Помина уште еден SuperBowl во Америка. За оние кои не знаат, SuperBowl е името на финалниот натпревар во Националната рагби лига на САД, настан кој веројатно ниту еден Американец не го пропушта (освен ако не сака наредниот ден да биде изгубен во муабетите од типот „го виде ли потегот?!“…) Она што е интересно е дека за време на емитувањето на натпреварот, имало не една, туку ДВЕ реклами – пародија на Lost. Можеби не сте изненадени од овој податок, но сигурно дека ќе бидете ако ви кажам дека натпреварот беше емитуван на CBS, еден од трите (заедно со Fox и NBC) големи телевизиски конкуренти на ABC (каде што Lost се емитуваат впрочем!)…
Еве и уште еден смешен факт – и двете реклами беа за пивото Bud Light.
Очигледно некоја „пијаница“ е голем фан на „нашата“ серија!


0 коментари:
Објави коментар