 Уште од поодамна, речиси од почетоците,го знам нашиот засега најдобар блог сервис- Блогерај. Не дека е совршен,бидејќи и самите знаеме дека падови често има, но сепак за разлика од Македонскиот Блогер е најмалку сто пати подобар. Причина за овој пост не е серијата Изгубени туку тоа нешто што последниве два дена често го размислував. Прво што ќе помислам кога ќе дојдам на Блогерај е прилично чистиот простор исполнет со нови постови,коментари и слично. Сето ова на Blogger го нема,а и како да го има, кога во моментов таму се логирани над милион блогери! Но, кога го посетив хрватскиот блогерај сфатив од каде им дошла идеата на нашите и зашто е толку добра почетната страна! Ја забележувате сличноста нели? Тоа мене воопшто не ми пречи иако знам дека многумина сега ќе ги обвинуваат Он.нет за истово нешто. Второ на што помислив е пишувањето на новите постови. Blogger чинам дека се многу подобри во однос на Блогерај. Имате опција за нови слики,да промените бои итн. а секако на располагање имате и сами да составите html формат на текстот.  Интересно е што пред поставувањето на сликата сите функции се овозможени (односно дали таа да биде од лева или десна страна од текстот). Стигнуваме до мојот омилен дел. Нешто што многу ме нервира на Блогерај е тоа што некои блогери едноставно нели уживаат да те нервираат. Коментари од типот на: Lost е срање, Уште ли ја гледаш сапуницава...воопшто не ни се потребни!!! Некој отворил блог за да ги искаже своите мислења на одредена тема, а не за некои напатени типови (си знаат кои се) на кои ништо,ама баш ништо не им чини. Е тоа на Blogger драги мои го нема. Многумина исто се жалат на честите падови на овој интернет сервис. И јас често се жалам,но барем на некој во државава му текна да инвестира во интересниот живот на блогерството. Патем речено зашто Мт.нет не направат некоја своја блог мрежа па после да им судиме на Он.нет кои додека нивните конкуренти се влечеа и не крадеа со по сметка од 5000 денари ни дадоа интернет од 10 гига! Ах за малку ќе заборавев зашто го напишав овој пост :) Клик овде за да го видите мојот нов блог на Blogger! |
0 коментари:
Објави коментар