петок, 29 декември 2006 г.

Шенон Рутерфорд

Доколку длабоко разгледате можеби Шенон не треба да се обвинува за нејзините постапки. Уште кога била младо девојче сите и велеле дека е многу убава . Не требало многу за да се дознае дека тоа и го направила животот многу полесен . Па кога татко и се оженил со успешна девојка (мајка на веќе починатиот Бун - Марта Стјуарт) и кога нејзиниот живот се наполнил со пари таа помислила дека тоа е најважното нешто -- да се имаат пари . Уште полошо си помислила дека тоа го заслужила . Шенон можела да направи се што ќе посака . Доколку успеала да добие внимание од маж таа мислела дека можела се да постигне преку него . Кога ќе дошла неволја , а секогаш доаѓало до тоа , таа открила дека само еден човек постојано ја спасувал . Бун , нејзиниот побрат кој и давал слободна карта од сите неволји ! И кога го сфатила тоа таа почнала се почесто да го користи . Кога Бун дошол во Австралија таа не била многу загрижена што тој бил многу лут . Таа знаела како да се справи со тоа . Имало работи кои мажите ги сакале , а таа секогаш ги давала . Бун уште повеќе се налутил кога таа му рекла дека ништо немало да се промени меѓу нив двајца . Се што и требало на Шенон е да си оди дома и да ги наполни повторно батериите . Подоцна знаела дека можела да прави се што ќе посака . Бидејќи секогаш правела така . После падот на авионот , Шенон брзо се вратила на својата рутина . Таа не можела да сфати зошто луѓето на островот трчале да прават ова и тоа кога во секоја минута ќе биле спасени . После недела таа веќе не била толку убедена , а сепак во ништо не помагала . Не било важно дали немала дијамант или риба ... таа се можела да добие . Дури и на островот . Шенон кога ќе направела проблеми едноставно продолжувала со животот . Постојано имала некој друг да шармира во другиот агол . Но, што ќе прави сега ? Колку повеќе останува на островот толку повеќе ја сфаќа суровата вистина : дека не знае да се грижи за себе . И кога момчето кое постојано ја спасувало ќе си замине од нејзиниот живот работите стануваат многу поопасни . Ако успее да преживее тогаш Шенон ќе мора да смени се ... почнувајќи со тоа дека на островот нема да се преживее со убавина !

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)