сабота, 27 јануари 2007 г.

Dharma Initiative инфо

Dharma Initiative (Department of Heuristic And Research on Material Applications Initiative) е мистериозно голем проект кој се среќава насекаде низ островот . Повеќе информации за проектот ќе бидат прикажани во една од следните епизоди во која Дезмонд ќе им го покаже филмот за ориентација најден во окното ...
Иницијативата била создадена во 1970 година од Џералд и Карен Де Груф , двајца докторски кандидати од универзитетот во Мичиган . Бил или е финансиран од мистериозниот дански индустријалец и мунициски магнат , Алвар Хансо и неговата Хансо Фондација (Hanso Foundation) . Првобитната задача на фондацијата била да се формира голема “лабараторија“ во која научниците и другите умни луѓе насекаде низ планетата ќе можат да истражуваат во сферата на метереологијата , психологијата , парапсихологијата , зоологијата , електромагнетизмот и општествената утопија .
Забелешка :- Во една од следните епизоди Џон ќе види филм во кој се објаснува сето тоа што го истражува фондацијата ... филмот не бил целосен бидејќи некој претходно ги исекол парчињата во кои се објаснуваат катастрофите коишто се случиле за време на истражувањето .
Шри Ланка Видео (од третата сезона) открило дека Dharma Initiative била дел од проект поврзан со Valenzetti Equation... Намената на Дарма на островот била да ги искористи научните пронаоѓања за да манипулира со средината и да ги смени некои работи во природата (на пример поларна мечка на островот) и да и ги претстави на Valenzetti Equation доколку биле добри за човештвото . Сите овие намени пропаднале а Дарма исчезнала , освен на мистериозниот Остров .
На островот постојат повеќе станици (поточно 6) . Првата е окното (The Swan 3/6) , втората ќе биде откриена исто така во оваа сезона (The Pearl 5/6) а другите се The Arrow 1/6 , The Staff 2/6 , The Flame 4/6 и The Hydra 6/6. Во следните постови ќе дознаете повеќе за сите одделно !!!

dharma.gifthe_pearl_dharma.jpg
Што мислите вие за Дарма ???

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)