Ab Aeterno успеа да се задржи на водечката позиција, а згора на се, се закити и со епитетот „најгласана епизода“ во историјата на овој блог, со вкупно 121 глас ажуриран на анкетата за оваа епизода. Најновата епизода The Package, се најде на третото место од позади, веднаш зад Eggtown со 4.10 рејтинг. Во другите вести – позицијата на финалето на петтата сезона – The Incident ќе забележите дека е променета и сега се наоѓа веднаш зад топ 10 друштвото со 4.69 рејтинг. За несреќа, јас сум го постирал на листата оној постариот рејтинг, кога беа ажурирани првите 90 гласови, а кога пред некој ден ја листав архивата на блогов си ја увидов грешката. Се надевам дека ќе ми простите.
РЕЈТИНГ ТАБЕЛА (клик за целосна резолуција!)
Еве го рејтингот на епизодите од шестата сезона само…
Рејтинг по сезони:
1) Петта сезона – 4.60
2) Четврта сезона – 4.52
3) Шеста сезона – 4.30
Интересно е што, ако не го сметаме (ужасниот) рејтинг на What Kate Does, шестата сезона би имала рејтинг 4.44! Инаку, можно е оваа сезона да „пати“ и од зголемениот број на гласачи. Просечно по 71 глас се фрлаат на анкетите за епизодите од новата сезона. Оваа бројка беше доста помала за петтата (63 по просек) и четвртата сезона (45 по просек)…
Уживајте во преостанатиот дел од продолжениот викенд!

0 коментари:
Објави коментар