Чудовиштето бил првиот гостин на штотуку паднатите патници . Претходно истото било чуено како испушта разни звуци . Додека доаѓало накај патниците исто така искршило и дрвја . Подоцна Џек , Кејт и Чарли отишле да ја пронајдат кабината каде што биле пилотите . Пилотот го нашле жив , но подоцна бил одвлечен надвор од авионот од чудовиштето , а подоцна и најден како виси на дрво целиот крвав и мртов . Во една епизода Џон имал блиска средба со чудовиштето , но излегол без никакви последици . Иако одрекувал дека го видел чудовиштето сепак на Џек му рекол дека “погледнал во окото на островот и дека она што го видел било прекрасно“ . Чудовиштето исто така го “нападнало“ и Бун . Сепак сето тоа било халуцинација којашто Лок му ја ставил на главата . Во неговиот сон Шенон била убиена од чудовиштето . Двапати успеале да избегаат , но третиот пат не успеале . Како што знаете чудовиштето ја повлекло Шенон , а Бун бидејќи бил веќе многу подалеку од неа можел само да ја гледа “смртта“ на неговата сестра . Во последната епизода од првата сезона (Егзодус) додека се патувало низ црната територија до “Црната Карпа“ групата со Даниел Русо , Џек , Кејт , Лок , Харли и Арцт биле бркани . Кога се бутнале помеѓу дрвјата Русо им рекла дека биле сигурни . Кога Џек ја прашал Русо што било тоа таа одговорила “сигурносен систем“ . Исто така ја прашал и што правело тоа , а таа му одговорила исто како и сите други “сигурносни системи“ - да брани нешто . Тогаш Кејт ја прашала што брани ... и Русо реплицирала :- Островот ! Подоцна откако групата го земала динамитот повторно била бркана од чудовиштето . Попрво се појавило како црн чад кој го виделе и Џек и Кејт а подоцна тргнало накај нив . Кејт , Џек и Харли веднаш избегале додека Џон останал како и секогаш . Но , овојпат чудовиштето го нападнало и замалку не го убило . Џек го фрлил динамитот и црниот чад изчезнал .
Освен овие видени нешта црниот чад повторно ќе се појавува и понатаму . Додека Чарли патувал со Еко , чудовиштето им се приближило и ги нападнало . Додека Чарли се качувал на дрвото (барајќи го авионот во кој имало хероин) Еко не направил ниту чекор . Но , наместо чудовиштето да го убие тоа едноставно запрело !
Црниот чад се завртел и си заминал од таму кадешто дошол .
Откако ова се случило Еко си помислил дека тоа нешто што и да е не е опасно . Сепак истото чудовиште повторно ќе го нападне Еко додека одел накај плажата и овојпат ќе го убие !!! Чадот го повлекол Еко со себе и го удрил во две дрва пред да го фрли долу . Откако ќе падне Еко умира за неколку секунди ... Во суштина “чудовиштето“ веројатно претставува уште еден експеримент на Дарма . Во една од посебните епизоди (LOST : Experience) ќе биде обелоденето дека чудовиштето е направено од научници кои се занимаваат со нанотехнологија , минијатурни машини кои можат да завршат одредени работи . Ова нешто можело да биде направено од електромагнетичко поле , и заедно со научниците да се усоврши за да може да размислува , а воедно и да изгледа застрашувачки (како црн облак)
0 коментари:
Објави коментар