ABC одлучија да ја објават дадата на крајот на Изгубени. Тоа го напишал на Е!Online Марк Малкин во неговата колумна. Земете здив пред да го прочитате ова! Според оваа колумна и според најдобриот LOST блог DarkUfo оваа серија ќе заврши во петтата сезона. Тоа го потврдиле и вработени во Американската Мрежна Компанија. Мрежата и нејзините вработени го решиле крајот на серијалот и сето ова ќе го објават за помалку од две недели. Ова според многумина е добро нешто, бидејќи сега продуцерите ќе можат да го креираат однапред крајот на серијата и да почнат да ги заменуваат големите тајни со одговори кои Ние фановите со нетрпение ги чекаме! Исто така ABC објавија дека ќе има промени во тајмингот и дека четвртата сезона на LOST ќе стартува дури од Јануари притоа давајќи ги сите 23 епизоди одеднаш! Колку за информација за две недели следува финалето на сезона три!!!

Претходнава епизода е со најголем рејтинг!
0 коментари:
Објави коментар