По дванаесет неделната пауза која ја направија Изгубените рејтијнгот на серијата почна неочекувано да паѓа . Првата епизода од продолжението на Lost - „Not in Portland“ имаше 14,5 милиони љубители , а последното од среда - „Flashes before your eyes“ достигна неочекувано голем пад од речиси 2 милиони љубители (12,8) . Само за да ја увидите разликата : во првото шоу на Изгубени во септември 2004 година серијата имаше 32,9 милиони љубители . Што значи дека за дури 20 милиони помалку гледачи привлекло последното од оваа година . Дали е ова поради изместената програма на ABC поради American Idol или пак е вистински пад на серијата ќе може да се оценува понатаму . ABC продолжува да ја брани серијата со додавање на факти . Тие изјавиле дека една причина за лошите рејтинзи на Изгубени биле бидејќи само 7 % од популацијата во Америка била дома за St.Valentine (серијата беше прикажана во среда 14.02) . Друго објаснување им било дека Американскиот Идол во моментов привлекува поголемо внимание . Освен тоа тие додале дека за разлика од CSI:NY на телевизијата CBS кое привлекло само 5,3 милиони луѓе Изгубени имале дури 7 милиони повеќе . Без разлика на ова CNN објави на својот сајт дека шоуто изгубило многу фанови токму минатата сезона кога според многу луѓе ја изгубило смислата со тоа што повлекло премногу мистерии , кои сеуште не се објаснети . Освен тоа Изгубени имаа и голема пауза баш кога шоуто доби смисла и почна да привлекува уште повеќе љубители . За ова време
тие ги преемитуваа последните епизоди од сезона 3. LOST кои добија Еми за најдобра драма во 2006 ја изгубија титулата која отиде во рацете на екипата од Grey's Anatomy . Јас искрено се надевам дека овој пад е поради празникот и поради поместениот термин на серијата ..... За ова повеќе може да прочитате на http://www.cnn.com/2007/SHOWBIZ/TV/02/16/tv.lostratings.ap/index.html

0 коментари:
Објави коментар