Како да се отвори некоја врата која нема квака , која лежи во земја и која не може да се урне и со најголемата сила на човекот ? Лок си го поставувал ова секој ден , секоја ноќ . Отворот е причината поради која Бун умира , нешто никогаш нема да му го заборават на Лок . This is all destiny , it is supposed to be open ! - ќе каже Лок . За него животот на островот бил борба со окното . Многумина го сметале за луд , но едноставно тој бил единствениот на островот кој знаел што прави . За малку не умрел од непотребниот бес на Шенон . Саид го спасил , но подоцна го уценил да го покаже мистериозното нешто на островот . Откако Саид дознал - дознале и другите : Џек , Кејт , Харли , Чарли се додека не се дознало насекаде . Мајкл , Џин и Соер тргнале со сплавот , а окното сеуште не било отворено . Русо им дала динамити . Додека ги земале едниот кој им се наметнал да дојде со нив (Арцт) ќе летне во воздух . Поучени од тоа морале да одат внимателно . Островот на некој начин не сакал окното да биде откриено . Лок за малку ќе загинел од “сигурносниот систем“ кој јаде луѓе ! Ден пред тоа Волт му порачал на Лок да не го отвара Нештото . Но , Лок како да не сакал да слуша . И самиот Џек знаел дека ќе имаат проблеми со него откако и доколку успеат да го отворат Отворот . If we succed in this , tonight Kate ... we're gonna have a Locke problem ! - се обратил Џек . Токму пред да го запали динамитот Харли почнал да вика избезумено :- Не , не го прави тоа .... броевите се лоши ! Сепак Лок го запалил динамитот . Отворот се расфрлил на сите страни . Во истиот момент исплашен човек долу во него ги изгасил сите светла и набљудувал .... Тајната била откриена !

0 коментари:
Објави коментар