сабота, 26 мај 2007 г.

Најава

По настаните во Pala Ferry, третата сезоната започнува со Џек,Кејт и Соер кои се заробеници на Другите на друг непознат остров. The Others како група ќе се открие дена не се толку сложливи, со Бен (Хенри Гејл) на кој му е потребна итна операција, која доколку не ја добие ќе умре од тумор. Сепак, и двајцата Кејт и Соер успеваат да избегаат од Хидра Островот, додека пак Џек им се придружува на Другите кон враќањето во нивниот вистински дом по спасувањето на Беновиот живот. На плажата, како резултат од имплозијата Дезмонд почнува да се однесува многу чудна, притоа гледајќи разни идни моменти кои секако сеуште не се случиле (најмногу предвидувајќи ја смртта на еден од Изгубените). Како што сезоната прогресира, Кејт оди во акција за спасување на Џек, со што таа, Џон и Саид откриваат уште повеќе вистини за Другите - за тоа како тие живеат, и како некои од нив завршиле на овој остров. Мисијата за негово спасување е усшено, но во исто време Лок му се придружува на Бен во надеж дека ќе дознае нешто повеќе за островот. Џек исто така ја носи Другата Џулиет назад на плажата, кадешто групата не ја прифаќа најдобро. Како и да е таа скришно е шпион на групата под инструкции на Бен, за да дојде до информации кој на островот е бремен (и да истражи зашто таму сите кои се бремени умираат пред третиот период на бременоста). Подоцна при крајот на сезоната, жена по име Наоми со падобра „доаѓа“ на островот откако нејзиниот хеликоптер паднал, кој пак бил дел од спасувачкиот тим за пронаоѓање на Дезмонд од неговата љубена, Пенелоп Видмор. Таа на сите им објаснува дека целиот труп на Oceanic Flight 815 бил пронајден близу до копното на Бали, притоа сите биле умрени...
Третата сезона се состои од вкупно 22 епизоди (последната епизода трае два саата односно е еднаква на две) во која најмногу интерес се создаде околу групата на луѓе наречена The Others. Е сега знам дека многумина ја сметаат за неинтересна, но сепак се отворија нови мистерии кои незнам како, но ќе мора во следниве три сезони да се разрешат! Сезонава имаше два дела, првиот составен од шест епизоди кои се даваа од октомври до ноември и вториот составен од 18 епизоди кои се даваа од февруари до минатата недела. Останува да се разреши најголемата мистерија: Дали А1 ќе ја даваат од четврток или не?!

461px-Sea3promo.jpgКако ја оценувате втората сезона
Неизвесна и предизвикувачка (петка)
Супер, посебно последните пет епизоди (четворка)
Добра беше... (тројка)
Гледав неколку епизоди, не ми се допадна многу (двојка)
Катастрофа, подобро да гледав Перегрина! (кец)
Free polls from Pollhost.com

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)