Даниел Русо за првпат ги приметила шепотењата на како што таа вели “Другите“ . Првпат спомна за нив кога Саид ја праша дали видела други луѓе на островот . Во последната епизода од првата сезона Русо ги убедуваше луѓето дека ги слушнала Другите како велеле дека ќе дојдат за да го земат момчето . Даниел помислила дека момчето бил Арон , но сепак ќе излезе дека тоа бил Волт којшто ќе биде киднапиран од страна на нив . Откако Волт ќе биде киднапиран Шенон слуша разни шепотења и го здогледува него повеќе пати . Во овие ситуации Волт е целиот облеан со вода и збори наназад . Саид тврдел дека и тој го видел Волт нешто пред смртта на Шенон (за 2 до 3 епизоди) . Неколку моменти пред Другите да ги нападнат Џек , Кејт , Соер , Харли и Мајкл сите ги слушаат шепотењата .
Шепотењата доаѓаат од џунглата . Кога некој лик ќе ги слушне камерата ротира околу нивните лица коишто изгледаат збунето и го бараат местото на шепотот . Според некои мислења шепотењата се уште еден експеримент на Дарма . Според други мислења шепотењата ги изговараат Другите длабоко во шумата ... Меѓутоа Дарма не успеала во своите експерименти , а Другите се премногу далеку за да шепотат и секој да ги слушне . Уште една мистерија на островот без вистински одговор !

0 коментари:
Објави коментар