Прес департментот на ABC денеска ги објави најновите рејтинзи од најновата епизода во Изгубени - The Man Behind The Curtain. Епизодата вети дека ќе даде разни одговори во различни сектори, откривајќи ни како Бен дошол во лидерството над Другите, кој бил мистериозниот Џејкоб кој се вели дека го контролирал, што станало со Dharma Initiative, и многу повеќе. Фановите на LOST секако реагираа со гледање на епизодата. Откако повторно не успеаја да избијат на челото во најгледани шоуа (во кои неколку 7-8 недели по ред прво место си држи Американскиот Идол), тие успеаја да привлечат доволно гледачи за повторно да бидат први во нивниот тајминг.
Официјалните рејтинзи го велат ова :
- Зголемувајќи го водството на 7.7 милиони гледачи (12.1 мил. против 4.4 мил.) и за 163% во млада конкуренција, Изгубени победија во средовниот временски период од 10 часот навечер и беше број еден скриптна програма за време на истата вечер. Факт е дека драмата беше на прво место во сите 14 недели откако тајмингот беше променет од 9 часот навечер во 10 часот...
- И покрај неговиот доцен временски период, LOST го зголемија бројот на гледачи за 1 милион (од 11.6 мил. во 12.6 мил.) и за 11% во млада конкуренција.
- Изгубени го зголемија бројот на гледачи на ABC за време на средата во однос на минатата година во исто време за 4.5 милиони гледачи и 67% од 18-49 години.
Рејтингот на најновата епизода е трети по ред со 4.61 . Интересно е што првите три епизоди започнуваат со „The“.

0 коментари:
Објави коментар