Џек , Кејт и Лок одат до Црната Карпа за да најдат динамити . Додека се обидуваат да земат , Арцт им покажува како треба да постапуваат со динамитот се додека самиот не експлодира ! Сепак останатата група одлучува да продолжи . Додека одат накај отворот Џек и Кејт ќе видат црн дим како поминува покрај нив . Нештото поточно чудовиштето ќе го повлече Лок за нога во една дупка . Џек ќе успее да го фати пред да падне . Лок ќе го моли да го пушти но Џек не попушта и го “убива“ со динамит . Со тоа во подземјето нештото експлодира и го снемува .
На плажата Клер и Чарли се сами кога Русо доаѓа и му кажува на Чарли дека Саид и треба подитно . Додека Чарли оди да го викне Саид , Русо ја прашува Клер дали може да го подржи бебето . Тогаш Клер забележува чудна гребнатинка на раката на Русо која ќе препознае дека е предизвикана од неа . Подоцна Чарли и Саид ќе тргнат во потрага по Арон . Саид ќе сфати дека Даниел сето ова го прави заради нејзиното грабнато дете Алекс . Русо сакала да направи замена - Арон за Алекс . Како што денот одминува Чарли и Саид доаѓаат до црниот чад и сфаќаат дека тој не е запален од Другите туку од Русо . Чарли ќе го врати Арон кај Клер , но со себе ќе понесе и статуа полна со хероин .
На сплавот екипата оди по својата патека . Волт дознава за Соеровиот план за одмазда . Џин го дава часовникот на Мајкл во знак на другарство . Во еден момент еден дел од сплавот ќе падне па Соер ќе го жртвува својот живот за да го врати . Тој ќе успее во тоа , но Мајкл ќе дознае дека тој има пиштол . За време на ноќта радарот ќе пронајде брод во нивна близина . Тие го пукаат единствениот сигнал и бродот им се приближува . Ќе испадне дека тоа биле чудни луѓе кои ќе го посакаат Волт . Соер ќе се обиде да испука од пиштолот , но ќе биде погоден од другите луѓе на другиот брод . Џин скока во морето за да го спаси Соер , додека Мајкл се бори за Волт . Силата на Мајкл набрзо ќе се намали и тој ќе го отпушти Волт кој ќе биде киднапиран . Додека бродот си оди една жена фрла бомба и сплавот се распарчува на делови . Криците на Мајкл нема да помогнат ...
Во исто време , Џек , Кејт , Лок и Харли стигнуваат кај отворот . Тие одлучуваат да постават динамити околу него и се пред нивно палење кога Харли ќе ги забележи проколнатите броеви . Затоа почнува да им вика да не го палат динамитот , а Лок не го слуша . Харли се обидува да го сопре согорувањето на динамитот додека вика дека броевите се лоши , а Џек скока врз него и го спасува . Динамитот експлодира .
премиерно прикажана - 25 мај 2005 година
КРАЈ НА ПРВА СЕЗОНА!

0 коментари:
Објави коментар