Потрошете само 5 минути со Харли и ќе видите дека тој е најпопуларниот лик на островот. Секогаш подготвен за шеги , неговата природа сама си ги придобива пријателите . Ја сакал својата фамилија неговите пријатели .... сите околу него ! И тој победил на лотрарија.... Додека слушал еден пациент во душевна болница како кажува броеви цело време без престан решил да игра лотарија со нив . По што завршил со добивка од 114 милиони долари ! Со тие пари се можело да се купи . Па така тој купил една фирма со кутии , имал и фирма со патики во Канада која изгорела до земја , но тоа што му го отплатиле заради штетата вредело повеќе отколку самата компанија . Така парите се зголемиле на 150 милиони долари . Иако се повеќе имал пари дознавал дека тоа повеќе му носи несреќа отколку среќа . Неговиот дедо умрел , кога и ја покажувал новата куќа на мајка му таа веќе била почната да гори , а и да не заборавиме дека таа веднаш си ја искршила ногата после излегувањето од колата ! Харли се обидувал да сфати зошто се почнало да се случува одкако играл со тие броеви . Тие броеви ?! Затоа се вратил во болницата кај Леонард за да го праша за броевите . Тој откако слушнал што направил му кажал дека не смеел да игра со нив бидејќи ја отворил кутијата . Додека тој паѓал во хистерија Харли го прашал кој друг знае за броевите , а Леонард одговорил Калгорли , Австралија . Неговиот пат станува и потемен оттокаш . Сфаќа дека броевите ги проколнуваат сите околу него . И Харли е следен на тој пат ! На островот тој се обвинува дека е крив за падот , затоа се однесува најдобро што може со сите преживеани . Баш кога сите почнале да полудуваат тој изградил голф-терен за играње и сите ги зближува . И покрај се тој останува со својот добар дух . Но кога ќе ги види истите броеви насекаде низ островот сфаќа дека ѓаволот си игра со него . Но, можеби , само можеби тој е крив за се што се случило !
0 коментари:
Објави коментар