петок, 23 февруари 2007 г.

The Swan (Лебедот)

The Swan односно The Hatch било дел од третата станица на Дарма која била поставена на Островот . Првпат била откриена од Лок и Бун . Според Orientation Film - The Swan е оригинална лабараторија кадешто научниците можеле да работат на сваќање на уникатните електромагнетички функции притоа правејќи експерименти на Островот . Како и да е после „Инцидентот“ бил воведен протокол во кој двајца луѓе требало да одат на смени за притискање на копчето (внесувајќи ги проколнатите бројки во компјутерот) на секои 108 минути за време од 540 дена, а на крајот ќе им дошла нивна замена .

• За време на првата сезона од LOST , главната мистерија на островот беше The Swan , кое тогаш (а и сега) се нарекуваше окното . Први кои го откриле окното биле Бун и Џон на „инцидентен“ начин . Џон уште од самиот почеток сакал да го отвори мислејќи дека сето тоа е судбина . Во тоа и успеал заедно со Кејт , Џек и Харли .
Забелешка : Пред самото разурнување на вратата од окното Харли ги видел броевите ,8,15,16,23,42 , а откако ја отвориле вратата на неа пишувало QUARANTINE !

• Во втората сезона , изгубените успеале да влезат во окното , наоѓајќи го Дезмонд , а заедно со него и чуден компјутер во кој морало да се внесуваат бројки . Џек и Лок одлучиле да направат две смени за притискање на копчето . Џон верувал во зборовите на Дезмонд , за важноста на копчето , но по пронаоѓањето на Pearl Orientation Video заедно со Mr.Eko Џон ја изгубил комплетната верба во важноста на копчето . Тој поверувал дека сето тоа бил психолошки експеримент . Подоцна Лок ќе го убеди Дезмонд (откако ќе се врати на Островот) да не го притиснат копчето и да не ги напишат броевите за да видат што ќе се случи . Еко протестирал .... Откако одбројувањето завршило на компјутерот се појавило System Failure , бројките на тајмерот се претвориле во хиероглифи . Сето тоа изгледало како еден голем земјотрес . Сите објекти од метал почнале да летаат насекаде поради магнетот кој станал преголем . Лок сфатил дека копчето сепак можело да направи нешто исто како и Дезмонд кој го искористил клучот за исклучување на бескрајното одбројување . Така електромагнетизмот се испразнил . The Swan бил комплетно уништен .

• Во сезона три се што останало од окното било огромен кратер , кадешто порано се наоѓала вратата . Непознато е дали целата станица била разнесета или само дел од неа , но можно е окното да не биде посетено во блиска иднина ....
Забелешка : Иако се што останало било кратер сепак Џон , Дезмонд и Еко успеале да преживеат . Најчудно било тоа што Дезмонд останал без својата облека , а почнал да добива и визии !

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)