Сезона 2 епизода 22
Оригинално име : „Three minutes“ - Flashback : Мајкл Доусон
FLASHBACK Денешната епизода има многу важни флешбекови па затоа еве некои информации за вас! Се враќаме тринаесет дена порано кога Мајкл го заклучува Лок во собата каде подоцна ќе биде Хенри. Откако земал оружје тргнува накај компјутерот и почнува да збори со Волт преку него. Тој му вика дека трга накај него „ВЕДНАШ“. Во тој миг Џек влегува и го наоѓа Лок паднат долу. Мајкл тогаш му се доближува и му се заканува да не му помага во ништо бидејќи овојпат самиот ќе отишол по својот син... Трчајќи на Островот Мајкл ќе сретне еден машки „Друг“ кој трча накај него со цела група негови луѓе. Откако Мајкл нема да им се предаде тие пукаат точно седум истрели, но во воздухот бидејќи им треба Мајкл жив! Човекот кој го земал Волт од неговите раце, овојпат го врзува него и го тера да трча многу брзо бидејќи „неговите луѓе се многу близу“. Вечерта Мајкл ќе биде сведок на првата расправија помеѓу „Другите“ и Изгубените во која Џек,Соер и Лок ќе мораат да ги остават своите оружја. Во моментот кога тој останува сам со Алекс таа го прашува како е Клер и дали добро се породила, но на тоа Мајкл останал вчудоневиден и ништо не успеал да и каже. Два дена подоцна „Другите“ го испитувале Мајкл. Тој успеал да забележи дека на местото кадешто живееле тие чувале една врата (со The Door логото од DHARMA) со две пушки и почнал да се сомнева дека во нив го кријат Волт. Ноќта Ms.Klugh го прашува дали Волт „бил на некое место кадешто не требал да биде?“. Мајкл за тоа вооошто незнаел и поради тоа жената му рекла дека „за некој што го бара својот син толку многу не изгледа дека го знае многу“. Една недела подоцна истата Ms.Klugh зборувала со Мајкл кој мислел дека му дошло времето за убиство. Во еден миг тој и рекол дека : „Незнам ни дали е воопшто Волт жив“. На тоа таа му одговара дека „тој стои пред вратата“ и му наредува на Пикет да го донесе. Тогаш Волт почнува да збори со Мајкл „за три минути“ и во моментот кога му рекол дека „тие не се тоа што се прават дека се“ тие му велат дека „повторно ќе го заклучат во собата!“. Кога сето ова се случило и откако Мајкл станал заинтригиран Госпоѓата Клах почуствувала дека има предност и му покажала список на четири луѓе кои требал да ги донесе кај нив за да го ослободат Волт. Тие биле - Џек Шепард, Кејт Остен, Харли Рејес и Џејмс „Соер“ Форд.
  Тој се согласил, но и рекол - „А јас сакам брод!“. Со тоа завршуваат флешбековите. Realtime Events Назад на плажата го гледаме Харли како е бесен и гори некое ливче. Кејт го поканува да почнат да копаат гроб, а тој после две минути мислење се согласува. Додека ја копаат земјата ни двајцата воопшто не зборат ниту пак се погледнуваат. Во исто време Чарли и дава разни инекции на Клер, а Сан и Џин повторно се сретнуваат со Мајкл кој им вели дека Ана и Либи се мртви. Кога Саид почнал да се спрема за да оди со Мајкл во мисија за ослободување на Волт забележал дека нешто не е во ред со него бидејќи му рекол дека „ќе оди со тие со коишто мисли дека ќе оди,и со кои што треба! Јас сум татко на Волт и јас ќе одлучам“ рекол тој. Кога Соер ќе го праша Џек што се случило со него и Кејт тој му одговара дека „се фатиле во мрежа“. Соер ова го сфаќа на друг начин па му вели - „Така го велат овие денови?“. Во окното пак Господин Еко почнува да се прилагодува на разните рутини кои ќе мора да ги прави во него. Тој го замолува Чарли да му ги донесе работите од плажата, но тој одбива бидејќи Еко му рекол дека завршил со правењето на црквата.
 Пред започнувањето на погребот Соер му признал на Џек за неговиот однос со Ана-Лусија. На прашањето зошто му го кажува тоа тој одговорил - „Бидејќи во моментов те сметам за најблизок пријател“. Потоа го гледаме Мајкл како им помага на Кејт и Харли и како им го кажува планот за ослободување на Волт. Во истото време Саид зборува со Џек и му вели дека „Мислам дека Мајкл е компромизиран. Исто така мислам дека тој го ослободил Хенри и дека сите ве води во една стапица.“
 Џек размислува за тоа и вели дека ќе збори со другите за ова. Но, Саид му противречи и му вели дека ќе зборат после погребот. На погребот пак Лок седи сам на плажата, Џек потоа кажува неколку збора за Ана, Харли после него за Либи итн. Во еден миг Хуго му рекол на Мајкл - „Ќе идам со вас!“ и почнал да плаче. Кога сите почнуваат да плачат Сан погледнува накај морето и здогледува сплав во далечината како им се приближува. Тогаш завршува епизодата...
 |
0 коментари:
Објави коментар