Мистериозната вратничка ќе биде отворена уште во првата епизода од следната сезона. Џек речиси цела сезона ќе биде (односно цела сезона :-) )во кавга со Џон Лок . Кејт ќе почне се повеќе да се дружи со Соер иако во еден момент ќе го бакне Џек . Ќе бидат пронајдени нови преживеани луѓе од Oceanic Flight 815 , кои ќе им откријат интересни , но во исто време и застрашувачки факти од нивното “кампување“ на другата страна на островот . Волт за жал нема да се врати во текот на целата сезона ... а Мајкл нема да може да се помири со фактот дека можеби никогаш повеќе нема да го види својот син па ќе почне да го бара било тоа без дозвола на сите или не . Шенон сестрата на загинатиот Бун нема да издржи со својата убавина и ќе биде убиена од Ана Лусија .... иако сето тоа била несреќа Саид нема да се помири никогаш и ќе ја мрази Ана. Харли ќе биде поприлично чуден и ќе гледа човек кој не постои. Либи (преживеана од другата страна на островот) ќе се залјуби во него . На островот Русо ќе фати еден од Другите и ќе го предаде на Саид . Тој ќе биде малтретиран и тепан од страна на речиси сите луѓе . Откако Мајкл ќе се сретне со Другите ќе ги вовлече Џек , Кејт , Соер и Харли во голема неволја . Тие ќе бидат замената за неговиот син ... На крајот од сезоната Мајкл ќе побегне од островот оставајќи ги другите пријатели во вистински бедни услови . Дезмонд (типот кој го контролирал фамозното копче)денови претходно ќе им укаже на своите луѓе дека нема излез од островот . Планот на Мајкл успеал , но со големи напори . Ана Лусија и Либи биле застрелани и убиени од негова страна ... што значи дека бил многу очаен . Дали ќе успее да се спаси со своето дете тоа не се знае, бидејќи многу клетви ќе паѓаат на негова страна . И секако мажот на Роуз ќе преживее заедно со Еко кој нема многу важна улога во најглавните моменти коишто ви ги претставив . Епа другари и другарки уживајте во следната сезона на L O S T !
0 коментари:
Објави коментар