Природно талентиран сликар , Мајкл , сакал само да ги испробува неговите способности . Тој живеел во најпопуларниот град во светот (Њу Јорк) и бил заљубен во една паметна и многу убава жена Сузан . И кога Сузан му кажала дека е бремена ... Мајкл не можел да си поверува дека имало некое такво нешто кое ги радува луѓето како бебето. Но , ја платил цената со своите сонови . Откако Волт се родил веќе немал време за своите сништа . Пред да дознае дека многу повеќе сакал да биде со Волт отколку да црта , Сузан му кажала дека добила покана за работа во Холандија ... која речиси била неодбивлива . Но , Мајкл не можел да оди во Холандрија бидејќи бил “Њујоркер“ . На крајот испаднало дека таа воопшто не ни сметала на него и го зела Волт . Исто како што Волт брзо се појавил во животот на Мајкл со истата брзина и исчезнал . Кога автомобил го удрил Мајкл тој имал намера веднаш по оздравувањето да отиде по својот син . Затоа денот кога Сузан дошла во болницата тој останал без зборови . Имал многу работи да и каже но таа прва прозборила : Дека се омажила со друг маж во странство . Се викал Брајан и бил добар за неа . Тие се селеле во Австралија и затоа сакала Брајан да го посвои нејзиниот син и тој конечно да има “вистински татко“ . Тоа што Волт имал вистински татко кој постојано мислел на него воопшто не било важно . Па затоа кога Мајкл му отворил врата на непознат речиси по една декада и кога дознал дека тој е “вистинскиот татко“ дејствувал многу агресивно и изненадено . Брајан имал лоши вести за него . Дека Сузан умрела и дека тој самиот сакал Мајкл да го зеде својот син . На крајот испаднало дека Брајан никогаш не сакал да биде татко . И така Мајкл отишол во Австралија за да го земе конечно неговиот син и се ќе било добро доколку авионот не паднел на островот .... На островот Мајкл гради се што му треба . Сепак вистинската задача му е да се зближи со синот на пустиот и чуден остров . Да се успее во тоа ... треба да се има талент !
0 коментари:
Објави коментар