Џемс Форд имал многу лош старт уште кога бил дете на млади години . Откако неговите родители се искарале заради човекот со име Соер , Џемс морал да се крие под креветот додека татко му ја убивал мајка му а подоцна и самиот себе . После многу години откако односите со најблиските се прекинале и бил оставен самиот на себе сфатил дека што и да се случи тој ќе живее сам без никаква помош и не помогајќи во ништо . Тој станал злобен, но привлечен за жените и целиот живот г посветил за да го најде убиецот на неговите родители . Бидејќи ништо не може да го спречи во тоа дури и го менува своето име “Соер“ . Многу години заработува и врти пари исто како што “врти“ жени . Станува познат противник на полицијата . И конечно го наоѓа вистинскиот Соер којшто живее во Австралија . Додека се подготвува за негово убиство , наоѓа хирург во барот во кој и двајцата се пијанчат . Хирургот изгледал како да завршил со се во животот па чекал да умре . Тој му рекол дека тоа што сака да го стори , мора да го направи за да не заврши како него . Подоцна ќе се дознае дека тоа е всушност таткото на Џек ! Соер набрзо ги заборавил зборовите , бидејќи на островот се однесува многу непријатно . Сепак откако го најдол човекот се одлучил да го убие. Го потегнал чкрапалото и си помислил дека се е готово , почнал да го чита писмото и во тој миг човекот објаснил дека тој не е Соер . Џемс знаел дека згрешил многу и дека бил замешан во нечија игра но немало враќање ...Откако авионот се срушил тој се прогласил за центар на комерцијата на островот , така што сите можни работи ги собирал . Повеќето луѓе не го сакаат , но Кејт не може без него . Иронично е тоа што тој сака луѓето да не го сакаат .

0 коментари:
Објави коментар