Што мислите за најновата епизода – The Package?!
Гласајте и коментирајте!
Официјален македонски блог за LOST. Архивата на овој блог можете да ја пронајдете на овој линк - http://lostseries.blog.mk или http://lostseries.blog.com.mk
Линкови за симнување на десеттата епизода од шестата сезона…
Rapidshare:
http://rapidshare.com/files/370146063/lost.0610.hdtv.xvid-notv.part1.rar
http://rapidshare.com/files/370148465/lost.0610.hdtv.xvid-notv.part2.rar
ИЛИ
http://rapidshare.com/files/370157290/Lost.S06E10.HDTV.XviD-NoTV.part1.rar
http://rapidshare.com/files/370157185/Lost.S06E10.HDTV.XviD-NoTV.part2.rar
ИЛИ
http://rapidshare.com/files/370154331/lt.610.notv.part1.rar
http://rapidshare.com/files/370154626/lt.610.notv.part2.rar
http://rapidshare.com/files/370154394/lt.610.notv.part3.rar
http://rapidshare.com/files/370154263/lt.610.notv.part4.rar
HotFile:
http://hotfile.com/dl/35508859/4e3497b/lt.610.notv.part1.rar.html
http://hotfile.com/dl/35508916/0ac7d7b/lt.610.notv.part2.rar.html
http://hotfile.com/dl/35508945/4a574e4/lt.610.notv.part3.rar.html
http://hotfile.com/dl/35508960/33ec204/lt.610.notv.part4.rar.html
ИЛИ
http://hotfile.com/dl/35508480/927f36b/Zagubieni.610.part1.rar.html
http://hotfile.com/dl/35508483/5f5ed69/Zagubieni.610.part2.rar.html
720p (висок квалитет)
Netload:
http://netload.in/dateidKXbTi88Lg/Lost0610720.part1.rar.htm
http://netload.in/dateiMlkMRm2pNC/Lost0610720.part2.rar.htm
http://netload.in/dateiWsm0lGZH4l/Lost0610720.part3.rar.htm
http://netload.in/dateiJ7xoDgkiHD/Lost0610720.part4.rar.htm
http://netload.in/dateiUx3B3cFycX/Lost0610720.part5.rar.htm
http://netload.in/dateiqjDtexUGDp/Lost0610720.part6.rar.htm
X7:
http://x7.to/iae7ms
http://x7.to/vmgpi2
http://x7.to/pg3jt5
http://x7.to/ano1ym
http://x7.to/adh0te
http://x7.to/njec8l
Rapidshare:
http://rapidshare.com/files/370157847/Lost0610720.part1.rar.html
http://rapidshare.com/files/370157941/Lost0610720.part2.rar.html
http://rapidshare.com/files/370157870/Lost0610720.part3.rar.html
http://rapidshare.com/files/370158082/Lost0610720.part4.rar.html
http://rapidshare.com/files/370157845/Lost0610720.part5.rar.html
http://rapidshare.com/files/370157652/Lost0610720.part6.rar.html
Единечни линкови:
Netload
MegaUpload
Uploading
SharingMatrix
X7
DepositFiles
Преводи:
наскоро
Дојде време за уште една нова епизода од Изгубени. Има уште само нешто помалку од два месеци до крајот! Кој би рекол?!
Две важни известувања за епизодава и стримот:
1) Стримот започнува во 3 часот наутро повторно, како што и беше во поголемиот дел од изминатава сезона!
2) Канаѓаните повторно ќе ја добијат порано новата епизода, што значи дека истата ќе биде порано достапна и за симнување. Очекувајте линкови за симнување на постов до 3 часот сабајле, а посебен пост после 4.
Се читаме повторно вечерва. До тогаш, ако имате некои добри стримови, слободно пратете ги за да ги постирам! И секако, ако нешто не ви е јасно, или пак ви лежи на душата – искоментирајте си!
LIVE STREAMS
HD – Veetle
http://veetle.com/index.php/channel/view#4b80bed02621a
boJABERtv
http://www.freedocast.com/ayshayayshay
лозинка: candidate
ATDHE
http://atdhe.net/6310/watch-lost
TVPC
http://tvpc.com/Channel.php?ChannelID=2119

Како што гледате од самиот наслов, финалето на Изгубени по се изгледа ќе им донесе огромно богатство на дечките од ABC!
Во случај да размислувавте да си го изрекламирате својот продукт во Америка баш за време на финалето на Lost, тргнете си настрана 900.000 долари.
Финалето, кое пристига на 23-ти мај, се чини дека ќе биде најскапата дестинација на Изгубени во изминативе шест сезони. И сосем нормално, бидејќи нема сомнение дека ова е телевизискиот настан број еден за сезонава!

Колку за информација – досега еден рекламен блок од 30 секунди за време на Изгубени чинел околу 213,563$. Се поставува прашањето колку погорната цена од 900.000$ е реална со оглед на тоа што највисоката гледаност која Lost ја има постигнато (во својата втора сезона) беше 23.5 милиони гледачи. Оттогаш, таа бројка е столчена за пола и повеќе, но претпоставките се дека финалето ќе успее да привлече барем 15тина милиони… Во секој случај, ако знаеме дека еден обичен (30-секунден) рекламен блок за време на финалето на Пријатели во 2004 чинел од 1.5 до 2.3 милиони долари, тогаш нешто дефинитивно смрди со погорните бројки. Но, знаете како велат – времињата се менуваат, па во ова време по се изгледа и 10 милиони гледачи се еквивалентни на тогашните 30!
Еве интересни цифри за големи „ивенти“ во текот на изминативе неколку години и децении. (на англиски е, ме мрзеше да преведувам)
2009-2010 ad costs
Historical finale ad costs
Се надевам дека темава ви е интересна, зашто денеска и немаше ништо друго занимливо во Лостосферата!
Сите информации се превземени од TVByTheNumbers.com
Ах, и за малце ќе заборавев: среќен „неработен“ ден на дрвото!!!
Според извори на DarkUFO, шестата сезона ќе доживее еднонеделна пауза веднаш после прикажувањето на 13-тата епизода. Еве како би изгледал распоредот во овој случај:
Епизода 6.13 – Дата на прикажување: 20ти април
ПАУЗА
Епизода 6.14 – Дата на прикажување: 4ти мај
Епизода 6.15 – Дата на прикажување: 11ти мај
Епизода 6.16 – Дата на прикажување: најверојатно 18ти мај
Епизода 6.17/18 (финале) – Дата на прикажување: 23ти мај

И не е така лошо, сепак… последните три епизоди, ако испадне ваков календарот би ги изгледале во пет дена!
П.С. Веста се’ уште не е потврдена од страна на извори на ABC…
Сосема очекувано, после ужасните рејтинзи на новата и сега и официјално последна осма сезона на 24, серијата која создаде уште еден нов американски Чак Норис (ала Џек Бауер!) си го доби заслужениот третман. Вчера најпосле беше објавено дека финалето на 24 ќе се случи на 24-ти мај, за нешто помалку од два месеци. Но, колку и ДАЛИ телевизиските анти-фанови на оваа серија треба да бидат среќни за овој „расплет“ во Fox телевизија?

Лостич вели: ВООПШТО. А зошто? Па, токму поради фактот што во рок од два дена ќе завршат две американски хит-серии кои ја одбележаа минатата телевизиска деценија: “Lost” на 23-ти мај и “24″ на 24-ти мај. Ова можеби и не ви изгледа премногу трагично на прв поглед, но ако ја поставам ситуацијата на следниов начин ќе ја сфатите сериозноста на сегашната ситуација.
Во САД има милиони и милиони разни шоуа, но само една десетина од нив, ако не и помалку, се телевизиски продукти кои е потребно да ги следите ПОСТОЈАНО за да можете да ги сфатите.
Значи, тргнете ги настрана сите т.н. американски сапуници кои се кријат под епитетот докторски, вампирски, полициски или какви-и-да-е серии од типот на Grey’s Anatomy, NCIS, CSI, Vampire Diaries итн… Тргнете ги настрана реалните шоуа како American Idol, Survivor, Amazing Race и сите останати. Што ви останува на крајот? Запрепастувачки нели?
И кога на крајот од оваа сезона ќе завршат и Lost и 24, единствена квалитетна серија која ќе ни преостане за следење ќе биде House [единствената докторска серија која не смее да биде наречена сапуница!]. Prison Break заврши лани. На V и FlashForward ако продолжат со катастрофалните рејтинзи не им бега „канта“. За Heroes да не почнувам муабет. Порадо би гледал една епизода од индискана катастрофа Бандини, отколку да им ги гледам маките на сценаристите кои се тотални заплеткани и не знаат повеќе што пишуваат. Америко, Америко, до која ситуација се доведе?!
Дали крајот на 24 и Lost го означува и почетокот на крајот на квалитетните серии на четирите американски главни (национални) телевизии: CBS, NBC, ABC и Fox?! Барем сега-засега, кон тоа ме водат мислите.
Но, не грижете се, тука за среќа се се’ уште кабелските телевизии. Не бадијала истите им ги земаат сите круни на националните на последните неколку изданија на ЕМИ-јата…
Што мислите Вие на оваа тема?!
Darlton did it AGAIN!
Чекавме осум епизоди за да се случи епизода од ваков тип и цели две години за да добиеме нова “The Constant”! Иако, далеку од тоа дека епизодава може да се споредува со “The Constant”. Едноставно, оваа епизода има толку голема тежина, што колку и да ја споредуваме со сите претходни (освен, можеби, со финалето на петтата сезона!) само ќе си го губиме залудно времето. Ова беше класична LOST епизода која ќе остане запаметена засекогаш. Да се надеваме дека и финалето на последнава сезона ќе биде исто толку добро како и “Ab Aeterno”…

Што ви реков?
Веднаш по премиерата на петтата сезона, лани, јас напишав една многу интересна, но далеку од доразработена теорија за која ви спомнав дека со текот на времето ќе ја доусовршувам. За оние кои не ми веруваат, теоријата можат да ја пронајдат на овој пост, најдолу. Еве што имав напишано на 24 јануари 2009-тата година:
„ Дали Островот е олицетворение на Господ?! Сите ние знаеме какви се случки се напишани и поврзани со Господ. Знаеме за ангелите, знаеме и за ѓаволите. Еве една интересна теза – што ако Островот го замислиме како Господ, а сите други на и околу него ангели/ѓаволи. Размислете малку! Ѓаволот е црвен со црни рогови, а на Островот има црно Чудовиште кое убива луѓе. Ѓаволот е лош и прави раздор наоколу. Се обидува да завладее. Земете го Бен (црвениот дел од ѓаволот!) за пример. Тој го повика Чудовиштето/другиот дел од ѓаволот бидејќи за првпат по подолго време доживеа неправда. Индиректно, а и директно тој предизвика смрт на многу други луѓе. Ги уби сите членови на DHARMA. Ја киднапираше Клер. Го зеде тоа што не му припаѓаше на него под образложение дека прави добро за сите. Но што ако е навистина така?! Што ако луѓето на Ричард Алперт, т.е. вистинските населеници се оние кои се ангелите, а Бен и Видмор, и Хокинг и сите други кои се обидуваат да го земат Островот во свој посед се ѓаволи? Секако, тука се и преживеаните од летот 815, луѓето кои не можат да живеат мирен живот, ниту на, но и надвор од Островот. Тие се можеби оние покајаниците со многу гревови, кои се исповедуваат на Островот…знаејќи дека направиле големи грешки. Џејкоб е оној кој ја има улогата на апостол, искажувајќи ги мислите и наредбите на Островот (Господ).“
Доколку добро ги следевте теориите за оваа сезона, исто така ќе забележевте дека оваа моја теза погоре постојано беше разработувана, како што си изминуваа епизодите. Па, еве сме, по една година и два месеци и онаа погорна теорија на која многумина и се изнасмејаа испадна дека била колку-толку точна, или ако ништо барем, сум насетил во која насока ќе течат настаните! В ред, признавам дека дел од теоријата има огромни недостатоци, како на пример споредбата на Бен со ѓаволот, но во тоа време Бен сепак беше некој и нешто… Во секој случај, поентата ми е – кој вели дека теориите ги пишуваме за џабе?!
ОК, толку фалење од моја страна за денеска. Продолжуваме конечно со поважните прашања!
Игра на зборови
Иако оваа последна епизода претпоставувам дека конечно ги отстрани сите можни сомнежи за тоа кој е навистина ЛОШИОТ во војната, сепак, се’ уште има скептици помеѓу фановите кои не веруваат ниту во Џејкоб, ниту пак во Човекот во црно. И со право!
Начинот на кој што Ричард беше изманипулиран и од двете страни во “Ab Aeterno” остава простор за размислување. Џејкоб можеби ја збореше вистината за злото, но ако навистина е тоа така, зошто по ѓаволите носи луѓе на Островот кога знае дека можеби и единствената шанса на неговиот непријател е да ги искористи истите за да пронајде излез од својата „безизлезна“ (како што тој тврди) ситуација. Токму затоа, Лостич се запрашува:- Дали е сево ова што го гледаме всушност една игра која си ја играат Џејкоб и Човекот во црно?
Размислете малку. Џејкоб по случаен избор си селектира луѓе од обичниот свет и ги носи на Островот, каде што „нивното минато повеќе не е важно“, туку важно е само да не потклекнат пред злото т.е. Човекот во црно за овој да сфати еднаш засекогаш дека НЕ БИЛ ВО ПРАВО. Задачата односно мисијата на Флок, пак, е да ги искорумпира душите на сите оние кои ќе стапнат на Островот и со тоа да му докаже на Џејкоб дека сепак Е ВО ПРАВО.
Непријателот на Џејкоб тврди дека бара начин за да му се одмазди на Џејкоб затоа што го проколнал со тоа што засекогаш му ја одземал неговата човечност. Но, ете, 200 години подоцна, истиот тој Флок го убива Џејкоб и наместо веднаш да си замине од Островот, останува. Зошто? ОК, знам, тука се’ уште има некои кандидати, но ниту еден од нив го нема официјално заменето, ниту пак верувам дека ќе може да го замени Џејкоб. Што го спречува? Апсолутно ништо. Што го мачи сега?! Дали е до толку несреќен и разлутен што не планира да си замине се’ додека не ја уништи сета Островска цивилизација, или пак е во потрага по нов активен непријател, бидејќи само во тоа ја гледа суштината на животот?!… Не знам, но знам едно нешто: и двете страни си играат како што ќе посакаат со останатите ликови во името на својата кауза…

Кога сме веќе на оваа тема, постерот Љубиша неодамна остави интересен коментар со кој вели дека визиите кои Харли ги гледа насекаде се уствари визии од Џејкоб со кои тој го насочува да работи за него. Ова, барем засега, не ми изгледа како нешто кое Џејкоб би го правел бидејќи сепак, тој е (според моето верување) добриот во сетава приказна, но ако на крајот испадне дека ова е навистина така, тогаш ќе бидам наполно уверен дека борбата помеѓу Џејкоб и Флок е навистина ИГРА во било која смисла на овој збор. Во секој случај, одлична теорија на Љубиша, мора да се признае!
Што е Островот?
Можеби никогаш нема да го дознаеме името, ако воопшто и го има, но барем дознавме која била, е и ќе биде функцијата на Островот.
„Замисли си го ова вино дека е тоа што ти постојано го нарекуваш пекол. Има и многу други имиња исто така: злоба, несреќа, црнина. Еве го тука, се врти во шишето, не можејќи да излезе бидејќи ако се случи тоа, ќе се прошири насекаде. Тапата е овој остров и тоа е единственото нешто кое ја чува темнината таму каде што таа треба да биде. Тој човек кој те прати тебе да ме убиеш верува дека сите се подмитливи и дека е во нивната природа да грешат. Јас ги носам тука луѓето за да му докажам дека не е во право. И кога ќе дојдат тука, нивното минато повеќе не е важно.“
Веќе расчистивме дека најверојатно Џејкоб и Човекот во црно се „забавуваат“ играјќи си со судбините на луѓето со цел да го докажат спротивното на она што другиот го мисли, меѓутоа, сосема сум сигурен дека во овој цитат погоре сценаристите отворено и без влакна на јазикот ни дадоа одговор за Островот. Тоа е тоа луѓе. Се работи за место во кое што е заробено најголемото зло, или пакост која би можела да му се закани на човештвото. Токму од таа причина ова место не може да биде пронајдено на ниту една светска мапа, а и да се случи такво нешто, во рок од неколку часови истото ќе се премести на друга локација во светот. Зошто се случува ова е необјаснив феномен, но сигурен сум дека големите сили над нас одлучиле дека вакво место не смее да биде никогаш пронајдено од обичниот човек, освен ако станува збор за избраник на Џејкоб…
Сите се мртви
Интересен момент во епизодава секако беше и откритието на Џејкоб дека ниту еден од неговите избраници не успеал да ја поткрепи неговата „теорија“, или поточно речено верување, дека човештвото не е до толку лошо како што Човекот во црно вели.
Откако Ричард ќе го праша Џејкоб зошто, кога веќе ги донел сите тие луѓе на Островот, не им помогнал, овој му одговара дека главната задача на секој човек е самиот по себе да ја сфати суштината на своето постоење. Нешто слично напишав и во една од своите претходни теории, откако на блогов имав можност да прочитам мислења на оваа тема во кои одредени постери се запрашуваа во тенденциите на Џејкоб токму поради неговата смиреност за сите настани во текот на војната.
Заклучокот, и тогаш и сега, е истиот: како и секое благородно суштество кое е поголемо и повозвишено од обичниот човек, така и Џејкоб не смета дека е потребно да дејствува врз ликовите само за да го победи Флок. Токму тоа е границата помеѓу доброто и злото во серијава, а верувам и во животот. Ѓаволот без прашање ќе ни излезе во пресрет, само за да не искористи во свои цели и притоа да не (до)уништи, а ангелот/добрите души ќе останат настрана мудро посматрајќи ја ситуацијата и давајќи ни поткрепа единствено со своето постоење… Оттука следува и наредната теорија.
Допирот на Џејкоб – и дарба и клетва?
Сега е веќе неминовно дека допирот на Џејкоб може да се сфати и како дарба, но и како клетва. По оној интересен разговор на плажата помеѓу него и Ричард, дефинитивно се остварува мојата теорија дека сите оние кои потклекнуваат пред злите духови ќе го доживеат овој допир како клетва.
Единствено луѓето кои ќе ја сфатат важноста на Островот ќе имаат можност да уживаат во благодетите кои ги нуди овој магичен допир. За најдобар пример и за двава случаи би го земал Лок. Веднаш штом пристигна на Островот, благодарејќи на повторното добивање на можноста да оди, започна да го слави ова чудесно парче земја, иако се’ уште не беше свесен за тоа колку истиот Остров е битен за целото човештво.

За жал, ѓаволот наоѓа секакви начини за да ги измами добрите души, дури и тогаш кога истите не се свесни дека такво нешто им се случува. Па, така, Флок кај Џон ја искористи единствената мана – неговата детска наивност и лесно го убеди со помош на својот „застапник“ Кристијан Шепард и „во името на Џејкоб“, да го сврти тркалото со што наместо да ги спаси своите пријатели, го прави токму спротивното, од едноставна причина што со неговото заминување од Островот и подоцнежната смрт му ја овозможува на Флок лесната победа во војната.
Близу до вакво нешто беше и Ричард во епизодава. Малку фалеше Флок да го придобие на својата страна и засекогаш тој да ја загуби онаа светлина во себе…
Сума-сумарум: допирот на Џејкоб ги прави луѓето специјални, но со себе си носи и (огромни) последици во случај кандидатот да ги прекрши правилата на својот надреден, или пак го предаде со некоја своја постапка… (нешто кое се случи со Саид и кое се случило со многу други веројатно)
Дали Човекот во црно воопшто има име?!
Забележувам дека во секоја можна прилика досега Џејкоб не си го крие своето име. Тој јавно кажува кој е и која е неговата улога на Островот. Секако, само пред оние на кои им верува… Од друга страна, Флок постојано им се обраќа на луѓето со „пријателе“ и бара константно нивни услуги, додека пак кога ќе дојде времето тој да им одговори на нив вели дека „нема време за губење“ (како што видовме во Ab Aeterno) и дека треба да се зафатат со посериозни работи.

Дури и во воведната сцена од Инцидентот, Флок му се обрати на Џејкоб користејќи го неговото име, а Џејкоб не го стори ова. Почнувам сериозно да размислувам за опцијата дека Флок воопшто и нема име, што и не е нелогично. Зошто едно Чудовиште би имало име, зарем не?!
Инаку, ако се сеќавате, и самиот Флок во LA X додека разговараше со Бен кажа дека неговото име не е важно. Којзнае, можеби ова е единствената вистина која тој ја има кажано досега!
Од кога датира ривалството помеѓу Џејкоб и Флок?
Очигледно е дека се работи за векови и векови… и векови! Египетските остатоци на Островот ни наложуваат да помислиме дека првите доселеници најверојатно биле токму старите Еѓипќани. Повеќе не знам дали и што да мислам во врска со потеклото на Џејкоб и Флок. И двете фигури се нешто надчовечко, тоа е сигурно, па можеби крајниот одговор никогаш и нема да го добиеме. А, и зошто би го добиле? Дали некој дознал што навистина е Господ и дали истиот постои? Не. Буквално истото важи и за овие двајца.
Сепак, едно нешто ме буни тука. Флок во минатата епизода ја спомна својата „луда мајка“ која била една од причините што тој е сега таков каков што е. Во случај тој да ја збореше вистината, ќе си остане отворена можноста Флок и Џејкоб да потекнуваат од нормални семејства, а и самите многу-многу порано да биле исто така нормални како сите луѓе на планетава, но ако тој момент од претходно беше само обид за да ја придобие Кејт на своја страна, тогаш верувам дека погорната моја замисла ќе испадне точна… За ова се’ уште мислам дека е прерано да се теоретизира, бидејќи и покрај сите одговори кои ги добиваме со теков на епизодиве, историјата на Џејкоб и Флок нема да имаме можност да ја откриеме се до самиот крај на серијата… До тогаш остануваат 7 епизоди, па да се надеваме дека во некоја од наредните ќе имаме веќе доволно материјал за доразработување на оваа теорија!…
Кој ќе го замени Џејкоб?
Зборувајќи за актуелни теми, како што изминува сезонава се’ поактуелна тема станува токму оваа – прашањето кој ќе го замени Џејкоб.
Но, дали е ова вистинското прашање кое треба ние како фанови да си го поставуваме? Сценаристите на LOST никогаш не се доволно предвидливи, па затоа јас би им препорачал на сите да се откажат од идејата дека или Џек или Харли би ја презеле улогата на новиот Џејкоб на Островот.
Можеби ќе ме направите луд, но сметам дека ова прашање е поврзано со уште една голема мистерија од оваа сезона – алтернативниот универзум. Ликовите од другиот универзум се однесуваат чудно во ситуации кои на некој начин соодвествуваат или потсетуваат на некои настани/сегменти од претстојувањето на Островот и ова е со намера оставено во епизодите.
Ќе прашате, како е возможно она прашање од погоре да има било каква допирна точка со алтернативниот универзум?! Многу просто – во другиов универзум злото е уништено со самото уништување на Островот, а во овој сегашниот злото како никогаш претходно во историјата, му се спротивставува смртно на човештвото (со евентуалното напуштање на Островот од страна на Флок)! Мислам дека до крајот на серијата неколку од преостанатите кандидати ќе се жртвуваат себеси за да го спасат човештвото со тоа што ќе го уништат Островот, а аналогно на тоа и самото зло… и притоа, правејќи го ова ќе успеат да ги поправат сите грешки во својот живот, нормално, преку новосоздадената реалност! Изгледа возможно, нели?! Или не…
Црната Карпа и невремето
Сега официјално кажувам: Чудовиштето има директна поврзаност со онаа бура и цунами кое го зафати Островот и со многу други претходни невремиња кои биле проследени со неговата активност!
Досега во повеќе наврати имав забележано како времето чудесно се менува во рок од неколку минути од убаво во намуртено (врнежливо и најчесто со грмежи) токму во миговите кога Чудовиштето е разбеснето. Таков беше и првиот контакт на Чудовиштето со преживеаните кога умре Пилотот, така беше и кога Џулиет и Кејт бегаа од него, и во Sundown, кога се случи трагедијата во Храмот итн итн итн… Едноставно речено не е возможно толку многу коинциденции да има во LOST…
![]()
Инаку, гледам дека некои се прашуваат зошто бродот „падна“ на Островот за време на ноќ, а во финалето на петтата сезона разговорот помеѓу Флок и Џејкоб во кој се гледаше Црната Карпа беше воден среде бел ден. Има две можности тука:
1) Или од невремето многу брзо паднала ноќта; или пак
2) Тој брод во далечината бил некој друг (што не верувам дека е точно).
Постои и трета причина која вели дека се работи за продукциска грешка, што не велам дека не е точно, но како и да е, ова и не ме мачи мене премногу… индиферентен сум тотално во оваа ситуација…
Уште неколку работи вредни за спомнување
Навистина се изнапишував овојпат, ама епизодава си заслужи ваков третман! Еве работи кои сметам дека мора да бидат спомнати во овој пост:
- Нестор Карбонел заслужува номинација за ЕМИ со својот перформанс во “Ab Aeterno”!
- Џејкоб и Флок можеби не ни знаевме дека постојат до пред една сезона, ама во последнава епизода имав чувство дека двајцата се уствари главните ликови во целата серија. Ако во “The Incident” бев загрижен вакво нешто дека ќе се случи, сега едвај ја чекам наредната епизода во која двајцата ќе бидат повторно главни! Ова е позитивен знак за крајот на Lost, без сомнение.
- Ни се потврдија сомневањата дека Алперт никогаш не ни бил главен „фраер“. Ова се надѕираше уште од крајот на минатата сезона кога тој се изгуби во новонастанатата криза, а уште повеќе при почетокот на оваа…
- Магнус Хансо и официјално беше спомнат за првпат во серијава. Кул!
- Да не заборавам да спомнам исто така дека Изабел беше алка без која епизодава немаше да стане тоа што е. На моменти од епизодава заборавив дали ги гледам нив двајца, или пак Дезмонд и Пени…
И многу, многу други незаборавни моменти ни понуди оваа епизода, но ако продолжам со пишување нема да завршам ни до задутре! Останете ми поздравени и уживајте во викендот…
NAMASTE.
Обично не ги постирам рејтинзиве пред викендот, но бидејќи денеска сме сите во некаков вид на шок после вчерашната маестрална епизода, па веројатно затоа нема никакви новости, еве една (верувам) пријатна вест за сите фанови на Изгубени!…
По речиси цела година откако “Follow the Leader” се „закотви“ на првата позиција на рејтинг табелата, добивме нов лидер! И нема никакви сомненија дека овој пат, табелата добива „лидер“ каков што и заслужува!
(клик на сликата за целосна резолуција!)
Значително беше подобрен и рејтингот на самата шеста сезона, иако се чини дека е речиси сигурно оти истата ќе има најнизок од сите три сезони на листава…
1) Петта сезона – 4.59
2) Четврта сезона – 4.52
3) Шеста сезона – 4.33
Линкови за симнување на деветтата епизода…
Rapidshare:
http://rapidshare.com/files/367378979/Lost.S06E09.HDTV.XviD-NoTV.part1.rar
http://rapidshare.com/files/367377753/Lost.S06E09.HDTV.XviD-NoTV.part2.rar
ИЛИ
http://rapidshare.com/files/367391440/L0st.S06E09.REPACK.HDTV.XviD-NoTV.part1.rar
http://rapidshare.com/files/367391351/L0st.S06E09.REPACK.HDTV.XviD-NoTV.part2.rar
ИЛИ
http://rapidshare.com/files/367391431/lost609prop.part1.rar
http://rapidshare.com/files/367391092/lost609prop.part2.rar
HotFile:
http://hotfile.com/dl/34285876/f5e063e/L0st.S06E09.REPACK.HDTV.XviD-NoTV.part1.rar.html
http://hotfile.com/dl/34285697/4485048/L0st.S06E09.REPACK.HDTV.XviD-NoTV.part2.rar.html
Netload:
http://netload.in/dateiV4VInmwfRF/L0st.S06E09.REPACK.HDTV.XviD-NoTV.part1.rar.htm
http://netload.in/dateiMv393iKCJK/L0st.S06E09.REPACK.HDTV.XviD-NoTV.part2.rar.htm
Единечни линкови:
HotFile
Netload
X7
Storage.to
Megaupload
Преводи:
наскоро
И оваа деветта епизода, исто како и минатата, ќе стартува еден час порано односно во 2 часот по полноќ! Бидете на блогов во периодот од 1:30 па натаму за да се вклучите на време на стримовите. Сега-засега немаме „набавено“ ниту еден видео стрим…
Патем речено, оваа епизода ќе трае 6 минути повеќе од сите претходни, што значи дека најверојатно по последниот рекламен блок ќе имаме уште цели 10тина, ако не и повеќе минути уживанција без реклами. Останете на блогов, забавата наскоро започнува!!!
LIVE STREAMS
HD – Veetle
http://veetle.com/index.php/channel/view#4b80bed02621a
boJABERtv
http://www.freedocast.com/usmell123
лозинка: trepla
ATDHE
http://atdhe.net/6310/watch-lost
TVPC
http://www.tvpc.com/Channel.php?ChannelID=2119

По мала апстиненција од рејтинзи, еве ја најновата рејтинг табела повторно на блогов!

По нападот на „хејтерите“ на анкетата за минатата епизода, Dr. Linus се спушти за едно место подолу на листата, и сега се наоѓа „во сендвич“ помеѓу The Other Woman и Something Nice Back Home. Судете сами колку овој рејтинг е реален.
Што се однесува до Recon, по се изгледа ова ќе биде втората епизода која нема да успее да се искачи над фамозната четворка, иако се’ уште е рано да се каже дали ваквите прогнози ќе испаднат точни (со оглед на тоа што има 3.98 рејтинг).
Еве го рејтингот на епизодите од шестата сезона само:

Рејтинг по сезони:
1) Петта сезона – 4.59
2) Четврта сезона – 4.52
3) Шеста сезона – 4.25
Кои се Вашите мислења за најновите рејтинзи?! Се согласувате ли со мнозинството??…
Во вчерашното издание на македонскиот „Кој сака да биде милионер?“, еден млад дечко доби прашање ТОКМУ од „нашата област“ за сигурносната сума од 125.000 денари, која е секако достапна на 10-тото од вкупно 15-те прашања во овој мегапопуларен квиз. Прашањето кое му беше поставено беше следново:
Кој ја игра улогата на Др. Џек Шепард во хит-серијата „Изгубени“?
Како можни одговори беа понудени следниве актери:
А: Тери О’ Квин
Б: Мајкл Емерсон
В: Џош Холовеј
Г: Метју Фокс
Типот на кому му беше поставено ова прашање, најпрвин кажа оти НЕ СЛЕДЕЛ ПОПУЛИСТИЧКИ СЕРИИ од типот на Изгубени. Иако се сомневам дека ова е вистина, бидејќи истиот тој дечко кој го кажа ова, за само три секунди „на среќа“ одлучи да го заокружи БАШ точниот одговор (Метју Фокс, секако!), сепак ваквата изјава треба да се сфати не како навреда, туку како пофалба. Имено, цело време на блогов слушам коментари од типот на тоа како Lost не е воопшто гледана серија, кај нас и во светот. Ете, очигледно за дечково вистината била сосема поинаква!
Колку за информација: на крајот истиот овој дечко не успеа да го погоди 12-тото прашање, па си замина дома со погоре споменатите 125.000 денари, кои, како што веќе констатиравме му ги загарантираа нашите Изгубенковци…
За жал, немам видео од оваа случка, но ќе се обидам некако да го набавам истото. За оние кои сакаат да ја видат репризата на вчерашното шоу, истото ќе можете да го проследите во 13:20 часот на фрекфенциите на А2 телевизија.
Ако се прашувате и што сега ако ова се случило… па, ништо! Но, ете, едноставно чувствував потреба да се пофалам! Му благодарам на Трендо и целата екипа која стои зад квизот што ми овозможи да се чувствувам гордо и изгубено вчера!
Ова се најновите теории на блогерот Мики. Уживајте!

-Алтернативен универзум
–Па дали е можно, конечно и некоја моја теорија да има смисла… па погледнете, Соер најголемиот измамник и непочитувач на законот стана полицаец, па дали е тоа возможно. Но некои навики очигледно никогаш нема да се изменат кај нашите изгубени а тоа е желбата да го убие Ентони Купер, бегањето кај Кејт, алчноста кај Бен и начинот на кој Џек секогаш ќе ги упропасти работите (но на крајот секогаш супер завршуваат) и многу други примери на кои ќе налетуваме во алтернативниот универзум. И сега го гледаме Соер како полицаец, а негов партнер е верувале или не Мајлс. Ха ха, но многу очигледно е дека Мајлс е некако најзапознаен со настаните од островот(во риал тајм) и лагите на Соер(во алт. ун.), зборот ми беше уште првиот пат Мајлс знаеше дека Соер го лаже, но остави време, да види дали Соер можеби ќе му признае некои работи. Значи да сме на јасно, Мајлс дозна од Шарлот што се случило меѓу нив, и тоа го искористи како повод за да започне разговор со Соер за тоа што правел во Австралија (иако веќе знае), но притоа правејќи се „на Тошо“ кога Соер му спомна за Шарлот. Мајлс е еден од најневеројатните ликови во серијава и сигурен сум дека знае уште многу други работи и за островот, и не е само обичен Гоустбастер.
–А сега да се префрлиме на Кејт, како е можно Кејт да се знае со Соер… Епа вака ќе ви кажам Кејт се знае со Соер бидејќи веќе се сретнале. Но НЕ го знае од островот, како што веќе многумина очекуваме, туку некогаш во алтернативниот универзум после слетувањето на Океаник во ЛА, се имаат сретнато на кафе. Шала на страна тука е мојата теорија, за да се обидам да погодам, каде, кога и зошто се сретнале во алт. ун. Значи откако Океаник се спушти во ЛА, Соер (Соер е полицаец во Алтернативниот универзум) ја забележа Кејт дека бега но едноставно бил заслепен од нејзиниот шарм, па откако добил пригода да „лови“ некоја ситна измамничка, пронашол повеќе инфо и всушност дознал дека тоа била девојката што ја бркале на аеродромот, па тоа му било шансата да влезе во врска со нејзе па ја наместил „замката“ и Кејт многу лесно налетала на неа. Но бидејќи го знаеме вкусот на Соер, тој не ја уапсил туку напротив Кејт го освоила, и така си заработила уште неколку дена на слобода, се до денот кога Соер не ја фати (во претходната епизода)
-Подморничарите
Ете му ја демантираа теоријата на Иван дека има пријателство меѓу Видмор и Флок. Епа што всушност бара Видмор на островот. Се сеќавате дека Видмор во една прилика се сретна со Елоиз. Епа после тоа сигурно се имаат сретнато уште еднаш и Елоиз му има кажано на Видмор за Аџира, и повторното влетување на авион во прозорецот. Сето тоа Видмор го искористил за да си најде и своја шанса за да стаса на островот, а тоа било возможно само ако ја вклучи и Елоиз во целата оваа приказна, а за возврат таа да му каже кога ќе има можност да влета во прозорецот. А што бара Видмор на островот, па мислам дека е многу јасно, бара повторно можност да завладее со него…а Елоиз му е копартнер. Но тука доаѓа на врата „госпоѓата“ Алчност и го потсетува Видмор дека всушност тој може сам да владее со островот само ако ја елиминира Елоиз од нивниот план. Откако решава дека Елоиз не му е потребна ја заклучува во онаа врата до која помина Соер. Сега пречка му е само Флок, кој всушност и не му е пречка но тој за тоа не знае. Нивните патишта се разидуваат, Видмор сака да владее со островот, а Флок сака да си отиде од него, но тие се премногу заслепени што неможат да го забележат тоа. Попат Видмор ги поставува оние сонари или како и да се викаа (како оние во Othertown-како што кажа Соер) за да се одбрани од нападот на Флок, за кој сигурно знае многу. А и во врска со мртвите тела во јамата, мислам дека тоа не е масло на Видмор, бидејќи очигледно (по мувите) е дека се мртви веќе подолго време, а Видмор само што пристигна. Значи тие се преживеаните од Аџира летот, бидејќи не сите се префрлија на главниот остров и убиени се од Флок, кој знаел за доаѓањето на Видмор, притоа не сакајќи да остави никакви траги зад себе, а сигурен сум дека тие би прозбореле.
-Саид не е Саид
Зошто Саид не сакаше да и помогне на Кејт. Еве зошто, се повеќе мислам дека во Саид има влезено Џејкоб, и всушност тој знаел (како што знаеше и многу други работи) дека Клер нема да ја убие Кејт. Саид беше намерно убиен во храмот за да може телото на Џејкоб да влезе во него, и со некој добар план на крајот да го спречи Флок од напуштање на островот, бидејќи истиот тој Флок ја одржува рамнотежата на островот, а без него нема да може да функционира истиот. Но сега пак сигурно ќе се запрашаме зошто пак Доган сакаше да го убие Саид. Тука има три можности: или ми е грешна теоријава, или Доган е непријател на Џејкоб, или па имаме трета теорија. А таа гласи вака: Се сеќавате кога Бен беше однесен во храмот, епа таму сигурно го лечеле на начин ист како и кај оној кај саид. Но откако Бен излезе од таму тој стана доста безчуствителна личност, и воопшто не му беше гајле за останатите. Епа сигурно тоа се случило и со Саид кој откако беше излекуван на мистичен начин стана она безчуствително суштество како Бен на кое не му е гајле за дотогашните пријатели ОСВЕН за неговиот лидер, а кај Бен тоа беше Џејкоб, но откако Џејкоб умре, сега останува на Саид лидер да му биде Флок.
-Историјата меѓу Видмор и Флок
Значи во една од претходните теории доста објаснив за односот меѓу Видмор и Флок. Но сега ќе се позанимавам за нивната историја. Претпоставувам дека Флок своите моќи какви што ги има и ден денс, ги има стекнато баш за времето кога Видмор беше еден од главните на островот. Тие биле пријатели но откако нивното „другарство“ завршило, еден од нив морал да отиде од островот, за да може другиот слободно да владее. Епа баш во тој момент Флок е „допрен“ (touched) од страна на Џејкоб и ги добива оние моќи кои ги има до ден денес. Па на тој начин склучувајќи план со Бен, го исфрлаат Видмор надвор од островот, и одтогаш неговиот лик (Флок) почнува да се развива како негативен какрактер. Но бидејќи Флок сакал да го напушти островот, а Џејкоб не му дозволувал, бидејќи тој го направил тоа што е, тие станале најголеми непријатели, и оттогаш датира нивната војна. Сега Видмор кога добива прилика да се врати назад на островот, и да завладее со него, најголема пречка му е Флок.
-И Флок бил некогаш дете
Да во периодот кога биле за прв пат донесени првите луѓе на островот. Неговаата мајка претпоставувам дека е Карен Дегрутов(една од основачите на Дарма), кои во 1970 започнале истражувања за островот. Тие биле толку занесени за Дарма што го оставиле Флок на милоста и немилоста на природата, односно со првиот бран го пратиле на островот. Тој таму ја започнал својата битка со Видмор. Ова беше напишано од недостаток на идеи, за тоа која може да му биде мајка на Флок и зошто била луда…
ОБЈАСНУВАЊЕ: очигледно дека повеќето не ја сфативте иронијата во постов, па се чувствувам приморан да ги појаснам работите. Значи… Се’ што имате можност подоле да прочитате е всушност 100% лажна информација. Се надевам дека сега бев доволно јасен!
Вчера во јавноста излезе „вистината“ за крајот на Изгубени!
Верувале или не, крајниот одговор на сите мистерии во шоуто, е дека едниот Остров е едниот дел од психата на Џек, а другиот (помал Остров), е вториот (помал) дел од психата на Џек.
Ова беше главната вчерашна окупација на фановите кои се занимаваат со читање на спојлери и гласини. Оние кои се одлучија да си останат spoiler-free за шестата сезона (во кои од пред еден месец спаѓам и јас… AND I’M PROUD!), денеска, откако стана јасно дека оваа информација беше и те каков „ФЕЈК“, имаа можност слатко да си се изнасмеат на оваа глупост. До неодамна беше достапно и видео со „актерот“ кој ги изнесува сите овие невистини во јавноста, и кој демек бил дел од снимањето на самото финале, но за жал тоа беше отстрането пред само неколку часови, т.е. веднаш штом Дарлтон дознаа дека ваква глупост била снимена… Повеќе на оваа тема (и мислења на фанови) имате тука.
Зборувајќи за крајот на серијата…
Остануваат уште не повеќе од 65 дена!
После неколкуте епизоди во кои дејството се одвиваше со брзина на желка, Recon, барем за мене беше едно убаво освежување. Можеби оваа епизода не понуди ниту еден одговор на одамна поставените мистерии, но затоа пак преку неколкуте интеракции на ликовите со Флок имавме можност да дознаеме еден мал, но верувам, сосема доволен сегмент од митологијата на шоуто.
Фановите продолжуваат да се жалат на фактот дека Lost не е тоа што беше до лани. Јас искрено не гледам никаква разлика. Ако некој од вас очекуваше дека до осмата епизода ќе ги знае сите одговори на мистериите, тогаш истиот тој го жалам што воопшто и помислил на оваа опција. Ќе повторам уште еднаш, по некој 108-ми пат годинава: ако до овој миг ги дознаевме сите одговори, немаше да имаме причина да ја гледаме серијата.
![]()
Затоа, смирете се. Има уште осум епизоди и вкупно десет часови останати за гледање. Лани имавме епизоди во кои буквално одговорите ни доаѓаа на секои две минути. Оваа година завршницата ќе биде таква. Не бадијала кажале дека „крајот го краси делото, а трпението – човекот.“
Паралелен универзум?…
Станува се поинтересно и поинтересно во оној, другиот универзум. Не само што се чини дека повторно, сите оние исти ликови кои ги гледавме на Островот, се конектирани помеѓу себе и тука, во „новиот“ универзум, туку станува јасно оти истите овие ликови ги мачат идентичните проблемите кои ги мачеа и пред паѓањето на летот 815 на Островот.
Покрај Соер, за кој во оваа епизода дознавме дека и во оваа реалност го доживеал грозоморното убиство на својата мајка, и самоубиството на својот татко, тука се и претходните примери со Џек, кој беше, како и секогаш, потиштен од односот на неговиот татко кон него, потоа Лок, кој го тиштеше фактот оти ќе остане во количка засекогаш, па Саид, кој мораше да се соочи со гревовите на своето минато и во свој стил – да ги повтори истите и секако Бен, кој успеа најпосле да издвојува победа над своето его (нешто кое не успеа да го стори на Островот, па како резултат на тоа Алекс умре). А, и да, не го убива ни својот татко Роџер, кој пак се чини дека одржува добри односи со сина си!…
Она што е веројатно различно во оваа реалност е тоа што ликовите не ги повторуваат истите грешки од минатата (претпоставувам дека е мината?!). Соер овој пат нема да го убие вистинскиот Соер, Џек не бил причината за заминувањето на Кристијан во Австралија и најпосле неговата смрт предизвикана од депресија, Саид сфаќа дека не ја заслужува Надја, па продолжува со својот живот без неа, за Бен веќе спомнав, а Кејт пак… веројатно е гонета од полицијата навистина „по грешка“, како што таа и кажа на Клер. Со еден збор, сите ликови во оваа паралелна реалност успеваат да им одолеат на грешките кои, веројатно потсвесно, знаат дека би ги чинеле многу, многу повеќе.
Инаку, не знам дали забележавте, ама во овој универзум таткото на Мајлс (легендарниот Пјер Ченг, типот од ориентационите видеа) е жив и работи во музејот на Шарлот! Во меѓувреме, Шарлот тврди дека оди на егзотични места и дека нејзината работа наликува на Индијана Џонс… што значи дека таа и во оваа реалност е во потрага по Островот, иако верувам дека е свесна оти истиот е потопен под вода.
Па, дали е овој универзум, алтернативен, паралелен или пак флеш во иднината на она што го гледаме на Островот?! Прашањето останува отворено, но мислам дека имаме се’ појасна и појасна слика со секоја измината епизода.
Патем, во една рандом сцена од “Recon” имавме можност да го забележиме Лиам, братот на Чарли, кој побара помош од Соер. Продолжението на оваа сцена би требало да го очекуваме наскоро. Нешто ми кажува дека Чарли ќе одигра огромна улога во овој универзум…
За инает!
Најмногу се нервирам кога една перфектно изработена теорија ќе падне во вода, само затоа што сценаристите се доволно паметни за да не бидат премногу предвидливи. Таков е случајот со мојата теорија за Видмор, како пратеник на Флок, која ми беше уништена комплетно по “Recon”. Зошто, Ооо ти премудри Џејкобе, зошто?!
Ова, сега пак, отвара нови прашања за дискусија. Зошто, по ѓаволите, Флок му кажа на Бен да оди на Хидра Островот, каде што „тој го очекува заедно со останатите“?! Можеби токму ова е првиот хинт на сценаристите дека намерите на Човекот во црно се далеку од добри? Можеби на Флок му одговара Бен да биде „елиминиран“ по брза постапка, што секако би се случило уште во моментот кога тој ќе стапне близу подморницата на својот најомразен непријател Чарлс. Или тоа, или пак онаа сцена од минатата епизода, ќе се случи дури по битката (ако бидне нешто од битката!) помеѓу Видмор и Флок, па е некаков вид на „претскажување“ од страна на сценаристите…
![]()
Од друга страна, Флок е премудар за да не знае што точно се има случено на помалиот Остров. Тој е свесен за камбекот на Видмор, но глуми изненаден пред Соер. Истото важи и за Видмор. Чарлс е премногу искусен за да биде измамен туку-така од Соера. Неговиот израз на лицето во моментот кога Џејмс ќе му го каже планот за убивање на Флок е повеќе од ироничен. Но, и двајцата, и Видмор и Флок, во оваа ситуација едноставно си играат со ликовите затоа што СИ МОЖАТ и затоа што се’ уште чекаат инструкции од своите „надредени“ (Видмор од својот BOSS, а Флок си чека само погоден миг). Барем за мене е кристално јасно дека Флок нема намера да стапне на другиот Остров од две причини:
1) Нештото кое Видмор го крие во „тајната соба“ може да значи и смртна опасност за него; и
2) Безбедносните огради кои ја одземаат „силата“ на Чудовиштето.
Што се однесува пак до Видмор, сега, кога веќе ни е откриено дека не работи за Флок, веќе не ни имам некоја посебна теорија разработено за неговите цели. Претпоставувам дека тука во игра повторно влегува уште одамна споменатиот „трет играч“ во војната. Мора да се признае дека нештата се прилично замрсени на Островот. Џејкоб бара наследник, Флок бара „спас“ (за ова повеќе во наредната теорија), а сега Чарлс Видмор, од некоја причина, бара начин за да го убие непријателот на Џејкоб. Интересно. Многу интересно!
I thought we were leaving
Простете што цело време зборам контра Флок, веројатно до сега веќе и сум ви здосадил, ама едноставно не можам и не можам да го прифатам фактот дека сите се заслепени од неговите ветувања толку многу, што никој досега не се ни обидел да му се спротивстави. Се до оваа епизода!
Соер за првпат јавно, на некој начин, го искажа револтот кон ветувањата на Човекот во црно и тоа храбро и без влакна на јазикот пред сите присутни го праша „кога поточно ќе си заминат тие од Островот, како што и самиот тој им вети?!“… Како што веќе знаете, следното нешто кое го прави Флок е повлекување во внатрешноста во џунглата заедно со Џејмс, каде што ќе поразговараат насамо.
Флок при овој разговор повторно тврди дека Другите воделе нерационална битка против него. Демек – кутриот тој, може да се претвора во Чудовиште, но не може да го напушти Островот кога и да присака. Не, јас уште еднаш се извинувам длабоко што досега во сите теории наоѓав маани во плановите на Флок, но едноставно типот (ако воопшто и е тип) е премногу проѕирен за мене и сметам дека се’ што досега им има кажано на преживеаните, се еден куп непромислени лаги, кои откако ќе излезат на виделина… ќе биде тешко него. Една од последиците на тие лаги, наскоро, верувам дека ќе биде свртувањето на Клер против својот „пријател“. Се надевам дека ќе биде доволно паметна за да ги сфати прва вистинските намери на Флок. После шокот со Кејт, мислам дека ќе се запраша уште колку невистини и кажал Флок во текот на сите овие години…
Инаку, ако добро ја пратевте епизодата, ќе забележевте како Флок целосно го „владее“ ликот на Клер. Чудовиштето по се изгледа знае многу добро да ги искористи недостатоците на луѓето околу себе. Всушност, тоа е и картата на која игра Човекот во црно. На тој начин ја „поткупил“ Клер, на тој начин го поткупи Саид (ветувајќи му ја Надја), на тој начин и Соер (ветувајќи му спас), па и сите останати преживеани и домородци… На него ни малку не му е гајле за нивните чувства. Важна му е единствено победата, па за каква и да ја подразбира истата… (можеби победа = протерување/убивање на сите луѓе на Островот?!)
Мајката на Флок
Сепак, колку и да е Флок нечувствителен во однос на сите кои го опкружуваат, во истата мера е и чувствителен кога зборува за својата мака. Ова можевме да го забележиме во неговиот разговор со Кејт, кога и’ откри на неа, а со тоа и на сите нас пред малите екрани, дека многу одамна, уште пред да „изгледа така како што изгледа“, имал можност да дознае што значи во животот да се има „луда мајка“, каква што е сега Клер.
![]()
Овој дел од епизодата ја враќа во „мода“ одамнешната теорија дека Џејкоб и Флок, се браќа родени и зачнати од исти родители и кои постојано играат според некои правила во својата т.н. војна. Дали е ова точно? Никој од нас не може да тврди, но, ако ништо барем, добивме конечно потврда дека овој „човек“ кој сега го има „позајмено“ телото на Лок, беше истиот оној кој го видовме во воведната сцена од финалето на петтата сезона, The Incident…
Саид? Ало?!
Никогаш го немаме видено во вакво издание. Никогаш и нема да го видиме, веројатно. Што и да се случува со Саид, не е в ред. Можеби сега е свесен најпосле дека направил фатална грешка?!
Моментот кој мене ме запрепасти беше кога тој не се помрдна ни со прст откако Клер и се нафрли на Кејт. Тоа воопшто не личеше на него. Во обична ситуација, Саид за помал дел од секундата би се кренал на нозе и би ја „расшамарал“ (во најдобар случај!) Клер. Но не, сега не само што не мрдна со прст, туку се чини дека воопшто и не му беше гајле дали некој ќе загине при оваа сплетка…
Секако, вака изгледаше на прв поглед. Но, всушност, нели помислувате дека би било уште побанално Саид да и „скокне“ на својата сонародничка Клер?! Досега заклучивме дека и двајцата се оживеани на ист начин, со помош на мистериозната Островска „црна сила“, па ако ова на крајот испадне навистина точно, тогаш повеќе од јасно е зошто Саид ништо не стори за да и помогне на Кејт… Којзнае, можеби двајца кои се завладеани од темната страна, никогаш не смеат и НЕ МОЖАТ да си сторат лошо еден на друг?!…
Дали Видмор бил свесен за Аџира летот 316?
Дефинитивно да! Исто како што Џејкоб знаеше што ќе се случи со овој лет, така и Видмор, преку својата поранешна жена Елоиз, сигурно дека го знаел истото нешто.
И не само што знаел, туку и поставил дел од своите луѓе во истиот. Претпоставувам дека еден од нив беше и Цезар, кој лани немилосрдно беше застрелан од Бен со сачмарка во стомакот. Покрај ова, сигурен сум дека дел од луѓето кои сега се со него во бродот, биле и на Островот пред тој да пристигне, токму преку падот на погоре споменатиот авион.
Што се однесува до оние мртви тела најдени од страна на Соер во џунглата… сега-засега, сметам дека истите се умртвени од страната на Човекот во црно. Видмор нема причина да го лаже Џејмс, или барем така мислам, па затоа ќе му верувам(е) дека не го има ниту тој, ниту пак неговите луѓе, сторено тоа грозоморно дело.
После ова, се запрашувам дали Чарлс е до толку моќен што на крајот ќе испадне единствена конкретна закана за уништување на моќта на Флок?! Епизодава остава отворен простор и за трет играч во оваа војна, но и за враќање на Џејкоб во подобра позиција, доколку секако, Чарлс се одлучил да му помогне на својот некогашен лидер (што би било банално од негова страна, бидејќи веројатно Џејкоб бил кривецот за неговото протерување од Островот…)
Што и да испадне од оваа каша, осеќам дека ќе биде нешто многу „јако“!

[…] It’s sad really… how little YOU actually know! […]
Чувствувајте се слободни за да искоментирате во врска со теорииве и за се’ што ќе ви падне на памет во врска со изминатата епизода!…
Во недостиг на време и трпение за пишување на теории, денеска се одлучив да го поставам на блогов трејлерот за идната, деветта епизода од шестата сезона. Имајте на ум дека ова парче видео е официјално, и дека нема премногу спојлери, освен фактот дека се открива на кој ќе биде фокусирана идната епизода! А, и да, може да има и несакани последици: потење поради прекумерна возбуда.
Ви се верува ли дека само уште осум епизоди остануваат до крајот?!
П.С. Утре очекувајте ги теориите! До тогаш, поздрав до сите…
Линкови за симнување на осмата епизода од шестата сезона…
Rapidshare:
http://rapidshare.com/files/364360062/LST608.part1.rar
http://rapidshare.com/files/364360064/LST608.part2.rar
ИЛИ
http://rapidshare.com/files/364345331/lost.s06e08.hdtv.xvid-2hd.part1.rar
http://rapidshare.com/files/364345033/lost.s06e08.hdtv.xvid-2hd.part2.rar
Netload:
http://netload.in/dateiYeQIEbJCgr/Lost.S06E08.HDTV.XviD-2HD.part1.rar.htm
http://netload.in/dateiwcNcbhQYY2/Lost.S06E08.HDTV.XviD-2HD.part2.rar.htm
MegaUpload:
http://www.megaupload.com/?d=WXQ376EI
http://www.megaupload.com/?d=63TCSPBN
Storage.to:
http://www.storage.to/get/lG840eCX/Lost.S06E08.HDTV.XviD-2HD.part1.rar
http://www.storage.to/get/5PKa9VO1/Lost.S06E08.HDTV.XviD-2HD.part2.rar
X7:
http://x7.to/vg5nlj/LST608.part1.rar
http://x7.to/okmkhi/LST608.part2.rar
Единечни линкови:
HotFile
X7
MegaUpload
Storage.to
Netload
Преводи:
НАСКОРО!
Новата осма епизода од шестата сезона ќе ни пристигне за еден час порано, и овој пат ќе имаме можност да ја погледнеме во живо во 2 часот наутро. Причина: променето е времето во USA!
LIVE STREAMS
HD – Veetle
http://veetle.com/frameworked/index.php/channel/view#4b80bed02621a
boJABERtv
Канал 1 – http://www.freedocast.com/ayshayayshay
лозинка: ylod
Канал 2 – http://www.freedocast.com/trashyourtv2
лозинка: непозната…
TVPC
http://www.tvpc.com/Channel.php?ChannelID=2119

Значи, за да се вклучите на време на стримовите и да ја фатите целата епизода, бидете на блогов во периодот од 01:30 па натаму!
Се читаме повторно наскоро…
The Fine Bros со нова пародија за Lost. Овој пат, инспирирана од Avatar!
Во другите вести, Lost се најде во топ 10 листата на најисплатливи серии.
1. American Idol (8.1 милиони долари)
2. Two and a Half Men (3.1 милиони долари)
3. 24 (3.0 милиони долари)
4. Grey’s Anatomy (2.8 милиони долари)
5. V (2.8 милиони долари)
6. Desperate Housewives (2.7 милиони долари)
7. Dancing with the Stars (2,56 милиони долари)
8. Lost (2,53 милиони долари)
9. Survivor (2.22 милиони долари)
10. CSI (2.07 милиони долари)
Утре вечер нова епизода… најпосле!
До тогаш, поздрав, и добра ноќ!