Џек бара објаснување од Дезмонд и тој му раскажува како се насукал на островот и како некој човек Келвин му го покажал окното, а внатре компјутерот со бројките кои мора да ги внесува секој 108 минути. Џек не му верува и мисли дека тоа е некој експеримент, но Дезмонд му објаснува дека компјутерот мора да се ресетира за да се спаси светот. Мајкл, Соер и Јин се фатени во стапица и бараат начин да избегаат од непознатите силуети. Дезмонд не успева да го поправи компјутерот и бега, а Саид го поправа. Лок му кажува на Џек дека мора да ја превземе должноста на Дезмонд.

0 коментари:
Објави коментар