четврток, 8 април 2010 г.

Грција vs. Македонија (во LOST стил)

Дека сме ние далеку од Балканот, а уште повеќе од светот потврдува денешната (барем за мене) запрепастувачка информација која „претече“ на DarkUFO.

Нашиот јужен сосед, утре во главниот град Атина, ќе организира 24-часовен LOST маратон. Во што се состои овој маратон, ќе се прашаат поголемиот дел од Вас?! Поентата на овој маратон, е всушност, да се соберат на едно место најголемите 40 Грчки фанови на „Изгубени“ кои откога ќе ја пополнат потребната апликација ќе бидат сместени во целосен „затвор“ во внатрешноста на тамошните FNAC продавници во посебна DHARMA просторија каде што ќе се одржува самиот маратон. Сите учесници ќе имаат една и единствена цел пред себе: да ги изгледаат сите епизоди од Изгубени од првата сезона, па се до финалето на петтата, без притоа да заспијат во текот на самото гледање. Учесниците ќе мора истовремено да се борат со притисокот, да бидат вистински LOST зависници, да им обрнуваат внимание на епизодите и пред се да имаат јака меморија бидејќи само со нејзина помош ќе успеат како што треба да го пополнат квизот за Изгубени кој ќе им биде врачен веднаш по завршувањето на маратонот и кој ќе биде еден од најважните елементи за евентуална победа.

Маратонот има многу строги правила. Имено, како што спомнав претходно, учесниците НЕ СМЕАТ да заспијат бидејќи ако се случи тоа ќе бидат дисквалификувани. Не е дозволено да користат мобилни телефони, освен за време на пауза помеѓу епизоди. За време на својот претстој во DHARMA просторијата, на сите маратонци ќе им биде достапна храна, пијалоци, вода и кафе. Дозволено е да се донесе со себе ќебе, перница, а секој треба да биде облечен во својата омилена LOST маица.

Големиот победник добива награда – патување во Тунис за двајца.

Фасцинантна вест, нели? За жал, реалноста е таква што вакво нешто ние можеме само да си замислиме… :(

Инаку, вчера, гледајќи го трејлерот за идната епизода од Lost, ја слушнав во позадина песнава.

Не знам за Вас, ама чувствувам дека оваа група (Broken Records) наскоро ќе се пробие на пазарот. Одлични се! Моја препорака до сите да им го симнат првиот и засега единствен албум! (еве Rapidshare линк за заинтересираните) :)

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)