговорот меѓу Илана и Бен додека го носеа телото на Лок да го закопуваат. Да, прегледајте го тој разговор уште еднаш… Мојата теорија гласи дека: Илана и компанија го носат телото на Лок да го закопуваат бидејќи ако телото е закопано, Есау нема да може да влезе во него. Е сега тука е проблемот, како што заклучив Есау неможе да влезе во закопани мртви тела(Лок, Кристијан и Јеми не беа закопани кога Есау влезе во нивното тело) но тој е веќе влезен во мртвото тело на Лок(во моментот на влегување не бил закопан), кој ќе го закопуваат Илана и компанија.Заклучокот е дека тие го закопуваат Лок ЗА ДА НЕМОЖЕ ЕСАУ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ТЕЛОТО НА ЛОК И ДА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ДРУГО ТЕЛО. И уште нешто што е интересно, Дали го забележавте ракот кој се движеше по главата на Лок, сигурен сум дека сето ова не е случајно туку е направено со предумисла и е планирано да се искористи во наредните епизоди.

>Верниот Ричард!

Овој дел некако ми остави посебен впечаток, незнам зошто, но Ричард не сакаше во никој случај да му се придружи на Есау, иако неговиот говор делуваше баш убедувачки. Сега за сега Есау не го сметам за негативец, исто како и било кој друг лик во лост за кој порано сме сметале дека е негативец(Бен на пример, или Лок), бидејќи има цврста причина да го прави ова што го прави(или некој би кажале-убива)…Ричард не му се придружи…Но зошто до сега Џејкоб не му кажал ништо на Ричард за „кандидатите“ па мора тоа да го дознава од Есау. Затоа што ни Џејкоб не е светец како што ние мислиме, односно ниту Есау не е негативец како што мислиме, едноставно во лост нема добри и лоши ликови. Единствена теорија за непридружувањето на Ричард кон Есау е можеби тоа што Ричард претпоставува дека Есау ќе направи нешто лошо, ШТО ЈАС ПРЕТПОСТАВУВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО НАРЕДНАТА ЕПИЗОДА, така да очекувајте го неочекуваното.

>Mистериозното момче

Сите го видовме, но ниту еден од нас не знае кој е тоа момче кое го предупреди Есау за правилата. Многумина од вас претпоставуваат дека тоа е Џејкоб на мали години, НО јас тотално НЕ се сложувам со вас. Еве ја мојата теорија: Есау е мртов веќе подолго време, но како поранешен чувар на островот има „привилегија“ да влегува во останатите мртви тела. Сега откако го уби и Џејкоб со пронаоѓањето на „дупка“ во правилата, имаат борба, и победникот од таа борба добива шанса за ВИСТИНСКИ ЖИВОТ. Мистериозното момче е всушност некој умрен лик од минатото, кој Џејкоб го користи бидејќи не е закопан, за да влезе во него и да ја продолжи борбата против Есау. Но во меѓувреме му соопштува дека не игра според правилата, а тие правила се дека не смее да вмешува и останати преживеани во нивната борба, а Есау штотуку го искористи Соер, за да му помогне да добие Вистински Живот. Есау е влезен во телото на Лок, а Џејкоб во Саид(заборавивте можеби од претходната епизода, дека не го помина тестот)

>Соер и Есау…

Премногу очигледно е дека Есау манипулира со Соер, а тој скршен од губењето на Џулиет му поверува во секој збор на Есау. Да и јас мислам дека Есау го користи Соер за да стигне до неговата цел, а не за да му помогне, но во никој случај не мислам дека ќе го убие. Е сега прашањето е за што го користи, т.е како што кажа Илана, за што регрутира членови. Многу просто, за да замине од островот…али како. Според мене, кој од овие двајца(Џејкоб и Есау) ќе собере повеќе во својата група тој ќе го добие својот ВИСТИНСКИ ЖИВОТ. Но интересен беше моментот кога Соер му впери пиштол на Есау, и го психолошки го тестираше. Дали навистина телото во кое е влезен Есау и да биде убиено, тој ќе продолжи да бара нови тела кои ќе можи да ги искористи. Но ако мојата претходна теорија е точна дека, значи и Џејкоб после смртта ќе мора да има некаква чудна форма(во случајот со Есау тоа е чудовиштето), па дали во наредната епизода тоа ќе ни биде откриено.

>Kандидати

Како прво, вредно за спомнување е фрлањето на белиот камен кој го симболизира Џејкоб, тоа значи дека темното преовладува на островот односно Есау е во голема предност, но ако мојата теорија е точна (дека и Есау е мртов), како тогаш ќе може да биде во предност кога и двајцата почнуваат од нула(бидејќи се умрени).Па така! Есау штотуку го придоби својот прв „регрут“ и е во голема предност врз Џејкоб, кој ќе се обиде преку Саид да ги придобие остантите, за да му се спротистави на Есау. Толку од тој дел, сега да преминеме на кандидатите. Ова беше најголемиот WTF од досегашниот дел од сезонава, а и поради фактот што бројките беа вмешани. Што се кандидатите? Есау го излажа Соер, тоа не се луѓе кои ќе го штитат островот, туку тоа се луѓето кои ќе можат да се користат во борбата меѓу Џејкоб и Есау. Е сега кој повеќе ќе придобие од нив, од тие што останаа(бидејќи многумина беа прешкртани) тој е победник…И уште тоталноспротивна теорија. Што ако сето ова што го кажа есау е точно, тоа значи дека Соер е еден од кандидатите за чувар на островот…Моја претпоставка е дека откако Соер го одби ова место, Саид(Џејкоб) ќе го намами Џек да дојде во пештерата и тој да го превземе неговото(Џејкоб) место. И ќе добиеме повторно дуел межѓу Соер и Џек, за тоа дали навистина вреди да се остане или да се замине од островот…

сабота, 20 февруари 2010 г.

Изненадување?

Помалку неочекувано, најновата епизода The Substitute се најде во подолниот дел од рејтинг табелата, рамо до рамо со епизоди од типот на The Beginning of the End и Ji Yeon… Дали критериумот на фановите по минатонеделната епизода драстично се промени, или пак блогов е нападнат од „хејтери“?! :)

604rating

Еве за компарација како изгледа рејтингот пак на првите четири епизоди од шестата сезона:
Шеста сезона рејтинг

Рејтинг по сезони:
1) Петта сезона – 4,59
2) Четврта сезона – 4,52
3) Шеста сезона – 4,11

Се’ уште можете да гласате на анкетата за новата епизода тука!…

Имајте убава саботна вечер!

петок, 19 февруари 2010 г.

The Substitute (теории)

Толку беше од паниката помеѓу фановите на Изгубени! По минатонеделната неинспиративна епизода, Lost се враќа на старите патеки.

The Substitute е одлична сетап епизода која го означува (веројатно?) почетокот на крајот за голем дел од прашањата на фановите поврзани со финалето на минатата сезона, и воопшто од самиот почеток на серијата па до овој миг.

И повторно во центарот на вниманието беше Лок. Централниот лик на шоуто. Човекот кој сета своја љубов и верба во животот му ја придаде на Островот. Човекот кој беше заробен во својата исплашеност. Човекот кој умре збунето, иронично отсликувајќи го со својата смрт – животот негов.

Беше интересно да се направи директна споредба (благодарение на алтернативниот универзум) помеѓу стариот Џон Лок, и оној „новиот“… Ова се моите теории за последната епизода. Уживајте!

I’m gonna hunt you down… just because I can!
Започнуваме со можеби најмистериозниот дел од епизодата. Детето кое му се појави на Флок. Иако отпрвин си помислив дека се работи за некоја си трета сила која има за цел да ги одржува живи непишаните закони во војната помеѓу двете спротивставени сили на Островот, сепак од далеку е јасно дека се работи за Џејкоб.

Детето

ОК, ќе прашате од каде сум толку сигурен? Па, главниот хинт за ова веројатно е самиот факт што во првото појавување детето имаше РАСКРВАРЕНИ раце. Очигледно рацете не би можеле сами од себе туку-така да се направат крвави, па секако дека ова е симболично и со цел направено од страна на сценаристите. Појавувањето на малиот Џејкоб на Островот исто така може да го објасни и феноменот на појавување на визии на Островот. Со оглед на тоа што за разлика од Ричард, Соер можеше да го види Џејкоб, а Човекот во црно беше и те како изненаден од ова, претпоставувам дека Соер е еден од оние СПЕЦИЈАЛНИТЕ. Во оваа категорија ги сместувам и сите останати преживеани кои видоа безброј слични привиденија во изминатите шест сезони. Дали можеби на овој начин Џејкоб ја тестира специјалноста, то ест способноста на своите „кандидати“?!

Ричард Алперт – разочарување број еден за оваа сезона
Што се случи со бестрашниот Островјанец?!

Нешто до пред крајот на минатата сезона Ричард беше дефиниција за цврст карактер. Но, оттогаш се случија низа на настани кои ја уништија дотогашната слика која ние како фанови ја имавме за Алперт. Најпрвин оној инцидент кога Фарадеј му впери пиштол в глава, а он остана запрепастен на место, па веројатно и ќе умреше од страв доколку Елоиз не го спасеше притоа фатално ранувајќи го својот сопствен и се’ уште не-роден син… а потоа и појавувањето на новиот Џон Лок во кампот на Другите кој уште толку го стави под знак прашалник храбриот карактер на Алперт.

Дека нашата визија за Алперт била далеку од вистината уште поголем доказ се најновите четири епизоди од оваа шеста сезона. Мислам дека во моментов тој се однесува како глушец кој беспомошно бега од канџите на мачката. Така најдобро би можеле да го објасниме односот помеѓу Ричард и Флок.

Едно нешто е сосема јасно сега – Ричард Алперт НЕ е дел од она прво население кое го населувало Островот. Всушност, под знак прашалник е дали некогаш ова прво население постоело, или пак се започнало со доаѓањето на Црната Карпа (на која се наоѓал и тој секако). Земајќи ги во обзир многубројните Египетски оставштини на Островот како што се на пример Статуата, подземните тунели па дури и Храмот, би требало да имало Еѓипќани кои го населувале истиот далеку пред Алпертовото време, но којзнае! Можеби ова е една од оние работи кои сценаристите ќе остават самите да си ги заклучиме…

А, и патем, кога сум на тема Ричард – типот треба да биде среќен што остана жив по судирот со Флок во новата епизода. Ако Џејкоб не му се појавеше на својот непријател додека овие двајца се’ уште се конфронтираа, веројатно ќе требаше да се ископа уште еден нов гроб на Островот. И да, многумина од Вас досега имаа напишано коментари дека водата во Храмот има нешто да прави со не-стареењето на Ричард. После епизодава ќе морам да се согласам со Вас. Без таа вода, Ричард не би бил воопшто посебен, а верувам дека истото ќе можеме да го заклучиме и за Доген за само неколку епизоди…

Џон Лок – закопан, но се’ уште жив
Еден од оние моменти кои на мене ми оставија силен впечаток беше конфронтацијата помеѓу детето (Џејкоб) и Флок. Не, не е разговорот причина за ова, туку реакцијата која Флок ја направи по крајот на истиот. За оние кои не забележаа (ако има такви!), Флок на сиот глас се изнавика:

НЕ МИ КАЖУВАЈ ШТО НЕ МОЖАМ ДА НАПРАВАМ!!!

Ова може да се сфати на два начина:
А) Сценаристите едноставно сакале да направат еден „кул“ момент, па го вметнале цитатов во сценариото; или пак
Б) Сценаристите сакаат со ова да не предупредат дека дел од душата на Лок е се’ уште присутна, преку Флок кој веројатно при т.н. „корумпирање“ на телата на своите жртви им зема дел и од нивните поважни мемории и моменти од животот.

За мене ова под Б мора да е точно, бидејќи за секој измамник најважно е да може да ги измами на најлесен можен начин своите мети/непријатели. Како полесно би можел да го стори тоа Човекот во црно, освен ако не го искористи најслаткото оружје: верувањето!?

He’s stuck this way
Голем дел од Вас сум сигурен дека можеби и не забележаа кога Илана искоментира дека Флок нема повеќе моќ за да премине во нечие тело, или поточно дека тој е „засекогаш заробен во телото на Џон Лок“. Нешто ми вели дека палењето на колибата во финалето на минатата сезона е одговорот на прашањето зошто е ова случајот…

Ова е уште еден од оние минорни одговори кои ни беа дадени во новава епизода. Минорни, но на крајот можеби ќе испаднат и важни!…

Бројките – најпосле објаснети!
И тоа го дочекавме. Една од најголемите мистерии од првата сезона на Lost е пречкртана од листата. Иако Дарлтон многу пати досега изјавија дека најверојатно нема да добиеме одговор за ова прашање, ете, сепак се предомислија. Иако многумина од Вас нема да бидат задоволни, искреноста и сериозноста на Флок во “The Substitute” е доволна за да заклучиме дека бројките се исто како и многу работи за кои претходно сме имале многу поразлична перцепција – дело на ОЛМАЈТИ Џејкоб.

Ако не се лажам, првото појавување на овие мистериозни бројки е некаде во 70-тите години на минатиот век, во времето кога Русо и нејзината екипа патувале по Атлантикот. Се чини дека сите луѓе на Островот, на ваков или онаков начин се доведени на истиот со помошта на Џејкоб,па истото мора да важи и за Русо.

Исто така, ако се сеќавате, во првата сезона Русо прокоментира дека бројките биле главната причина што таа и нејзиниот тим завршиле на проклетиот Остров. Ова е иронично, бидејќи истото важи и за Харли кој дознавајќи ги бројките преку својот пријател Леонард Нимој (кој ги слушнал на трансмиција веројатно во истото време кога Русо и тимот се упатиле кон Островот!) ќе го започне својот долг и макотрпен пат до летот 815 со уплаќањето на фамозното лото…

Зошто Џејкоб ги искористил баш овие бројки за привлекување/повикување на луѓе на Островот е навистина добро прашање, на кое засега не би можел да одговорам, иако имам неколку мали теории во главава… но затоа пак Вие можете слободно да теоретизирате на оваа тема!

Кандидати
Интересно е што Флок при крајот на епизодата ќе искоментира дека Островот е само ОСТРОВ и ништо повеќе.

Во ред господине Флок, ќе се согласам со Вас, но само ако претходно ми одговорите како ако е ова вистина Вие можете само за миг да се претворите во Чудовиште и да убиете кого сакате?!

Но, темата ми беше, кандидати! Зошто Џејкоб би барал кандидати за својот „престол“? Дали можеби знаел дека кога-тогаш ќе му дојде крајот, или пак ние фановите не го разбравме добро Флок?… Мене пологично би ми било овој термин да се употребува за кандидат за станување за еден од Другите, а подоцна можеби и нивен лидер (како што се случи на пример со Синди и другите кои беа киднапирани).

Што се однесува до Флок, тој бара свои регрути само за да најде начин да го напушти Островот. Претпоставувам дека во наредниве епизоди ќе го искористи Соер за да навлезе со него во Храмот, или нешто слично… очигледно е дека штом Другите толку го бранат Храмот, тука е клучот за бегање од Островот!

LOST: вечна борба помеѓу доброто и злото
Ако некој досега имаше било какви сомненија, сега веќе нема потреба за такво нешто. Сцената со фрлањето на белиот камен во океанот и натежнувањето на вагата на страната на црниот ја отсликува тематиката на целата серија. Интересно е како едно исто лице, со два различни карактера, во два различни настапи од кои првиот пред цели шест години го опишуваат најголемиот телевизиски феномен од последната деценија.

Голем број од Вас го паметат оној неверојатен цитат на Џон за двете спротивставени страни во таблата од Пилот епизодата. “Two players, two sides. One is light, one is dark” ќе каже тогаш Лок.

Шест години подоцна, навидум истото лице, а фактички за 360 степени спротивно од претходно-наведеното ќе го фрли белиот камен во морето и со тоа ќе ја потврди својата надмоќност во т.н. војна.

Но LOST не е само серија за доброто и лошото.

Lost е едноставно речено перфектна комбинација на серија – драма на карактери и серија која длабоко навлегува во Библиските и античките теми… теми кои и ден-денеска претставуваат инспирација за милиони писатели низ светот. Серија која го спојува минатото (божествените сили на Островот) со сегашноста (самите главни ликови и нивната сурова претстава за светот во кој живеат). Серија која навлегува длабоко во човековата психа и ја отсликува реално.

Кој е добар? Кој е лош? Дали е Островот судбина на луѓето кои ќе завршат на истиот, или пак тие имаат право да си го изберат својот пат сами?

Ова се главните три прашања до остатокот од серијата. Три прашања кои во секои наредни теории ќе бидат чепнати барем по малку. Па затоа, не пропуштајте ги новите теории идната недела!

Поздрав до сите и Ви посакувам убав викенд!

четврток, 18 февруари 2010 г.

Хинтови за алтернативниот универзум

За жал денеска не најдов доволно време за да напишам теории за последната епизода, па затоа еве еден краток, но се надевам интересен пост кој го посветувам целосно на алтернативниот универзум.

Од почетокот на премиерата па досега се чини дека сценаристите намерно ни прикажаа неколку сцени кои требаше да не сецнат барем за миг. Еве кои се тие…

МИГ #1 – We made it
Кој што сака нека каже, но она „успеавме“ кое Џек и Роуз си го разменија откако авионот ја преживеа фаталната турбуленција беше и Е премногу сомнително за да го ставиме под категорија „случајно“. Во Lost ништо не е случајно, па зошто би било и ова?!

МИГ #2 – Џек го препознава Дезмонд
Уште од моментот кога седна до Дезмонд, Џек знаеше дека нешто не е в ред. Знаеше дека некако, од некаде и некогаш, го знае Дезмонд. Бидејќи се работи за алтернативен универзум во кој многу нешта се променети, то ест никогаш претходно и не се случиле, не верувам дека Џек се потсетил на моментот на стадионот кога ќе си ја исчаши ногата, бидејќи овој момент веројатно НИКОГАШ се нема случено… барем не во овој „нов“ универзум.

МИГ #3 – Раната на Џек

Од каде Џек би добил таква рана во авион?! Не, логичари, патетично би било раната да ја добил како резултат на турбуленцијата! Истовремено, ако е тоа случајот, сценаристите не би се мачеле да ни прикажат ваква непотребна сцена, зарем не? Патем, кога сме веќе на оваа тема, морам да споменам дека раната е еден од оние мигови кои фановите ги занемарија од почетокот на сезонава… Мислам дека ова ќе ни биде објаснето наскоро, во идниве неколку епизоди…

МИГ #4 – „Ништо не е неповратно“ (разговорот помеѓу Џек и Лок во LA X)
Ова е повеќе сценаристички, отколку реалистичен хинт. Сепак, го ставам како дел од листава од едноставна причина што и порано се случуваше вакви наивни цитати да испаднат круцијални за приказната…

МИГ #5 – Кејт го препознава Џек додека бега од полицијата
Да, знам дека Кејт го виде Џек за првпат ВО авионот кога и му го украде фамозното пенкало кое тој подоцна ќе го бара, ама изразот на лицето и беше премногу длабок и збунет и едноставно врескаше дека таа доживува некаков вид на дежа ву… или барем јас добив таков впечаток!

Kate sees Jack (6x03)

Како што забележувате од досегашните четири епизоди, само последната (The Substitute) се чини дека немаше ниту еден момент со кој сценаристите ни наговестуваат некаков вид на „вкрстување“ помеѓу сегашната и алтернативната (или пак, ИДНАТА?) реалност… И после две гледања на епизодава јас не успеав да најдам ваков момент. Дали Вие можеби имавте среќа и најдовте хинт и во последната епизода?!

Па, што сметате Вие – дали ќе имаме вкрстување помеѓу алтернативната и нормалната реалност?! Што мислите за хинтовите од погоре? Дали ги сметате за валидни?

Како за крај само да ве поздравам и да ве потсетам дека теориите ќе бидат достапни за читање утре. ;)

среда, 17 февруари 2010 г.

The Substitute (импресии)

Што мислите за најновата епизода од сезоната – The Substitute?!

Што мислите за The Substitute (6x04)?





VoteView Results
Share ThisPolldaddy.com

Lost 6×04 (DOWNLОAD)

Линкови за симнување на четвртата епизода од шестата сезона… Благодарност до Вуду за дел од линковите.

Rapidshare:
http://rapidshare.com/files/351835844/Lost.S06E04.HDTV.XviD-P0W4.part1.rar
http://rapidshare.com/files/351831498/Lost.S06E04.HDTV.XviD-P0W4.part2.rar

ИЛИ

http://rapidshare.com/files/345353794/Lost.601-602.part1.rar
http://rapidshare.com/files/345360679/Lost.601-602.part2.rar
http://rapidshare.com/files/345367401/Lost.601-602.part3.rar
http://rapidshare.com/files/345370666/Lost.601-602.part4.rar

ИЛИ

720p
http://rapidshare.com/files/351892778/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part1.rar
http://rapidshare.com/files/351893883/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part2.rar
http://rapidshare.com/files/351909129/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part3.rar
http://rapidshare.com/files/351905796/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part4.rar
http://rapidshare.com/files/351904988/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part5.rar
http://rapidshare.com/files/351905838/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part6.rar

Megaupload:
http://www.megaupload.com/?d=9B1WN3HG
http://www.megaupload.com/?d=4VPK17D0
http://www.megaupload.com/?d=670FRUGB
http://www.megaupload.com/?d=ZXX7UXJC

HotFile:
http://hotfile.com/dl/28871403/a8f7828/LST.604.P0W4.part1.rar.html
http://hotfile.com/dl/28871396/a6e3142/LST.604.P0W4.part2.rar.html
http://hotfile.com/dl/28871401/b14bc2d/LST.604.P0W4.part3.rar.html
http://hotfile.com/dl/28871371/9fab6bb/LST.604.P0W4.part4.rar.html

ИЛИ

720p
http://hotfile.com/dl/28931708/c01dd2a/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part1.rar.html
http://hotfile.com/dl/28932016/a670d90/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part2.rar.html
http://hotfile.com/dl/28934565/fad5011/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part3.rar.html
http://hotfile.com/dl/28937361/d3235be/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part4.rar.html
http://hotfile.com/dl/28936407/3294417/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part5.rar.html
http://hotfile.com/dl/28936562/441a0eb/Lost.S06E04.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part6.rar.html

FileFactory:
http://www.filefactory.com/file/b0222b3/n/LST_604_P0W4_part1_rar
http://www.filefactory.com/file/b4d8h5e/n/LST_604_P0W4_part2_rar
http://www.filefactory.com/file/b0222b2/n/LST_604_P0W4_part3_rar
http://www.filefactory.com/file/b0222ah/n/LST_604_P0W4_part4_rar

Единечни линкови:
MegaUpload
NetFolder
Filestube
NetLoad
Storage.to
Extabit

Торенти:
Zamunda
EZTV

Преводи:
Македонски (превод наменет за видео со ВИСОК квалитет од 720 p!)
Српско/Хрватски
Англиски

Потсетување: не се дозволени спојлери за епизодата на овој пост.

вторник, 16 февруари 2010 г.

Lost 6×04 во живо!

Update 01:20: како што веќе прочитавте во коментари, не успеавме да најдеме линк за Канадскиот стрим. :( Линкови за стримот од ABC имате подолу!

Брзо поминува времето. Време е за уште една епизода од Изгубени! :)

Како што бевте известени вчера денешниот пренос во живо МОЖНО е да започне во 1 часот наутро, благодарение на Канаѓаните кои ја имаат поместено новата епизода за два часа порано. Повторно Ве предупредувам да бидете на блогов нешто после полноќ за да дознаете кога ТОЧНО ќе биде достапен преносот во живо. Ако успееме да најдеме линк од Канадскиот стрим, преносот започнува во 1, во спротивен случај, истиот започнува во 3 како и по обичај…

Американски стрим:
HD стрим
http://veetle.com/viewChannel.php?cid=4b78732e0f702

boJABERtv
Channel 1: http://www.freedocast.com/ayshay
Лозинка: flocke

Channel 2: http://www.freedocast.com/slapdog54

Freedocast

http://www.freedocast.com/slapdog54

ATDHE
http://atdhe.net/6310/watch-lost

Се читаме тука по полноќ. Во меѓувреме уживајте со Олимписката програма на МТВ и Фудбалското дерби помеѓу великаните Манчестер Јунајтед и Милан на Канал 5! ;)

понеделник, 15 февруари 2010 г.

Новата епизода ќе пристигне два часа порано

Благодарение на Зимските Олимписки Игри, следната четврта епизода од шестата сезона ќе ни пристигне за два часа порано. Истото нешто се очекува да се случи и со петтата епизода, идниот вторник.

Првото официјално прикажување на четвртата епизода ќе се случи во 19:00 часот в вторник по Канадско време на A каналот, два часа порано од 21:00. Оваа сезона правата во Канада ги има откупено CTV телевизија, но како што спомнав претходно, заради ЗОИ идните две епизоди од Lost ќе се прикажат на нејзиниот сестрински канал, во сосема нов термин.

Што значи ова за фановите на Изгубени во Македонија?
Накусо објаснето – се’ ќе биде за два часа порано достапно – почнувајќи од стримот па се до торентите/линковите за симнување!

Ова значи дека за првпат гледањето во живо на Lost ќе имаме можност да го проследиме во 1 часот по полноќ вторник наспроти среда (УТРЕ). Мора да се согласите дека ова е многу поприфатлив термин од 3:00. Сепак, сосема е возможно да се случи и некаков неочекуван лош развој на настаните па да останеме без LIVE STREAM утре вечер, доколку ниту еден Канаѓанец не испадне доволно паметен за да ни овозможи такво нешто. Токму затоа бидете на блогов ова време утре, за да дознаете каква точно ќе биде „програмата“ тука.

Во случај да нема пренос во живо од четвртата епизода во 1 часот наутро, очекувајте да видите торенти и линкови за симнување на истата епизода околу 2:30 – 3 часот утре по полноќ!

Останете ми поздравени со една убава песна од U2. ;)


недела, 14 февруари 2010 г.

Дали верувате во сценаристите?

Секоја сезона од Изгубени носеше по некоја новост во начинот на преточување на приказната на малите екрани, а истото, би рекол сосема неочекувано се случува и во последната шеста сезона. Сите ние знаеме дека сценаристите обожаваат да си играат со сценариото на свој „извртен“ начин, така што можеби оваа промена и беше за очекување.

Сепак, како огромен фан од почетокот на шоуто, ова е единствената промена која не сум сигурен оти ќе ја прифатам така лесно. Во моментов сценаристите се наоѓаат во една многу опасна зона, од која што или ќе излезат како херои, или пак ќе останат засекогаш запаметени како луѓето кои успеаја да ја упропастат можеби најдобрата серија од минатата деценија – LOST.

Прашањето кое ќе ме мачи мене, а верувам и останатиот дел од фановите до крајот, е дали алтернативниот (или каков и да е!) универзум ќе има смисла на крајот од серијата, или пак ќе испадне дека бил воведен сосема непотребно – само со цел да се привлечат нови гледачи во последната сезона.

Досега, во изминатите три епизоди, имавме мали хинтови дека е возможно на крајот да се направи нешто кое ќе ги поврзе логички двата универзума, но реалистички гледано, ништо посериозно и не се случи во контекст на овој дел од приказната…

Сепак, мора да се признае дека дури и ако алтернативниот универзум си остане САМО алтернативен, ќе има некои сцени кои засекогаш ќе ги паметиме. Како на пример оваа (која всушност и ми е омилена од премиерата!!!):

Што мислите Вие на оваа тема?

петок, 12 февруари 2010 г.

Рејтинг табела (12.02.2010)

Кој би рекол дека дури во шестата сезона ќе ја видиме првата епизода со рејтинг под 4?…

Рејтинзи - шеста сезона - 6x03

Навистина изгледа застрашувачки овој резултат по првите 40 гласови „фрлени“ на анкетата за What Kate Does… Да имаш за 0,9 помала оценка од втората најлошо рангирана епизода во изминатите три сезони е нешто кое дефинитивно треба да ги загрижи сценаристите на Изгубени. Посебно затоа што ваква епизода никој не очекуваше да се случи во последната сезона.

Во меѓувреме, премиерата (LA X) падна за две места подоле на листата и сега има рејтинг – 4,73. Дали можеби и ова игра удел во лошиот рејтинг на последнава епизода?! Не е првпат една епизода да биде прогласена за катастрофална од страна на фановите само затоа што претходната била далеку над просечното ниво на Изгубени (кое е далеку од просечно ако го споредиме со останатите ТВ шоуа).

Најдобри сезони по просек:
1. Петта сезона: 4.59
2. Четврта сезона: 4.52
3. Шеста сезона: 3.98 (по две епизоди)

P.S. Во случај да не забележавте – и двете најлошо рангирани епизоди од четвртата сезона па наваму (Eggtown и What Kate Does) се Кејт-центрични!!!

четврток, 11 февруари 2010 г.

What Kate Does (теории)

Најтешкиот дел кога ќе се случи една епизода од типот на “What Kate Does” е наоѓање инспирација за пишување на теории. После фантастичното отворање на сезоната со двочасовната премиера минатата недела, фановите, вклучувајќи се тука и самиот себеси, се соочени со првата (и се надевам последна!) Кејт-центрична епизода од шестата сезона.

Фактот дека епизодава е Кејт-центрична, секако, нема апсолутно никаква допирна точка со тоа колку истата разочара. Во изминативе сезони имавме многу примери на Кејт-ориентирани епизоди кои и покрај тоа што воглавно се фокусираа САМО на помрднување на делот од приказната посветена на ликовите, беа одлично освежување и, колку-толку, релаксирање од митолошки-тешките епизоди кои Lost знае да ги понуди “here and there” како што би рекле Американците…

Сепак, нема да ве залажувам. Колку и да ги бараме светлите страни од последната епизода, ќе остане запаметен фактот дека после премиера каква што беше LA X, ова е ШОКАНТНО слаба епизода, напишана без грам инспирација. Малку епизоди го доживеале ова што сега ќе го слушнете од мене, но… најдобриот дел од “What Kate Does” беше трејлерот прикажан по крајот на истата за идната епизода!!!

Крајот на проклетиот триаголник?
Една од претходно споменатите светли страни во епизодава беше (се надевам) солуцијата на веќе досадниот љубовен триаголник. Или четириаголник. Како и да е!

Нешто ми вели дека онаа сцена со Соер и Кејт на пристаништето ќе биде одлучна на крајот за оваа т.н. „мистерија“ во Изгубени. Се чини дека Соер е премногу повреден од ненадејното збогување со Џулиет, за да продолжи да ја бара љубовта на својот живот (да, љубовта на својот живот… ни јас не можам да поверувам дека за ова теоретизирам!). Најголемиот хинт дека романса помеѓу Кејт и Соер нема да се случи е секако цитатот на самиот (екс) измамник, кој ако не го забележавте (или поверојатно – заборавивте!) гласеше вака:

SAWYER: [to KATE] It’s not your fault she’s dead… It’s mine. She was sittin’ right there, right where you are now, tryin’ to leave this place – and I convinced her to stay. I made her stay on this island because I didn’t want to be alone. You understand that right? … But, uh… But I think some of us are meant to be alone. [Sawyer glances down at ring he's holding] I was gonna ask her to marry me.

Ако мене ме прашате, ова е дефинитивно цитат кој сценаристите го имаат со намера ставено. Веројатно, замислата им е на крај никој со никој да не заврши. Тоа и би било најдоброто решение во сета оваа каша со триаголников. Соер и Кејт како пар би биле нелогични по случката со Џулиет, а Кејт и Џек се премногу различни и „ФЕЈК“ за да функционираат заедно…

Инаку, интересно е што Џек некаде на почетокот на епизодата се обиде да ја бакне Кејт, а таа итро го напушти „теренот“ пред да биде предоцна. Кармата е чудна работа, а Кејт?! :)

Who do you care about?
Токму така. Џин добива 10 поени за ова прашање поставено кон Кејт!

Иако в епизодава сценаристите убаво се потрудиле да се соживееме со ликот на вечната бегалка, тоа тешко им тргна при рака… Претпоставувам дека главната задача на “What Kate Does” беше да ни ја прикаже добрата душа на Кејт и покрај фактот дека таа е барана од полицијата за убиство направено со промисла. Типично клише кое ни беше понудено и во сите останати Кејт-центрични епизоди!

Мојата теорија гласи вака: Кејт дојде на Островот само поради Соер. Се’ друго е замачкување на очи. Не е потребно многу размислување за да сфатите оти делот со мисијата наречена „пронаоѓање и спасување на Клер затоа што чувстувам вина на совест“ е секундарната цел во умот на Кејт. Впрочем, да беше така, она ќе тргнеше да ја трага Клер на Островот попрво, а не Соер, зарем не?!

После сево ова време – болеста е вистинска?!
Можеби најинтригантниот дел од епизодава беше тестирањето на Саид и подоцнежното откритие на Доген дека во него е вгнездена некаква чудесна си „темнина“. Имајќи в предвид дека единствениот лек според Другите е убивање на личноста која е заразена со ваквата т.н. болест, претпоставувам и чувствувам дека ова нешто е поврзано директно со главниот непријател на Џејкоб – Човекот во црно или поточно Чудовиштето!

Мал флешбек до минатото – првото спомнување на „болеста“ како поим во Lost беше во „далечната“ прва сезона. Многу фанови не ја сфатија сериозно Русо со нејзините предупредувања, што е доста логично ако се има во предвид нејзината (тогашна) психичка состојба. Кога пак минатата сезона видовме точно што се случило со францускиот тим, сите си помисливме дека Даниел не можела да си го објасни Чудовиштето на друг начин, па го нарекла болест/инфекција. Е, токму тука започнува интересниот дел од мојата теорија. Што ако Русо била во право цело ова време!?

Кога веќе се навраќам на настани од минатото, потребно е да ви спомнам и за чудесното исчезнување на раната кај Лок предизвикана од Бен под бубрегот, во финалето на третата сезона (Through the Looking Glass). Пред да се случи оздравувањето на Џон, се појави никој друг, туку Волт, кој во тоа време беше далеку од Островот!

Сега, слично магично заздравување (да не речам: оживување!) се случува и со Саид. И, која ли е поврзаноста тука, ќе прашате. Па, ако би се обложувал, дефинитивно би се обложил на Флок!!! Претпоставувам дека единствен начин за Чудовиштето да навлезе во нечие тело е претходно да го „корумпира“ духот кој е вгнезден во истото. Како се случува ова, не знам, но очигледно има некаква поврзаност со експресно лечење на тешки рани по телото. На тој начин по се изгледа и се случува постепено, но ефикасно завладување на телото кое е „загадено“.

Ова објаснува многу работи, вклучувајќи го дури и начинот на кој Флок успева да заземе нечиј облик. Веројатно најпрвин треба во персоната X да навлезе гореспоменатата „темнина“ па дури потоа Флок да ја зеде ситуацијата во свои раце. Или барем јас така мислам. Останува да видиме во остатокот од сезонава дали сум бил во право или не…

Бонус теориичка: водата во Храмот може и да беше заматена од духот на Флок! Веројатно, смртта на Џејкоб значела дека веќе Храмот не е безбеден. Токму затоа и Другите испофрлија пепел, за заштита од Чудовиштето. По се изгледа – задоцнија…

Бонус теориичка број 2: дали и DHARMA била свесна за постоењето на болеста? Ако се сеќавате, Дезмонд земаше инекции против ова нешто во втората сезона!!! Дури и ги прашуваше преживеаните за бројка на „заразени луѓе“ од истата. Ако ова е навистина точно, тогаш дефинитивно болеста = Чудовиштето. (Иницијативата свесно ја изградила сонарната ограда, а за работниците кои не биле во DHARMA селото изработила посебна вакцина/инекција)

Итан надвор од Островот?
Дали е ова првиот „хинт“ за потонувањето на Островот? Од тоа што го знаеме од минатата сезона, Итан го напуштил Островот за време на евакуацијата на DHARMA како претпазливост од можноста да се случи инцидент (кој и се случува потоа) како бебе на подморницата заедно со неговата мајка Ејми. Па, дали ова значи дека во оваа сегашност, Островот потонал при случката со Инцидентот?!

Инаку, во алтернативната (паралелна?) реалност Итан се’ уште го има презимето на својот татко (Гадспид), што значи дека Ејми сигурно била во врска со него пред заминувањето од Островот (ако такво нешто и се случило во оваа реалност..?).

Многу прашања, но премалку материјал за теоретизирање. Да се надеваме дека како што ќе изминува времето ќе ја пронајдеме поврзаноста помеѓу двата временски периода…

Мајлс? Anyone?
До мене е, или Мајлс е навистина сомничав во врска со Саид?! Се чини дека уште откако тој „умре“, имаше нешто во погледот на Мајлс што вриштеше „тревога, тревога!“. Прашањата кои му ги поставуваше на Саид во последнава епизода уште повеќе ја разгоруваат темава.

Очигледно Мајлс е единствениот кој знае што точно се случува со Саид. И да, судејќи од застрашувачкиот поглед кој го имаше во премиерата по неговата „смрт“, ќе да е нешто прилично тешко и невообичаено за сфаќање…

Клер – новата Русо
Стапици, летачки камења, дивјачки поглед и изглед. Сето ова се синоними за Русо. А, по крајот на “What Kate Does”, се чини дека станаа синоними и за Клер!

Но, што значи сето ова? Ние веќе знаеме дека таа е „инфицирана“ со истата болест како и Саид. Истовремено, знаеме и дека последен пат ја видовме во колибата на Џејкоб, при крајот на четвртата сезона заедно со нејзиниот мртов татко Кристијан Шепард. Продуцентите во 108 наврати изјавија дека мртвите ликови во LOST се мртви засекогаш, така што претпоставувам дека Кристијан бил првото тело кое Флок го окупирал… што пак значи дека Клер е сега припадник на темната страна во војната на Островот – онаа завладеана од злото, или како што би рекол Доген – „темнината“.

Всушност, тоа е се’ што можеше да се заклучи по крајот на третата епизода. Или барем јас така мислам. Ако Вие имате дополнителни теории во врска со Клер, слободно напишете ги!

Со нови теории се враќаме повторно идната недела.

До тогаш – ве поздравувам со трејлерот за наредната епизода!

среда, 10 февруари 2010 г.

Damon Lindelof vs. Мрчаторите

Еве еден интересен “tweet” на продуцентот Демон Линделоф. :)

Очигледно некој ги изгубил нервите со фановите… ;)

Сега барем знаеме дека Линделоф не е по NCIS… Инаку, морам да се согласам со него во овој случај. Малце е претерана „фрката“ на фановите со новава епизода.

What Kate Does (импресии)

More...

Како би ја оцениле најновата епизода, What Kate Does?

Што мислите за What Kate Does (6x03)?





Quantcast

Овој пост е за дискусија за епизодата, така што дозволени се било какви пишуванки од Ваша страна. Оние кои не ја гледале се’ уште новата епизода, препорачувам да не ги читаат коментарите бидејќи истите веројатно ќе содржат спојлери. ;)

Lost 6×03 (DOWNLOАD)

Линкови за симнување на третата епизода од шестата сезона!

Потсетување дека се забранети било какви спојлери на овој пост поврзани со оваа епизода. Истата ќе можете да ја коментирате на наредниот… ;)
350 mb

Rapidshare:
http://rapidshare.com/files/348486944/Lost.S06E03.HDTV.XviD-2HD.depodepo.fr.part4.rar.html
http://rapidshare.com/files/348487052/Lost.S06E03.HDTV.XviD-2HD.depodepo.fr.part3.rar.html
http://rapidshare.com/files/348487055/Lost.S06E03.HDTV.XviD-2HD.depodepo.fr.part1.rar.html
http://rapidshare.com/files/348487088/Lost.S06E03.HDTV.XviD-2HD.depodepo.fr.part2.rar.html

ИЛИ

http://rapidshare.com/files/348487039/lost.s06e03.hdtv.xvid-2hd.part1.rar
http://rapidshare.com/files/348486945/lost.s06e03.hdtv.xvid-2hd.part2.rar

HotFile:
http://hotfile.com/dl/27929034/28d4562/Lost.S06E03.HDTV.XviD.2HD.www.scenetube.net.part2.rar.html
http://hotfile.com/dl/27929054/7032fd7/Lost.S06E03.HDTV.XviD.2HD.www.scenetube.net.part1.rar.html

X7:
http://x7.to/v6k5u9/lost.s06e03.hdtv.xvid-2hd.part1.rar
http://x7.to/k1s49p/lost.s06e03.hdtv.xvid-2hd.part2.rar
pass: areg

MegaUpload:
http://www.megaupload.com/?d=8G7WG0ZL
http://www.megaupload.com/?d=FI7VC0S4

Sendspace:
http://www.sendspace.com/file/jkbp06
http://www.sendspace.com/file/k05m67

2Shared:
http://www.2shared.com/file/11264352/e7f26193/LostS06E03HDTVXviD2HDwwwscenet.html
http://www.2shared.com/file/11264354/e91c4a6/LostS06E03HDTVXviD2HDwwwscenet.html

Единечни линкови:
HotFile
NetFolder
Netload
Storage.to
Deposit Files
MegaShares

700 mb (подобар квалитет)

Rapidshare:
http://rapidshare.com/files/348483499/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part1.rar
http://rapidshare.com/files/348483491/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part2.rar
http://rapidshare.com/files/348483558/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part3.rar
http://rapidshare.com/files/348483529/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part4.rar
http://rapidshare.com/files/348483537/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part5.rar
http://rapidshare.com/files/348483228/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part6.rar
pass: areg

MegaUpload:
http://www.megaupload.com/?d=URXQ5CTU
http://www.megaupload.com/?d=0D75C6DU
http://www.megaupload.com/?d=RN634BDB
http://www.megaupload.com/?d=2KB34JBI
http://www.megaupload.com/?d=KRGHXFMS
http://www.megaupload.com/?d=CCMHQEPP
http://www.megaupload.com/?d=TDIUUJ20
http://www.megaupload.com/?d=MB0GA88F

Netload:
http://netload.in/dateiNbXSfwll1D/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part4.rar.htm
http://netload.in/dateif0gjo1Hlla/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part2.rar.htm
http://netload.in/dateiNfehmzxmNa/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part6.rar.htm
http://netload.in/dateimVtceNOnOY/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part5.rar.htm
http://netload.in/dateiZrmYNL7YiW/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part3.rar.htm
http://netload.in/dateiQ1QIPJ2MXq/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part1.rar.htm
pass: areg

ИЛИ

http://netload.in/dateiwb8SNQCmlr/Lost.S06E03.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part1.rar.htm
http://netload.in/dateik4vW756MMo/Lost.S06E03.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part2.rar.htm
http://netload.in/dateikWfg6bD1i7/Lost.S06E03.720p.HDTV.X264-DIMENSION.part3.rar.htm

X7:
http://x7.to/nuq3bg/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part4.rar
http://x7.to/tna37m/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part2.rar
http://x7.to/4h2buq/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part6.rar
http://x7.to/54zyfy/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part3.rar
http://x7.to/lsl0d1/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part5.rar
http://x7.to/lm9eyu/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part1.rar
pass: areg

Storage.to:
http://www.storage.to/get/LyXD1j7m/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part1.rar
http://www.storage.to/get/Ftr0lcC9/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part2.rar
http://www.storage.to/get/BiJ2Raf7/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part3.rar
http://www.storage.to/get/lOsKI8Fe/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part4.rar
http://www.storage.to/get/gvt7yiy1/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part5.rar
http://www.storage.to/get/rQ8c0Xlw/lost.603.720p-dimension-ultramovie.org.part6.rar
pass: areg

Единечни линкови:
HotFile
NetFolder

Торенти:
Zamunda
EZTV
Zamunda (1 gb)

Преводи:
Англиски
Македонски
Српски/Хрватски

вторник, 9 февруари 2010 г.

Lost 6×03 во живо!

Дојде време и за уште една вечер со Lost, и вечер помината без спиење! Спремни ли сте?! :)

Вечерва, во точно 3 часот по полноќ по наше локално време започнува третата епизода од шестата сезона, а на блогов ќе можете да пронајдете линкови за гледање на истата во живо нешто после 2 часот (околу 2 и пол, да бидам попрецизен!). Како и секогаш, така и сега очекувам добра забава со групно коментирање на епизодата… Дали можеме да ги надминеме тие 120 коментари оставени на постот за премиерата оваа недела?! (ако мене ме прашате, ова би требало да го очекуваме дури за финалето, ама сепак, само Џејкоб знае што носи иднината!)

Стримови:
HD стрим!!!
http://veetle.com/viewChannel.php?cid=4b71fe772b90d

http://freedocast.com/usmell123
Лозинка: kate

http://freedocast.com/trashyourtv
(нема лозинка)

ATDHE
(нема лозинка)

Доколку имате подобар стрим, слободно напишете го во коментари за да го ставам на постов!

Поздрав до сите, па се читаме после 2! :)

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)