Блогот DarkUFO постои речиси цела година (од 14ти јуни 2006) и досега има забележано неверојатни 23 милиони посети! На овој блог ќе најдете се за Изгубени. DarkUFO е поделен во 20 секции од кои ги издвојувам - официјалната страна, media-mentions, најновите спојлери, easter eggs, најновите трачеви, конекциите меѓу ликовите, одговорите на мистериите, мистериите итн..... Овој блог е дел од таканаречената Blogger група Spoiler TV во која ќе најдете слични блогови за 24, Grey's Anatomy, Smallville, Desperate Housewives... Но, несомнено е дека DarkUFO е далеку најдобар помеѓу сите нив. Авторот на блогот повремено објавува и статии од разни фанови на Изгубени, а често и од самиот него. За сите нови епизоди има екстремно добри теории (ќе ги најдете под името Things I Noticed и името на епизодата). За сите епизоди има рејтинзи, официјални и рејтинзи од неговиот блог. Пред некое време ни го откри својот идентитет односно со што се занимава, дали има жена, кое е неговото вистинско име... Енди навистина се потрудил неговиот блог да ставен славен, а за тоа има потврда бидејќи DarkUFO заврши на второ место во неодамна одржаниот Hugo Cup. Иако се чини незаслужено бидејќи победникот постојано се рекламираше на својот блог... Во тек е гласањето за најдобрите епизоди кои досега се беа прикажале на ABC. Овој LOST Куп ќе има вкупно четири рунди се до финалето во кое најверојатно ќе учествуваат две финалиња или пак некој дел од Pilot (првата епизода во Изгубени) иако не е исклучена ниту можноста Flashes Before Your Eyes да биде близу еден таков успех. Темниот Неидентификуван Објект е само показател дека серијата Изгубени е можеби најинтересната која во моментов се прикажува во САД!!! |
0 коментари:
Објави коментар