сабота, 3 април 2010 г.

Неинспирација

Кога денот ќе ви започне со поткупени судии губите желба за живот, а не пак за пост! Како и да е, бидејќи и онака немам што да правам по дома еве неколку корисни информации и новости за секој фан на Изгубени…

Синоќа беше и официјално потврдено дека паузата ќе се случи на 27-ми април! Наместо нова епизода, на 27ми месецов ќе има реприза на епизодата Ab Aeterno. Паузата ќе настапи после 13тата епизода, што е далеку подобро отколку да чекаме цели 12 дена за финалето на LOST, нешто кое ќе се случеше ако одговорните во ABC не го изменеа распоредот. Со ова, инаку, се официјализираше календарот кој го имав напишано на блогов пред околу една недела. Ова, патем речено, значи дека во новиов месец ќе имаме можност да видиме само 3 епизоди. :( Но, затоа пак во мај ќе биде уживанција – за 20тина дена цели пет епизоди!!! :)

Во меѓувреме, ги известувам сите Твитерџии дека од вчера, немајќи попаметна работа, се одлучив да го активирам постојниот Twitter профил. Во случај да не го знаете мојот Twitter, еве адреса: http://twitter.com/lostseries

И како за крај, срдечно ве поздравувам сите со трејлерот за идната (11-та) епизода од шестата сезона, во кој нема ниту една сцена од новата епизода, што значи дека не треба да се плашите од потенцијални спојлери!

П.С. Честит Велигден на сите! Христос воскресе – навистина воскресе!!! ;)

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)