вторник, 19 декември 2006 г.

Џек Шепард

Доктор Џек Шепард го живее целиот свој живот под дејство на неговиот татко . Неговата професија уште од раѓањето се знаела (хирург). Семејството едноставно му го наметнало тоа . И така Џек го живеел својот живот мирно и спокојно со неговиот татко . Се додека направил нешто за кое ниту самиот не очекувал .Да ја каже вистината која говорела против неговиот татко ! Тоа него го чинело татко , а татко му професија . Откако сето ова се случило Џек се чувствувал виновно , но по наредбата на мајка му да го донесе татко му се одлучил да тргне за Австралија , каде што подоцна ќе дознае дека нема спас за него... И така Џек тргна назад за ЛА со големи проблеми со ковчегот во кој татко му засекогаш почива . Но... авионот се сруши на пуст остров за комплетирање на целосно лошиот месец . Подоцна Шепард ќе дознае дека татко му мистериозно исчезнал од ковчегот и ќе го види со своите очи како шета ! Оттогаш Џек одлучува да заборави на се па започнува целосно нов живот . Го заборава татко си , и за прв пат во животот станува лидер на тотално истрауматизираните луѓе ! Иако се обидува да не ја засака Кејт таа едноставно му се наметнува во срцето и иако никогаш не признава за тоа се обидува во секој момент да биде поблиску до неа . Поради тоа многу кавги се случуваат со Соер кој исто така има испреплетени чувства за неа ...
jack_800x600.jpg

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)