среда, 9 мај 2007 г.

Сезона 2 епизода 23/24 први дел

Оригинално име :„Live together,die alone“-Flashback: Дезмонд Хјум


Приказната продолжува од крајот на минатата епизода која заврши со доаѓањето на едрилица додека траело закопувањето на Либи и Ана-Лусија. Џек, Соер и Саид веднаш се фрлаат во морето и го наоѓаат Дезмонд во кабината.
2x23_boarding-elizabeth.jpg
Таа ноќ, на плажата, тој им открива дека се обидел да отиде кон Фиџи, но мистериозно се нашол себеси назад на Островот. Саид му го кажува планот на Џек за тоа како да го спасат Волт и притоа да го смират Мајкл. Пристигнувањето на Дезмондовиот брод го поттикнува тој да отиде со бродот со уште некој друг, да стигне на другата страна на островот,да запали оган и на тоа место да се сретнат. Кога Џек,Кејт,Соер,Харли и Мајкл тргаат накај Другите за спасување на Волт, Саид започнува да бара некој пилот за бродот. Откако ќе биде одбиен од Дезмонд, Џин се пријавува и трга заедно со Сан која е потребна за да им преведува... Во окното, кризата на Лок продолжува, и тој се обидува да го убеди Еко да го остави тајмерот да отиде после нулата. Еко одбива и тие почнуваат да се тепаат. На крајот Господин Еко го исфрла Лок надвор од окното и се заклучува во него за никој друг да не може да влезе.
2x23_eko-locke.jpg
Чарли го здогледува Лок во џунглата и го информира за камбекот на Дезмонд. Подоцна таа вечер Лок му ги кажува своите откритија на него од Pearl Orientation Video. Дезмонд,кој исто така има вера во компјутерот, станува љубопитен и заедно со Лок планираат да ги откријат последиците кои ќе настанат откако нема да го притиснат копчето. За време на пешачењето кон Другите, Џек и другите здогледуваат голема птица која изгледа како од епизодата Exodus:Part one и Харли верува дека таа му го кажала неговото име. Подоцна, Мајкл станува многу возбуден и несигурен откако Кејт и Соер успеале да пукнат во двајца луѓе кои ги следеле. Џек го принудува Мајкл да ја каже вистината дека тој го пуштил невистинскиот Хенри Гејл да избега,дека тој ги убил Ана-Лусија и Либи и дека ги води неговите пријатели во рацете на The Others за да си го врати својот син Волт.
2x24_michael-jack.jpg
Џек тогаш ја убедува скептичната дружина да продолжи понатаму откривајќи им го планот на Саид. Пловејќи по морето, Саид,Џин и Сан откриваат огромна статуа; кога подобро ќе ја здогледаат ќе увидат дека од неа останала само ногата во сандала!
800px-Footboat.jpg
Подоцна истиот ден тие стигнуваат до кампот на Другите. Кога Саид оди нагоре кон кампот открива дека во него нема никој и дека Dharma станицата била лажна, бидејќи само карпа стоела до вратата. Во истото време во окното Лок и Дезмонд успеваат да го оддалечат Еко од комјутерската соба со тоа што лажираат нов lockdown,притоа трчајќи во собата и заклучувајќи го Еко надвор. Тогаш тој заминува и се враќа со Чарли, принудувајќи да го стави динамитот на железната врата. Тој пука, но вратата си останува иста.

--КРАЈ НА ПРВ ДЕЛ--

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)