вторник, 8 мај 2007 г.

ABC Press Release

ABC на најновиот прес конечно го определија крајот на серијата. За разлика од E!Online тие изјавија дека LOST ќе имаат шест сезони. Новите три сезони ќе имаат само по 16 епизоди и ќе им дадат на гледачите 48 вкупно нови епизоди...
Епизодите ќе одат една по една без прекин во следните три сезони и ќе нема големи прекини како што беше случајот оваа година. Стартувајќи од 2007-08 сезоната, ABC ќе почнат да ги емитуваат 48те останати епизоди од Изгубени изјавил денес Стивен МекФерсон,претседателот на ABC Entertainment. Шестата сезона ќе заврши во 2010 со едно впечатливо,возбудливо и секако шокирачко финале.
„Ние ова го одлучивме за да го зацврстиме рејтингот на LOST и за да нема разни чекања како оваа сезона. Освен тоа контрактот кои го потпишаа Damon Lindelof и Carlton Cuse ни даде на ум серијата да заврши во исто време со неговото истекување. Ние заедно ќе се обидеме да и докажеме на публиката дека Изгубени се старите и добри и дека ќе си останат такви.“ изјави накратко McPherson. Lindelof и Cuse пак изјавија дека ова бил добар и цврст чекор на ABC и дека без Steve McPherson,Mark Pedowitz и другите луѓе шоуто воопшто не би изгледало така добро. Премиерата на Изгубени беше прикажана на 22 септември 2004 година. Во неговата прва сезона шоуто имаше најмногу гледачи помеѓу 18 и 49 години. Просечно во сите три сезони LOST имаа најмногу гледачи во последните седум години. Исто така втора година по ред си го задржува тајмингот (во среда навечер). Изгубени добија многу награди вклучувајќи шест Емија, Golden Globe награда,WGA награда,Producer Guild награда,NAACP награда за слика,PRISM награда и две ELMA награди....
Season_3.JPG

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)