Јин и Сан се зближуваат и решаваат да не се караат. Додека собира овошје во шумата, Кејт гледа црн коњ и се потсетува на трагедијата на нејзиното семејство, кога Маршал ја уапсил и како му побегнала по сообраќајката кога и го видела истиот коњ. Соер добива инфекција на крвта и во бунило признава дека ја сака. Групата ја погребува Шенон, а Џек и Лок се враќаат во окното, каде гледаат дека бројчаникот стигнал до нула. Еко му дава нови докази на Лок, а Џек се зближува со Ана Лусија. Мајкл открива дека преку компјутерот ќе може да го најде Волт.

0 коментари:
Објави коментар