четврток, 18 јануари 2007 г.

Новите ликови (сезона 2) !

Господин Еко :
Како дете Еко многу го сакал својот помал брат Јеми , дури и крадел храна за него . Како и да е еден ден дошле разбојници и во Еко виделе совршен убиец . Оттогаш Еко и Јеми живееле разделено . Години подоцна , Еко станал лидер на криминална организација . Работата на господин Еко била да се пренесува дрога (примарно надвор од земјата бидејќи Нигеријците не земале дрога ) . На една мисија тој требал да испрати голема маса на хероин . Додека барал начини за пренесување на хероинот убил двајца дилери коишто му застанале на патот . Тогаш одлучил дека најдобар начин за пренесување на хероинот би биле статуетки на дева Марија и “свештеници“ кои ќе ги пренесуваат . Но , пречката бил токму неговиот брат Јеми кој се протиставувал на неговата идеја . На крајот Еко му рекол дека тој се воздржува од убивање , но неговите “другари“ веднаш би го убиле . Господин Еко му спомнал и за вечерта кога го спасил својот брат од убиство . Токму поради тоа Јеми се согласил со идејата иако не потполно им ги дал статуетките . Вечерта се било припремено кога Јеми дошол да го спаси својот брат бидејќи претходно викнал полиција . Но , одеднаш дилерите наместо Еко го зграпчиле Јеми и го донесле во авионот . Полицијата почнала да пука во авионот , но се што успеале да направат е да го убијат Јеми . Оттогаш Еко станал свештеник бидејќи сите мислеле дека е мртов , а полицијата го помешала со неговиот брат !!! Подоцна детето коешто “оживеало“ му рекло на Еко дека додека било помеѓу световите Јеми му препорачал на својот брат да има верба .... Еко се наоѓал во задниот дел на авионот .
По падот на авионот тој успеал да преживее . На островот господин Еко им помагал на многу луѓе . Другите им дошле на “гости“ уште првата ноќ и им земале тројца луѓе . Еко успеал да убие двајца . Иако сето тоа било бранење Еко не можел да си прости и ќутел во наредните 40 дена , а на парчето од дрво со кое ги убил луѓето ја напишал библијата ! Чарли тоа дрво го нарекол Исусово . Тој често не се согласувал со Ана Лусија и решил да ги пушти Мајкл , Соер и Џин на слобода додека Ана Лусија тагувала за несаканото убиство на Шенон . Еко го крстел Арон ! Додека патувал со Чарли на местото каде што биле статуетките црното нешто кое за малку ќе го убиеше Лок го напраднало и Еко . Во тој момент сите би помислиле дека господин Еко би почнал да бега . Но , не ... Тој само застанал на местото и гледал право на него . Црниот дим само стоел 10 секунди и ништо повеќе ... едноставно исчезнал ! Кога Ана Лусија и Либи биле убиени тој сонувал дека мора да му помогне на Лок да верува во притискањето на копчето внатре во окното . Лок сепак ништо не верувал и се договорил со Дезмонд да го остават да одброи до нула . Џон мислел дека сето тоа е глупост со која се проверува способноста на човекот ... Сепак сето тоа било грешен заклучок и на крајот целото окно ќе пропадне во земја . Дали ќе преживее Еко тоа ќе се види во третата сезона ....
mr.eko_lost.jpgEko_ana_lost.jpgEkoCharliePlane_lost.jpg
Ана Лусија Кортез :
Пред падот на авионот Ана Лусија работела како полициски офицер . Учествувала во разни мисии . Била добар полицаец и била на пат да го роди своето бебе . Еден ден додека работела со нејзиниот полициски партнер била застрелана во стомакот . Така бебето умрело во утробата , а Ана доживеала голем шок . По 4 месеци се вратила на работа . Мајка и (Тереза Кортез) едвај и дозволила повторно да работи . Денот кога го фатиле убиецот на нејзиното дете Ана не сакала да признае дека тој е тој . Откако го пуштиле Лусија го следела до барот во кој седел . Кога излегол од барот таа го “поздравила“ со пет куршуми . Без сведоци , совршено убитво , но мајка и знаела дека Ана Лусија го убила Џејсон .Затоа таа решила да се пресели во Австралија кадешто ќе се сретне со таткото на Џек и ќе го гледа како се мачи со последните знаци на живот . Подоцна кога Ана ќе тргне кон дома воопшто нема да осети дека Џек страдал токму за Кристијан . Откако паднал авионот Ана станала лидер на целата група . Таа им помагала на сите . Бидејќи Другите им земале дури дванаесет луѓе таа го затворила Нитан во бездната мислејќи дека тој е еден од нив ... но , грешела . Кога сфатила дека тоа бил Гудвин речиси била избезумена и веднаш го убила . Денови подоцна Соер,Џин и Мајкл им дошле во “посета“ . Таа едвај им поверувала , но сепак бидејќи другите им верувале и таа морала да оди до нивниот камп. Кога веќе се приближиле до кампот тие почнале да слушаат шепотења насекаде ... Во тој момент Шенон истрчала барајќи го Волт . Ана Лусија не знаела која е таа и ја застрелала право во срце . Оттогаш Саид ја замразил , но повеќето луѓе знаеле дека сето тоа било несреќа . Но , имало и многу кои не и верувале како : Кејт , Саид , Чарли ... Кога луѓето од кампот фатиле еден од Другите (Henry) и кога сето тоа се дознало Ана сакала да го види . Таа можеби не го знаела но тој знаел многу за неа . Тој и рекол дека таа била лошата , а не Гудвин и ја нападнал . Дента кога се подготвувала да земе пиштол Соер ја присилил да падне на земја . Но , тогаш наместо да почне да се бори таа го бакнала Соер и почнале да се милуваат . Така успеала да го земе пиштолот . Меѓутоа не можела да го убие Хенри .... Затоа пак Мајкл имал сила да ја убие неа , а подоцна и Либи , ослободувајќи го Хенри ... и правејќи лажна приказна во која за жал повеќето поверувале и биле фатени во стапица !
Ana_Lucia_lost.jpg_AnaGoodwin_lost.jpg
Елизабет “Либи“ :
Либи била една од преживеаните патници во задниот дел на авионот . Таа тврдела дека била клинички психолог пред падот на авионот и имала романтична врска со Харли . Таа ни дава многу мали информации за животот бидејќи нема ниту еден флешбек од нејзиниот живот . За неа се знае само дека имала маж кој починал и дека тој и купил брод кој го крстил по неа - Елизабет - кој подоцна ќе му го даде на Дезмонд ... Освен тоа знаеме и дека била во истата болница во која и Харли претстојувал . Поради оваа таа станала омилено прашање за љубителите на LOST . Кое е нејзиното презиме , како се викал мажот нејзин , дали наоѓањето во болницата за ментални заедно со Харли , а и во авионот било само коинциденција , дали лажела дека била психолог , и зошто била во Австралија се само дел од прашањата на кои нема одговор ! На островот Либи им помагала на сите коишто ќе се повределе и била близа со Ана Лусија . Откако дошла во кампот на Изгубените таа прво проговорила со Харли кој многу бил срамежлив . Сепак таа го засакала . Му помогнала во многу работи . Таа била убиена од страна на Мајкл заедно со Ана Лусија ... Џек се обидел да ја спаси , а откако станало јасно дека нема шанса земал од хероинот на Соер и таа во еден миг успеала да каже збор . Изговорила Мајкл . Џек тоа го сфатил : “Дали е во ред Мајкл?“ но тоа не било значењето . Била закопана заедно со Ана Лусија , а нејзиниот погреб бил запрен од бродот кој го управувал Дезмонд .
Libby.jpgLibbymentalp.jpg
Дезмонд Хјум :
На островот дошол откако неговиот брод (кој му го дала Либи) го потопиле брановите . Пред падот тој ја сакал Пен којашто била ќерка на неговиот најголем противник во трката околу светот . Тој го присилил Дезмонд да се оттргне од Пен . Пред да тргне на патот тој го сретнал Џек на стадионот на кој вежбал . Во окното Дезмонд бил довлечкан од Келвин . Тој му кажал дека мора да го притиска копчето секои 108 минути . Дента кога авионот летал Дезмонд го убил Келвин бидејќи не му кажал дека имал брод со кој би можеле да избегаат . Кога Дезмонд дошол во окното во компјутерот насекаде стоело System Failure . Откако Џон ќе му донесе листа во која има колку пати го притискале копчето Дезмонд ќе открие дека тој им го срушил авионот на Изгубените и сфатил дека сето тоа не било никаков експеримент . Откако Џек и Лок успеале да го пукнат окното тој избегал со бродот . Кога се вратил на островот тврдел дека се што останало на светот бил островот ... Тој ги спасил другите кога клучот го ставил во местото за “убивање“ на нештото кое одбројува бесконечно .
Desmond_lost.jpgDesmond_Penelope.jpg
Бернард Надлер :
Тој и бил соприг на Роус . Ја сакал својата жена и правел се што е можно да се направи за да се отстрани нејзината болест (рак) . Иако тоа речиси било невозможно сепак успеал . Можеби не како што очекувал , но сепак успеал . Роус за него велела дека имал уста полна со убави заби . Тој бил во предниот дел на авионот , но за време на падот се наоѓал во веце . Така завршил на другата страна на островот . На островот прв го најдол Гудвин кој бил еден од Другите , а бидејќи го забележал Гудвин морал да се преправа дека е Изгубен . Тој кога ја нашол својата жена почнал да бара начини за да ја спаси , но откако дознал дека островот ја излечил нејзината болест се откажал во тоа .

250px-Bernard.jpg
Гудвин :
Тој бил еден од Другите. Никој не знаел ништо за него . Ана Лусија го убила кога дознала дека ги мамел цело време . Гудвин го убил Нитан бидејќи сметал дека кога тогаш Ана ќе сфатела дека има погрешен човек .

Goodwin_ana_promo.jpg
Нитан :
Тој им помагал на луѓето , но Ана Лусија му замерила бидејќи додека Другите земале девет нивни луѓе тој бил некаде на друго место . Тоа ќе го чини цел живот .
250px-Nathan2.jpg
Синди :
Била во задниот дел на авионот . Многу другарувала со Либи и Ана Лусија . Другите некако успеале да ја киднапираат . Многумина мислат дека сеуште живее со Другите верјатно на некое тајно место кадешто ги чуваат сите заробеници .
170px-Cindy_promo_2x09.jpgAnaLuciaDead.jpg

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)