недела, 20 мај 2007 г.

Сезона 2 епизода 23/24 втори дел

Оригинално име :„Live together,die alone“-Flashback: Дезмонд Хјум
Приказната продолжува од првиот дел...


Во истото време во окното Лок и Дезмонд успеваат да го оддалечат Еко од комјутерската соба со тоа што лажираат нов lockdown,притоа трчајќи во собата и заклучувајќи го Еко надвор. Тогаш тој заминува и се враќа со Чарли, принудувајќи да го стави динамитот на железната врата. Тој пука, но вратата си останува иста.
Во меѓувреме Дезмонд му кажува на Лок за ноќта во која тој тропал на вратата откако загинал Бун. Дезмонд го слушнал сето тоа и го запалил светлото што сепак му дало надеж на Дезмонд да не се самоубие. Со тоа тој сфатил дека Лок незнаејќи му го спасил животот. Кога Лок му го покажува извештајот од The Pearl Станицата, Дезмонд открива дека датата на на падот на авионот, 22 септември, е конектирана со датата на System Failure-от кој му се случил нему. SystemFailurePrintOut.jpgТоа е денот кога Дезмонд индидентно го убил Келвин и не ги впишал бројките на време, резултирајќи со привремено исклучување на компјутерот во Лебедот. Неговиот заклучок е дека падот на Flight 815 е предизвикан токму поради него и дека притискањето на копчето е витална процедура, а не само некаков експеримент. Во меѓувреме голема збирка од непознати хартии се откриени од групата пријатели заедно со Мајкл (кои биле испратени од Pearl станицата). Во оваа локација Џек го гледа сигналот на Саид неочекувано далеку. Како што тој почнува да се кара со Мајкл, кој ги води на „погрешно место“, спасувачката група почнува да слуша разни шепотења, и тие за само неколку секунди се во заседа од The Others кои употребуваат дрога и успеваат да ја заробат целата група освен Мајкл (кој е сега нивен пријател!). Групата подоцна е однесена на место наречена „Pala Ferry“.
2X24_TomBeard.jpg
Кејт тогаш му вели на бродскиот капитен кој го заробил прв Волт дека знае за неговата лажна брада. Ms. Klugh тогаш го открива неговото име како „Том“,а Том исто така го открива нејзиното - „Bea“. Лажниот Хенри Гејл тогаш пристигнува и веднаш се забележува дека тој е еден од главните кај Другите. Назад во окното, Лок и Дезмонд продолжуваат да се расправаат дали треба или не да го притиснат копчето. Како што тајмерот се повеќе се приближува кон последната минута нивната конверзација започнува да се зажештува, притоа Лок станува толку изнервиран што го смачкува компјутерот. Дезмонд целиот во агонија веднаш ја отвара вратата и почнува да го бара клучот за вонредни ситуации (fail-save). Во исто време тајмерот го завршува своето одбројување и неговите бројки се претвараат во хиероглифи. Како што почнува да се огласува system failure алармот, металните објекти почнуваат да летаат наоколу завршувајќи во магнетниот ѕид. Враќајќи се,Дезмонд, објаснува дека е време тој да му го спаси животот на Лок исто како што тој направил со него.
Чарли го буди Еко од шокот кој му го предизвикал динамитот и се обидува да избега додека Еко влегува во контролната соба, кадешто го сретнува помалку исплашениот Лок, кој пак ја признава својата голема грешка со едноставна, но истовремено тешка реченица - „I was wrong“. Тогаш го гледаме Дезмонд како го става клучот
за итни ситуации пришто се предизвикува „ослободување“ (discharge) резултирајќи со тоа што целото окно 200px-2x24_desmond-key.jpg бело... Сето ова се случува и на целиот остров, кадешто небото е претворено во бело-виолетова боја траејќи неколку секунди проследено со чуден гласен звук, правејќи сите да си ги фаќаат своите уши од болка. „Хенри Гејл“ е единствената личност кога не се чини дека е изненадена од тоа што се случило неколку секунди претходно. Во кампот, „КАРАНТИН“ знакот од вратата на окното паѓа долу на плажата, а од оние кои биле во окното само Чарли се враќа здрав и жив. Впрочем никој друг не излегол освен него... Подоцна таа вечер, тој и Клер разговараат за тоа што се случило притоа таа му дава мал бакнеж. На пристаништето, Хенри Гејл склучува договор со Мајкл; штом му ги донел бараните луѓе од Flight 815 му дава брод,му го враќа Волт и му дава инструкции да избега од островот насоката 325.
2x24_michael-walt-boat.jpg
Како што тој си заминува, Другите го ослободуваат и Харли бидејќи неговата мисија е да им пренесе на луѓето од својот камп да не доаѓаат на таа страна на островот. Останатите заробени, Џек,Кејт и Соер, се задржани и веројатно за кратко време ќе тргнат заедно со Другите... Сцената одеднаш се врти кон непозната локација која се чини дека е близу до Арктикот/Антарктикот. Двајца Португалци играат шах кога едниот забележува порака на компјутерот и тогаш се гледа - „7418880 Електромагнетичка Аномалија Детектирана“. Едниот од нив,исплашен, прави повик. На линијата е Пенелоп Видмор која изгледа изненадена од нивниот глас и забележува дека „го пронајдоа“.
2X24_Penelope.jpg
Крај на втора сезона!

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)