Ова се теориите на блогерот Мики за последната епизода - Everybody Loves Hugo.
Известување: постов треба да содржи три теории, меѓутоа едната од трите е „заробена“ на блогот на Блогерај, за кој сме во исчекување да проработи веќе два дена.
-Детето во црно
Да, тоа чудно и мистериозно дете се појави и во оваа епизода. Не знам како но ме дрмна една идеја во глава/теорија. Тоа мистериозно дете сметам дека е Флок на млади години, односно тогаш кога страдал од лудоста на неговата мајка, сигурно тој факт не ни бил за џабе даден. Флок се брка самиот себе на млади години, бидејќи не сака да се потсеќа на детството, во кое сигурно бил малтретиран од својата мајка. Во ова дете сигурно е влезен Џејкоб кој преку планира првен да го уништо Флок на психолошки план а потоа и да ја добие битката со него, која полека полека ја губи. Да не повторувам, но многу пати сум пишувал за борбалта на Џејкоб и Флок, но пак ќе повторам :). Мислам дека тие двајцата се мртви (сега, а предтоа не беше така се додека Бен не го уби Џејкоб) и победникот од таа нивна борба ќе ја добие својата душа назад а со тоа и својот живот во реална форма. И додека се мртви тие можат да влегуваат во туѓи тела, со цел да создадат предност во битката.
-Дезмонд vs Флок
Тука главно ќе се задржам, зошто Флок го бутна Дезмонд. Во една од претходните епизоди дознавме дека Џејкоб носи луѓе на островот да му го докаже спротивното на Флок, кој мисли дека во суштина сите луѓе грешат, и не постои човек кој не греши. Ако забележавте добро, во целиот разговор меѓу Флок и Дезмонд, Дезмонд ниту еднаш не се почуствува нервозен, или пак заплашен од Флок. На секое прашање одговараше реално, и ЈАС лично мислам дека сето тоа е причина од изложеноста на електромагнетизмот. Тоа Видмор го знаеше и со безгрешниот Дезмонд сакаше да оди во борба против Флок, ако ова е точно, тогаш сигурно Видмор ги користи шаблоните на Џејкоб на пософисцитиран начин. Односно Џејкоб носеше луѓе на островот за да го најде оној вистинскиот кој никогаш не греши, а Видмор тоа уште од почеток го знаеше, и само ги искористи предностите на островот и Електромагнетизмот. А доле во бунарот Дезмонд умира, за комбинациите кој умира меѓу Флок и Дез во подолната теорија. Но дефинитивно мислам дека Дезмонд не е мртов. И дека можда доле во бунарот ќе го сврти тркалото, па целата оваа теорија да пропадне, односно да испадне дека Флок му прави услуга на Дезмонд, со цел да го врати во реалниот живот надвор од островот, или пак двата универзуми да се сврзат со што Флок би испаднал победник во борбата со Џејкоб, односно да го добие својот живот назад. Едно прашање, а три теории, интересно :)

0 коментари:
Објави коментар