Кога Клер дознала дека е бремена нејзиниот избор бил многу лесен . Не можела да има дете бидејќи самата таа била дете . А ,и нејзините родители не збореле со неа долго време. Сепак Томас и кажал дека тие можат да успеат таа му поверувала . Односно сакала да му верува . Но , месеци подоцна Томас ја напуштил и таа останала да се грижи самата за себе . И да сфатила дека најдобрата опција за бебето е некој да го посвои. Едно нешто ја мачело . Таа отишла со една пријателка кај видовит човек кој откако почнал да ја гледа веднаш и ги вратил парите и едноставно ја избркал . Таа одлучила подоцна сама да отиде за да ја види видовитиот човек пак . Тој и кажал дека опасност му се наближува на бебето и дека мора сама да го одгледа . Тој не успеал да ја убеди Клер која веќе била решена да го даде бебето . Затоа тој и дал и друга идеја ... да го даде бебето на познати луѓе од Лос Анџелес . Тие дури би и дале и пари само да го даде бебето - некогаш . Видовитиот веднаш и дал билет за авионот кој утредента требало да стогне во ЛА . Таа не можела да го одбие , бидејќи ја убедил дека мора да биде тој лет . Доколку Клер не била толку очајна можеби и ќе ја разгледала ситуацијата и ќе се побунела повеќе . Но , никој не знаел дека немала да има уште една шанса . Откако авионот се срушил Клер сфатила дека не е сингл . Туку дека на островот е мајка која наскоро ќе роди бебе . Или како што таа би кажала - бомба која во секој миг може да пукне . Мислела дека нема излез од оваа ситуација , иако другите и помагале поготово Чарли каде и да одела . Сепак Другите имале други желби за нејзиното бебе . Како што настаните на островот се се пострашни така Клер се повеќе го штити своето дете . Откако дошол денот и кога детето излегло на свет таа сфатила дека тоа е најдоброто нешто кое се случило во нејзиниот живот . Затоа се вели дека животот на своето дете го менува животот на мајката ! Така било и со Клер
0 коментари:
Објави коментар