Оригинално име: Everybody hates Hugo - Flashback карактер: Hugo "Hurley" Reyes
Харли постојано е опседнат со храна и ја сонува, но секогаш се буди и сфаќа дека тоа е илузија. Тој крие од Чарли дека на островот има мистериозно окно, исто како што од најдобриот пријател криел дека добил на лото. Соер, Јин и Мајкл успеваат да се ослободат и откриваат дека непознатите се преживеани патници од опашката на авионот, но наместо 23, ги има само петмина и меѓу нив и Бернард, мажот на Роуз. Чарли дознава за окното и бара објаснување од Лок. Саид открива дека во окното има вградено метален ѕид од Чернобил и Харли му предлага да го минираат.

Даниел Русо за првпат ги приметила шепотењата на како што таа вели “Другите“ . Првпат спомна за нив кога Саид ја праша дали видела други луѓе на островот . Во последната епизода од првата сезона Русо ги убедуваше луѓето дека ги слушнала Другите како велеле дека ќе дојдат за да го земат момчето . Даниел помислила дека момчето бил Арон , но сепак ќе излезе дека тоа бил Волт којшто ќе биде киднапиран од страна на нив . Откако Волт ќе биде киднапиран Шенон слуша разни шепотења и го здогледува него повеќе пати . Во овие ситуации Волт е целиот облеан со вода и збори наназад . Саид тврдел дека и тој го видел Волт нешто пред смртта на Шенон (за 2 до 3 епизоди) . Неколку моменти пред Другите да ги нападнат Џек , Кејт , Соер , Харли и Мајкл сите ги слушаат шепотењата .
Шепотењата доаѓаат од џунглата . Кога некој лик ќе ги слушне камерата ротира околу нивните лица коишто изгледаат збунето и го бараат местото на шепотот . Според некои мислења шепотењата се уште еден експеримент на Дарма . Според други мислења шепотењата ги изговараат Другите длабоко во шумата ... Меѓутоа Дарма не успеала во своите експерименти , а Другите се премногу далеку за да шепотат и секој да ги слушне . Уште една мистерија на островот без вистински одговор !
Оригинално име: Orientation - Flashback карактер: Џон Лок
Џек бара објаснување од Дезмонд и тој му раскажува како се насукал на островот и како некој човек Келвин му го покажал окното, а внатре компјутерот со бројките кои мора да ги внесува секој 108 минути. Џек не му верува и мисли дека тоа е некој експеримент, но Дезмонд му објаснува дека компјутерот мора да се ресетира за да се спаси светот. Мајкл, Соер и Јин се фатени во стапица и бараат начин да избегаат од непознатите силуети. Дезмонд не успева да го поправи компјутерот и бега, а Саид го поправа. Лок му кажува на Џек дека мора да ја превземе должноста на Дезмонд.
Dharma Initiative (Department of Heuristic And Research on Material Applications Initiative) е мистериозно голем проект кој се среќава насекаде низ островот . Повеќе информации за проектот ќе бидат прикажани во една од следните епизоди во која Дезмонд ќе им го покаже филмот за ориентација најден во окното ...
Иницијативата била создадена во 1970 година од Џералд и Карен Де Груф , двајца докторски кандидати од универзитетот во Мичиган . Бил или е финансиран од мистериозниот дански индустријалец и мунициски магнат , Алвар Хансо и неговата Хансо Фондација (Hanso Foundation) . Првобитната задача на фондацијата била да се формира голема “лабараторија“ во која научниците и другите умни луѓе насекаде низ планетата ќе можат да истражуваат во сферата на метереологијата , психологијата , парапсихологијата , зоологијата , електромагнетизмот и општествената утопија .
Забелешка :- Во една од следните епизоди Џон ќе види филм во кој се објаснува сето тоа што го истражува фондацијата ... филмот не бил целосен бидејќи некој претходно ги исекол парчињата во кои се објаснуваат катастрофите коишто се случиле за време на истражувањето .
Шри Ланка Видео (од третата сезона) открило дека Dharma Initiative била дел од проект поврзан со Valenzetti Equation... Намената на Дарма на островот била да ги искористи научните пронаоѓања за да манипулира со средината и да ги смени некои работи во природата (на пример поларна мечка на островот) и да и ги претстави на Valenzetti Equation доколку биле добри за човештвото . Сите овие намени пропаднале а Дарма исчезнала , освен на мистериозниот Остров .
На островот постојат повеќе станици (поточно 6) . Првата е окното (The Swan 3/6) , втората ќе биде откриена исто така во оваа сезона (The Pearl 5/6) а другите се The Arrow 1/6 , The Staff 2/6 , The Flame 4/6 и The Hydra 6/6. Во следните постови ќе дознаете повеќе за сите одделно !!!


Што мислите вие за Дарма ???
Оригинално име: Adrift - Flasback карактер: Michael Dawson
Соер го извлекува Мајкл од водата, но тој продолжува да вика по Волт. Крвата од раната на Соер привлекува ајкули. Мајкл се потсетува како се борел за старателство над Волт со жена му Сузан. Клер наоѓа статуа од Богорица во багажот на Чарли, без да знае дека во неа има хероин. Во отворот, Лок и Кејт налетуваат на Дезмонд, кој му наредува да го рестартира бројчаникот на 108 пред алармот да се активира. Џек успева да ги најде. Мајк и Соер успеваат да дојдат до плажата, но таму го наоѓаат и Јин кои ги предупредува дека Другите го следат. Мајкл го гледа мечето на Волт.
Другите ... мистерија која не е објаснета ...
http://lostseries.blog.com.mk/node/64987
Оригинално име: Man of science,man of faith - Флешбек карактер: Jack Shephard
Лок и Џек го разнесуваат окното и Лок влегува внатре да открие што има. Шенон оди да го бара кучето Винсент и Саид оди по неа. Во шумата, таа го гледа Волт, но тој исчезнува. Џек открива дека и Кејт го напуштила кампот. Тој се потсетува на средбата со Сара, која настрадала во сообраќајна несреќа. Тој го запознал и човекот Дезмонд кој исто сакал да стане доктор. Додека ги бара Кејт и Лок на плажата, Џек гледа дека тие влегле во окното и оди по нив, но открива дека човекот што сака да пука во Лок е Дезмонд. Мајкл влетува во водата кога го здогледува Волт.

Господин Еко :
Како дете Еко многу го сакал својот помал брат Јеми , дури и крадел храна за него . Како и да е еден ден дошле разбојници и во Еко виделе совршен убиец . Оттогаш Еко и Јеми живееле разделено . Години подоцна , Еко станал лидер на криминална организација . Работата на господин Еко била да се пренесува дрога (примарно надвор од земјата бидејќи Нигеријците не земале дрога ) . На една мисија тој требал да испрати голема маса на хероин . Додека барал начини за пренесување на хероинот убил двајца дилери коишто му застанале на патот . Тогаш одлучил дека најдобар начин за пренесување на хероинот би биле статуетки на дева Марија и “свештеници“ кои ќе ги пренесуваат . Но , пречката бил токму неговиот брат Јеми кој се протиставувал на неговата идеја . На крајот Еко му рекол дека тој се воздржува од убивање , но неговите “другари“ веднаш би го убиле . Господин Еко му спомнал и за вечерта кога го спасил својот брат од убиство . Токму поради тоа Јеми се согласил со идејата иако не потполно им ги дал статуетките . Вечерта се било припремено кога Јеми дошол да го спаси својот брат бидејќи претходно викнал полиција . Но , одеднаш дилерите наместо Еко го зграпчиле Јеми и го донесле во авионот . Полицијата почнала да пука во авионот , но се што успеале да направат е да го убијат Јеми . Оттогаш Еко станал свештеник бидејќи сите мислеле дека е мртов , а полицијата го помешала со неговиот брат !!! Подоцна детето коешто “оживеало“ му рекло на Еко дека додека било помеѓу световите Јеми му препорачал на својот брат да има верба .... Еко се наоѓал во задниот дел на авионот .
По падот на авионот тој успеал да преживее . На островот господин Еко им помагал на многу луѓе . Другите им дошле на “гости“ уште првата ноќ и им земале тројца луѓе . Еко успеал да убие двајца . Иако сето тоа било бранење Еко не можел да си прости и ќутел во наредните 40 дена , а на парчето од дрво со кое ги убил луѓето ја напишал библијата ! Чарли тоа дрво го нарекол Исусово . Тој често не се согласувал со Ана Лусија и решил да ги пушти Мајкл , Соер и Џин на слобода додека Ана Лусија тагувала за несаканото убиство на Шенон . Еко го крстел Арон ! Додека патувал со Чарли на местото каде што биле статуетките црното нешто кое за малку ќе го убиеше Лок го напраднало и Еко . Во тој момент сите би помислиле дека господин Еко би почнал да бега . Но , не ... Тој само застанал на местото и гледал право на него . Црниот дим само стоел 10 секунди и ништо повеќе ... едноставно исчезнал ! Кога Ана Лусија и Либи биле убиени тој сонувал дека мора да му помогне на Лок да верува во притискањето на копчето внатре во окното . Лок сепак ништо не верувал и се договорил со Дезмонд да го остават да одброи до нула . Џон мислел дека сето тоа е глупост со која се проверува способноста на човекот ... Сепак сето тоа било грешен заклучок и на крајот целото окно ќе пропадне во земја . Дали ќе преживее Еко тоа ќе се види во третата сезона ....



Ана Лусија Кортез :
Пред падот на авионот Ана Лусија работела како полициски офицер . Учествувала во разни мисии . Била добар полицаец и била на пат да го роди своето бебе . Еден ден додека работела со нејзиниот полициски партнер била застрелана во стомакот . Така бебето умрело во утробата , а Ана доживеала голем шок . По 4 месеци се вратила на работа . Мајка и (Тереза Кортез) едвај и дозволила повторно да работи . Денот кога го фатиле убиецот на нејзиното дете Ана не сакала да признае дека тој е тој . Откако го пуштиле Лусија го следела до барот во кој седел . Кога излегол од барот таа го “поздравила“ со пет куршуми . Без сведоци , совршено убитво , но мајка и знаела дека Ана Лусија го убила Џејсон .Затоа таа решила да се пресели во Австралија кадешто ќе се сретне со таткото на Џек и ќе го гледа како се мачи со последните знаци на живот . Подоцна кога Ана ќе тргне кон дома воопшто нема да осети дека Џек страдал токму за Кристијан . Откако паднал авионот Ана станала лидер на целата група . Таа им помагала на сите . Бидејќи Другите им земале дури дванаесет луѓе таа го затворила Нитан во бездната мислејќи дека тој е еден од нив ... но , грешела . Кога сфатила дека тоа бил Гудвин речиси била избезумена и веднаш го убила . Денови подоцна Соер,Џин и Мајкл им дошле во “посета“ . Таа едвај им поверувала , но сепак бидејќи другите им верувале и таа морала да оди до нивниот камп. Кога веќе се приближиле до кампот тие почнале да слушаат шепотења насекаде ... Во тој момент Шенон истрчала барајќи го Волт . Ана Лусија не знаела која е таа и ја застрелала право во срце . Оттогаш Саид ја замразил , но повеќето луѓе знаеле дека сето тоа било несреќа . Но , имало и многу кои не и верувале како : Кејт , Саид , Чарли ... Кога луѓето од кампот фатиле еден од Другите (Henry) и кога сето тоа се дознало Ана сакала да го види . Таа можеби не го знаела но тој знаел многу за неа . Тој и рекол дека таа била лошата , а не Гудвин и ја нападнал . Дента кога се подготвувала да земе пиштол Соер ја присилил да падне на земја . Но , тогаш наместо да почне да се бори таа го бакнала Соер и почнале да се милуваат . Така успеала да го земе пиштолот . Меѓутоа не можела да го убие Хенри .... Затоа пак Мајкл имал сила да ја убие неа , а подоцна и Либи , ослободувајќи го Хенри ... и правејќи лажна приказна во која за жал повеќето поверувале и биле фатени во стапица !


Елизабет “Либи“ :
Либи била една од преживеаните патници во задниот дел на авионот . Таа тврдела дека била клинички психолог пред падот на авионот и имала романтична врска со Харли . Таа ни дава многу мали информации за животот бидејќи нема ниту еден флешбек од нејзиниот живот . За неа се знае само дека имала маж кој починал и дека тој и купил брод кој го крстил по неа - Елизабет - кој подоцна ќе му го даде на Дезмонд ... Освен тоа знаеме и дека била во истата болница во која и Харли претстојувал . Поради оваа таа станала омилено прашање за љубителите на LOST . Кое е нејзиното презиме , како се викал мажот нејзин , дали наоѓањето во болницата за ментални заедно со Харли , а и во авионот било само коинциденција , дали лажела дека била психолог , и зошто била во Австралија се само дел од прашањата на кои нема одговор ! На островот Либи им помагала на сите коишто ќе се повределе и била близа со Ана Лусија . Откако дошла во кампот на Изгубените таа прво проговорила со Харли кој многу бил срамежлив . Сепак таа го засакала . Му помогнала во многу работи . Таа била убиена од страна на Мајкл заедно со Ана Лусија ... Џек се обидел да ја спаси , а откако станало јасно дека нема шанса земал од хероинот на Соер и таа во еден миг успеала да каже збор . Изговорила Мајкл . Џек тоа го сфатил : “Дали е во ред Мајкл?“ но тоа не било значењето . Била закопана заедно со Ана Лусија , а нејзиниот погреб бил запрен од бродот кој го управувал Дезмонд .


Дезмонд Хјум :
На островот дошол откако неговиот брод (кој му го дала Либи) го потопиле брановите . Пред падот тој ја сакал Пен којашто била ќерка на неговиот најголем противник во трката околу светот . Тој го присилил Дезмонд да се оттргне од Пен . Пред да тргне на патот тој го сретнал Џек на стадионот на кој вежбал . Во окното Дезмонд бил довлечкан од Келвин . Тој му кажал дека мора да го притиска копчето секои 108 минути . Дента кога авионот летал Дезмонд го убил Келвин бидејќи не му кажал дека имал брод со кој би можеле да избегаат . Кога Дезмонд дошол во окното во компјутерот насекаде стоело System Failure . Откако Џон ќе му донесе листа во која има колку пати го притискале копчето Дезмонд ќе открие дека тој им го срушил авионот на Изгубените и сфатил дека сето тоа не било никаков експеримент . Откако Џек и Лок успеале да го пукнат окното тој избегал со бродот . Кога се вратил на островот тврдел дека се што останало на светот бил островот ... Тој ги спасил другите кога клучот го ставил во местото за “убивање“ на нештото кое одбројува бесконечно .


Бернард Надлер :
Тој и бил соприг на Роус . Ја сакал својата жена и правел се што е можно да се направи за да се отстрани нејзината болест (рак) . Иако тоа речиси било невозможно сепак успеал . Можеби не како што очекувал , но сепак успеал . Роус за него велела дека имал уста полна со убави заби . Тој бил во предниот дел на авионот , но за време на падот се наоѓал во веце . Така завршил на другата страна на островот . На островот прв го најдол Гудвин кој бил еден од Другите , а бидејќи го забележал Гудвин морал да се преправа дека е Изгубен . Тој кога ја нашол својата жена почнал да бара начини за да ја спаси , но откако дознал дека островот ја излечил нејзината болест се откажал во тоа .

Гудвин :
Тој бил еден од Другите. Никој не знаел ништо за него . Ана Лусија го убила кога дознала дека ги мамел цело време . Гудвин го убил Нитан бидејќи сметал дека кога тогаш Ана ќе сфатела дека има погрешен човек .

Нитан :
Тој им помагал на луѓето , но Ана Лусија му замерила бидејќи додека Другите земале девет нивни луѓе тој бил некаде на друго место . Тоа ќе го чини цел живот .

Синди :
Била во задниот дел на авионот . Многу другарувала со Либи и Ана Лусија . Другите некако успеале да ја киднапираат . Многумина мислат дека сеуште живее со Другите верјатно на некое тајно место кадешто ги чуваат сите заробеници .


Destination : LOST за првпат била прикажана пред премиерата на сезона 2 , а ги прикажува сите настани од првата сезона . ABC(телевизијата која премиерно ги прикажува Изгубените) повторно ги повикува сите нови и стари фанови на LOST да видат уште еден поглед кон изминатите епизоди . Дестинација : Изгубени ќе ја прикаже серијата на начин на кој ќе добие уште повеќе гледачи . Во оваа епизода ќе ги гледаме најинтересните случки на најинтересните ликови , а заедно со нив и најголемите мистерии на островот . Односно ќе ни ги прикаже највпечатливите моменти од животите на ликовите на проколнатиот "Oceanic Flight 815" .
Направена според претходните епизоди , Дестинација : Изгубени се фокусира на флешбековите на ликовите -- и ни илустрира кои биле и што правеле пред падот на авионот , како островот им го променил животот , кон подобро или полошо . Покрај сите вие факти островот самиот од себе ќе биде истражуван -- од настаните коишто заземале место -- што би можело да открие некои од тајните коишто фалеле уште од првото гледање на филмот .
Ви препорачувам прво да ја изгледате првата епизода од следната сезона па дури потоа да гласате зашто вака можете само да нагаѓате . Секако за оние кои ја гледале втората сезона им препорачувам да не губат воопшто време :) .
http://lostseries.blog.com.mk/node/63611
Мистериозната вратничка ќе биде отворена уште во првата епизода од следната сезона. Џек речиси цела сезона ќе биде (односно цела сезона :-) )во кавга со Џон Лок . Кејт ќе почне се повеќе да се дружи со Соер иако во еден момент ќе го бакне Џек . Ќе бидат пронајдени нови преживеани луѓе од Oceanic Flight 815 , кои ќе им откријат интересни , но во исто време и застрашувачки факти од нивното “кампување“ на другата страна на островот . Волт за жал нема да се врати во текот на целата сезона ... а Мајкл нема да може да се помири со фактот дека можеби никогаш повеќе нема да го види својот син па ќе почне да го бара било тоа без дозвола на сите или не . Шенон сестрата на загинатиот Бун нема да издржи со својата убавина и ќе биде убиена од Ана Лусија .... иако сето тоа била несреќа Саид нема да се помири никогаш и ќе ја мрази Ана. Харли ќе биде поприлично чуден и ќе гледа човек кој не постои. Либи (преживеана од другата страна на островот) ќе се залјуби во него . На островот Русо ќе фати еден од Другите и ќе го предаде на Саид . Тој ќе биде малтретиран и тепан од страна на речиси сите луѓе . Откако Мајкл ќе се сретне со Другите ќе ги вовлече Џек , Кејт , Соер и Харли во голема неволја . Тие ќе бидат замената за неговиот син ... На крајот од сезоната Мајкл ќе побегне од островот оставајќи ги другите пријатели во вистински бедни услови . Дезмонд (типот кој го контролирал фамозното копче)денови претходно ќе им укаже на своите луѓе дека нема излез од островот . Планот на Мајкл успеал , но со големи напори . Ана Лусија и Либи биле застрелани и убиени од негова страна ... што значи дека бил многу очаен . Дали ќе успее да се спаси со своето дете тоа не се знае, бидејќи многу клетви ќе паѓаат на негова страна . И секако мажот на Роуз ќе преживее заедно со Еко кој нема многу важна улога во најглавните моменти коишто ви ги претставив . Епа другари и другарки уживајте во следната сезона на L O S T !
Exodus part 2 (трае 1:20 часа - како две епизоди) - А1 11.01.07 21:00 h
Џек , Кејт и Лок одат до Црната Карпа за да најдат динамити . Додека се обидуваат да земат , Арцт им покажува како треба да постапуваат со динамитот се додека самиот не експлодира ! Сепак останатата група одлучува да продолжи . Додека одат накај отворот Џек и Кејт ќе видат црн дим како поминува покрај нив . Нештото поточно чудовиштето ќе го повлече Лок за нога во една дупка . Џек ќе успее да го фати пред да падне . Лок ќе го моли да го пушти но Џек не попушта и го “убива“ со динамит . Со тоа во подземјето нештото експлодира и го снемува .
На плажата Клер и Чарли се сами кога Русо доаѓа и му кажува на Чарли дека Саид и треба подитно . Додека Чарли оди да го викне Саид , Русо ја прашува Клер дали може да го подржи бебето . Тогаш Клер забележува чудна гребнатинка на раката на Русо која ќе препознае дека е предизвикана од неа . Подоцна Чарли и Саид ќе тргнат во потрага по Арон . Саид ќе сфати дека Даниел сето ова го прави заради нејзиното грабнато дете Алекс . Русо сакала да направи замена - Арон за Алекс . Како што денот одминува Чарли и Саид доаѓаат до црниот чад и сфаќаат дека тој не е запален од Другите туку од Русо . Чарли ќе го врати Арон кај Клер , но со себе ќе понесе и статуа полна со хероин .
На сплавот екипата оди по својата патека . Волт дознава за Соеровиот план за одмазда . Џин го дава часовникот на Мајкл во знак на другарство . Во еден момент еден дел од сплавот ќе падне па Соер ќе го жртвува својот живот за да го врати . Тој ќе успее во тоа , но Мајкл ќе дознае дека тој има пиштол . За време на ноќта радарот ќе пронајде брод во нивна близина . Тие го пукаат единствениот сигнал и бродот им се приближува . Ќе испадне дека тоа биле чудни луѓе кои ќе го посакаат Волт . Соер ќе се обиде да испука од пиштолот , но ќе биде погоден од другите луѓе на другиот брод . Џин скока во морето за да го спаси Соер , додека Мајкл се бори за Волт . Силата на Мајкл набрзо ќе се намали и тој ќе го отпушти Волт кој ќе биде киднапиран . Додека бродот си оди една жена фрла бомба и сплавот се распарчува на делови . Криците на Мајкл нема да помогнат ...
Во исто време , Џек , Кејт , Лок и Харли стигнуваат кај отворот . Тие одлучуваат да постават динамити околу него и се пред нивно палење кога Харли ќе ги забележи проколнатите броеви . Затоа почнува да им вика да не го палат динамитот , а Лок не го слуша . Харли се обидува да го сопре согорувањето на динамитот додека вика дека броевите се лоши , а Џек скока врз него и го спасува . Динамитот експлодира .
премиерно прикажана - 25 мај 2005 година
КРАЈ НА ПРВА СЕЗОНА!
Изгубените имаат две номинации и на Writers Guild of America , а и на Golden Globe Awards ! WGA номинации LOST има за најдобра драма и за најдобри епизоди (драма) . На Golden Globe LOST се номинирани во следниве категории : најдобра телевизиска серија и за најдобра актеркаво телевизиска серија - драма за Evangeline Lilly (Kate) . Им посакуваме среќа на целата екипа и им аплаудираме за успехот!
Еве еден интересен клип ! Подолу можете да го отворите ...
lostpromo.wmv
Таа ,Сан е ќерка на богат бизнисмен од Кореја . По потекло Кореанка , може да збори на англиски иако нејзиниот маж тоа не го знаел . Многу мажи ја сакале , но среќата не ја служела . Во моментот кога била потиштена се појавил Џин . Иако го сакала сепак не можела да се омажи за него .... причина : татко и немал да и дозволи заради угледот на семејството . Тој пак ,Џин бил син на рибар. Него никој во животот не го респиктирал . Секогаш бил потценуван и го сметале само за дете на рибарот . Откако Сан му нашла работа тој се заљубил во неа . Љубовта била поголема и од волјата на таткото . Сепак Џин морал да ја плати цената . Работел прљави работи за таткото на Сан . Во еден многу поубав свет Сан не би го мразела него ... туку татко и . Џин на островот постојано ја чувал Сан , а таа пак посакала малку слобода . Токму поради тоа едно време нема да зборат ! На крајот сепак се ќе се смири . Џин ќе отиде на сплавот , а Сан ќе остане на островот помагајќи им на луѓето .
Како да се отвори некоја врата која нема квака , која лежи во земја и која не може да се урне и со најголемата сила на човекот ? Лок си го поставувал ова секој ден , секоја ноќ . Отворот е причината поради која Бун умира , нешто никогаш нема да му го заборават на Лок . This is all destiny , it is supposed to be open ! - ќе каже Лок . За него животот на островот бил борба со окното . Многумина го сметале за луд , но едноставно тој бил единствениот на островот кој знаел што прави . За малку не умрел од непотребниот бес на Шенон . Саид го спасил , но подоцна го уценил да го покаже мистериозното нешто на островот . Откако Саид дознал - дознале и другите : Џек , Кејт , Харли , Чарли се додека не се дознало насекаде . Мајкл , Џин и Соер тргнале со сплавот , а окното сеуште не било отворено . Русо им дала динамити . Додека ги земале едниот кој им се наметнал да дојде со нив (Арцт) ќе летне во воздух . Поучени од тоа морале да одат внимателно . Островот на некој начин не сакал окното да биде откриено . Лок за малку ќе загинел од “сигурносниот систем“ кој јаде луѓе ! Ден пред тоа Волт му порачал на Лок да не го отвара Нештото . Но , Лок како да не сакал да слуша . И самиот Џек знаел дека ќе имаат проблеми со него откако и доколку успеат да го отворат Отворот . If we succed in this , tonight Kate ... we're gonna have a Locke problem ! - се обратил Џек . Токму пред да го запали динамитот Харли почнал да вика избезумено :- Не , не го прави тоа .... броевите се лоши ! Сепак Лок го запалил динамитот . Отворот се расфрлил на сите страни . Во истиот момент исплашен човек долу во него ги изгасил сите светла и набљудувал .... Тајната била откриена !

16
-години стоел сигналот на Даниел
-недели друг освоил лотарија пред Харли
-години откако Сем и Лени ги чуле броевите
-Џек, Кејт и Чарли го нашле пилотот по 16 часа
-години имал првиот пациент на Џек
-Соер имал 160000 долари
-мајката на Лок живеела на авенијата Гринвуд број 2248 - 2+2+4+8=16
-години поминале откако Кејт и Том ја закопале “капсулата“
-слики имало во болницата кога Сузан му кажала на Мајкл дека Брајан сака да го посвои Волт
-пати Волт вика тато! додека сплавот се потопува
-пати Марк Силверман го тепале пред Џек да дојде да му помогне
-Харли дава за скутерот на стар човек 1600 долари
-Авионот бил 1000 милји надвор од курсот... 1000ml = 1609 km
23
-пати Џек го удира Чарли се додека Кејт не му каже да престане
-пати Џин го удира сплавот
-наградата за наоѓање на Кејт била 23000 долари
-таткото на Лок рекол дека не требало да дојде до 12 -- Лок рекол : мислев дека кажа 11 - 12+11= 23
-седиштето на Џек било 23Б
-Црната карпа е брод од Портсмут ... Портсмут бил пронајден во 1623 година -- 1623 има редослед како броевите - 4 8 15-1623-42
-собата на Харли се наоѓала на 23 спрат
-Харли дошол на летот преку врата 23
-Мајкл и Волт седеле на 23то седиште по ред
-46 луѓе требале да пијат вода секој ден . 46х5 = 23 галони вода секој ден
-16 недели во 16тата година се повторувал сигналот . Математиката била инволвирана и тешка но неверојатна . Саид рекол 1-7-2-9-4-5-3-3 бил бројот на повторувања . Траеле околу 30 секунди . Значи можеле да се повторат 2 пати во минута, а ги имало 17,294,533 . Го делите ова со повторувањата кои ги има во две минути = 8647266.5 поделено со 60 за сите часа = 144121.1083 поделено со 24 за сите денови = 6005.0461805 поделено со 365 за сите денови во годината = 16.4521813 итн... значи 16 години . Сега скратете ги со 16 години и добивате .4521813 помножено со 365 е 165.046 денови . Одземете ги последните 4 дена од 4те години кои се поголеми и потоа поделете ги со 365 . (2004,2000,1996,1992) добивате 161 ден . 161.046 поделено со 7 добивате 23 недели !
42
-галаксии на играта која ја игра Лок
-броеви на списоците на Русо ... 7х7 (4,8,15,16,23,42)
-Клер каснела 6 недели кога дознала дека е бремена 6 недели = 42 дена
-седиштето на Ана Лусиа било 42Ф
-четири,осум,петнаесет,шеснаесет,дваесет и три и четириесет и два .... доколку ги соберете сите на овој начин 4 + 5 + 7 + 7 + 11 + 8 добивате 42
-места за седење имало на авионот
-пасошот на Џоана бил 42
815
-Кејт ја ограбила банката само за да дојде до депозитната кутија број 815
-патниците се наоѓале во авионот број 815
-копирачот кој Чарли се обидувал да го продаде бил ц-815
Микс
-48 преживеани -- 4 и 8
-ако ги додадете броевите на Харли и добиените пари добивате 4 + 8 + 1 + 5 + 1 + 6 + 2 + 3 + 4 + 2 + 1 + 5 + 6 = 48 -- 4 и 8 !
-ако ги додате сите броеви со бројот на парите кои Харли ги добил на лотарија и потоа ги одземете добивате 156-108 = 48 -- преживеани луѓе и првите две мистериозни бројки
-4+8+15+16+23+48 = 108 .... откако ќе го отворат отворот ќе мораат да притискаат на копчето секои 108 минути !!!
Интересни факти од првата сезона за сите овие броеви :
4
-години Лок останал во инвалидска количка
-пиштоли во маршалската кутија
-години откако дедото на Харли ставил писмејкер
-години откако Соер си ја исполнил својата “роденденска желба“
-луѓе ќе одат на сплавот на Мајкл
-месеци Бун прашувал дали ќе го делат отворот
-луѓе му требале на Мајкл за да го спаси Џек од одронот во пештерата
-по 4 дена од падот Џек одлучил да ги изгори телата
-стапици поставил Лок за да го фати Итан
-пати Харли кажал дека Чарли го убил Итан
-месеци видовитиот човек ја убедувал Клер за бебето
-пати Лок го удирал отворот пред тој да светне
-за 4 месеци ќе биде поволното време - кажува Арцт за сплавот
-шишиња со вода зема Хуго кои ќе му притребаат додека ја бара Русо
-гребнатинки кај Русо поради обидот за земање на бебето Арон
-луѓе кои ќе го киднапираат Волт
-прсти на кои Чарли пишува
-луѓе за време на отворањето на “отворот“
-пати Харли вика дека броевите се лоши додека Лок го пали динамитот
-пати Џин ја бакнува Сан на рамото
8
-месеци била бремена Клер кога паднале на островот
-луѓе умреле во фабриката за патики на Хуго (Харли)
-вискија си поделиле Соер и Кристијан Шепард
-години откако Мајкл бил удрен од кола
-години Мајкл му пишувал на Волт
-месеци Лок и Хелен збореле
-дена откако Чарли ја загубил гитарата
-недели Драјвшафт биле на турнеја
-дена по падот Џек и некои други се преселиле во пештерата
-години Мајкл работел конструкторство
-години имал Соер кога неговите се убиле
-години имала Шенон кога татко и се оженил со мајката на Бун
-Клер ја немало 8 дена откако била грабната
-недели откако Сузан слушнала за инцидентот на Мајкл
15
-луѓе кои патувале со Русо
-часа Бун патувал за да ја спаси Шенон
-километри од најблискиот град до фармата на Кејт
-Харли добил 156 милиони долари
-милји поминал сплавот
-пати Мајкл го удира дрвото додека Сан го гледа
-луѓе имало кога Кејт кажала дека цел живот го поминала во бегање
-Волт кажал дека не морал да учи за птиците во Египет , бидејќи Египет е 15 земја по популарност
-Харли кажува дека дедо му работел 3 различни работи за 52 години , а сега имал 70 години 70 - 52 - 3 = 15
-Харли кажува дека во отворот има телевизори од 1950 година 1 + 9 + 5 + 0 = 15
-часови не сакала да биде покрај бебе -- кажува Шенон
-вискија испиле Соер и Кристијан
-бројот 555 се појавува повеќе пати додека Лок ги дознава фактите за мајка му 5х3=15
-Кога Том и Кејт биле во кујната саатот покажувал 1:50 АМ
- = 4/8/15
Гласајте за вашиот омилен лик во серијата , а дадете го своето мислење и за А1 !
Волт се потсетува на времето кога го запознал татко му. Во кампот, тој ја гледа Даниел и Саид ја препознава, а таа му кажува дека Другите доаѓаат. Џек се потсетува како ја запознал Ана Лусија на аеродромот. Даниел раскажува како Другите и го земале бебето, но Џек и Лок не и веруваат, но Џек сака да знае колкумина се и ја носи до окното. Соер го изненадува Џек кога му раскажува за средбата со доктор на аеродромот, кој бегал од неговиот син и Џек сфаќа дека тоа бил татко му. Даниел го носи Џек до двете дрва, каде нејзиниот тим бил заразен.
Кејт се потсетува кога бегала од полицијата и за нејзината врска со Том, а Чарли ја теши дека откако ќе ги спасат од островот, ќе станат славни. Саид и Џек налетуваат на Лок и тој ги води до окното. Соер се расправа со Мајкл поради солената риба, но ќе му се слоши од водата, а Волт бара помош од Сан и Кејт. Саид не се согласува со Џек и Лок да го отворат окното. Џек открива дека Мајкл пие затруена вода. Чарли се грижи за бебето на Кејт, а таа се сеќава на нејзината мајка. Мајкл го обвинува Соер дека го труе, но Џек го открива вистинскиот виновник.