Иронијата со овој човек Чарли е тоа што никогаш не сакал да стане рок ѕвезда . Па така кога неговиот брат со неговиот најдобар другар оформиле група , тој не сакал да биде во неа. Не му било гајле тоа што ќе бил познат туку му било убаво тоа што свирел. Сепак со молбите на братот тој влегол во групата . И сето тоа се случило . Но, и самите знаеле дека шансите да успеат биле многу мали ... И покрај тоа Draveshaft станале популарни преку ноќ . Чарли групата го отфрлила исто брзо кога и го примила . Така Чарли станал голем зависник од дрога , нешто кое му го наметна славата на неговиот брат ! Подоцна Чарли ке побара и вистинска работа . Но , ништо не му успева. Се обидува да избега од самиот себе .... но без успех. Затоа сфаќа дека местото му е помеќу илјадници фанови . Зависноста е навистина зависна работа , нешто кое не исчезнува . па Чарли сепак сеуште зема по малку хероин . Кога Чарли ќе дојде за да зачука на вратата на неговиот брат , не ни верувал дека тој нема да прифати повторно да свири за Draveshaft . Чарли се враќа во Лос Анџелес , поточно , требало да се враќа со мислите - како можел се што сакал во животот да му одземе (мислејќи на братот) . Пред да си отиде братот се понудил да му помогне во однос со дрогата . На тоа Чарли изнервирано одговорил дека тој за ништо не се грижел . На островот Чарли живее надвор од контрола , постојано зема хероин , и знае дека сето тоа ќе го води кон пропаст . И срам секако . Без таа мизерија , Чарли би дознал нешто многу важно . Доколку подобро ги отворел очите ќе дознаел дека островот е таму каде што навистина треба да биде . Чарли бил и на врвот на животот , а и на дното на животот ... Доколку тоа се земе во предвид тогаш островот е таму кадешто припаѓа !
0 коментари:
Објави коментар