Џон Лок е дефинитивно најмистериозниот човек на островот . Живеел со својата сестра (умрела на 6 години) и со својот брат. Но , тоа се било добро и живеел среќен живот се додека во животот не се појавила неговата мајка , неговата вистинска мајка бидејќи тој не ги знаел своите родители , во местото каде што тој работел и му го покажала патот кон “темнината“. Тој успеал да ја искористи шансата да го запознае својот биологичен татко . И откако успеал да го спаси од смрт тој сфатил дека бил измамен , поточно дека тие го искористиле само за да се спасат . Оттогаш Лок се оттргнал од родителите . По неколку години Лок се наоѓа во продавницата за продавање на кутии каде што единствено нешто што знае е да игра шах и да седи помеѓу столовите во канцеларијата . Тој успеал да направи “сериозна врска“ со Хелен која на крајот ќе излезе како лага ... Откако успеал да собере пари тој се одлучил за патување низ Австралија . Но , бидејќи бил во инвалидска количка тие го одбиле и го пратиле на аеродром кадешто станал патник на мистериозниот #Flight 835 . Веднаш после падот Џон дознава дека се случило чудо . Неговите нозе почнуваат да функционираат . И додека сите други паничеле за своите животи , тој се радувал на се бидејќи конечно добил шанса за да го рави тоа за што бил роден : да лови , да убива диви животни , да сече дрва и слично . Поради тоа станува многу важен за сите на островот . Поради неговата мистериозност тој е наречен чудак по природа . Неговата теорија дека паѓањето на авионот не бил обичен инцидент -- односно воопшто не било инцидент поради што бил прогласен од многумина за ненормален . И дека сите што се на островот преживеале со причина . Тој го славел островот а и островот му вратил на него . Прво ги најдол најголемите тајни кои се криеле , а потоа шетајќи со Бун нашол и срушен авион (нешто кое следи во следнава епизода ...) . Исто така Лок е единствениот којшто се нашол лице во лице со монструмот и успеал да избега без гребнатинка !
Така падот на авионот можеби е и најдобрата работа која му се случила на Лок .

0 коментари:
Објави коментар