Ова се најновите теории на блогерот Мики за последната епизода – Dr. Linus. Неговите претходни теории (за The Substitute) можете да ги прочитате тука. За повеќе теории за новата епизода, клик тука.
![]()
-Алтернативен остров
Да, верувале или не и во алтернативниот универзум постоел островот, што мене доста ме зачуди. Е сега како е тоа можно, туку имам една теорија: Значи нашиот т.н. алтернативен универзум и нормалните настани (овие каде што во моментов се случува најголемиот заплет) се до инцидентот течеле на иста линија, т.е се што се случило до инцидентот е заедничко за двата универзуми. Но сега во еден универзум се случува инцидентот и се ресетираат сите настани, т.е не се руши авионот, а Дармовците на чудесен начин се телепортираат во некоја од пустините во која се телепортираа и Бен и Лок после вртењето на тркалото. Додека во другиот универзум, кој моментално е главен, се случува инцидентот но не со толкав интензитет, па ќе биде изграден Лебедот каде што ќе се собира целиот магнетен потенцијал, и кога Дезмонд ќе заборави да ги впише бројките всушност тој потенцијал ќе го привлече авионот кон островот, но дури кога Дезмонд ќе го сврти клучот тогаш се губи целиот магнетен потенцијал и всушност островот станува видлив.
-Промена на улогите
Дали во овој алтернативен универзум се е испомешано и испревртено!? Јас мислам да, значи незнам како, но најверојатно тој инцидент влијаел многу позитивно кон сите карактери кои сме ги гледале во Лост. Прв пример, Бен е навистина добар син и се функционира перфектно во неговото мало семејство, значи тој не го труе татко му со една од оние боци туку му помага. Втор пример кој е многу повпечатлив, Бен во четвртата сезона имаше можност да се предаде на Кими а со тоа да го предаде островот, односно да ја спаси „ќерка му“ Алекс од прераната смрт и повторно Бен во шестата сезона имаше таква дилема, дали да ја одбере „ќерка му“ т.е. иднината на Алекс, или пак директорското место во училиштето и да го зголеми своето влијание односно да добие поголема моќ. Во четвртата сезона како што и и објаснуваше на Илана тој не сакаше да ја загуби моќта, па ја загуби Алекс, но затоа пак во алтернативниот универзум во шестата сезона тој ја одбра иднината на Алекс, а го одби директорското место. Тоа значи дека во карактерот на Бен преовладува се повеќе позитивното и не е толку алчен. Е сега откако ви „прераскажав“ дел од серијата, да ја разгледаме мојата теорија: Значи мислам како што кажав и во погорната теорија, дека Инцидентот е крив за се, односно во алтернативниот универзум се случил ЦЕЛОСНИОТ универзум кој тотално го сменил карактерот на ликовите особено Бен, а пак Бен (во нормалниот универзум), дури сега има промена на карактерот откако ги сфати своите грешки.
-Видмор е повторно во игра
Да, дефинитивно се сложувам со Лостич дека Чарлс е пратеник на Флок и дека се упатува кон Хидра островот, но се повеќе ме загрижува малиот број на противници кои се спремни да му се спротиставаат на Флок кој пак ја има таа армија од луѓе. Не сум сигурен дека Илана и компанија имаат шанса против Флок освен ако не превземат некои драстични мерки… Сите знаеме за конфликтот меѓу Видмор и Бен, значи Видмор на страната на Флок, а Бен на Џејкоб, поради кој и Видмор беше избркан од островот. Значи…Бен само ја пренесувал пораката од Џејкоб кој сигурно во тој момент повел со 1-0 во дуелот против Есау. Но единствено нешто што ме буни во сета оваа твоја добро склопена теорија е зошто Флок го бараше Бен да му се придружи…Тие треба да се мразат, и Флок да бара било како начин да го убие, да му се одмазди, па мислам позади причината да го чува островот стои намера од страна на Видмор да го убие Бен, па како што војната меѓу Џејкоб и Флок ќе заврши со победа на Флок така и борбата на нивните помошници ќе заврши со победа на лошата страна. А каде е Лок во целата оваа приказна!? Лок е само средство за комуникација меѓу завојуваните страни, Лок е алка, мост кој ги поврзува двата дела а без која не се може.
-Ричард бил на Црната Карпа
И конечно ни разоткрија дел од минатото на Ричард, значи Ричард бил во Црната карпа во деветнаесеттиот век. Се прашувате од каде го знам точниот временски периот. Мислам дека во библиотеката кога Бен и помагаше на Алекс во првата сцена во која беше прикажан учебникот на Бен ја видовме Црната карпа. Ако не ми верувате слободно прегледајте ја епизодава уште еднаш. Но, тука ќе пишувам за тоа зошто Ричард никогаш не се вратил на Блек Рок и зошто не старее. Епа вака оди приказната. Црната Карпа стасала на копно толку многу оддалечена од морето, со тајм травел со оние познати скокови низ времето. Единствен кој ги преживеал крварењата (како кај Шарлот) бил Ричард и Џејкоб сметајќи го него за посебен одлучил да му даде дарба: никогаш да не старее, но под еден услов, никогаш да не се врати на бродот. Епа Ричард тоа цело време беше послушен, но сега откако умре Џејкоб тој го прекрши неговиот услов, а со тоа веќе не постои неговата дарба за НЕстареење. Интересно е дека Џејкоб исто така го допре и Лок, кога падна од зградата, па дали тоа значи дека и Лок е на некој начин посебен, или допирање се смета и најобичен допир, ако ова е точно тогаш ете ја причината зошто Соер (го допре кога му го даваше пенкалото), Џек (кога му го даваше чоколадото) и компанија се’ на овој остров (како што дознавме во една од епизодите). Но сепак мислам дека единствен кој има дарба од Џејкоб е Ричард и Лок, кој и беше посетен од страна на Ричард (по заповед на Џејкоб).
-Џејкоб е сеуште тука!
Типичен пример каде е отидена серијава со своите спротиставености. Едноставно е, Бен и Ричард се тотално нови „ликови“ во смисла на нивниот сегашен карактер… Мислам дека сепак Џејкоб со овие постапки сеуште е тука некаде на директен или индиректен начин, и уште нешто поинтересно дали новиот Џек-верувач всушност ќе ја направи мојата теорија возможна, а тоа беше теоријата за битка против Џек и Соер, како што некогаш се бореле Бен и Видмор, за нивните владетели Џејкоб и Флок. А да ве подсетам, во борбата меѓу Џејкоб и Флок има правила, и најверојатно едно од тие правила е дека мора да изберат свои пиуни со кои ќе ја остварат својата борба.


0 коментари:
Објави коментар