Третата сезона започна со една интересна епизода, која ни го прикажа уривањето на авионот. Ќе остане запаметена по големите пресврти, по застрашувачките сцени со „The Others“, Чудовиштето, со непознатиот нов остров...и да секако по изместеното време (10/9c). Мој впечаток е дека за разлика од првите две оваа беше првата сезона која имаше во секоја епизода нешто возбудливо иако не оспорувам дека средината на оваа сезона беше чиста катастрофа! Како и да е вчера LOST вредеше да се гледа и секако дека ќе се гледа... Ова финале ќе не остави да мечтаеме дури 8 месеци до следната епизода во Изгубени. Штета што ABC го имаат концептот епизодата да заврши во најинтересно време. Through The Looking Glass беше двочасовна епизода која заврши побрзо од сите други епизоди заедно! Како и да е тажно е што Чарли сепак загина, а тажно е и што Spokowsky(??) „ќе го чекаме“ долго време дури да пристигне... Се на се оваа епизода ја оценувам со 10/10 за разлика од претходната која сепак само го трасираше патот до финалето. Рејтинг наскоро, еве ви го збогувањето со Доминик Монањан.
0 коментари:
Објави коментар