Со оглед на тоа дека сите вие ги изгледавте двете сезони на Изгубени правам анкета за тоа кое финале беше подобро!Exodus (први и втори дел) - прва сезона финале
Француската жена Русо ги шокира сите преживеани притоа кажувајќи им дека „Другите“ доаѓаат. Во исто време Џин,Мајкл и Соер се спремни за да тргнат со сплавот. Како што тие се подготвуваат за нападот, бебето на Клер е киднапирано водејќи ги Чарли и Саид во опасна спасувачка мисија. Во исто време сплавот се судрува со непозната група, која им го одзема Волт од нивните раце. Чарли и Саид успеваат да го одземат детето од Русо. Џек и Лок се караат во врска со отворањето на окното. Сепак на крајот окното е отворено и тоа што е внатре ги исплашува преживеаните...
Live together,die alone (први и втори дел) - втора сезона финале
По откривањето на планот на Мајкл, Џек и Саид прават план како да успеат да ги победат „Другите“ и во надеж дека ќе го земат и Волт назад. Во исто време, Еко почнува да се нервира откако Лок ќе направи потенцијална катаклизмична одлука гледајќи го „копчето“ во окното. Како што наблува крајот на епизодата Харли,Џек,Соер и Кејт се заробени од страна на „The Others“, а на Мајкл како што му било ветено му е вратен Волт. Во окното пак Лок го крши компјутерот такашто сега тајмерот ќе изброи до нула... Испаѓа дека сето тоа ќе има последици, но Дезмонд успева да ги спаси своите луѓе со вртењето на fail-save клучот. Окното го снемува, а само Чарли излегува од него. Мајкл го напушта островот, а Харли е пуштен назад да им ја пренесе пораката кон другите во својот камп. Ќе успее ли Пени во својата мисија?
Get your own Poll!
Анкетата трае заклучно со крајот на 19 јуни.

0 коментари:
Објави коментар