Пред падот Волт имал многу потежок живот отколку што самиот мислел дека има . Неговата мајка Сузан како што веќе знаете го напуштила Мајкл , притоа омажувајќи се со Брајан . Волт цели 8 години останал со нив (две живеел во Њујорк) се до дента кога Брајан зачукал на вратата кај Мајкл и му кажал што се случило . По слетувањето на авионот тој требало да си оди дома со татко му ....
На островот Волт прв којшто го запознал бил Џон Лок . По некое време тој му покажал како се ракува со нож . Волт постигнал брилијантни резултати , откако во второто фрлање ја погодил целта . Сето тоа било многу вознемирувачко за татко му којшто му забранил да се дружи со Лок . Самиот Џон му рекол на Мајкл дека детето е специјално и дека можеби треба да се однесува со него како со возрасен човек . Најчудното што Волт го направил е со отварањето на Hatchot . Без никакви информации тој му рекол на Лок да не го отвара нештото . Џон знаел многу работи за Волт , а една од тие е и запалувањето на првиот сплав . Во една од епизодите пред да отидат на патување со вториот сплав Волт му признава на Мајкл за стореното нешто . Една теорија е дека тој го запалил сплавот заради тоа што неќел да си замине од островот , а другата е дека му враќал на Мајкл за палењето на комичната книга на шпански . Откако Другите го грабнале тој бил испитуван за се што му се случувало . Во третата епизода од втората сезона Волт за првпат се појавува пред Шенон цел со вода . Тој шепотел , но ништо не се слушало бидејќи ги кажувал зборовите од назад кон напред . Во секој случај сеуште не се знае дали тоа било визија или пак самиот Волт . Тој бил виден двапати од Шенон и зборел на ист начин . Го кажал следново : "They're coming and they're close" . Кога се појавил вториот пат тој се обидел да ги заќути Шенон и Саид . Подоцна Шенон била убиена од страна на Ана Лусија , а Саид тврдел дека го видел момчето . На крајот од следната епизода , додека Мајкл ја разгледувал станицата на Дарма забележал порака на компјутерот Hello? . Откако си го напишал името добил повратен одговор со Dad? . Тоа значело дека другиот кој пишувал од некаде бил самиот Волт . Затоа Мајкл одлучил со помош на инструкциите на Волт да си го пронајде синот . Додека се приближувал до самиот нивен камп тој бил фатен во стапица . Една од The Others - Госпоѓа Клах направила договор со Мајкл . Тој да ги донесе Џек , Кејт , Соер и Харли , а тие ќе му го дадат Волт . Откако тој побарал да го види Волт тие го пуштиле на три минути . На крајот од разговорот кога Другите го влечеле Волт кон себе тој рекол дека : “Тие не се такви какви што изгледаат“ . Зборови кои ги зголемуваат мистериите на островот . Пред ова истата госпоѓа Клах го прашувала Мајкл дали Волт бил некаде кадешто не смеел да биде . Мистеријата за Волт за жал сеуште не е откриена . Но , фактот дека тој се појавува пред многу луѓе и фактот дека бил грабнат од Другите со некои цели го прави да биде посебен . Но , дали навистина е ?

0 коментари:
Објави коментар